Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Амбасадорката на Бугарија во Ирска, Ванја Андреева, зеде учество на настан организиран од Министерството за надворешни работи и трговија на Ирска по повод Меѓународниот ден на жените во дипломатијата – 24 јуни, пренесува БТА. На настанот, амбасадорката Андреева го сподели своето дипломатско искуство како жена и учествуваше во дискусија со други амбасадори и млади дипломати. Разговорот беше посветен на улогата на жените во дипломатијата, со ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес е многу тежок ден за народот на Израел откако армијата потврди дека седум припадници на израелските вооружени сили се убиени во борбите во јужниот дел на Појасот Газа. „Заедно со сите граѓани на Израел, јас и мојата сопруга жалиме и ја чувствуваме болката поради смртта на седуммина наши борци од баталјонот за борбено инженерство, нека почиваат во мир,“, рече Нетанјаху во официјално ...
Американскиот претседател Доналд Трамп направи споредба меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето на нуклеарните бомби врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година, тврдејќи дека во двата случаи таквите напади успешно ставиле крај на војната, пренесува CNN. „Не сакам да го користам примерот со Хирошима. Не сакам да го користам примерот со Нагасаки, но тоа во суштина беше иста работа која ja заврши тaa војна“, рече Трамп за време на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека неговиот притисок довел до историска промена во одбранбената политика на алијансата. Зборувајќи на самитот на НАТО во Хаг, Руте нагласи дека за време на состанокот ќе бидат донесени „историски и трансформативни одлуки“ што ќе ја направат алијансата „посилна, пофер и посмртоносна“. „Нашата континуирана посветеност на Член 5, кој гарантира дека ...
Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска рече дека иако немале докази какви што сакаат да имало, неспорен факт е дека само родителите знаеле дека детето ќе оди само во училиште, а двајца од обвинетите кажале дека дознале од таткото, преку Палевски, пред потоа да ја ...
По децении празни ветувања, одложувања и манипулации, вчера беше историски ден за еднаквоста и правдата во Северна Македонија. Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, фундаментален акт што гарантира уставното спроведување на принципот на правична застапеност во државните институции, велат од коалицијата Влен. Според нив, овој закон претставува конкретен и обврзувачки чекор кој за прв пат воспоставува јасна и извршителна ...
Филипче и понатаму собира политички поени и неговото молчење е се погласно, што веќе сигнализра одобрување. Очигледно е дека во мрежата на СДС, чуварот на фотелјата, Филипче го премолчува, толерира, па дури и го наградува насилството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Акиов беше клиентелист на Заев и дали поради тоа се чувствува сигурно и не презема одговорност? Акиов за сите нормални луѓе е насилник, меѓутоа за Филипче тој е човек од доверба, и човек ...
Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси. „Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе ...
Земјотрес со јачина од 2,4 степени е регистриран утрово во 3,59 часот на територијата на Охрид и околината. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство (мајка и три деца), со лет од Тел Авив до Атина. Заклучно со денес, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12 лица – осум преку Египет со владин авион и четири преку Атина. Најголемиот дел од евакуираните се деца – седум од вкупно 12 лица. Согласно информациите од ...
Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на земјата и веројатно ја забавија за само неколку месеци, според рана проценка на американската разузнавачка служба опишана за CNN од четири лица запознаени со документот. Проценката е направена од Агенцијата за одбранбено разузнавање (ДИА ) и се базира на анализа на штетите спроведена од Централната ...
Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека нападите на САД врз Иран само привремено ја забавиле неговата нуклеарна програма – и тоа само за неколку месеци. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се огласи на социјалните мрежи за да ја нападне самата проценка. „Таа наводна проценка е сосема погрешна и е класифицирана како строго ...
Со убедливо мнозинство од 46 гласови „за“, Комисијата за економски и парични прашања (ЕКОН) на Европскиот парламент го одобри извештајот за подготвеноста на Бугарија за влез во еврозоната, јавува БГНЕС. Извештајот беше поднесен од европратеничката Ева Мајдел од редовите на ГЕРБ-ЕНП, која е и главен известувач по документот. „Задоволна сум што моите колеги во ЕКОН-комисијата го поддржаа извештајот. Ова е поддршка за една историска задача на ...
Пишува: Тони Коцев “ Многувековниот Македонски идентитет и јазик “ за кои Мицкоски често кажува – “ отиде на кино “ со изгласувањето на извештајот во Комитетот за надворешни работи во ЕУ . Имено, усвоено е македонски јазик и идентитет , а не МНОГУВЕКОВЕН македонски јазик и идентитет , како што го прикажува Мицкоски. Не помина и Бугарскиот предлог за формулацијата СОВРЕМЕН пред македонски јазик и идентитет . Заклучок : “ Ние ќе си ја кажуваме ...
Вчеравечер во Хаг, на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, министерот Владо Мисајловски учествуваше на средбата со своите колеги – министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Министерот Мисајловски подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот. „Исполнувањето на НАТО Целите на способности се највисок приоритет на ...
