Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и дека сака да даде „личен придонес за да се осигури дека Европа успешно ќе продолжи во наредните години“. На своето прво учество на самитот на ЕУ, кој заврши во четврток во Брисел, откако ја презеде функцијата во мај, Мерц рече дека сака да види брзо решавање на трговскиот спор на Европската Унија со Соединетите ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена ...
САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во услови на напори за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот. Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД потпишале договор со Кина во средата, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор за „отворање“ на Индија. За време на разговорите во ...
Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до јануари 2026 година. Рокот за продолжување на секторските санкции е 31 јули, а овој договор еден месец пред рокот е доста изненадувачки, со што се избегнува нова драма со Унгарија, која постојано се заканува дека ќе одбие да даде согласност без што нема продолжување на санкциите, пишуваат медиумите во ...
Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на две различни места. Донесовме одлука отсега да не внесуваат описни оценки во главната книга, со оглед дека еднаш тие податоци се наведени во електронскиот дневник и одлуката е поздравена од 24 илјади наставници, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во ...
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето. „На интернет страницата на Министерството, е објавен ...
Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, ги пречека во парламентот учениците од Босилеград и градот Пoпово. Средбата беше дел од образовна иницијатива насочена кон запознавање на младите со работата на законодавната власт. Учениците од Босилеград изразиле интерес да ја посетат бугарската институција уште при посетата на претседателката Киселова во нивниот град во април, за време на детскиот Велигденски фестивал. ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната, како што е појасенот од страна на надлежните, се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на ...
Новоформираното министерство за енергетика е пример за тоа како чесно и транспарентно се работи за поставување на темелите на енергетската независност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според владејачката партија, Министерството за енергетика за само една година направи резултати кои се видливи, граѓаните добиваат стабилен, модерен и независен енергетски систем. „СДС денес повторно ја користи ...
На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните. „Кои се ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува целосна поддршка на граѓанската иницијатива за заштита на планината Кожуф од изградба на мали хидроелектрани и се солидаризира со активистите и здруженијата кои денес го формираат живиот штит и организираат блокади за да ја спасат планината од еколошка деградација. „И покрај претходните ветувања од институциите и политичките партии и покрај јавниот отпор уште во 2023 година, денес гледаме ...
Во режија на ВМРО-ДПМНЕ, во градот на театарот, Прилеп, синоќа се одигра срамна партиска претстава каква не паметат ниту најдоследните хроничари на политичките збиднувања во градот. Трагикомедија без преседан – Христијан Мицкоски, премиерот чија Влада за само една година ги задолжи граѓаните на Mакедонија за фрапантни 7 милијарди евра, синоќа зборуваше за економски раст, истакна на прес-конференција Петра Лукароска од СДСМ. Истиот тој ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој не е виден повеќе од една недела, го одржа својот прв говор по нападот на САД. Последен пат се обрати на јавноста во телевизиска изјава од непозната локација на 18 јуни. Во својата изјава, ајатолахот Хамнеи рече дека САД „не успеале да постигнат ништо значајно“ со нападот врз нуклеарните постројки на Иран. Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп дал „некарактеристично надуена“ ...
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски со низа критики за неисполнетите ветувања во надворешната политика и европските интеграции. „Тврдевте дека може да се смени нашата позиција во рамки на Преговарачката рамка. Практично ветувавте промена на Преговарачката рамка. Ќе бараме решение со новата влада во Бугарија, ова го рековте во јуни 2024 година. Во деветти ...
Неколку лица кои живеат во странство си добивале помош од државата. Поднесена е пријава против седум вработени во Центарот за вработување – Струмица. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 2021 до 2025 година, ...
СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени. Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации, вели Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Некрофилијата на СДС оди дотаму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и прекиот суд на прес-конференции. СДС и Венко Филипче имаат за цел ...
За многу брзо, ќе бидеме пред важна изборна одлука. Повторно се бара од нас да избереме – помеѓу прогрес и стагнација, помеѓу одговорност и заборав, помеѓу иднина и минато. Од спротивниот табор, СДС ни предлагаат кандидати кои не се ништо друго освен продолжена рака на истите стари навики, истакна на прес-конференција Стојанче Атанасов, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино. Според него тоа е само уште една алка од синџирот на корупција кој со ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува. На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери ...
Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, по веста за смртта на 19-годишното момче на плажа во Ханиоти. „Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил ...
Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира УХРМ. Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. УХРМ препорачува во случај на појава на ...
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ. „Термините се следни: – петок од 17:00 – 22:00 часот, – сабота од 09:00 до 18:00 часот и – недела од 09:00 до 22:00 часот“. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид ...
Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус предупреди дека Европа мора итно да развие капацитети за масовно производство и употреба на беспилотни летала, за да биде подготвена да одговори на можен вооружен напад од страна на Русија. Воените проценки покажуваат дека руските вооружени сили би можеле да бидат подготвени да нападнат една од членките на НАТО во рок од пет години, изјави комесарот Кубилијус денес за „Скај њуз“. „Русија би ...
„На почетокот на Европскиот совет имав средба со претседателот Кошта – разговаравме детално за проширувањето на Западен Балкан, при што акцентот беше ставен на прашањето за проширување на Европската унија – Северна Македонија, базирано на принципот на сопствени заслуги. Нашата позиција е во целосна согласност со позицијата изразена во декларацијата на Народното собрание од мај оваа година, која дава доволно гаранции и на Република Северна ...
Изложба во Бугарската академија на науките прикажува 29 нови историски карти на Бугарија и балканските држави. Тие се изработени во периодот од 2000 до 2025 година од д-р Драгомир Јорданов, научник во Институтот за историски истражувања. Доц. Росица Лельова ја отвори изложбата и соопшти дека Институтот за историски истражувања повеќе од десет години не претставил слична експозиција. Повеќето карти се историско-политички и ги прикажуваат ...
Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година. Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа ...
На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот. Во рамки на своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. „Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка ...
Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови и граѓани во Свети Николе. „Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со ...
Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот на волонтерот од Црвениот крст на Грција, Јоанис Т. Колокитас, младиот човек доживеал срцев удар по инцидент со давење, под засега неутврдени околности. Интервенцијата на спасувачот била итна, кој, со помош на пливачи, го извлекол младиот човек од морето и веднаш го започнал процесот на ...
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд Трамп ги критикуваше американските медиуми по откривањето на класифициран документ на американското разузнавање кој фрла сомнеж врз ефикасноста на бомбардирањата извршени во неделата во поддршка на Израел врз нуклеарните централи Фордоу, Натанц и Исфахан. Според него, нападите на ...
Бугарскиот премиер Росен Желјазков разговарал со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, за време на самитот на НАТО во Хаг, јави репортер на БГНЕС. „Ја побарав претседателката на РСМ затоа што позицијата на Бугарија е дека РСМ треба да стане дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги“, изјави премиерот Желјазков. Тој потсети дека Бугарија строго се придржува до декларацијата на Народното собрание од мај 2022 ...