Денес, во Кјото, Јапонија, се сретнав со Шуничи Токура, Комесарот за културни врски на Јапонија, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија. Нашето средба беше фокусирана на потврдување и анализа на напредокот во соработката меѓу нашите две земји, а исто така и за утврдување на идни проекти во сферата на културата и туризмот. Со гордост истакнав дека ...

Данскиот музички состав „Ефтеркланг“ денеска во 14 часот ќе одржи концерт на отворено во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот е замислен како пикник-концерт. „Ефтеркланг“ е дански бенд составен од три пријатели од детство – Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот седми студиски албум насловен Things We Have In Common со што ја започнаа својата светска турнеја. Документарниот филм, “Efterklang: ...

Димитар Димитровски – Такец е роден во 1922 година во Битола. Тој беше истакнат македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како дојаен на битолското и македонското новинарство. Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, каде ...

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево објавува хуманитарен литературен конкурс “Ѕвездите светат бесконечно” во чест на загинатите, повредените и хероите од трагедијата во Кочани. Проектот “Ѕвездите светат бесконечно” е литературен конкурс од хуманитарен карактер. Целта на проектот е да се објави збирка книга од проза и поезија, посветени на прерано загинатите животи во трагедијата во Кочани, ...

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика неакадемските уметници од Куманово да учествуваат со три дела по свој избор на традиционалната изложба „Самоуки 2025“, информираа денеска надлежните од НУЦК. -Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести ...

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ужива во претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски. Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“ преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно ...

Приказната почнува со жена што се враќа во земја што ја обележала, под лажно име. Нејзиниот пат нè води низ Мадрид и Нерха – градови што стануваат неми сведоци на судбини на обични луѓе во невообичаено време. Се среќаваме со писател што пишува наместо да се бори, актерка и фламенко танчерка што живее за страста и вистински ликови од историјата како Федерико Гарсија Лорка и Ернест Хемингвеј. Во книгата не се слават големи победи, туку се оддава ...

Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Објавена е најновата публикација на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип - „Целзиус 233: Ракописите, книгите и стриповите во Априлската војна“. Како што информира авторот, се работи за истражувачка студија во која е обработено уништувањето на библиотеките и на нивниот ракописен, книжен, весничен и стриповски фонд за време на првите денови на Втората светска војна на југословенско тло – од нападот на Белград ...

Копродукциската претстава „Без крв“ на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив освои пет номинации за најпрестижните театарски награди во Бугарија „Аскер“. Меѓу номинираните се: Сашко Костов за најдобра театарска музика. Тој е номиниран заедно со својот колега од Драмскиот театар од Пловдив, Јавор Карагитлиев. Номинија имаат и Валентин Светозарев за сценографија, Раде Василев и Елена Вангеловска за костимографија, ...

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, а во режија на Јован Ристовски вечер во Тирана завршува манифестацијата „Недела на македонската култура“. Претставата почнува во 20 часот во познатиот театар „АрТурбина“ во Тирана, а претставува моќна приказна за дискриминацијата заснована на вистински сведоштва на поединци од различно етничко потекло од Западен Балкан. Изведбата ќе биде на македонски јазик, ...

Во Кино салата во Валандово, изработен е мурал со ликови на истакнати валандовчани во областа на уметноста, објави градоначалникот на Валандово Перо Костадинов. Градоначалникот посочи дека автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев – Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ. „Целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да оддаде признание на личностите кои ...

На 28 април 2025 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа предавањето: „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“ Препознавање и реакција: Како библиотекарите можат да помогнат? Предавањето беше дел од проектот поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – ADU) и собра библиотекари, едукатори и професионалци од областа на образованието и менталното здравје, обединети околу заедничката цел: создавање безбедна, ...

Филмот „Flow“ (во слободен превод „Проток“) на летонскиот режисер Гинтс Зилбалодис е добитник на паневропска награда на филмската публика LUX за 2025 година. Филмот, кој е во летонско-француско-белгиска копродукција, говори за мачката Кет чиј дом е уништен при голема поплава. Во своите напори да се прилагоди на новиот начин на живот, Кет наоѓа засолниште на брод населен со други животни. Филмот се занимава со прашања што се меѓу темите од ...

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно – ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun). Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) – „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The ...

Нова пролет за Стотројка. Концерт на Kadonnut Manner и почеток на роденденските музички свечености на Канал 103. Вечерва со почеток во 20:00 часот во Ла Кања. Во предвечерјето на 1 мај, Ден на трудот и 34-ти роденден на Канал 103, ги покануваме сите наши знајни и нејзнајни радио пријатели и поддржувачи, на музичка дружба во интимните прегратки на Старата скопска чаршија, каде ќе имаме можност да уживаме во звуците на финскиот музички алхемичар ...

Платинум-наградата во Мадрид привлече големо внимание, но ништо не може да се спореди со моментот кога на сцената се појави Ева Лонгорија. Оваа славна глумица, која ја освои престижната награда, уште еднаш ја покажала својата модна генијалност, а нејзиното појавување пред фотографите беше вистинска сензација. Гламурозната и елегантна, Ева Лонгорија избра црн вечерен фустан без прерамки и со изразено деколте, кое го „украси“ со сребрен ...

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица во „Петар Пан“, рече француската балерина со македонско потекло Роксан Стојанов, на синоќешното свечено отворање на 21. издание на Танц фест Скопје. Стојанов, која лани во декември беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера, е годинашна добитничка на наградата ...

