Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници. Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска на „Фокс њуз“ остро ги критикуваше изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Руте оцени дека Лавров е министер уште „од времето на Исус Христос“ и дека од неговите изјави „ништо корисно не излегло“. Повод за критиките беа коментарите на Лавров во врска со прогнозите на полскиот министер Радослав Сикорски за можното распаѓање на режимот на Путин. Лавров, потоа, изјави дека ...
Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд. Врховниот суд го утврди Основниот кривичен суд Скопје како надлежен суд за постапка по обвинителниот акт за пожарот, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одлуката е донесена поради недостаток на доволен број судии од кривична област без законски пречки во основните судови во Штип и ...
На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик. Оваа потпрограма, како што објаснија од владините служби, претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, обвини дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот. „Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави: „Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме ...
Во насока на унапредување на земјоделското производство, Општина Илинден и годинава ја реализираше акцијата за испитување на квалитетот на обработлива почва на територијата на општината. Земени се примероци од вкупно 20 локации, опфаќајќи ги сите населени места во општина Илинден. „Агрохемиските анализи се извршени во акредитирана лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Целта на ова испитување е земјоделците ...
Од 12:42 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар кај с.Луково е во прекин во двата правца, поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ја суспендираше соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), потег што беше официјално потврден по неодамнешната 12-дневна војна меѓу Иран и Израел. Одлуката беше објавена на иранската државна телевизија, а законот за суспендирање на соработката беше усвоен од иранскиот парламент на 25 јуни, денот по завршувањето на конфликтот, а подоцна ратификуван од Уставниот совет. ...
Во Романија, во округот Тулча е прогласена воздушна тревога поради масовен напад на руски беспилотни летала врз Украина, објави денес романското Министерство за одбрана. Синоќа, романската армија беше принудена да дигне во воздух два борбени авиони Ф-16, според соопштението објавено на Фејсбук. „Во текот на ноќта, Русија нападна цивилни и пристанишни објекти во Украина со беспилотни летала… Во 23:15 часот, два романски борбени авиони Ф-16 ...
Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев. Со ова авионите на ДЗС ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во нашата држава, Република Македонија. Инаку, вториот авион на ДЗС се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот ...
Приведен возач во Македонска Каменица затоа што возел под дејство на алкохол. Според информациите на МВР, ноќеска во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле ...
Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што предизвика загриженост во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормутскиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија за Ројтерс двајца американски функционери. Подготовките за минирање на виталниот воден пат, кои претходно не беа објавени, а кои беа откриени од американските разузнавачки служби, се случија по првиот израелски ...
На покана на началникот на бугарската одбрана, адмирал Емил Ефтимов, денеска, ќе се одржи трилатерна средба со началниците на одбраната на Романија и Турција – генерал Георгица Влад и генерал Метин Ѓурак, јавува бугарското Министерство за одбрана. На состанокот се очекува да се разгледуваат прашања од заеднички интерес, насочени кон зајакнување на безбедноста во Црноморскиот регион и проширување на соработката во морскиот и копнениот домен. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава. „Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ...
35 претставници на бугарските неделни училишта од Шпанија, Грција, Кипар, Италија, Германија, Австрија, Турција, Романија, Србија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати се наоѓаат на тридневна годишна средба во Велико Трново, организирана од Универзитетот во старата бугарска престолнина. На средбата ќе бидат разгледани современите предизвици и реалности во односот наставник – ученик, како и можностите за подобрување на наставниот процес во ...
Facebook статус на Александар Панев На страна да оставиме за ајвар, пинџур и полнети пиперки, вие сте лидер на партија која се води барем на зборови по историското ВМРО, но малку е чудно и не вкусно да не ги признавате половината од историските ликови во историските процеси на самата организација. Навистина е чудно што сакате да направите монопол врз патриотизмот, не сте само вие патриот, и други сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, знам дека ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за евроинтеграциите на Северна Македонија е силна и континуирана. „Имавме одлична и многу конструктивна средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Оваа средба е доказ за континуираната, искрена поддршка која ЕУ ѝ ја дава на земјата на патот кон конечната цел – членство во Унијата“, изјави Филипче. ...
Дваесет и едногодишен маж избодел тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата. Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи. Според „Билд“, вработениот починал откако претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот. ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалото. Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа „лежечки полицајци“ и сообраќајни ...
Дваесет тела, некои обезглавени, беа пронајдени на мост на автопат во дел од Мексико каде што се борат фракции на нарко-картелот Синалоа, соопштија вчера мексиканските власти, објави Си-би-ес Њуз. Четири обезглавени тела беа пронајдени покрај патот, додека 16 тела беа откриени во напуштено возило, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на државата Синалоа. Пет човечки глави беа пронајдени во торба на местото на злосторството. Сите тела ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова прогноза објави дека очекува крај на интензивните воени операции во Украина до крајот на 2025 година, но во исто време додаде дека ова основно сценарио содржи значителни ризици. Организацијата со седиште во Вашингтон ја задржа својата претходна прогноза за економскиот раст на Украина во 2025 година во опсег од два до три проценти, додека во 2026 година се очекува економскиот раст да се ...
На покана на началникот на бугарската одбрана, адмирал Емил Ефтимов, утре, 2 јули, ќе се одржи трилатерна средба со началниците на одбраната на Романија и Турција – генерал Георгица Влад и генерал Метин Ѓурак, јавува бугарското Министерство за одбрана. На состанокот се очекува да се разгледуваат прашања од заеднички интерес, насочени кон зајакнување на безбедноста во Црноморскиот регион и проширување на соработката во морскиот и копнениот ...
Бугарскиот претседател Румен Радев вчера се сретна со ученици од 5, 6. и 7. одделение на 90-то средно училиште „Генерал Хосе де Сан Мартин“ во Софија, кои во претседателската институција ја претставија својата изложба посветена на 1170 години од создавањето на глаголицата. Изложбата која содржи слики и глинени плочки е инспирирана од историјата и симболите на глаголицата, а експонатите се изработени од рециклирани материјали. Претседателот ...
По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал, велат од Влен. Затоа, додаваат од коалицијата, Али Ахмети мора јасно да одговори: со кој договор, со кого беше постигнат, во чие ...
Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија. Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ. Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под ...
Крајот на војната во Појасот Газа е близу, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека се известува дека дневниот број на жртви на палестинската територија е најмалку 100. „Се приближуваме кон крајот на операцијата во Газа“, рече Кац во соопштението, една недела откако еврејската држава ја заврши својата кратка војна со Иран. Тој ги повтори целите на Израел во конфликтот, вклучувајќи го ослободувањето на сите заложници и ...
„Демократската унија за интеграција најостро го осудува поставувањето на еднојазични патни табли на влезот во Струга, чин што претставува директна и намерна провокација кон Албанците и вредностите на соживотот во државата“, велат од ДУИ. „Кога Владата поставува патна сигнализација само на македонски јазик во град како Струга, тоа не може да се нарече техничка грешка. Тоа е јасна политичка порака. Провокација. Дел од една продолжена и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се става крај на изолацијата на земјата од меѓународниот финансиски систем. САД ќе можат да ги задржат санкциите против поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, неговите соработници, злоупотребувачите на човекови права, трговците со дрога, луѓето поврзани со употребата на хемиско оружје, Исламската држава и ИСИС, ...
Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за државјани на земји кои не се членки на ЕУ помеѓу 2026 и 2028 година, соопшти владата, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвикот на недостигот на работна сила. Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата следната година, додека се очекува вкупно 497.550 лица да влезат во земјата до 2028 година. Ова е втор ваков потег на ...