На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи. Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата ...

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех. Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден ...

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси. Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“. Мицевски ги посочи примерите на неколку актуелни кандидати, меѓу кои и кандидатот за ...

Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски. Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност. „Максим Димитриевски не е ...

Културно-информативниот центар „Босилеград“ и Здружението „ГЛАС“ на 11 јули 2025 година во 11:00 часот по локално време (12:00 часот по бугарско време), во дворот на црквата во село Божица, ќе организираат поклонение пред надгробниот споменик на поручник Генчо Неделчев, родум од градот Русе, командант на 16-та чета од 2-риот Искарски полк на 5-та Дунавска дивизија, кој загинал на 11 јули 1913 година во борбите кај Панчин гроб. Со оваа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да соработуваат со Украина во обезбедувањето оружје и муниција, вклучувајќи системи „Патриот“, со цел нејзина одбрана од руските напади, пренесува БГНЕС. „Тие („Патриот“) ќе им бидат потребни за одбрана. Не сакам да гледам како луѓе се убиваат… Ќе им треба нешто, затоа што се удирани прилично силно… Да, можеме да разгледаме дополнителна испорака“, ...

Пишување: Никица Корубин Контекстот, тој магичен поим, кој ги определува нештата и вистината за нив. Па, логично за да дојдеме на спротивната страна од вистината на сцена стапува “вадењето од контекст” таа омилената играчка на нашата “јавност” и нејзината пропаганда, длабоко погодена деновиве од содржината на извештајот на ЕУ. Па, дали е воопшто за изненадување целосната изјава “во контекст” (одговор на прашање патем речено), на ...

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени, велат од опозициската партија. Како што велат, оваа длабока конзервативна и погрешна идеја директно гази на правата, слободниот избор на граѓаните и ја ништи нивната волја. „Ваквите недемократски мерки немаат место ни во земјите од третиот свет, а не пак во демократски држави за кои се смета Македонија. Од ...

Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора, односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request. Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини ...

Наследивме една тешка социоекономска состојба во државата којашто беше резултат на катастрофалното владеење на СДС и на ДУИ. За среќа, резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека уште во првата година од мандатот, економијата заздравува а ветувањата се оставруваат, истакна Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во првата година од мандатот го реализиравме предизборното ветување за 5.000 денари зголемување на пензиите на сите ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. „Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“. „Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен ...

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила ...

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен. До вторник ќе се задржи многу топло време со ...

На денешен ден во 1951 година, комунистичкиот режим во Бугарија безмилосно ликвидирал четворица горјани – борци за слобода и демократија – во магацин на „Топливо“ во град Стара Загора, пишува бугарски Фактор. Жртвите Иван Узунов и Иван Господинов од Јамболско, Васил Василев од село Речица и Недјо Бринков од Сливенско се убиени без суд и пресуда. Овој монструозен чин следел по разгромот на групата предводена од Георги Маринов, чии членови биле ...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска зеде учество на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади. „Демографските предизвици бараат здружен одговор од сите сектори – институции, општини, граѓански организации, но и секој поединец. Локалната самоуправа, како прв контакт со граѓаните, има клучна улога“, ...

Скандал од невидени размери е повлекувањето на кумановското Јавно обвинителство од постапката против градоначалникот Максим Димитриевски само неколку дена пред да се донесе пресудата, изјави Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово. Според неа, ова конечно потврдува и зошто Максим Димитриевски влезе во коалиција со Мицковски и која беше неговата цел. „Оваа одлука јасно ја открива вистинската причина зошто Максим ...

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДС, Александар Бузлевски, ни се претставува како ново лице, но зад него стои старата пракса – политички кадар без локални резултати, без визија и врска со реалноста кон граѓаните на Ресен, изјави Николче Даскаловски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Општина Ресен. „Го паметиме Бузлевски како директор на Националниот парк Галичица, функција која ја ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица и на Табановце е 20-30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште едно лице, кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата. Директорот е обвинет дека сторил кривично дело – Примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. „Првообвинетиот за ...

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорката на Украина во Бугарија, Н.Е. Олесја Илашчук, изјави дека Бугарија ќе се приклучи кон напорите за обнова на Украина, јавува БГНЕС. Борисов нагласи дека неговата земја има капацитет да придонесе во повеќе сектори, меѓу кои енергетиката, трговијата и инфраструктурата. „Разговаравме и за развојот на воените дејствија на територијата на Украина. Украина ја има јасната поддршка од ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат. На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што претседателот Костадиновски предаде покана за ...

Бугарскиот премиер Росен Желјазков упати најсрдечни честитки до претседателот, владата и народот на Соединетите Американски Држави по повод 4 Јули – Денот на независноста на САД, јавува БГНЕС. „Оддаваме почит на трајното пријателство меѓу нашите нации и на нашата заедничка посветеност на слободата, демократијата и глобалната безбедност“, истакна бугарскиот премиер. Во честитката тој наведува: „Бугарија и Соединетите Американски Држави ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. Конкретно на ден 23 јуни, дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител. Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08 јули, вторник. На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки: – Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 ...

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната во Украина за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. „Имавме повик. Беше прилично долг разговор. Разговаравме за многу работи, вклучително и за Иран. Разговаравме за војната со Украина и не сум задоволен од тоа“, рече Трамп пред да замине на настан во Ајова. На прашањето дали ...

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија дека наутро целосно ќе го блокираат сообраќајот во сите поголеми градови во Србија – во Нови Сад од 6 часот наутро, во Чачак во 6:30 часот наутро, во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Пазар од 7 часот наутро. „Кога Уставот и законот ќе престанат да важат за оние кои мора да ги заштитат, сè мора да престане“, рекоа ...

Американската војска објави дека ќе испрати 200 маринци во Флорида за да обезбедат административна и логистичка поддршка на Службата за имиграција и царина (ICE). Маринците се првиот бран поддршка од Северната команда на САД за мисијата на агенцијата за справување со нелегалната имиграција, се вели во соопштението. Додадено е дека нивната улога ќе се фокусира на административни и логистички задачи и дека им е посебно забрането да имаат ...

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина. „Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс. Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far. Hundreds of Russian drones ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
95%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1009
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.15
80%
1007
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.38
92%
1009
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
5.36
59%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
94%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
88%
1008
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
94%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Бакар

11.83

Иридиум

215504.98

Платина

67484.42

Цинк

3.29

Паладиум

54077.56

Калај

46.06

Сребро

2497.79

Злато

159436.20

Рутениум

45750.51