Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Ураганот Мелиса, кој предизвика огромни штети на Јамајка откако вчера како ураган од петта категорија со разорни ветришта од 290 км на час го зафати островот, продолжува да пустоши во поширокиот регион. Најмногу човечки жртви има на сиромашните Хаити, каде според последните информации, невремето досега однело 40 човечки животи, меѓу нив и деца. На удар на ураганот, сега од трета категорија, но се уште со силен ветар od 185 км на час, сега е ...
Втор круг локални избори-тесна разлика во Карпош. Во Топ Тема Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“. Неговиот против кандидат Сотир Лукровски од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ не се одѕва на поканата на Телма. Топ Тема во со Снежана Лупевска Созен на Телма © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...
Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј се пласираше во третото коло во Лигата на шампиони на ЦЕВ откако вечерва го совлада босанскиот тим Гацко и на реваншот во Требиње. Јанта Волеј со двојна победа ја продолжи европската бајка. По скопските 3-2, денеска девојките од Кисела Вода славеа против Гацко и на гостински терен исто така во пет сетови. Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и ...
Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос. Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на ...
По булеварот Партизански одреди нема смет затоа што има камери, рече во вечерашната емисија Топ Тема на Телма Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“ за трет градоначалнички мандат. „Гостите“ кои доаѓаат да ја чистат општина Карпош тие навечер со камиони истураат смет, вели Јакимовски, за да дојдат наутро и да покажат дека го собираат сметот. Тој ваквата политика на ВМРО – ДПМНЕ ја нарече „ѓубреџиска политика“. Тврди дека ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за доживотна суспензија на двајца фудбалери на третолигашот Беса Слупчане. Клубот исто така 10 натпревари нема да смее да игра на свој терен поради инцидентот што се случи изминатиот викенд во Третата лига – Север. Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи добија доживотна суспензија од Дисциплинскиот комесар на Третата лига и повеќе не смеат да се занимаваат со фудбал. Двајцата ...
Здружението „16 март 2025 – Кочани“ ги известува граѓаните кои даваат поддршка на барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“ дека претстојната сабота, на 1. ноември нема да се одржи „Марш за ангелите“ за достојно да се одбележи верскиот празник Задушница. Следниот „Марш за ангелите“ ќе биде најавен дополнително. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...
Искусниот грчки кошаркар Ник Калатес е најново засилување за Партизан. Плејмејкерот потпиша договор со српскиот состав до крајот на оваа сезона. По повредите на Шејк Милтон и Карлик Џоунс, Партизан мораше да донесе нов кошаркар, а изборот падна на 36-годишниот Калатес. Тренерот Жељко Обрадовиќ добро го познава грчкиот интернационалец, кој своите први две сезони како професионалец ги мина во дресот на Панатинаикос под водство токму на српскиот ...
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори утревечер (30.10.2025) во МГС од 20.00 часот. Изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени ...
Енергетската транзиција ќе биде побрза и целосна со помош на дигитализацијата а вештачката интелигенција, која ќе ја прави анализата на потрошувачката на енергија, ќе биде клучна алатка во креирањето на стратегии за развој на енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори во Македонија. Воведувањето на енергетската ефикасност на објектите како стандард е процес кој ќе чини и ќе трае но бенефитите ќе бидат многукратни за енергетскиот ...
Ем патувал во странство, ем за тоа си давал сам на себе за два и пол пати повисоки дневници од предвидените. Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов заработи кривична пријава за 1000 евра земени спротивно на уредба. Во ова му помогнал и заменикот и неколкумина вработени, ги сомничи МВР. За 1.000 евра нeзаконски исплаќани дневници кривична пријава заработи поранешниот директор на Агенцијата за храна и ...
Полицијата истражува кој ги испратил лажните дојави за бомби во 47 училишта во Скопје и Куманово. Заканите за поставени експлозивни направи пристигнале вчера околу 18 часот на електронските адреси. Училиштата беа испразнети, а по проверките полицијата информираше дека се лажни. Професорката од факултетот за безбедност Светлана Николоска смета дека моментот не е случаен мотивот како обид да се тргне вниманието од изборната трка Николовска ...
На една улица празни, а на следната преполни контејнери. Сликата е веќе позната, но граѓаните велат — ништо не се менува. Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на сликата во главниот град? Граѓаните скептични дека нешто ќе се подобри. Од Јавното претпријатие Комунална хигиена велат — само за еден ден собираат и до четиристотини илјади килограми отпад. Откако ќе ги испразнат контејнерите, екипите ги мијат и дезинфицираат, со цел да се ...
