Легендата на балканската музичка сцена, Здравко Чолиќ, ова лето ќе приреди вистински музички спектакл во Скопје. Во јуни, на вториот, третиот и четвртиот ден од месецот, тој ќе одржи три ексклузивни концерти во арената „Борис Трајковски“, кои ќе бидат уште поуникатни поради тоа што за првпат ќе настапи со симфониски оркестар. Претходно закажаните концерти во март беа одложени поради трагичниот настан во Кочани, кога загинаа млади животи во ...

Во организација на Општина Берово со поддршка од Министерството за култура, синоќа се одржа концерт на барокна музика со соло клавирчембало, во изведба на Цветанка Созовска. Во рамки на концертот беа изведени композиции од Јохан Себастијан Бах, Бруненмулер, Форкере, како и македонскиот реномиран композитор Томислав Зографски. Конечно, особена чест и задоволство ми е вметнувањето во програмата на Свитата за пијано оп.27 од нашиот реномиран ...

Спомен-куќата на Гоце Делчев, некогаш сопственост на битолското семејство Ракиџиеви, ќе биде свечено отворена утревечер во 20 часот во Битола. Преуредувањето на музејската поставка во спомен-куќата се состои од три дела – историска соба и етнолошка соба, кои се наоѓаат на горниот кат и училница која се наоѓа на долниот кат од куќата. Проектот го работеше Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. – Огромна работа завршија ...

Македонската оперска пејачка Миланка Новеска-Густавсон дебитираше во мјузиклот „Исус Христос суперстар“ во Шведска во улогата на Марија Магдалена. Новеска-Густавсон, која е добитничка на кралската стипендија „Johanneslogen Erik“, веќе три години живее во Шведска. „Многу се радувам што имам можност да настапувам во различни музички стилови како што е мјузиклот затоа што на тој начин ми се збогатува вокалното познавање и можат да се искористат ...

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во чест на неодамна починатиот Џин Хекман, ќе биде прикажан филмот „Разговорот“. „The Conversation“ (1974) е психолошки трилер во режија на Френсис Форд Копола, со Џин Хекман во улогата на Хари Кол, параноичен експерт за прислушување. Хари добива задача да сними разговор меѓу млад пар, но постепено сфаќа дека тие можеби се во смртна опасност. Додека ја анализира снимката, неговата ...

Од Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики при Факултетот за ликовни уметности на УКИМ, Скопје, е истакнато дека студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев, носители на престижната награда „Четири мајстори на модернизмот“, посветена на основачите на ФЛУ и нивните професори Петар Мазев, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, ќе изложат свои дела на индивидуална изложба „Затаени мигови“. Настанот, под ...

Денес, во главниот град на Јапонија, Токио, заедно со делегацијата вклучувајќи го Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија, и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата, учествувавме во значајни средби со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и Јапонската надворешно-трговска организација (JETRO). Во текот на овие разговори, нашето внимание беше насочено кон унапредување на соработката во различни важни области од ...

Под ѕвездите на Истанбул, во срцето на Кадиќој, три македонски уметници од Битола направија музички мост меѓу култури, емоции и времиња.Во величествената Ерменска католичка црква „Сурп Левон“ се одржа концертот „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ од Битола, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска.Настанот понуди богата музичка програма со дела од Шостакович, Доплер, ...

Во величествената Ерменска католичка црква „Сурп Левон“ се одржа концертот „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ од Битола, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и се реализираше во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, со поддршка од Министерството за ...

Бергер соработува на филмот со Бред Пит, за кого медиумите објавија дека го игра главниот лик, Фред Скали. Филмот ќе биде финансиран и дистрибуиран од А24, а се очекува снимањето да започне на почетокот на 2026 година на повеќе локации низ Европа. Според „Варајети“, сценариото базирано на книгата е напишано од Дејвид Кајганиќ. Романот го следи Фред, човек кој се сели во Ирска со сопругата и ќерката за да купи стара куќа на село. Неговата сопруга ...

Во понеделник на 05 мај во 19:00 часот во МСУ Скопје во рамки на јубилејниот 15. Филозофски филмски фестивал, ќе се одржи ретроспективата посветена на култниот италијански режисер Пјер Паоло Пазолини. Со неа се одбележува 50-годишнината од неговата смрт, а настанот е организиран во соработка со Италијанската амбасада во Скопје и Музеј на современата уметност Скопје Skopje. Проекциите ќе започнат во понеделник, 5 мај 2025 година, во 19:00h во ...