Излезе најновата поетска збирка „Indicta causa (Осуден во отсуство)“ од Сашо Гигов-Гиш. „Во поезијата на Сашо Гигов-Гиш најарно е да се влезе со предзнаење или ич да не се влегува за да не се почувствува човек во читањето како изгубен Германец. А можеби и поарно е да се влезе без никакво знаење, со отворен ум и без комплекс дека не се знае, како љубопитно дете, па низ херменевтичка авантура, малку по малку, трпеливо да се разгатнува тој свет од ...

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) е јавен настан кој ќе го водат студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје кои го следат курсот по Антисемитизам, Холокауст и човекови права. Настанот е фокусиран на 4 клучни теми: Животот во гетата, Духовниот отпор во гетата (архивата на Ојнег Шабес), Востанието во Варшавското гето и искуствата на Холокаустот низ призма на уметноста. Преземајќи го ...

На 6 мај во Нетавил, со почеток од 18ч, се организира настан за загревање пред единствениот стрип фестивал во Скопје! ,,Ќе се запознаете со Симон Калајџиев и Белкис Аксу кои ќе ги претстават своите дела како и инспирациите што стојат зад нив! Ќе присуствувате на цртачка џем сесија со дел од најактуелните автори во македонскиот стрип! Ќе споделиме и дел од содржините што ги подготвуваме за главниот настан на Стрип Трип што ќе се одржи од 6 до 8 ...

Денес, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија, остварив средба со Комесарот за културни врски на Јапонија, г. Шуничи Токура, во Кјото, Јапонија. Целта на нашата средба беше да го потврдиме и разгледаме напредокот на соработката помеѓу Македонија и Јапонија, како и да ги дефинираме идните активности во областа на културата и туризмот. Изразив задоволство ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од владината делегација која е во посета на македонскиот павилјон во рамките на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, денеска во Кјото, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија, оствари работна средба со комесарот за културни врски на Јапонија, г. Шуничи Токура. На средбата, која помина во срдечна ...

По премиерата на фестивалот во Оденсе, Данска, филмот „Мала шега“ продолжува да ја освојува публиката на меѓународни фестивали. Филмот е награден како Најдобар филм на Филмски Фронт во Нови Сад, Србија (2024) и UNICA Korea (2024). Дополнително, ја освои и Наградата од публиката на фестивалот Ѕирни во Скопје, Македонија. Јана Никодиновска, главната актерка во филмот, е наградена за Најдобра актерка на Ѕирни и UNICA Korea за нејзината извонредна ...

Во македонскиот КИЦ во Загреб Деан Шкартов по повод изложбата ,,Македонскиот рубин моќниот зрак на нашето срце”, одржа едукативна работилница за минералите како природно богатство за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик. Покрај предавањето во рамките на работилницита, учениците имаа можност да се запознаат и со традиционални македонски песни во изведба на Елена Христова од ,,Баклава”. Благодарност до училиштата ,,Никола Тесла” и ...

Археолози открија остатоци од изгубен антички град близу селото Црнобуки. Пронајдените артефакти го датираат од времето на Александар Велики. Некои експерти веруваат дека градот постоел уште во бронзеното доба. Ова може да биде Линкус, престолнината на кралството Линкестида. Таму е родена Евридика, бабата на Александар Македонски. Локалитетот Градиште досега беше познат како воена станица од 3 век п.н.е. Тоа било утврдување на кралот Филип V. ...

Длабоко сме трогнати и почестени да објавиме дека „Лена и Владимир” е изборот на ЖИРИТО за НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ на 22-от Инди Филмски Фестивал, соопштија од тимот. Посебна благодарност до Тони Наумовски за претставувањето на фестивалот – според зборовите на Тони: „Беше БРИЛИЈАНТНО искуство на многу нивоа; понизно и длабоко емотивно”. Ова признание значи исклучително многу за целиот наш тим кој ги вложи своите срца и души за ...

Монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов денеска 30 април (среда) | 20.30 часот во КСП- Центар Јадро. Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни. Mонодрамата „Сите најубави ...

Во паркот Ибни Пајко во Скопје денеска (среда, 30 април) традиционално ќе виде одбележан Меѓународниот ден на џезот. Настанот го организира Националниот џез оркестар и почнува во 16.30 часот со џез за деца. Следуваат настапите на „Бојан Цветковиќ квартет“ од Србија (19.30 ч.), YoYo Band од Бугарија (20.30 ч.), „Христијан Ристески квартет“, словенечко-македонско-американска групација (21.30 ч.) и Trio Dragobert feat. Milagros Piñera од Австрија ...

Денес, во Градскиот музеј во Крива Паланка, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на современата уметница Ана Митевска, насловена како „Приказни во тиркиз – Извор на животот“. Оваа изложба претставува визуелна симфонија инспирирана од звукот, емоциите и бојата – апстрактен јазик кој ја прераскажува интимната врска помеѓу природата, водата и внатрешниот свет на уметницата. Влезот е слободен. Ве очекуваме да ја споделиме ...

Вечерва во просториите на Јуроп хаус во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“. „Во рамки на настанот публиката ќе има можност да проследи книжевно читање на кое ќе се претстават четворица млади автори и авторки, како и изложба од млада уметница“, информираат оттаму. На книжевното читање со своја поезија и проза ќе се претстават Андреј Анѓеловиќ, Павлина Атанасова, Милена Неделковска и Нино ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
49%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
41%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.46
32%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.42
54%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
54%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
30%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
10.29
54%
1012
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74