Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата. Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка, без јасна улога и без вистинска ...

Амбасадата на Израел во Обединетото Кралство објави фотографија од остатоците од ракета за која тврди дека била испукана во северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран. „Ова е ракета испукана кон северот на Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото примирје“, стои во објавата на официјалниот профил на платформата „Икс“. This is a rocket fired at northern Israel – not during war, but during a so-called ...

ЕВН Македонија традиционално повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година. Компанијата преку програмата „Кај мама и тато на работа“, секоја година им овозможува на децата на вработените од Централните оддели и Корисничките енерго центри низ целата држава, да го посетат работното место на своите родители и низ едукативни игри да се запознаат со светот на енергетиката. Околу 270 деца кои беа поделени во ...

Операцијата „Полноќен чекан“ и претходните израелски операции јасно покажаа колку се ранливи руските системи за воздушна одбрана. Овие настани сериозно ги потресуваат темелите на руската војска, пишува Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на Заедничкиот хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарен полк на британската армија. Едноставниот факт, како што вели е дека израелските борбени авиони веќе некое време слободно дејствуваат во ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија по прогласувањето на прекинот на огнот. „Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението. Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на ...

Демократската унија за интеграција реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој, според нив, има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“. „Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да се демонтира една од најважните ...

Од Oпштина Центар најавуваат дека продолжуваат со теренските активности низ маалата, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кој денеска (24 јуни) ќе се одржи во дворот на ООУ „Јохан Х. Песталоци“, со почеток од 18:30 до 20:00 часот. Караванот трае до 7 јули, и предвидува низа отворени средби во сите населби на Центар каде директно се разговара со жителите за реализираното во изминатите години, но и се собираат идеи и предлози од ...

Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, изготвен од известувачот Томас Вајц, денеска беше усвоен од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET), јавуваат специјалните известувачи на БГНЕС од Брисел, Димитар Русков и Димитар Димитров. Предлогот да се внесе терминот „модерен“ пред изразите македонски идентитет и јазик не доби мнозинство и беше отфрлен. Истовремено, сите предложени амандмани од бугарските ...

На покана на Генералниот секретар на НАТО, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе учествува во работата на Самитот којшто денеска и утре се одржува во Хаг, Кралството Холандија. Во состав на државната делегација предводена од претседателката ќе бидат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји. На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфрастрктурни проекти како дел од регионалниот ...

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Во кратката изјава се вели: „Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“. Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато ...

Facebook статус на Александар Панев Перверзно е, да се сака да се биде амбасадор во Берлин а да работиш против ЕУ интеграциите, перверзии се и другари да сте со началник на Прва управа и да отварате досие во 21 век, друга перверзија е да пишуваш статии со отров против Бугарија и да очекуваш напредок, идентитетот сте го бранеле вие? Можеби вашиот, удбашкиот да, ама македонскиот, не би рекол. Македонија има право да ги знае кретенските играчи, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Иран првин негираше дека е постигнато примирје и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека ...

Катар соопшти дека во текот на вечерта не се регистрирани жртви по иранскиот ракетен напад насочен кон американската воена база Ал-Удеид, лоцирана во близина на главниот град Доха. Според катарските власти, сите ракети биле навремено пресретнати од противвоздушната одбрана. Во официјалното соопштение од Министерството за надворешни работи се осудува нападот, кој е наречен „дрска агресија“, и се нагласува дека земјата го задржува правото на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не го употребува зборот „нуклеарен“ лесно и го праша дали Русија ќе му даде на Иран нуклеарно оружје. „Дали поранешниот руски претседател Медведев навистина го употреби „зборот Н“ (нуклеарен!), тврдејќи дека тој и други земји ќе му испорачуваат нуклеарни боеви глави на Иран? Дали навистина го кажа ...