На главниот плоштад во Вроцлав, Полска, 8.122 гитаристи заедно ја изведоа песната „Хеј Џо“ од легендарниот гитарист Џими Хендрикс, соборувајќи го светскиот рекорд за најголем гитарски ансамбл. Новиот рекорд го надмина претходниот од 2009 година, кога 6.346 музичари свиреа песна на истото место. Овој спектакуларен настап беше дел од традиционалниот фестивал „Благодарам Џими“, што се одржува на 1 мај, а кој се одржува секоја година во чест на ...

Стивен Спилберг го нарече „Кум“ (The Godfather) „најдобриот американски филм на сите времиња“, Роберт Де Ниро се пошегува дека му било жал што бил избран за продолжението, а не за оригиналот, а Харисон Форд едвај ги задржа солзите размислувајќи за својата улога во филмот „Разговорот“ (The Conversation) од 1974 година, пишува „Асошиејтед прес“. Препорачано Во центарот на сè беше Френсис Форд Копола, кој во саботата ја доби наградата за животно ...

Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах со наслов „По стапките на Прличев“. Ги покануваме сите роднокрајни автори од Охрид да испратат исклучиво нови, необјавени творби на слободна тема напишани меѓу мај 2024 и мај 2025 година. Поради ограничениот буџет книгата ќе има најмногу 100 странци и во неа ќе бидат застапени не повеќе ...

Фестивалот „Сепак се врти“, кој годинава ќе ја „сврти“ Македонија од 2 до 11 мај, стартува вечер (петок, 2 мај) во Битола. Караванот застанува во Старата битолска чаршија, каде „Гола Планина“ со заеднички сили со „Пондер“ и бендовите најавуваат „гаражерско лудило“ View this post on Instagram A post shared by Сепак се врти 2025 – Караван (@sepaksevrti.festival) „Фестивалот е бесплатен, но за да ја продолжиме оваа иницијатива, ви препорачуваме да ...

Со промоција на уметничка инсталација „Сенката на светилникот“ и со трибина за „Значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст“ во демирхисарското село Смилево почна манифестацијата „Денови на Смилевски конгрес“. Според востановената традиција, најнапред положивме венец на гробот на Даме Груев, а потоа на трибина говоревме за улогата на Даме Груев, за ...

Подгответе ги моторите и облечете се елегантно — The Distinguished Gentleman’s Ride се враќа во недела, на 18 мај 2025 година. “Регистрирајте се за да учествувате во настан каков што нема друг, каде што 1000 градови низ целиот свет ќе возат на истиот ден во поддршка на менталното здравје на мажите и истражувањата за рак на простата. Придружете се на стотици илјади елегантни дами и господа на најстилскиот мотоциклистички хуманитарен настан на ...

Од 5 до 8 мај ќе се одржи студентската резиденција во склоп на Конкурсот за награда за најдобар студентски превод ВАВИЛОН – Нова генерација. 11-те учесници и натреварувачи ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења за алатикте и техниките на преводот со веќе докажани занаетчии на пишаниот збор. Во с.Радожда, Струшко покрај езерска идила, нашите учесници ќе бидат инспирирани од менторите Филип Димевски, Искра Димковска, Татјана Срцева – ...

Скопје, 1 мај 2025 (МИА) - „Лабудова песма Заробљенице ветра“ е насловот на српското издание на специјалното издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти, кое деновиве излезе од печат. Книгата, чие македонско специјално издание беше објавено кон ...

Кошарката се враќа на голема врата оваа мајска пролет! Над 30 екипи од пет држави. Стотици млади таленти и ветерани. 13 Меѓународен Велигденски Кошаркарски Турнир во организација на КК Младост. Турнирот ќе се игра во два викенда: 3 – 4 мај – младински категории (деца од 4 до 16 години) 10 – 11 мај – ветерани 40+ Кошарката во Битола ги поврзува сите возрасти. Од најмладите – дечиња од 4 години, до децениско искуство. Овој турнир не е само ...

