Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна ...
Лутфи Османи, кој е член на здружението. „Присуството на овој редок предатор сведочи за природното богатство и дисциплината на нашето здружение!“ пишува во објавата на здружението на „Фејсбук“’. Инаку балканскиот рис е рангиран како критично загрозено животно и ендем од Југоисточен Балкан. Главните упоришта на рисот се Националниот парк „Маврово“ и неговата околина во Македонија, и Планината Мунела и регионот Полис-Валамара во Албанија“, ...
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија извршила успешно тестирање на ново нуклеарно оружје и нуклеарно напојувано подводно торпедо „Посејдон“. Тој изјави дека ова оружје, првпат тестирано на нуклеарен погон, е „огромен успех“ и дека „не постои начин да биде пресретнато“. Путин додаде дека моќта на „Посејдон“ ја надминува дури и онаа на најнапредната руска интерконтинентална ракета „Сармат“. Оваа најава доаѓа само три дена по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на воените лидери на САД да започнат со тестирање на нуклеарното оружје, првпат по пауза од повеќе од три децении. Тој изјави дека одлуката е донесена за да се задржи рамнотежата со програмите за тестирање на Русија и Кина. Последниот американски нуклеарен тест е изведен во 1992 година во Невада, по што беше воведен мораториум. Трамп на социјалните мрежи напиша дека САД имаат „најмоќен нуклеарен ...
Француската полиција уапси уште пет лица во рамки на истрагата за грабежот во музејот Лувр во Париз, што се случи на 19 октомври. Еден од уапсените е главна цел на истражителите, а според париската обвинителка Лаура Бекју, постојат ДНК траги кои го поврзуваат со извршената кражба. Апсењата биле извршени на различни локации во и околу Париз, вклучувајќи го и делот Сен-Сен Дени. Од колекцијата на француската круна сè уште недостасуваат осум ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека побарал од Врховниот суд да испита дали е уставно можно да се одземе државјанството на сите граѓани кои ја поддржуваат идејата или се приклучуваат на повици за воена инвазија врз Венецуела. Според него, ваквите постапки претставуваат „предавство на татковината“ и директен напад врз националниот суверенитет. Мадуро се повика на член од Уставот, кој утврдува дека Венецуелците имаат должност ...
Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. – За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 ...
Во дебата во Обединети нации, Македонија се придружи на САД и уште пет држави кои гласаа против резолуцијата што бара укинување на американските санкции кон Куба — санкции кои траат повеќе од шест децении. Против резолуцијата оваа година беа САД, Израел, Аргентина, Унгарија, Парагвај, Македонија и Украина. Воздржани беа Албанија, Босна и Херцеговина, Костарика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Молдавија и Романија. ...
Ураганот Мелиса, една од најсилните бури што некогаш го погодиле Карибскиот регион, зад себе остави тотална разурнувачка трага низ неколку острови. Во Јамајка, каде што ураганот удри како бура од категорија пет, загинаа најмалку пет лица, а премиерот Ендру Холнес изјави дека 80-90% од крововите се уништени, како и болници, училишта и јавни објекти. Повеќе населени места останаа без струја, а стотици луѓе се евакуирани или сè уште заглавени на ...
65.5 % од вкупната потребна енергија во Македонија минатата година е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат од Државната изборна комисија. Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги намалил царините за кинески увоз по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја. По заминувањето од Јужна Кореја Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од страна на Пекинг, континуиран кинески извоз на ретки стоки и сузбивање на нелегалната ...
Сè уште нема информации дали Министерството за внатрешни работи успеало да го идентификува и пронајде возачот кој пред два дена прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што побегна од местото на несреќата без да му помогне на повреденото дете… Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 28 октомври околу 20:30 часот, кога патничко возило удрило во малолетничката од населбата Гази Баба. Девојчето со тешки телесни ...
Националниот џез оркестар денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември. На 6 ноември во Националната опера и балет НЏО ќе настапи заедно со легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“- пионери на ...
Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос. Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на ...
Ураганот Мелиса, кој предизвика огромни штети на Јамајка откако вчера како ураган од петта категорија со разорни ветришта од 290 км на час го зафати островот, продолжува да пустоши во поширокиот регион. Најмногу човечки жртви има на сиромашните Хаити, каде според последните информации, невремето досега однело 40 човечки животи, меѓу нив и деца. На удар на ураганот, сега од трета категорија, но се уште со силен ветар od 185 км на час, сега е ...
