
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми. Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија. „Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. „Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија. „Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев. Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје. „Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој. ...
СДС не сакаат Македонија да има поквалитетен образовен систем. Да беше поинаку, ќе се заложеа во нивните 7 години власт да направат нешто корисно, наместо да го закотват образованието на дното на ПИСА, ТИМСС и Шангајската ранг-листа. Сега започнуваат вистински промени кои ВМРО–ДПМНЕ ги вети пред изборите, тие се дел од владината програма за работа, се реализираат и токму тоа е нивната болка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ ...
25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго, по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата. Тој се здобил со две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго. Chicago, IL: One person has been wounded after a shooting at @fly2ohare outside of Terminal 2 -Lower Level. Access to the area is closed to all traffic at this time. ...
Во 14 часот биле измерени 8 степени на Попова Шапка, 12 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 15 во Крушево, 16 во Охрид, Берово, 18 во Крива Паланка, 19 во Демир Капија, Тетово, Виница, 20 степени во Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, 21 во Битола, Гевгелија, Велес, 22 во Скопје-Зајчев Рид, 24 во Скопје-Петровец. Денеска ,ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, на повеќе места засилен ветер од јужен правец, кој во Штип ...
Премиерот Христијан Мицкоски по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да ги напуштат позициите. „Јас очекувам најмалку морална одговорност и да ги напуштат позициите кои што ги имаат заробено бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие кои што ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет, дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места каде што се. ...
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар. Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн, кажа на прес-конференција Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ. Според неа, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има ...
Од СДСМ оценуваат дека оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот, работниците, кои се темелот на секое општество, и се нападнати затоа што бараат само едно: фер и достојна плата. За Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, како што вели, оваа власт води валкана кампања, со ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека е добро што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски. СДСМ, рече Кузеска, тоа го поздраува. Очекуваат скандалот, финансиската афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува ...
Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во Америка. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, реагира СДСМ. Од партијата велат дека ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка ...
Почна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога. Според премиерот Христијан Мицкоски, овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи – од едната и од другата страна на границата, а таквите примери се позитивни и за двете држави. Во таа насока, како што рече Мицкоски, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите ...
Сергеј Марков, долгогодишен советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека односот меѓу Путин и Доналд Трамп може да влијае на преговорите за прекин на огнот во Украина. Во интервју за Би-би-си Радио 4, Марков рече дека односот меѓу Путин и новата американска администрација под Трамп е значително различен од оној со поранешниот претседател Џо Бајден. „Бајден беше непријател, Трамп е ривал“, изјави тој. Тој додаде дека предлогот за ...
„Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова“, пишува на социјалните мрежи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. „Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види вчера во случајот тежок 168М€ со перење на пари преку ...
Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ...
Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на сопственик на веледрогерија, сведочеше обвинетиот Велимир Манев. Според сведочењето, Палевски размислувал и за киднапирање на директорот на „Гранит“, а првата личност која сакал да ја грабнат била ќерка на пензиониран скопски бизнисмен кој живее во истата зграда од која беше грабната Ѓорчевска. Потоа ...
На предлог на СДСМ, Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го усвои предлогот за одржување јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование. Водени од ставовите на стручната фела кои своите мислења ги даде во јавноста, сметаме дека оваа јавна расправа е од исклучителна важност бидејќи ќе овозможи поширока дискусија со сите засегнати страни – наставници, експерти, претставници од Министерството за образование и наука, ...
„Го поздравуваме брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која оформи предмет за јасниот случај на судир на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги доби сопругот на државната секретарка Клинчарова во Министерството за дигитална трансформација. Повеќе од јасно е дека министерот Стефан Андоновски е вмешан и главен одговорен за овој случај. Чекорот на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски потврди дека испораката на американската помош за Украина преку логистичкиот центар во Жешов-Јасионки е вратена на нивото пред краткиот прекин. Сикорски зборуваше на прес-конференција заедно со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој отиде во Полска на враќање од Џеда. Сибиха истакна дека Украина е „земјата која најмногу сака да стави крај на оваа војна и да постигне ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството за дигитална трансформација кои ги добил сопругот на државната секретарка, Гордана Клинчарова. Министерот Стефан Андоновски на посебна прес- конференција за тендерите рече дека се до потписот не знаел чија е компанијата, но истражил откога го видел презимето. Компанијата ги исполнувала сите критериуми па ...