На 7 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Слика со песна“ – редок културен настан што ги обединува сликарството и поезијата во уникатна уметничка симбиоза. Оваа изложба претставува интермедијална и интертекстуална платформа на која се претставени оригинални ликовни дела инспирирани од поетски текстови на некои од најзначајните македонски поети. Преку внимателен ...

Трагичната загуба на синот а потоа и на сопругот во тишината, којашто на поетесата и писателка Смилана Василевска ѝ станала прибежиште и извор на сила, таа ги создава последните свои три книги. Сите се посветени на нејзиниот сопруг Иван Василевски, врвен поет со највисоките поетски награди и во исто време новинар, долгогодишен дописник на на југословенски Танјуг од Македонија како и на Македонската информативна агенција МИА од Струмица се до ...

Големиот мајстор на гитарата, Антонио Форчоне и неговиот квартет ќе настапат на 24.05. 2025 во големата сала на Македонската филхармонија. Антонио Форчоне е повеќекратно наградуван музичар со најпрестижните светски музички награди и како гитарист и како комозитор. Неговата дискографија брои 20-ина извонредни албуми, некои од нив снимени со музички големини како Charlie Haden, Trilok Gurtu, Sarah Jane Morris многу други. Долго време е заштитно ...

Калвин Харис и Вик Хоуп наскоро ќе станат родители. 41-годишниот диџеј и неговата 35-годишна сопруга го очекуваат нивното прво дете, а убавата вест беше откриена откако Вик ја водеше својата радио емисија со пораснато трудничко стомаче. Потоа, Вик сподели и фотографии на Instagram на кои се гледа дека е во блажена состојба. Калвин и Вик започнаа да се состануваат во јануари 2022 година, а на 9 септември 2023 година стапија во брак. Парот сè уште ...

На 06 мај со почеток во 18.30 часот во Аудиокултура ќе се одржи промоција на „Космогонија“, ликовна адаптација на Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ на истоимената песна од Влада Урошевиќ. Оригиналните илустрации се изработени во техника на колаж од рачно боена свила со цртеж и вез. „Космогонија“ е приказна за создавањето и разорувањето, низ циклусите што го градат и разградуваат светот. Ова издание ја следи таа преобразба – инспирирано од зборовите, ...

Нови десет издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги сите и оваа работна недела завршете ја со насмевка и уживајте во претстојниот викенд. -Се бие в гради оти го тапкаат по грбот. -На сопругата ѝ ветив дека ќе ѝ ги зголемам ветувањата. Речено – сторено! -Помнам само видени вицови. -Пишувам за да ме читаат, а ги читам само тие што пишуваат од истата причина. -Тоа што коњот не рика, ...

По едноминутниот молк како почит за загинатите во пожарот, на аукцијата што ја водеше актерот Благој Веселинов, беа претставени шеесетина уметнички дел од над 140 што се најдоа на изложбата. На настанот на кој присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и стопанственици, политичари, градоначалници, уметници и граѓани, беше нагласено дека целта е да им се помогне на сите кои се засегнати од трагедијата, за полесно да ги ...

Гимназијалците и годинава ја продолжуваат традицијата – голем хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“. На 09.05.2025 година во дворот на ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид гимназијалците ќе се претстават со музичко-сценски настап кој сигурно ќе ги плени вашите срца. Како и секоја година настанот е тематски, а годинава ќе слушнете прекрасна музика од 60-тите години па наваму. Годинава истиот е посветен на настаните од Кочани, ...

Стихозбирката „Додека спиеш“ на Биљана Стојановска е книга за месец мај во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје со која се заокружува третиот циклуд од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Книгата, во издание на „Чудна шума“ беше промовирана во мај минатата година, а за стиховите во неа, авторката во едно интервју ќе рече: Песните се пишувани неколку години. Иако, авторот ја има слободата и правото да си игра со ...

На 7 мај во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Слика со песна“. Станува збор за ексклузивна јавна презентација на оригинални сликарски дела инспирирани од внимателно одбрани поетски текстови на истакнати македонски автори и поети. Таа претставува синтеза на ликовната уметност – конкретно сликарството – и поезијата, две уметности кои длабоко комуницираат на емотивно ниво. Изложбата претставува уникатен ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1012
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
2.32
67%
1010
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.47
55%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
96%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.09
42%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
60%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.23
82%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
69%
1010
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71