Десетгодишно девојче е прегазено на магистралниот пат Охрид – Кичево и со тешки телесни повреди е хоспитализирано во локалната болница. Зад воланот бил 60-годишен маж. „На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С. (60) од с. Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки ...

Вработените во „Паркови и зеленило“ и синдикатите денеска излегоа на протест пред Собрание за да си ја побараат септемвриската плата, но и регрес и додатоци за јубилеи. Пред Собранието порачаа дека плата за работниците мора да има и повторно се пожалија дека побарале средба со директорот на претпријатието, но тој се оглушува на нивните барања. Барање за средба упатуваат и до градоначалничката Арсовска и до управниот одбор. © 2020 Телевизија ...

Сведоците појаснија дека имунотерапијата и биолошката терапија се аплицираат според клинички индикации, а одредени лекови, како Херцегпин, не се применуваат кај пациенти со определени параметри. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а судењето за финанските злоупотреби на Онкологија продолжува на 6 ноември со сослушување на нови сведоци предложени од Обвинителството. Обвинетите на почетокот негираа вина, а одбраната тврди дека обвинението е ...

Речиси половина милион граѓани работат на црно, а користат привилегии во здравствениот систем. Во државата, според фондот за здравство (ФЗО), има нешто над 1,8 милиони осигуреници, а фокусот се над 477.000 лица кои работат во сивата економија и оние кои живеат или приходите им се во странство. Фондот го испитува ризикот од злоупотреби на здравственото осигурување. „Можната штета е по две основи, а тоа е дека се оштетува буџетот, бидејќи се ...

Индустриското производство со раст од 2,7 отсто во септември во однос на истиот месец лани, покажуваат последните податоци на Статистика. По падот од 3,5 проценти во август, сега се забележува некое раздвижување. Растот генерално е движен од секторот интермедијарни производи, но и од преработувачката индустрија, односно од производството на храна, тутун, кожа и производи од кожа. Пад на производството е забележан кај производите за широка ...

Условна казна од две години затвор кои нема да ги издржи ако пет години не стори кривично длео и три години да биде под пробациски мерки доби Реџеп Нуредин, обвинет за насилство над градоначалничката Данела Арсовска. Ваквата пресуда следува откако денеска призна вина. Според обивнението, на 11 јули грубо ја навредувал, ѝ се заканувал и ја загрозил сигурноста додека била на увид во Чаир по пријава за дивоградба. Тој прво започнал расправија со ...

Запленети се околу 130 килограми марихуана на граничниот премин „Табановце“, скриени во камион, кои српски државјанин се обидел да ги прошверцува и да ги подмити цариниците, под изговор дека носи цигари. Марихуаната била спакувана во торби, а српскиот државјанин бил сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана. „Благодарение на квалитетната реакција на царинските службеници, извршен е детален преглед на возилото, при што е ...

Се зголемува бројот на амбулантски прегледи на универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, но засега сè уште нема изолирано случај на грип. Според педијатрите, се очекува во претстојниот период бројот да расте. Во моментов има и деца кои се на кислородна поддршка и тие се во стабилна состојба. „Сепак бројот на пациенти во нашата установа полека почнува да расте. Се јавуваат деца со горнореспираторни и ...

Последни мигови од предизборната кампања, со последни пораки на кандидатите до јавноста. По недели на жесток наратив, ветувања за подобро утре и меѓусебни обвинувања кои понекогаш го засенија суштинското прашање – какви градови сакаме по изборите, жителите на Скопје во недела на вториот круг од гласањето, ќе имаат само две опции – кандидатите Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со ветување до скопјани дека ќе се ...

Поранешниот албански премиер и екс лидер на Социјалистичката партија на Албанија, Фатос Нано почина на 73-годишна возраст во приватна болница во Тирана. Пред 20-тина дена доживеал клиничка смрт и бил вратен во живот од тим на лекари во болницата. Имал обемно оштетување на мозокот, и сите денови бил во критична состојба. Во тимот беа вклучени и лекари од странство. Нано подолго време имаше проблеми со белите дробови и неколку пати бил ...

Претпладнево се укинати патничките возови до Нови Сад и нема да сообраќаат во текот на денот и утре (1 ноември), јавува Н1 Србија. Не функционира ниту онлајн опцијата за купување на билети. Според неофицијалните сознанија на телевизијата, Железници на Србија во текот на денот изненадувачки ја прекинале продажбата на билети, а машиновозачите се известени на станиците на кои се затекнале дека нема да возат. Се огласи компанијата „Србијавоз“ која ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека откажувањето од руската нафта би резултирало со економски колапс на земјата, бидејќи Унгарија увезува повеќе од 4/5-тини од сировата нафта за своите потреби од Русија. Орбан порача дека ќе се обиде да го убеди претседателот на САД, Доналд Трамп, да и додели на неговата држава ослободување од новите американски санкции за земјите кои увезуваат нафта од Русија, во текот на својата посета на Вашингтон ...

Новосадската полиција претпладнево го уапси Миша Бачулов, советник во градското Собрание и лидер на граѓанската група „Биди херој“. Дел од српските медиуми, кои важат за блиски до претседателот Александар Вучиќ, тврдат дека постојат сомнежи дека Бачулов планирал лажирање на сопствено труење и за обидот за убиство да го обвини претседателот Вучиќ и државниот врв. pic.twitter.com/Ayxh3KzTnF — Arsil Garson (@ArsilGarso47195) October 31, 2025 ...

