Претставници на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија поднесоа цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Претседателот на МНИ проф. д-р Георги Николов, доц. д-р Милен Михов и доц. д-р Александар Гребенаров, отишле да се поклонат пред тленните останки на Делчев по повод 3 Март- Националниот празник на Република Бугарија. Тоа станува јасно од објавата на доц. д-р Михов во социјалната мрежа Facebook. Научниците ...

Во Киев беше организирана церемонија на полагање цвеќе пред Споменикот на украинските војници и бугарските ополченци по повод националниот празник на Бугарија – 3 Март, соопшти Амбасадата на Бугарија во Украина, пренесува БТА. Настанот се одржа во близина на Зверинецкото гробиште и беше организиран од бугарската заедница во Киев, Друштвото за бугарска култура „Родољубие – проф. Иван Стојанов“, Друштвото за пријателство „Украина-Бугарија – ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството. „Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални слабости, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип, одговарајќи на новинарски прашања, го бранеше министерот Панче Тошковски од кого опозицијата побара оставка по трагедијата во Карпош во која загинаа мајка и шестгодишно дете, жртви на семејно насилство. Објасни дена министерот јавно и детално објаснил што се случувало. „Јас не би ја коментирал опозицијата бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого, без разлика на тоа какви се нивните аргументи. ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека станал татко по трет пат. „Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, напиша тој на „Фејсбук“. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека станал татко по трет пат. „Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав ...

Десет тони опасен и несоодветно складиран хемиски материјал е отстранет од простории на Институтот за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Отпадот со години бил неправилно складиран, а станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Директорката на Институтот, Марија Андоновска, изјави дека отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во ...

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, уверува премиерот Христијан Мицкоски, но смета дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи. „Врз основа на тие ...

На македонската книжевна сцена се појавува ново дело кое ветува силна емоционална и филозофска длабочина. Станува збор за книгата „Сечилото сум јас“ од младиот автор Дарко Неделковски, која неодамна излезе од печат и веќе привлекува внимание со својата искрена и интроспективна содржина. Интересно е што делото најпрво беше објавено на англиски јазик, а сега добива и свое македонско издание, со што авторот се претставува и пред домашната ...

Жените треба да продолжат да го креваат својот глас, а мажите да бидат едуцирани дека не се супериорни, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на собраниската седница посветена на 8 Март, Денот на жената. Во својот говор тој зборуваше за фактот дека нашето општество се развива со оглед на тоа што имаме претседателка. „За да видиме каде сме, неопходно е да започнам со еден елемент што можеби изгледа симболично, но во суштина е доказ ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“. Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе создадат уште една ...

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената. „Долго се думев дали има смисла да зборувам по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траорна атмосфера по смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за резолуции, ...

Фросина Факова Серафиновиќ/ Слободен печат Министерот Тошковски допрва ќе праќа телеграми до полициските станици со наредба да се повикуваат на разговор сите мажи што ги тепаат жените. Откако уште еднаш изрази „најдлабоко сочувство“. Почнува секогаш исто. Со изрази на најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на трагично загинатите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја имаше непријатната обврска да се појавува на ...

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вели Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што кажа, вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. ...

Македонија е земја во која што шест квартали по ред економијата има стабилен раст, оцени на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Особено е важно, додаде тој, да се види што стои зад овој раст. Како што оцени, најголем придонес има во градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележало раст од 14,6 проценти. Тоа, според него е највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно ...

На 08 април 2026 година националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, во 20:00 часот во Македонскот народен театар, го најавува својот традиционален Велигденски концерт. „Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз. Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот „Велигденско ...

Рамајана. Росица. Кате. Марија. Која треба да е следна? Дали сите треба да умреме за да проработи системот? Дали треба уште едно име да стане хаштаг, уште една фотографија да стане црна рамка, уште едно дете да остане без мајка, уште една мајка/татко без ќерка – за институциите да сфатат дека молкот убива? Пријави за семејно насилство, закани. Но, од друга страна, институционален молк, истакна на собраниска седница претседателката на ЛДП, ...

Вчера во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода С.Џ.(39) од Прилеп. По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во Прилеп, полициски службеници го лишија од ...

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Садудин Ибраими, денес во Тетово потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитет на Југоисточна Европа. Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува институционалната соработка со цел поддршка на процесот на дигитална трансформација и модернизација на здравствениот систем во државата. -Соработката предвидува размена на ...

