Пожарот кој избувна во близина на хотелот „Њу Стар“ во скопската населба Визбегово е локализиран, но на терен и понатаму дежураат две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во денешната интервенција биле ангажирани вкупно седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот зафатил површина од околу 5000 квадратни метри, при што биле опожарени жито, еден магацин ...

Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава за фалсификати поврзани со градби во Општина Чаир, информираа денеска од Град Скопје. Според соопштението од прес-службата, истрагата се однесува на сомневања за фалсификување на документи и незаконска легализација, а се поврзува со поранешниот градоначалник на општината, Висар Ганиу. „Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. ...

Тројца пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во дискотеката во Кочани сè уште се лекуваат надвор од земјата, двајца во Турција и еден во Словенија, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство. Министерот потврди дека сите тројца се во стабилна здравствена состојба, а состојбата на повредените што се лекуваат во земјава се следи редовно. ...

„Се придржуваме до консензусот од 2022 година и до преговарачката рамка, која е основата врз која се води целиот преговарачки процес. Тоа е јасно утврдено во неколку одлуки на бугарското Народно собрание, вклучувајќи ја и последната од пред неколку недели, каде што е наведено дека нема нови услови. Овие услови не се наши, туку на Европската Унија – внесување на Бугарите во сите делови од Уставот и исполнување на Договорот за пријателство со ...

Министерот за здравство Азир Алиу ја претстави новата алатка „Отворен кабинет“, која, како што посочи, ќе овозможи директна комуникација меѓу граѓаните и Министерството – без бариери, без бирократија и со човечки пристап. „Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе и почнува да го слуша народот со отворен ум и јасна намера за промена“, изјави министерот Алиу, нагласувајќи дека новата алатка не е ...

Поради најавената средба на лидерите од Западен Балкан која ќе се одржи во Скопје, Секторот за внатрешни работи информира дека во понеделник (30 јуни) и вторник (1 јули) во главниот град ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот. Од СВР Скопје соопштуваат дека мерките ќе се однесуваат на поширокото централно подрачје на градот, при што дел од улиците и булеварите ќе бидат затворени во различни временски интервали, во зависност од ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска жестоко реагираше на најавите од премиерот Христијан Мицкоски и Владата за спроведување на електронски попис во 2026 година, обвинувајќи дека станува збор за националистичка агенда со цел исклучување на Албанците од институциите и системот. Во реакцијата, ДУИ потсетува дека уште во 2022 година, Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот на населението, каде беше утврдено дека Албанците ...

Љупчо Ѓоргиевски, претседател на згаснатиот клуб „Иван Михајлов“, кој сега го носи името „Една роза“ и осуден на една година затвор условно, со две години условен рок, гостуваше вчера и денеска во двете најголеми бугарски приватни телевизии НОВА и БТВ. Во своите изјави, Ѓоргиевски нагласува дека со чест и гордост ја прифаќа судската пресуда, истакнувајќи дека бугарската заедница нема да молчи и ќе продолжи да се бори за своите основни ...

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија го регистрирала потресот на неколку сеизмолошки станици ширум државата, при што е утврдено дека епицентарот се наоѓа во епицентралното подрачје Валандово, оддалечено околу 120 километри ...

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата. Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои ...

Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, изјави дека земјата ќе продолжи со напорите за поддршка на Република Северна Македонија во процесот на нејзино приклучување кон Европската унија, пренесе БНР. „Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија под каква било форма, освен почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година и Европскиот консензус од 2022 година, ...

Ученици од бугарското село Дерманци, во кое нема кино салон, снимија филм кој стигна до Сорбоната во Париз. Идејата и целиот процес по создавањето на филмот е дело на самите ученици. За оваа прекрасна сторија разкажува репортажата на Катја Тодорова и Михаил Врабчев, направена за најпознатата неделна емисија на Бугарската национална телевизија „Панорама“ со водител, новинарот Бојко Василев. Повеќе за овие талентирани деца и нивниот филм ...

Демократската Унија за Интеграција изрази загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои, според партијата, потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија. „Според претставници на Синдикатот, и покрај тоа што многу албански службеници имаат над 20 години работно искуство и ги исполнуваат сите професионални услови, тие не ...

Бугарија се најде на престижното второ место во европската ранг-листа за проценка на водите за капење за сезоната 2024 година. Оценката и интерактивната мапа се изработени од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во соработка со Европската комисија и ги истакнуваат локациите ширум Европа, каде што капачите можат да уживаат во добро управувани и безбедни места за капење. Проценката ја проверува соодветноста на водите за капење со ...

Семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска повторно ќе излезат на протест, барајќи правда за своите деца. „Маршот на ангелите“ ќе започне во 18 часот и 5 минути. Собирот освен израз на почит кон загинатите и поддршка за сите што беа повредени во несреќата, е и гласен потсетник на пропустите на надлежните институции, чие дејствување, според семејствата, било недоволно за да се спречи настанатата ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска, ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, соопшти утрово СДСМ. Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ...

Денеска во месноста Славче кај босилеградското село Извор, токму на самата гранична линија помеѓу Србија и Бугарија, ќе се одржи традиционалниот граничен собир „Славчето“, јавува Гласпрес. Настанот, кој се организира со децении, претставува симбол на пријателство и одржување на врските меѓу луѓето, и покрај граничните рампи. Организатори на собирот се општините Босилеград во Србија и Трекљано во Бугарија. Граничниот премин на оваа локација ќе ...

Денеска, 28 јуни, кога Србија го одбележува Видовден, целата држава е на праг на едни од најголемите протести во поновата историја. Се очекува десетици илјади граѓани да излезат на улиците на Белград, Нови Сад, Ниш и други градови, во поддршка на студентите кои веќе осум месеци протестираат против корупцијата во државните институции и бараат правда и одговорност од власта, јавуваат српските медиуми, пренесува БГНЕС. Овој ден се смета за ...

Украинските сили извршија прецизен напад врз аеродром на кој биле распоредени руски борбени авиони во Волгоградска област, при што, според првичните информации, се погодени четири авиони „Сухој Су-34“ и техничко-оперативен центар за одржување и сервисирање на борбени летала, пренесува БГНЕС. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, во операцијата учествувале единици од Силите за специјални операции, Службата за ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на свеченоста за доделување на дипломите, што се одржа во Центарот за обука на полицијата во Идризово, заедно со помошник министерот за внатрешни работи и началник на Центарот за обука, Влатко Митковски, како и со амбасадорот на Италија во нашата земја, Н.Е. Паоло Палминтери. Обуката беше реализирана од Вишиот институт за истражни техники на карабинерите на Италија, со ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот на ДУИ од Студеничани, на 5 години изградил објект, а на 6 години го легализирал. „Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу! На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП АДЕМИ му овозможиле легализација на ЈАСИН САДИКИ, врз ...

Министерот за надворешни работи на Иран призна дека нуклеарните постројки на Иран претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните напади на САД и Израел. Абас Арагчи изјави за државната телевизија дека Организацијата за атомска енергија на Иран моментално го проценува обемот на уништувањето. Но, само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека нападите не ја попречиле нуклеарната програма на Иран. Со тоа, ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, учествуваше на панел-дискусијата посветена на теми од особено значење – локална самоуправа и граѓанско учество. Во своето обраќање, тој го истакна значењето на соработката со граѓанскиот сектор како суштинска компонента на успешната децентрализација и локално управување. „Отвореноста кон граѓанскиот сектор ја зголемува довербата и ја ...

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции. Само во еден случај, велат од партијата на Ахмети, во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, биле реализирани 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, 1 за Турчин, а ниту едно за Албанец. Ова, додаваат од ДУИ, е јасен показател за етничка исклученост и повреда на уставниот принцип за ...

Иран денес потврди дека уште еден нуклеарен научник е убиен во неодамнешните израелски напади. Според новинската агенција Тасним, иранскиот Универзитет за наука и технологија соопшти дека инженерот Сулејман Солејмани, дипломиран на Одделот за хемиско инженерство, е убиен во израелските напади. Потврдата доаѓа откако Израел соопшти дека убил 11 нуклеарни експерти и дека погодил неколку истражувачки центри поврзани со нуклеарната програма на ...

Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 70км/ч.), информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во ...

Германија постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владината комисија, кои беа објавени денес. Планирано е минималната плата по час да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година, а од минатата година, Германија има највисока минимална плата во Европската унија, по Луксембург, кој пропишува месечен минимум од 2.638 евра. Три други земји од ЕУ имаат ...

Предлог – законот за Судски совет е прикачен на е-Влада, а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија. „Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека повлекувањето на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, по нападите на САД врз нуклеарните постројки во таа земја, би било „најлошото можно сценарио“. Тој рече дека во наредните денови ќе разговара со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се обиде да го зачува договорот, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
88%
1009
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
91%
1009
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
71%
1007
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.69
66%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.11
80%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
7.6
56%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1006
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
78%
1009
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
88%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Злато

159436.20

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Платина

67484.42