Според договорот што вчера го постигнаа украинската и американската делегација во Џеда, предвиден е прекин на воените дејствија за 30 дена, со можност за продолжување со заедничка согласност на Русија и Украина. САД го потврдија обновувањето на размената на разузнавачки информации со Украина и продолжувањето на воената помош, а договорот за американски инвестиции во развојот на украинските минерални ресурси е повторно на маса. Овој предлог за ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Украина е подготвена за прекин на огнот и почеток на преговорите и изрази надеж дека Русија ќе се согласи на прекин на огнот. „Ако тие кажат не, тогаш, за жал, ќе знаеме која е вистинската пречка за мирот“, рече Рубио додвајќи дека сега топката е на терен на Русија. Тој додаде дека претседателот Доналд Трамп јасно ставил до знаење дека сака да ги запре конфликтите и страдањата. Истакна ...
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа. Законодавниот дом констатира дека тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска зборуваше за безбедносните предизвици со кои се соочува Франција за време на посетата на идното седиште на Генералниот директорат за внатрешна безбедност. Според „Монд“, Макрон одговорил на критиките од оние кои тврдат дека ја преувеличува заканата од Русија, велејќи дека „овие луѓе очигледно не ги следат вестите за Украина“. Во полемика со лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која го ...
Владата на денешната седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Од Владата образложија дека со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 oтсто од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување ...
Нови табли со градски обележја беа поставени во централниот дел на Видин. Знакот до Стамболската порта дава информации за тоа како изгледало местото во 1960-тите и пред 100 години, кога бил изграден камен мост пред портата. Во близина на симболичната порта, во паркот Рова, на табла е прикажана мапа на туристичките места во Видин и нивните фотографии на бугарски и англиски јазик. Нов изглед има и туристичката табла на ул. „Кнез Александар ...
Традиционалната комедија на Нил Сајмон „Последниот страствен љубовник“ е најновото репертоарско дополнување на Драмскиот театар Сава Огњанов во Русе. Денот кога театарот објави дека ќе го претстави „Последниот страствен љубовник“, билетите за првите два февруарски датуми се распродадени. И имаше причина. Многу смеа поради заплетот, аплаузи за талентираните уметници и честитки за режисерското читање ја исполнија камерната сала на театарот во Русе ...
На денешната седница во Собранието присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој се обрати до пратениците од СДС кои ја напуштија седницата со што потенцираше дека бараат начин да избегаат од дебата тврдејќи дека токму тие се директни и единствени виновници за катастрофалните состојби во судството поради сите пропусти коишто ги направиле. Пратеникот објасни дека членовите на Судскиот совет во времето на владеење на СДС и ДУИ биле ...
Почитувана македонска јавност вие сте најисправниот суд кои ќе донесете одлука, дали денеска ова што го правиме во македонското Собрание е издржано, е во интерес на сите македонски граѓани, е во интерес на иднината на Македонија или е само еднодневна политичка фарса, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната собраниска седница на која се дискутира за интерпелациите на членовите на Судски совет, обраќајќи се до македонската ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ и во однос на интерпелацијата за членот на Републичкиот судски совет, Весна Дамева посочи дека се работи за личност која не е достојна да извршува висока функција во делот на судската организација. Станковиќ се осврна на работата на судскиот систем воопшто издвојувајќи поединечни судии и како постапуваат истите. Според него клучни се неколку работи, ...
Многу суштинска тема којашто уште некој период пред изборите беше најавувана, транспарентно прикажана пред граѓаните во предизборна Програма којашто доби поддршка од над 600 илјади гласови на изборите во коишто суштината е само една и единствена цел, да се расчисти со мочуриштето коешто го има окупирано македонското судство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во текот на денешната парламентарната расправа по поднесените ...