Добитниците на Оскар, браќата Коен и Џорџ Клуни ни носат возбудлива криминалистичка мистерија сместена во 50. години од минатиот век во едно предградие, каде што најдобрите и најлошите човечки особини се отсликуваат во делата на наизглед мирни и обични соседи. Мирната и идилична приградска заедница изгледа како совршено место за семеен живот. Но зад мирната надворешност се крие вознемирувачка реалност. Спокојната атмосфера всушност крие ...

Врз основа на вистинска приказна… Филип е богат квадриплегичар на кој му треба негувател кој ќе му помогне во неговата секојдневна рутина во неговиот пентхаус во Њујорк. Тој одлучува да го вработи Дел, поранешен затвореник пуштен на условно кој се обидува повторно да се поврзе со бившата и со неговиот мал син. И покрај тоа што доаѓаат од два различни света, неверојатно пријателство почнува да цвета. Римејк на францускиот филм од 2011 година. ...

„Кристина“ е долгометражен филм инспириран од реалниот живот на жена која се игра себеси во филмот. Низ чувствителна и слоевита приказна, филмот ја следи Кристина, трансродово лице и сексуална работничка на средна возраст, додека се обидува да го разбере своето минато и да пронајде внатрешен мир. Во секојдневен живот исполнет со антиквитети, езотерични практики и сеанси на регресија, Кристина се обидува да се справи со тагата, вината и ...

Клер Хамилтон, жена-командос, се враќа дома од својата должност по неодамнешната вест за смртта на нејзиниот татко каде што ќе влезе во расправија со нејзиниот 13-годишен син Чарли. Кога се рашири веста за големото наследство на Клер, Чарли е киднапиран и држен во заложништво. Побаран е откуп од локална банда трговци со луѓе предводена од личност позната само како „Татко“. „Таткото“ зема се што ќе посака од оние кои се послаби и им всадува ...

Тешко дека следната година инфлацијата ќе биде околу 2, 5 отсто. Ниту во овој буџет нема ништо поразлично од претходните каси. Економистите со првични видувања за тоа како е скроена државната каса за 2026 година. Универзитетскиот професор Ивановски во Вин Вин истакна дека и следната година предизвик за Народната банка ќе биде ценовната стабилност. Пред се инфлацијата главното жариште го има во домашната економија. И во следната година пред ...

Осум доживотни затворски казни се изречени денеска во случајот со смртоносниот пожар во јануари во луксузен хотел на турски скијачки, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ. Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим е и сопственикот на хотелот, Халит Ергјул. Истата казна ја добија неговата сопруга Емине Ергјул и неговите ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои биле дел од раководниот состав на хотелот, како и ...

Масовен одѕив и поддршка од сите граѓани, но и од кандидатите кои не поминаа во првиот круг, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во последното обраќање до јавноста пред вториот круг на локалните избори во недела. Побара да гласаат за локална власт што ќе биде вистински сервис на општините и за кандидати чија врата секогаш ќе биде отворена за граѓаните. „Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг, секој член, граѓанин и ...

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. „Граѓаните веќе не мора да се ...

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир. Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика на масовна излезност во вториот круг на локалните избори во недела (2 ноември) и гласање за СДСМ и коалицијата во општините каде имаат свои кандидати за градоначалници. На граѓаните им порача дека сите тие кандидати ќе бидат на нивна страна, со програми кои се реални и кои што може да се испорачаат. „Овие градоначалници нема да работат за мене, нема да ми одговараат мене, поради тоа што треба да им ...

Апсолутно не станува збор за никаков договор, одговори лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција претпладнево, на прашањето за фотографијата што се појави на социјалните медиуми на која се Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и Маја Мојсова од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која не успеа да влезе во вториот круг на локалните избори. „Разговарав со Маја, во текот на денот и ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе кривична постапка додека Судот одреди притвор за 48-годишен жител на Тетово кој е под сомнение дека пред три дена на социјалните мрежи упатил закани кон жена и кон функционери од политичка партија дека ќе ги убие и ќе изврши други тешки кривини дела врз нив. Како што информираа од Јавното обвинителство, осомничениот се товари за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ според член 144, став 5 од ...

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во ...

Соединетите Американски Држави го откажаа планираниот Самит во Будимпешта на претседателот Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин по „цврстите ставови на Москва во врска со Украина“, објави „Фајненшл тајмс“. Одлкуката, како што се наведува, била донесена по тензичниот телефонски разговор меѓу највисоки дипломати на САД и Русија. Минатата недела Трамп порача дека ќе се сретне со Путин, само ако рускиот претседател се согласи на ...

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги откако лицето на преминот Табановце пред два дена се обидел да прошверцува околу 130 килограми марихуана. Царинските службеници при контрола на камион со полуприколка – ладилник – со словенечки регистарски ознаки пронашле 129,7 килограми марихуана скриени во 14 торби. Камионот е во ...

Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. Обвинетите Васев и ...

Американскиот Сенат денес усвои резолуција со која се откажуваат многу од царините на американскиот претседател Доналд Трамп низ целиот свет, благодарение на поддршката на четири републикански сенатори. Резолуцијата, која во пракса го укинува поголемиот дел од царинската политика на Трамп, беше усвоена со 51 глас „за“ и 47 „против“, по иницијатива на сенатори од редовите на демократите. Скоро идентична резолуција не успеа во април поради ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.59
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.06
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
91%
1028
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Платина

62683.26

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Калај

43.15

Алуминиум

2.92