Македонски апелационен судија осомничен дека имал штек со пари како мексиканските картели- скриени во ѕид. Евра завиткани во ролни од алуминиумска фолија- во шуплините на циглите зад шпоретот во кујната. КОД открива како истражителите стасале до бункерот во кој се криеле 350 000 евра. Кој е судијата Ѓоко Ристов кој со децении суди предмети во кои се инволвирани политичари бизнисмени, ВИП личности- а на крај колегите му дадоа домашен притвор. ...

Четворица млади луѓе кои биле во дискотеката „Пулс“ за време на страотниот пожар денеска сведочат пред судот. Прв сведок беше Тоше Трендафилов, кој успеал да ја преживее трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, иако од трагедијата има сериозни повреди. -Кога стигнав до вратата, веќе беше целосен хаос. Луѓето лежеа едни врз други. Паднав на колена, ме туркаа и ме газеа, почнав да повраќам. Ја ставив маицата на уста и по тоа ништо не ...

Зелен хуман град (ЗХГ) испрати барање до Град Скопје, како подносител на кривичната пријава во 2023 година против Цементарница УСЈЕ, да достави ургенција до обвинителството со која ќе добие информација во која фаза е и кој е статусот на постапката. Ако е запрена привремено, кога се очекува да продолжи и зошто тоа се случило, ако е запрена трајно кое е образложението, пишува во соопштението на Зелен хуман град. Додаваат дека усвојувањето на ...

Автономна Европска унија (ЕУ) отворена кон светот, која ќе може да соработува со сите, раководена од меѓународното право. Ова е мотото на Кипар како нов претседавач со Унијата, чиј амбасадор во Македонија ги претстави приоритетите на претседавањето пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, при што за проширувањето рече дека треба да се води согласно одлуките на Европскиот совет. „Северна Македнија, се ...

Дизелот од полноќ поскапува за 1 денар, а екстра-лесното масло за домаќинство за половина денар за литар. Цените на бензините Евросупер БС-95 и Евросупер БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цела на дизелот ќе изнесува 67,5 денари за литар, а на екстра-лесното масло – 66,5 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и мазутот и килограм ќе се продава за 33,099 денари. Дизелот од полноќ ...

МВР објави дека преку проектот „Безбеден град“ ќе се казнуваат 5 вида на сообраќајни прекршоци за кои се предвидени различни санкции и висина на глоби. Најниска казна е 15 евра, највисока е 500 евра. Првично требаше да се санкционираат три вида прекршоци, но потоа листата беше дополнета. Првиот прекршок е за Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак). до 10 km/h над дозволеното – 15 ...

Пет пријави досега пристигнале на огласот за републички јавен обвинител на Република Северна Македонија на адреса на Собранието. Бројката ја потврдија од собраниските служби. Кандидатура поднеле Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот Крвичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд, Ненад Савевски и актуелната в.д. републичка јавна обвинителка Анита Тополова – Исајловска. ...

Бизнисот со предупредување – загубите на стопанството ќе бидат огромни поради блокадите на превозниците. Точна пресметка колку би изнесувале нема, но тврдат дека бројките ќе бидат сериозни. Целосно ги поддржуваат превозниците во својата намера, но сметаат дека проблемот треба да се решава на друг начин, а не со блокирање на граничните премини. Тука можеме да ги вметнеме елементите на доколку не испорачате одреден производ до дадена ...

Фатон Селами седнува во шест месеци празната фотелја на народниот правобранител. Вети ќе работи професионално, дека ќе биде посветен на граѓаните. Меѓу приоритетите ги наведе враќање на довербата и кадровско доекипирање на институцијата. „Институцијата кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека постои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот ...

Дождот не ги поколеба македонските транспортери да излезат на протест на 10 гранични премини во државата. Се бунтуваат на одлуката на Европската Унија (ЕУ) која треба да стапи на сила од април годинава, а според која времето на престој на превозниците во ЕУ е ограничено на 90 дена. Стотина транспортери денеска од пладне го блокираа излезот од државата за товарен сообраќај на граничниот премин „Богородица-Евзони“. Тие најавуваат седумдневен ...

На 16 март 2025 година Кристијан Панов го загубил својот брат во пожарот во „Пулс“, а денеска сведочеше за тоа што се случувало кобната вечер. Бил надвор кога настанал пожарот, па се обидел да се врати да го спаси брат му кој бил шанкер. Не успеал. Но, раскажа дека во „Пулс“ често биле пуштани малолетници, картите ги продавал братот на сопственикот, кој сега е меѓу обвинетите, а контрола на тоа кој има карти вршело обезбедувањето. „Лазар од ...

Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска ја усвои Регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас и течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ, која воедно вклучува и мерки за ефикасно следење на оваа забрана и за диверзификација во снабдувањето со енергија. „Од денеска, енергетскиот пазар на ЕУ ќе биде посилен, поотпорен и поразновиден. Се откажуваме од штетната зависност од рускиот гас и правиме голем чекор, во духот на солидарност ...

Западнобалканските камионџии се пред колапс, економијата пред ризик, а Европа пред тест. Поради правилото 90/180 во Шенген, транспортерите велат дека повеќе не можат да работат. Од денеска почнуваат блокади на граничните премини низ целиот Балкан. Дали странските инвеститори ќе лобираат за промена на правилата во ЕУ или регионот ќе остане без транспорт? Камионџиите порачуваат: ова не е протест, туку борба за опстанок. АНКЕТА: Дали ЕУ треба да ...