Обвинителството бара продолжување на притворот за насилникот од Карпош. По смртта на неговите сопруга и ќерка, тој доби притвор од 48 часа. „Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува ...

СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како што е Борче Марковски. СДС на Заев и Филипче на ...

Ракети и беспилотни летала лансирани од правец на Иран паднаа утрово на територијата на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван и предизвикаа пожар, изјави за Ројтерс извор близок до азербејџанската влада. Меѓународниот аеродром Нахчиван се наоѓа на околу 10 километри од границата со Иран. Нахчиван е политички автономна копнена енклава на Азербејџан, географски одвоена од остатокот од земјата, граничи со Ерменија, Иран и Турција. ...

Денеска и утре (05 и 06 март) тим од Министерството за одбрана предводен од државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова и тим од НАТО предводен од директорот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд ќе ги реализираат редовните годишни билатерални одбранбени разговори. Државниот секретар Чуповска – Ристова на отворањето на билатералните консултации истакна дека земјава е целосно посветена на развојот на одбранбените капацитети и ...

Од Општина Струга информираат дека на 16 март ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко „Ауди А6“ со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра. Аукцијата, како што соопштуваат од општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk. „Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе им се врати на граѓаните на Струга. ...

Италија планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Персискиот Залив како одговор на иранските воздушни напади, изјави премиерката Џорџија Мелони, нагласувајќи ја загриженоста на Рим за безбедноста на своите граѓани и војници во регионот и за енергетската безбедност. „Како и Обединетото Кралство, Франција и Германија, Италија има намера да испрати помош до земјите од Персискиот Залив, особено во областа на одбраната, поточно ...

Министерот за млади и спорт на Бугарија, Димитар Илиев, изјави дека државата ќе помогне на семејството на бугарската сноубордистка Малена Замфирова, која настрада тешко во инцидент на 3 март на ски-писта во зимскиот центар Шпиндлеров Млин во Чешка, јавува БГНЕС. Замфирова, една од најдобрите бугарски натпреварувачки во алпски сноуборд, била удрена одзади од пијан турист додека тренирала за Светскиот куп. Инцидентот се случил во рамната зона ...

Американскиот министер за одбрана Питер Хегсет му порача на својот израелски колега Израел Кац да оди до крај и дека Соединетите Американски Држави се со нив, објави израелското Министерство за одбрана. Хегсет и Кац разговараа по телефон во текот на ноќта, а израелскиот министер изрази сочувство за смртта на американските војници во конфликтот со Иран. Кац им се заблагодари и на американскиот претседател Доналд Трамп и на Хегсет за, како што ...

Последниот трагичен случај на семејно насилство во кој животот го загубија мајката и нејзината 6 годишна ќерка е резултат на нефункционалниот систем за заштита кој на „хартија“ постои уште од 2004 година. Во целиот овој период државата не презеде суштински напори да го промени пасивниот пристап, а усвојувањето на закони, политики и стратегии не беше проследено со обезбедување на потребните финансиски и човечки ресурси за нивно спроведување во ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин. Лицата кои изразиле ...

Додека мировните преговори предводени од САД со Русија стојат во место, Киев размислува како најдобро да им помогне на своите сојузници без да ја загрози сопствената одбрана откако нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа масовни одмазднички напади. Претседателот Володимир Зеленски се сретна со украински одбранбени, разузнавачки и воени претставници вчера за да разговараат за последиците од воената акција на Блискиот Исток, објави „Киев ...

Израелската војска вчера објави дека уништила околу 300 ирански ракетни лансери од почетокот на сегашниот бран напади врз Иран. Портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, изјави дека операциите насочени кон ракетни лансери и ракетни залихи значително придонеле за намалување на бројот на ракети испукани дневно од Иран. Израел, исто така, вчера се соочи со неколку предупредувања за ракетни напади. Според Шошани, Иран сега понекогаш ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
63%
1005
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
3.13
48%
1002
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
82%
1000
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1007
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.41
70%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
95%
1000
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.02
66%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
67%
1006
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
65%
1006
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
43%
1002
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
75%
1008
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Платина

68577.54

Сребро

2812.48

Рутениум

51376.89

Злато

151413.64

Бакар

13.22

Алуминиум

3.64

Родиум

320703.70

Калај

55.99

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95