Втор круг локални избори-тесна разлика во Карпош. Во Топ Тема Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“. Неговиот против кандидат Сотир Лукровски од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ не се одѕва на поканата на Телма. Топ Тема во со Снежана Лупевска Созен на Телма © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...
Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј се пласираше во третото коло во Лигата на шампиони на ЦЕВ откако вечерва го совлада босанскиот тим Гацко и на реваншот во Требиње. Јанта Волеј со двојна победа ја продолжи европската бајка. По скопските 3-2, денеска девојките од Кисела Вода славеа против Гацко и на гостински терен исто така во пет сетови. Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и ...
Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос. Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на ...
По булеварот Партизански одреди нема смет затоа што има камери, рече во вечерашната емисија Топ Тема на Телма Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“ за трет градоначалнички мандат. „Гостите“ кои доаѓаат да ја чистат општина Карпош тие навечер со камиони истураат смет, вели Јакимовски, за да дојдат наутро и да покажат дека го собираат сметот. Тој ваквата политика на ВМРО – ДПМНЕ ја нарече „ѓубреџиска политика“. Тврди дека ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за доживотна суспензија на двајца фудбалери на третолигашот Беса Слупчане. Клубот исто така 10 натпревари нема да смее да игра на свој терен поради инцидентот што се случи изминатиот викенд во Третата лига – Север. Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи добија доживотна суспензија од Дисциплинскиот комесар на Третата лига и повеќе не смеат да се занимаваат со фудбал. Двајцата ...
Здружението „16 март 2025 – Кочани“ ги известува граѓаните кои даваат поддршка на барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“ дека претстојната сабота, на 1. ноември нема да се одржи „Марш за ангелите“ за достојно да се одбележи верскиот празник Задушница. Следниот „Марш за ангелите“ ќе биде најавен дополнително. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...
Искусниот грчки кошаркар Ник Калатес е најново засилување за Партизан. Плејмејкерот потпиша договор со српскиот состав до крајот на оваа сезона. По повредите на Шејк Милтон и Карлик Џоунс, Партизан мораше да донесе нов кошаркар, а изборот падна на 36-годишниот Калатес. Тренерот Жељко Обрадовиќ добро го познава грчкиот интернационалец, кој своите први две сезони како професионалец ги мина во дресот на Панатинаикос под водство токму на српскиот ...
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори утревечер (30.10.2025) во МГС од 20.00 часот. Изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени ...
Енергетската транзиција ќе биде побрза и целосна со помош на дигитализацијата а вештачката интелигенција, која ќе ја прави анализата на потрошувачката на енергија, ќе биде клучна алатка во креирањето на стратегии за развој на енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори во Македонија. Воведувањето на енергетската ефикасност на објектите како стандард е процес кој ќе чини и ќе трае но бенефитите ќе бидат многукратни за енергетскиот ...
Ем патувал во странство, ем за тоа си давал сам на себе за два и пол пати повисоки дневници од предвидените. Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов заработи кривична пријава за 1000 евра земени спротивно на уредба. Во ова му помогнал и заменикот и неколкумина вработени, ги сомничи МВР. За 1.000 евра нeзаконски исплаќани дневници кривична пријава заработи поранешниот директор на Агенцијата за храна и ...
Полицијата истражува кој ги испратил лажните дојави за бомби во 47 училишта во Скопје и Куманово. Заканите за поставени експлозивни направи пристигнале вчера околу 18 часот на електронските адреси. Училиштата беа испразнети, а по проверките полицијата информираше дека се лажни. Професорката од факултетот за безбедност Светлана Николоска смета дека моментот не е случаен мотивот како обид да се тргне вниманието од изборната трка Николовска ...
На една улица празни, а на следната преполни контејнери. Сликата е веќе позната, но граѓаните велат — ништо не се менува. Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на сликата во главниот град? Граѓаните скептични дека нешто ќе се подобри. Од Јавното претпријатие Комунална хигиена велат — само за еден ден собираат и до четиристотини илјади килограми отпад. Откако ќе ги испразнат контејнерите, екипите ги мијат и дезинфицираат, со цел да се ...
Илјадниците пластични шишиња и комунален отпад кои со часови пловеа по течението на реката Вардар пред два дена, денеска претпладне ги немаше во селата во тетовската рурална општина Јегуновце. Високиот водостој и буен тек ги однесоа повеќето тони отпад кон остатокот од државата, каде минува најголемата македонска река. Денеска коритото на реката и натаму е исполнето со вода и силен тек. И највозрасните мештаните од Раотинце не паметат ваква ...