Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, јави ДПА. „Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму“, рече Венс цитиран од американските медиуми. Израелската влада соопшти дека извршила воздушни напади во Газа како одговор на нападот врз израелските војници, додека Хамас негираше ...
Ураганот Мелиса се засилува додека се движи кон Куба, откако ја погоди Јамајка како најсилната бура што ја зафати карипската држава во поновата историја. Според извештаите, на островот се пријавени најмалку три жртви, а властите предупредуваат дека вистинските размери на штетата ќе бидат познати утрово. Поплави се пријавени на југозападниот брег на Јамајка, каде сведоци опишуваат екстремни ветрови и уништени домови. „Ветровите се толку силни што ...
Министерството за здравство соопшти дека досега за вакцинација против сезонски грип се пријавиле над 70.000 граѓани, а повеќе од 22.000 веќе ја примиле вакцината. Од ресорното министерство велат дека интересот за имунизација континуирано расте низ целата држава… Вакцинацијата се спроведува на 35 пункта, од кои пет се во Скопје. Граѓаните можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната ...
Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека големите количини пластичен отпад во реката Вардар се резултат на слабите комунални услуги, особено во руралните средини. Оттаму наведуваат дека присуството на диви депонии на јавни површини претставува сериозен проблем за кој се одговорни локалните самоуправи и општинските инспекциски служби. Од Министерството информираат дека заедно со Државниот инспекторат за животна средина ...
Министерството за внатрешни работи информира дека заканите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово вчера биле лажни… Според информациите од МВР, полицијата веднаш презела мерки и извршила детални проверки на сите пријавени локации. Вчера околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнале пораки со закани за експлозивни направи. ...
Стоечки овации за Македонската филхармонија од виенската публика синоќа во престижната Златна сала на Музикферајн… Виенската публика особено беше освоена од изведбите на македонската народна песна Калино моме во аранжман за симфониски оркестар од композиторот Сони Петровски и од Тешкото на Глигор Смокварски, што беше изведено и на бис… Со овој концерт нашата Филхармонија ја заокружи прославата на 80 години постоењe. © 2020 Телевизија Телма. ...
Повеќе од половина од граѓаните на Европската Унија (56 отсто) ја поддржуваат идејата за проширување на Унијата, покажуваат најновите податоци од Евробарометар. Најголема поддршка е забележана во Шведска (79%), Данска (75%) и Литванија (74%), додека најмала поддршка има во Австрија (45%), Чешка (43%) и Франција (43%). Младите Европејци се најголеми поддржувачи – 67% од испитаниците на возраст меѓу 15 и 24 години ја поддржуваат идејата за прием ...
Најмалку 64 лица загинаа, меѓу кои и четворица полицајци, во големата полициска операција против трговци со дрога во бразилскиот град Рио де Жанеиро, соопшти локалната полиција. Масовната операција беше концентрирана во две од најсиромашните населби (фавели) во северниот дел на вториот по големина град во Бразил, кои се наоѓаат во близина на меѓународниот аеродром. Како поддршка на полицајците беа испратени два хеликоптера, 32 блиндирани возила ...
Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир. Според полициското соопштение, акцијата следи по неколку инциденти во изминатите денови во Подгорица во кои мета биле странски државјани, претежно од Турција и од Азербејџан. Меѓу уапсените е 35-годишен жител на Подгорица кој е осомничен дека преку социјалните мрежи ...
Според најновиот извештај на Кнесетот, 279 израелски војници се обиделе да се самоубијат во периодот од јануари во 2024 година до јули оваа година. Во документот се наведува дека на секој војник кој посегнал по сопствениот живот, се регистрирани дополнителни седум обиди. Во извештајот се опфатени само активните припадници на армијата кои извршиле или се обиделе да се самоубијат, а не се вклучени ветераните кои си го одзеле животот по ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници. „Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас повеќекратно ќе ...
Проекти, визии, ветувања – ТВ соочување на кандидатите за градоначалник на Валандово. Во вечерашната „Топ тема“ дебата на Перо Костадинов, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата предводена од СДСМ и Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, ...
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле да се кандидира за трет мандат во Белата куќа. Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно, со што ги поттикна шпекулациите за можен обид да остане на власт ...
Ураганот „Мелиса“ удри во Јамајка како олуја од петта категорија. Според податоци на американскиот Центар за урагани невремето попладнево стигна до копното, во близина на Њу Хоуп на островската држава и со себе носи ветриша со максимална брзина од 295 км./ч., пренесе „Ен-Би-Си њуз“. Министерот за наука, енергетика и телекомуникации на Јамајка, Дерил Ваз изјави дека 240.000 корисници останале без електрична енергија, што претставува 35 отсто од ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица за кои постои основано сомнение за кривичното дело од член 230, став 1 од Кривичниот законик (КЗ) – „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 ...
Ги ослободивме институциите, знаевме како се користеа во Валандово, и знаевме под каков притисок беа и стопанството и бизнис секторот. Тоа во моментот не се случува, рече Перо Костадинов, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Во Валандово се живее слободно и се живее апсолутно демократски. Инвестициите што ги имаме во сите сфери и носењето на сите стратешки ...
Факт е дека Општина Валандово во последните години тапка во место, актуелниот градоначалник има загубено 1.000 гласови од претходните локални избори во 2021 година и тоа вистинскиот показател дека Валандово не се движи во вистинска насока, вели Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Кога немаат идеи, кога немаат проекти кои ...
Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово пристигнале попладнево, информира раководителот на секторот за образование во Општина Куманово, Александар Јовановиќ. Од таму додаваат дека учениците биле безбедно евакуирани. „Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто по 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и наредил на војската итно да спроведе „жестоки“ напади во Газа, соопшти прес-службата на владата. Оваа израелска одлука следува откако Израел соопшти дека во ковчегот кој Хамас го предал во понеделникот, не се наоѓале посмртните останки на починат заложник и ги обвини милитантите дека направиле очигледно прекршување на договорот за прекин на огнот во Газа. Хамас одговори дека Израел повторно создава ...
Враќањето на долгот од еврообврзница која чини 700 милиони евра и дополнителни 200 милиони долгови кон странство ќе биде главниот предизвик пред кој ќе се соочи државниот буџет во следната 2026 година. Токму поради ова е планирано и ново задолжување со еврообврзница за која Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека е можно да надмине и над милијарда евра. Инаку Владата денеска го усвои предлог буџетот за следната година во ...
Гувернерот Славески не очекува санкциите кон Русија да донесат нов ценовен шок. По благиот скок смета дека ќе има стабилизација. Инфлацијата која сè уште е висока, се надева дека до крајот на годината ќе се намали. Иако ММФ прогнозира да остане 4 отсто, Славески очекува минимално да падне под оваа бројка. По одлуката за забрана за транзит на руски гас од ЕУ до трети земји, САД воведе санкции и за руската нафта. Дел од домашните експерти се ...
Музичкиот хит креиран и посветен за Максим Димитриевски кој доби бројни реакции на социјалните мрежи и ги развесели граѓани во текот на изборната кампања е избришан од платформата „Јутуб“ каде беше објавен од креаторите. Засега не се знае дали станува збор за пријава за авторски права, кршење на правилата на „Јутуб“ или пак така одлучиле самите автори. На скоро сите социјални медиуми песната стана популарна и споделувана од мноштвото на ...
За помалку од три месеци западна Турција по вторпат е погодена од силен земјотрес. Како и првиот пат во август годинава, епицентарот на земјотресот е во провинцијата Синдирги, а бил почувствуван и во соседните Бурса, Маниса и Измир. Единствената материјална штета досега пријавена се три урнати објекти кои биле оштетени од претходниот земјотрес. „Одеднаш почна да тресе. Со сопругот седевме во кујната кога почна да тресе и ние не знаевме што да ...
Холандската поштенска компанија започна тестирања на роботи во облик на кучиња кои се наменети за разнесување на пратки и поштенски пакети. Поштарското робот-куче е самостојно и го придружува поштарот во градот Лердам за време на тестовите. Му помага со носење на пакети, а способно е да забележи пречки на трасата и да ги избегнува. Проектот е во почетна фаза иако во Холандија се надеваат дека наскоро поштенските роботи-кучиња ќе се користат ...
Гувернерот Славевски не очекува санкциите кон Русија да донесат нов ценовен шок. По благиот скок смета дека ќе има стабилизација. Инфлацијата која се уште е висока се надева дека до крајот на годинава ќе се намали. Иако ММФ прогнозира да остане 4 oтсто, Славевски очекува минимално да падне под оваа бројка. „Добро е да видиме тројка. Тоа ќе влијае психолошки затоа што таргетот за наредната година е инфлацијата да се симне на три дури и по 3% во ...
Македонската филхармонија ќе ја круниса прославата на 80 години постоење со концерт вечерва во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена. Програмата што ќе ја изведе под диригентство на Јерухам Шаровски е спој на македонски фолклор и европска класика.А, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Дигитална обработка: T.Д. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...
Повисок економски раст, пониска инфлација и помал буџетски дефицит. Владата го усвои, а министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска го презентираше предлог буџетот за 2026, кој ќе биде доставен до Собранието. Еве што друго ќе гледате во вестите Се предвидува економски раст од 3,8 отсто, инфлацијата од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 637 милиони евра, односно 3,5 отсто од БДП. Предвиден раст на плати и пензии. Со еврообврзница од ...
Иако неколку нови лекови се најдоа на последната позитивна листа, онколошките пациенти и понатаму не ја добиваат целосната терапија што им е потребна. Од здружението „Хема-онко“ велат дека новата листа е чекор напред, но не е доволна за да се обезбеди континуиран и целосен третман за пациентите. Дел од терапиите се уште недостасуваат, а тоа создава неизвесност и страв кај болните. Предупредуваат и дека, покрај недостигот од лекови, сериозен ...
Енергетската транзиција кон обновливите извори на енергија е клучен процес кој бара одржливи и сигурни решенија, а енергетската независност не е само обврска туку и клуч кон економската слобода на секоја држава. Ова се само дел од пораките кои беа испратени од учесниците на „Глобалниот форум за одржлива енергија“ кој денес почна во Скопје а на кој се присутни над 400 гости од 70 држави во светот меѓу кои и високи претставници на ОН, ЕУ и владини ...
Двајцата осомничени беа донесени пред кривичниот суд по поднесената кривична пријава со која се бара и притвор. Директорот на скопска Комунална Хигиена со лисици и со прв коментар. Новинарско прашање: Зошто не се чистеше ѓубрето во Скопје? Сабахадин Рустеми: Се е чисто. Не работеле по оперативниот план, дозволиле мини депонии на улици и тротоари, го загрозиле здравјето на скопјани, стои во соопштението на обвинителството откако е поднесена ...