
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени. Времето во наредните денови Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ...
„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот центар. Изјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор“, велат од СДСМ. „Прво, како е можно Таравари ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лицемерие, тврдејќи дека партијата троши огромни суми пари на забави, додека во јавноста глуми загриженост за економската состојба на граѓаните. „Додека СДСМ оди по маркети и се преправа дека ја интересира како живеат граѓаните, истата таа партија троши околу 100.000 евра за настан кој го нарекуваат манифестација за Денот на жената. Ова е врв на нивното лицемерие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата прашува ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го обвини поранешниот претседател Стево Пендаровски за неодржување доследност во своите ставови, особено во врска со промените на македонскиот Устав и неговите последни изјави за САД и нивниот новоизбран претседател. Милошоски истакна дека Пендаровски во 2020 година тврдеше дека било „ван памет“ да се разговара за промена на Уставот, но подоцна стана главен промотор на промени, што според него, го ...
Опозициската СДСМ жестоко ја нападна владата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за расипничко трошење на народните пари на луксузни гозби, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Според партијата, функционерите уживаат во ексклузивни деликатеси, додека работниците се борат со мизерни плати. „Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот. Илјадници семејства не можат да си дозволат ни основни намирници, а ...
Женското рели „#женскорели2025“ денеска ќе ги раздвижи улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Овој настан, кој се одржува по шести пат, ќе биде вистински тест за умешноста и брзината на учесничките, кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини: градско возење по однапред зададена рута и брзински испит познат како „гимкана“. Сите натпреварувачки мора да поседуваат важечка возачка дозвола и да возат ...
Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот ден на жената, кога се истакнаа важни барања за подобрување на правата на жените во општеството. Организаторите потсетија дека 8 Март не е само ден за симболични гестови, туку и за феминистичка борба за слобода и правда. „Жените не се безбедни ниту во својот дом, ниту на улица“, беа дел од изјавите на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата сè уште нема донесено одлука и дека договорот со албанската компанија за стопанисување со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје не е потпишан. „Ако јавноста вели ‘не сакаме’, тогаш нема да го потпишеме“, нагласи тој, демантирајќи дека веќе е донесена конечна одлука. Според Мицкоски, процесот се води врз основа на физибилити-студија направена од претходната влада, а на огласот се пријавила само ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека утре, на 09.03.2025 година (недела), на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби. Вежбата ќе се одржи во соработка со ТАВ Македонија. Целта на вежбата е да се тестираат реакциите на сите надлежни институции при справување со вонредни ситуации. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои ќе се најдат во близина на Аеродромот да ги ...
Во тек се анкетите за потенцијални кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Владата и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, денеска во Свети Николе потврди дека започнале внатрепартиските процедури за избор на кандидати за градоначалници на локалните избори. Мицкоски истакна дека вчера го гледал интервјуто на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во кое се изнесени прогнозите за изборните резултати. „Ако ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по години на, како што рече, „пустош и понижување“, сега државата се гради. „Денеска е посебен ден овде во Свети Николе. Освен што го предвидовме како ден за дружење со граѓаните, сакавме да поминеме и низ неколку значајни проекти што заеднички ги финансираат и локалната самоуправа и Владата“, истакна Мицкоски. ...
Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот 10-тиот традиционален Осмомартовски марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот е во организација е Форумот на жени СДСМ, а годинешниот слоган е „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“. „Десет години маршираме рамноправни едни до други. На ...
Бугарија е рангирана меѓу земјите со најголем удел на жени на раководни позиции во 2023 година. со 42%, пренесува БГНЕС. Поголем удел имаат само Шведска (43,7%), потоа Летонија (42,9%) и Полска (42,3%). Најнизок е уделот во Луксембург (22,2%), Хрватска (23,8%) и Чешка (27,4%), покажуваат податоците на Евростат. Според Анкетата за работна сила на ЕУ од 2023 година 3,7 милиони жените во ЕУ биле на раководни позиции во споредба со 3,1 милиони во ...
Во организација на граѓански иницијативи, денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Маршот започнува во 12:00 часот на бул. Партизански одреди, а се очекува да се движи низ централните улици на градот. Процесот ќе го следи Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, која ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Маршот ќе започне на бул. Партизански одреди, по што ќе се ...
Скопското обвинителство поведе постапка против 22-годишник поради тешка кражба. На 16 јули минатата година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари, информираа од Обвинителството. Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК ...
Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која ќе го гарантира мирот во земјата. Според извори во МНР, одлуката е донесена бидејќи како земја-членка на НАТО, Македонија не смее да дозволи каков било безбедносен вакуум од регионална гледна точка, пренесе „Дојче Веле“. Фокусот на земјата во следниот период мора да биде на регионот и на источното и јужното крило на НАТО. Допрва ...
„На денешната прес-конференција на СДСМ беа изнесени целосно невистинити информации поврзани со мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со институцијата со која раководам“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. „Станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на Министерството, со единствена цел превенција ...
Наместо да манипулира и етикетира, ВМРО ДПМНЕ треба да ги слушне работниците и да ги покачи платите. Секогаш кога не можат да решат некој проблем кој што треба да се реши и е од интерес на грашаните, ВМРО-ДПМНЕ манипулира и се служи со етикетирања и изговори, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање. „Ова што го слушаме од ВМРО ДПМНЕ е класична манипулација, стратегија на ДПМНЕ e секогаш кога не можат да ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија но и на општинската администрација. Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози. Тој истакна дека денешниот ден е симбол на борба ...
Општина Центар вложува во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните центарци преку различни услуги и активности. Една од новите мерки е воведувањето на услугата „Итно копче“, која им обезбедува брза реакција во итни ситуации на повозрасни граѓани над 65 години. Оваа бесплатна услуга е особено наменета за лица кои живеат сами или со партнер со нарушена здравствена состојба, соопштија од оваа општина. „Општина Центар е посветена нашите ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот врз енергетскиот сектор на Украина, руската војска истрелала околу 70 проектили и речиси 200 беспилотни летала и дека првиот чекор кон мирот треба да биде да се запрат таквите напади врз украинската инфраструктура. Тој посочи дека се работи на санирање на штетите и дека авионите Ф-16 и Мираж 2000, обезбедени од Франција и распоредени за заштита, успешно дејствувале против ...
„Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи не’ зафаќа се’ поголема сенка. Токму овој потег е она што и’ недостасуваше на македонската дипломатија последниве 8 месеци. Очекувам со новата настрешница од половина милион евра да зајакнат напорите, а со тоа и резултатите, за побрза интеграција во ЕУ“, напиша на социјалните мрежи поранешниот амбасадор, Андреј Жерновски откако дел од медиумите објавија дека на покривот на објектот на Министерството ...
Земјите-членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за целата ЕУ, објави на Фејсбук словачкиот премиер Роберт Фицо по завршувањето на вонредниот самит на европските лидери во Брисел. Фицо пред самитот изјави дека ќе бара во заклучоците од овој собир да се најде формулација за изнаоѓање решение за продолжување на транзитот на гас преку Украина до Словачка и предупреди дека во ...
Германски специјалци убиле 26-годишен Авганистанец, откако со нож се заканил на 26-годишен маж и на полицајците во Шенебек. Утрото околу 4 часот и 30 минути Авганистанец му се заканувал на млад човек во скалите во станбена зграда на улицата Алтфрозер. Се уште не се познати причините за конфликтот, како и дали двајцата се познавале, пишува Билд. Наводно, очевидци ја виделе пресметката и повикале полиција. Кога специјалците пристигнале на местото ...
Вчера во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од страна на полициските службеници, извести МВР. Инаку, од вкупно издадените 622 платни налози вчера, дел односно 58 се однесуваат на непоседување возачка ...
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички. Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна, рече тој, дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот. Според него, она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен пристап кон државата, со цел да се нанесе колку може повеќе ...
„СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи“. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит“, велат од СДСМ „Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби. За четири години колку што се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изразил подготвеност за телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, под услов Владимир Зеленски и европските лидери да се договорат, пишува францускиот весник „Поан“. – Подготвен сум да разговарам со претседателот Путин, кога претседателот Зеленски, нашите европски партнери и јас ќе оцениме дека е дојден вистинскиот момент – рече Макрон. Претходно, францускиот претседател веќе изрази ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини својот колега Владимир Путин дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил „историска погрешна интерпретација“ споредувајќи го со Наполеон. „Наполеон ги предводеше освојувањата. Единствената империјална сила што ја гледам во Европа денес се вика Русија“, рече тој. „Тој е империјалистички ревизионист на историјата и идентитетот на народите“, додаде тој во ...
Европската комисија планира да мобилизира до 800 милијарди евра преку иницијатива наречена REARM Europe, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Говорејќи по состанокот на европските лидери во Брисел, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ и Велика Британија покажале нова решителност. We are coming out of this European Council determined. These are extraordinary times. ...