Премиерот на Република Бугарија, Росен Желјазков, ќе учествува на состанокот на највисоко ниво во сојузнички формат кој се одржува во Хаг, јавува БГНЕС. Лидерите на земјите членки на НАТО пристигнаа вчера во холандскиот главен град, каде што клучни теми на дневниот ред се: зголемувањето на националните трошоци за одбрана, јакнењето на индустрискиот капацитет на Алијансата, унапредувањето на одвратувачките и одбранбените способности, како и ...
Синоќа во рамките на „Неделата на франкофонскиот филм“ (23–30 јуни), љубителите на европската кинематографија имаа можност да го проследат бугарскиот филм „Странецот“ (The Foreigner). Филмот беше прикажан во Кинотеката на Северна Македонија. Настанот е организиран од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Културно-информативниот центар на Република Бугарија. „Странецот“ е духовита и топла приказна која ја истражува темата на културните ...
Постигнавме историска победа, објави во видео порака, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека победата ќе се памети со генерации, додавајќи дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од Доналд Трамп. „Елиминиравме две непосредни егзистенцијални закани – нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Доколку не дејствувавме, наскоро ќе се соочевме со опасноста од уништување“, додаде тој. Свртувајќи го своето ...
Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не сака да се здобие со нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачката маса, објави новинската агенција ИРНА. „Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на прекинот на огнот и крајот на таа 12-дневна војна наметната ...
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен од прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Мислам дека кога ќе се погледне начинот на кој се одвиваше денот, имаше одредена активност од двете страни, но тоа сега престана и прекинот на огнот е на сила“, рече таа. „Претседателот е задоволен. Затоа мислам дека можеме да го земеме тоа како показател за неговите чувства во овој момент“, ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, објави дека доставила нови документи со, како што вели, фалсификатите на Висар Ганиу, Ејуп Адеми, Бујар Аземи и нивните партнери. „Ова нема да го видите на МТВ, Сител, Алфа….Криминал од епски размери, а корумпираните институции не постапуваат. Ако е пред избори леле сега ли ти текна, ако е после избори што не кажа порано. А ЕДИНСТВЕНО ВАЖНО ВО МАКЕДОНИЈА Е ДЕКА НЕМА ПОГОДНО ВРЕМЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ ...
Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, вкупно 216.594 пасоши на бугарски државјани се издадени на лица за кои постои информација дека имаат и државјанство на Република Северна Македонија. Ова го соопшти бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов, пренесува БГНЕС. Министерот нагласува дека издавањето на бугарски пасош може да се случи единствено по стекнување на бугарско државјанство. „Основата за издавање на бугарски пасош ...
Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го усвоила Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Според Меџити, овој предлог-закон претставува историски момент, бидејќи, како што рече, по првпат правичната и соодветна застапеност, како уставна категорија од 2001 година, добива јасно и целосно законско решение. „Иако ова прашање требаше ...
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека го зема предвид содржинскиот дел на Извештајот на Комисијата за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија (РСМ), вклучително и направените оценки и констатации поврзани со европската интеграција на земјата, јавува БГНЕС. Бугарското МНР ја поздрави решеноста на AFET да не се дозволи вклучување во шпекулативни ...
Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава. Оваа определба добива уште поголема тежина ако се има предвид хаосот, поделбите, клиентелизмот и масовните злоупотреби што зад себе ги остави минатата влада, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Тој дополни дека должност и обврска на Владата е да се издигне ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност – Скопје на која се разговараше за партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија. „Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес упати директно предупредување до Израел, велејќи дека не смее да извршува воздушни напади врз Иран, бидејќи тоа би било „сериозно кршење“ на договореното примирје. „Сите авиони ќе се свртат и ќе се вратат дома. Никој нема да биде повреден, прекинот на огнот е на сила“, рече Трамп во објава на платформата Truth Social, пред неговото заминување за самитот на НАТО во Хаг. Во разговор со новинарите ...
СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење. Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Точно е, додаваат од владејачката партија, дека се живее тешко, но граѓаните ...
Времето денес сончево и топло со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во 14 часот биле измерени 19 степени на Попова Шапка, 25 во Лазарополе, 26 Охрид, 27 Претор, Крушево, 29 во Берово, 31 во Крива Паланка, Прилеп, 32 степени во Тетово, 33 Битола, Штип, Виница, 34 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, 35 во Куманово, Демир Капија, 36 степени во Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија. До крајот ...
Во дневниот билтен на МВР објавена е информацијата за случајот со зградата во Чаир, од кадешто викендов на социјалните мрежи се вклучи градоначалничката Данела Арсовска и зборуваше за незаконски дејствија. „На 22.06.2025 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Ф.Р., инспектор во град Скопје, пријавил дека на улицта Цветан Димов во Скопје, откако утврдил нелегален приклучок на водоводна мрежа, Б.А.(34) од Скопје му упатувал закани. Се работи на ...