Илјадниците пластични шишиња и комунален отпад кои со часови пловеа по течението на реката Вардар пред два дена, денеска претпладне ги немаше во селата во тетовската рурална општина Јегуновце. Високиот водостој и буен тек ги однесоа повеќето тони отпад кон остатокот од државата, каде минува најголемата македонска река. Денеска коритото на реката и натаму е исполнето со вода и силен тек. И највозрасните мештаните од Раотинце не паметат ваква ...
Министерството за финансии на САД донесе одлука за укинување на санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за нејзиниот поранешен претседател Милорад Додик, неговото семејство, нивните фирми и многу блиски соработници. Санкциите се укинати и за Жељка Цвијановиќ. На 17 октомври, американското министерство за финансии ги укина санкциите и за четворица блиски соработници на Додик кои се најдоа на „црната листа“ на САД поради ...
Директорот во притвор. „Комунална хигиена“ работи според оперативната програма, а директорот Сабахадин Рустеми си поднесе оставка при распит во суд. Правно-процедурално работата не е чиста со претпријатието кое треба да го чисти Скопје од отпад, ама реално функционира и собира ѓубре. Со притворот, во „Комунална хигиена“ во моментот нема кој да ги потпишува документите, бидејќи Рустеми пред апсењето не овластил човек за тоа. Сега со поднесената ...
На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, The Founder Games. The Founder Games ги следи основачите на 20 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститори, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производ и ...
Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени. Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира ...
Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со одлуката од 27 октомври. Новата малопродажна цена на дизелот ќе биде 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 73,5 денари ...
Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платоформи на Даркнет кои содржеа материјали со детска порнографија, соопшти полицијата. Германските медиуми пренесуваатдека станува збор за страниците Videos Sebick и Videos Yad. „На две платформи имаше повеќе од 350.000 корисници, а во базата на податоци се наоѓаа над 21.000 видеа со детска порнографија“, информира Центарот за борба против детска порнографија и ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец кого го сомничи за „тешки дела против општата сигурност“, соопшти денеска МВР. Како што е наведено, тој не обезбедил услови за безбедност и здравје при работа, при што двајца работници се здобиле со повреди кога пукнала конструкција при изведување изградба на објект во село Липково. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на правно лице, поради ...
Андреј Бабиш, чија партија АНО победи на неодамнешните избори во Чешка, изјави дека за пет дена ќе потпише коалициски договор со т.н. „Мотористи“, партија која важи за евроскептична во земјата, и со крајнодесничарската СПД која се противи на Европската Унија и на НАТО. „Имаме усогласен коалициски договор. Се договоривме дека ќе го потпишеме во понеделник, на 3 ноември, на денот во кој за првпат ќе се состане новиот состав на парламентот“, порача ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292, став 2, во врска со член 288, став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288, став 5, во врска со став 2, одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога ...
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини. Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Алиспахиќ вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се ...
Јувентус вчера го отпушти тренерот Игор Тудор по серијата лоши резултати во Серија А, па на неговото место на клупата на најтрофејниот италијански клуб ќе седне поранеше селектор на Италија. Лучијано Спалети се согласил да го преземе кормилото на Јувентус до крајот на оваа сезона. Искусниот стратег, кој е без работа откако во јуни годинава беше сменет од селекторската позиција на „ауѕурите“. Спалети со Наполи го освои „скудетото“ во сезоната ...
Соединетите Американски Држави ја известија Романија, но и сојузниците на НАТО, за плановите за намалување на бројот на војници на источното крило на Европа, вклучувајќи ги и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база „Михаил Когалничану“, соопшти денеска романското Министерство за одбрана. Се наведува дека одлуката е очекувана со оглед на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд ...
Во НБА-лигата продолжува перфектниот старт на сезоната на шампионот Оклахома. Голден Стеј подобар од Лос Анџелес Клиперс, а Милвоки го доби дербито на Истокот против Њујорк. Оклахома го победи Сакраменто со 107-101 да остане со максимален ефект на пет победи на стартот од новата сезона. Шеи Гилџеус-Александер со 31поен ги предводеше Тандер, додека кај Кингс најдобар беше Зек Левин со 23 поени. Голден Стеј со 98-79 славеше против Клиперс. Џими ...
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Зоран Атанасов, поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, неговиот заменик Фадил .М. и уште пет вработени, поради сомнение за „проневера во службата“ и помагање во истото кривично дело. Според МВР, З.А. во периодот од 2017 до 2020 година за службени патувања во странство примал дневници во висина од 50%, иако правилата дозволувале само 20%, со цел ...
На среба која директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја остварил со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. Биле разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ќе ги презема во пресрет на изборниот ден. иректорот Јанев, обврската на полицијата е јасна – да се обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што како што се најавува ...