Бугарија планира значително зголемување на буџетот за одбрана – до 5% од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. Ова го најави бугарскиот министер за одбрана, Атанас Запрјанов, пред почетокот на самитот на НАТО што започнува утре во Хагa, јавува БНР. „Има одлука на Владата со која е определен мандатот за водење на разговорите. Ние го поддржуваме предлогот на американската страна за воени трошоци од 3,5% од БДП за одбранбени капацитети, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Хаг изјави дека 32-те членки на алијансата ќе донесат „смели одлуки“ на самитот оваа недела, вклучително и усвојување на нов инвестициски план што ќе ги зголеми трошоците за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП). На прес-конференцијата еден ден пред почетокот на самитот на НАТО, Руте рече дека сите членки на алијансата ќе ја исполнат целта за издвојување на два проценти од ...

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата и на нивните семејства, истакна Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Спасовски со реакција за седницата на Комисијата за политика демографија и млади, водена од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. „Се случи груба узурпација на правото на претседаваwe со комисијата од страна на колешката ...

Во изминатите неколку денови, во делови од Гази Баба беше евидентирано значително загадување на амбиенталниот воздух, што предизвика загриженост кај граѓаните, а особено се чувствуваше во раните утрински часови. По тој повод градоначалникот Бобан Стефковски информира дека од првиот момент кога ја регистрирале оваа состојба, го задолжил Секторот за инспекциски работи дапочне со вонредни инспекциски контроли за откривање на изворите на ...

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор. Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење албански јазик. Прашан за приклучување ...

Американската амбасада испрати е-пошта до американските граѓани во Катар во која ги советува да останат во своите домови до понатамошно известување. Во пораката се наведува дека препораката е „мерка на претпазливост“, а не се понудени дополнителни информации. По таа порака од американската амбасада, катарските власти соопштија дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Маџед ал-Ансари ...

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, рече дека Белата куќа нема против Иранците да извршат државен удар и да ја соборат иранската влада. „Ако иранскиот режим одбие да постигне мирно, дипломатско решение – за што претседателот сè уште е заинтересиран… зошто иранскиот народ да не ја одземе моќта на овој крајно насилен режим? Нашата позиција не е променета“, изјави Ливит денес за Фокс њуз. Позицијата на Белата куќа за прашањето за ...

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. Од Министерството информираат дека со тоа, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25, меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. ...

Иранската нуклеарна централа Фордо е повторно погодена, овој пат во израелски напад, јавуваат иранските медиуми. Објектот, изграден во планина, претходно беше цел на американски напад. Портпаролот на кризниот штаб на провинцијата Ком за новинската агенција Тасним изјави дека Фордо бил повторно погоден. Израелските медиуми објавија дека војската го гаѓала пристапниот пат до нуклеарниот објект. Американскиот напад во текот на викендот, според ...

Бројот на загинати во нападот на бомбашот самоубиец во црквата Свети Илија во Дамаск се искачи на 25, додека 63 лица се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство. Министерството соопшти дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот е припадник на Исламската држава, пренесе сириската државна агенција Сана. Таа терористичка организација се уште не ја презела одговорноста за овој напад. Сириските медиуми јавуваат дека ...

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата наведува дека информирани извори објавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака. По нападот, според истите извори, биле воведени засилени безбедносни мерки на главниот влез во базата. Се наведува дека засега нема информации од каде дошол ...

Општина Центар продолжува со уредување на јавниот простор и подобрување на условите за рекреација и игра на центарци. Во изминативе денови, поставени се нови детски реквизити и урбана опрема од канти и клупи на неколку локации низ општината, соопшти градоначалникот, Горан Герасимовски. Во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се поставени нови детски реквизити, нови кошаркарски табли, клупи и канти, обезбедувајќи безбедно и ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток и ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими, соопштија од партијата. „Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој ...

Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди, како што рече, неодговорната и корумпирана власт која ја задолжила Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој. „Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво“, рече Филипче. Тој нагласи дека младите немаат ...

На 5 јули, 2025 во 21 часот, ќе се одржи гала концертот „Од MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет. Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
88%
1009
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
91%
1009
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
71%
1007
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.69
66%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.11
80%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
7.6
56%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1006
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
78%
1009
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
88%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54077.56

Бакар

11.83

Сребро

2497.79

Кобалт

64.04

Калај

46.06

Платина

67484.42

Рутениум

45750.51

Иридиум

215504.98

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29

Родиум

336779.07