Околу 50 мигранти загинаа при превртување на ферибод во централниот дел на Средоземно Море, јавија медиумите на Малта. Армијата на Малта потврди дека на 23 јануари спасиле маж во близина на брегот на Тунис, кој е хоспитализиран на Малта. Тој потврди дека на бродот имало 50 луѓе кои по несреќата поминале 245 часа во вода и не преживеале. Околу 50 мигранти загинаа при превртување на ферибод во централниот дел на Средоземно Море, јавија ...

Најмалку 11 лица се убиени, а 12 ранети, кога вооружени лица отвориле оган на фудбалско игралиште во централно Мексико, соопштија локалните власти. Нападот се случил во градот Саламанка по завршување на фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието, пишуваат американските медиуми. Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот потврди дека меѓу ранетите има една жена и едно ...

Четири безживотни тела се извлечени по гаснење на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланта“ во грчкиот град Трикала, две вработени сè уште се водат како исчезнати, а повредени се седум лица. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати. Експлозиите, ...

Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека оваа година ќе има избори во Србија и дека е реално тие да се одржат помеѓу октомври и декември. „Одиме на избори оваа година, а еве тие победуваат со огромна предност, тоа е вистина. Мислам дека изборите ќе бидат наесен, тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ на телевизијата Блиц. Тој додаде дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и дека ...

Двајца малолетници во Радовиш запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија од СВР Струмица. „На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници ...

Под жестокиот притисок и протестите во американска јавност од бруталната егзекуција на еден млад маж од имиграциски агенти во Минеаполис, американскиот претседател, Доналд Трамп веќе почна да пивотира во обид да се извлече од скандалот кој дополнително го разгореа високи претставници на неговата администрација. Во телефонска изјава за „Вол Стрит Џурнал“, Трамп најави целосна проверка на смртоносниот инцидент, кога поголема група федерални ...

Денеска камионџиите ги блокираат граничните премини во Македонија и во регионот. Тие протестираат против правилата за ограничен престој во Шенген-зоната. Превозниците предупредуваат дека, ако не се реши проблемот, транспортната индустрија и целата економија се соочуваат со колапс. Бараат изземање од правилото за престој во ЕУ или да се издаваат петгодишни визи. Колегата Срѓан Стојанчов е на граничниот премин меѓу Македонија и Косово и се ...

Македонецот Марјан Атанасов синоќа испиша историја, носејќи го олимпискиот факел при неговото свечено пристигнување во Пјаченца, Италија, информира агенцијата за иселеништво. Носењето на олимпискиот факел не е само протоколарна улога, туку висока чест што ѝ се доделува на поединци, препознаени по својата посветеност и општествен ангажман. За Марјан Атанасов, овој момент беше симбол на доверба и одговорност, но и лична и колективна победа. Тој ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во земјава, која е осомничена дека сторила кривично дело – „Телесна повреда“. Како што се наведува во соопштението на обвинителството, вчера изутрина во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената по вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното ...

Во снежна бура што ги зафати САД загина најмалку седум луѓе, 800.000 домаќинства останаа без струја и над 11.000 летови се откажани. Најмалку две лица починале од хипотермија во Луизијана, соопшти државното министерство за здравство. Смртни случаи поврзани со бурата се пријавени и во Тексас, во Тенеси и во Канзас. Во Канзас, тело на една жена било пронајдено во снег, а властите наведуваат дека „веројатно подлегнала на хипотермија“. Речиси ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во собранието итно да именуваат директор и заменик директор на агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Велат дека оваа агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите, кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите ...

Брзината под надзор, законот „под лупа“. Од недела, системот „Безбеден град“ официјално стапува во функција, а со него и ценовникот за сообраќајните прекршоци. МВР ја затегнува дисциплината на улиците, а пречекорувањето на брзината станува најскапиот „луксуз“ на патиштата. Колку посилно се притиска гасот, толку подлабоко се посегнува во џебот – а понекогаш и по возачката дозвола. Возење до 20 километри на час над дозволеното ќе чини 20 евра. ...

Сојузот на синдикатите на македонија (ССМ) повикува на протест в среда на 28 јануари пред Работнички дом во Скопје, со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра. Слободан Трендафилов ги повика работниците да не се плашат и да се приклучат, нагласувајќи дека ова е борба за достоинството и правата на трудот. „Овој протест е за твојата плата, затоа што ако не ти, кој друг ќе се бори за твојата плата“, пишува Трендафилов во отвореното ...

Според стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), проблемот со примена на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот транспорт треба да се бара исклучиво преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот. Од таму велат дека блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ само еден ден, ...

Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон. Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење. Невремето зафати ...

Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е целосно подготвен и се чека одредување датум и место за негово потпишување, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Вилнус. По потпишувањето, документот ќе биде испратен на ратификација во американскиот Конгрес и украинскиот Парламент. Зеленски во Литванија се сретна со претседателот Гитанас Науседа, со кого разговараше за поддршката на украинскиот ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
41%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
46%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
50%
1019
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.21
52%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
52%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
7.15
76%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
38%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
49%
1021
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
31%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
9.26
78%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Рутениум

56199.51

Родиум

366518.51

Бакар

11.49

Иридиум

258288.78

Цинк

3.19

Злато

166450.52

Паладиум

50058.71

Калај

47.03

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.36

Кобалт

66.14

Платина

66937.85