Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Министерството за финансии на САД донесе одлука за укинување на санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за нејзиниот поранешен претседател Милорад Додик, неговото семејство, нивните фирми и многу блиски соработници. Санкциите се укинати и за Жељка Цвијановиќ. На 17 октомври, американското министерство за финансии ги укина санкциите и за четворица блиски соработници на Додик кои се најдоа на „црната листа“ на САД поради ...
Директорот во притвор. „Комунална хигиена“ работи според оперативната програма, а директорот Сабахадин Рустеми си поднесе оставка при распит во суд. Правно-процедурално работата не е чиста со претпријатието кое треба да го чисти Скопје од отпад, ама реално функционира и собира ѓубре. Со притворот, во „Комунална хигиена“ во моментот нема кој да ги потпишува документите, бидејќи Рустеми пред апсењето не овластил човек за тоа. Сега со поднесената ...
На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, The Founder Games. The Founder Games ги следи основачите на 20 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститори, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производ и ...
Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени. Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира ...
Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со одлуката од 27 октомври. Новата малопродажна цена на дизелот ќе биде 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 73,5 денари ...
Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платоформи на Даркнет кои содржеа материјали со детска порнографија, соопшти полицијата. Германските медиуми пренесуваатдека станува збор за страниците Videos Sebick и Videos Yad. „На две платформи имаше повеќе од 350.000 корисници, а во базата на податоци се наоѓаа над 21.000 видеа со детска порнографија“, информира Центарот за борба против детска порнографија и ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец кого го сомничи за „тешки дела против општата сигурност“, соопшти денеска МВР. Како што е наведено, тој не обезбедил услови за безбедност и здравје при работа, при што двајца работници се здобиле со повреди кога пукнала конструкција при изведување изградба на објект во село Липково. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на правно лице, поради ...
Андреј Бабиш, чија партија АНО победи на неодамнешните избори во Чешка, изјави дека за пет дена ќе потпише коалициски договор со т.н. „Мотористи“, партија која важи за евроскептична во земјата, и со крајнодесничарската СПД која се противи на Европската Унија и на НАТО. „Имаме усогласен коалициски договор. Се договоривме дека ќе го потпишеме во понеделник, на 3 ноември, на денот во кој за првпат ќе се состане новиот состав на парламентот“, порача ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292, став 2, во врска со член 288, став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288, став 5, во врска со став 2, одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога ...
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини. Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Алиспахиќ вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се ...
Јувентус вчера го отпушти тренерот Игор Тудор по серијата лоши резултати во Серија А, па на неговото место на клупата на најтрофејниот италијански клуб ќе седне поранеше селектор на Италија. Лучијано Спалети се согласил да го преземе кормилото на Јувентус до крајот на оваа сезона. Искусниот стратег, кој е без работа откако во јуни годинава беше сменет од селекторската позиција на „ауѕурите“. Спалети со Наполи го освои „скудетото“ во сезоната ...
Соединетите Американски Држави ја известија Романија, но и сојузниците на НАТО, за плановите за намалување на бројот на војници на источното крило на Европа, вклучувајќи ги и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база „Михаил Когалничану“, соопшти денеска романското Министерство за одбрана. Се наведува дека одлуката е очекувана со оглед на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд ...
Во НБА-лигата продолжува перфектниот старт на сезоната на шампионот Оклахома. Голден Стеј подобар од Лос Анџелес Клиперс, а Милвоки го доби дербито на Истокот против Њујорк. Оклахома го победи Сакраменто со 107-101 да остане со максимален ефект на пет победи на стартот од новата сезона. Шеи Гилџеус-Александер со 31поен ги предводеше Тандер, додека кај Кингс најдобар беше Зек Левин со 23 поени. Голден Стеј со 98-79 славеше против Клиперс. Џими ...
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Зоран Атанасов, поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, неговиот заменик Фадил .М. и уште пет вработени, поради сомнение за „проневера во службата“ и помагање во истото кривично дело. Според МВР, З.А. во периодот од 2017 до 2020 година за службени патувања во странство примал дневници во висина од 50%, иако правилата дозволувале само 20%, со цел ...
На среба која директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја остварил со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. Биле разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ќе ги презема во пресрет на изборниот ден. иректорот Јанев, обврската на полицијата е јасна – да се обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што како што се најавува ...
Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, јави ДПА. „Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму“, рече Венс цитиран од американските медиуми. Израелската влада соопшти дека извршила воздушни напади во Газа како одговор на нападот врз израелските војници, додека Хамас негираше ...
Ураганот Мелиса се засилува додека се движи кон Куба, откако ја погоди Јамајка како најсилната бура што ја зафати карипската држава во поновата историја. Според извештаите, на островот се пријавени најмалку три жртви, а властите предупредуваат дека вистинските размери на штетата ќе бидат познати утрово. Поплави се пријавени на југозападниот брег на Јамајка, каде сведоци опишуваат екстремни ветрови и уништени домови. „Ветровите се толку силни што ...
Министерството за здравство соопшти дека досега за вакцинација против сезонски грип се пријавиле над 70.000 граѓани, а повеќе од 22.000 веќе ја примиле вакцината. Од ресорното министерство велат дека интересот за имунизација континуирано расте низ целата држава… Вакцинацијата се спроведува на 35 пункта, од кои пет се во Скопје. Граѓаните можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната ...
Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека големите количини пластичен отпад во реката Вардар се резултат на слабите комунални услуги, особено во руралните средини. Оттаму наведуваат дека присуството на диви депонии на јавни површини претставува сериозен проблем за кој се одговорни локалните самоуправи и општинските инспекциски служби. Од Министерството информираат дека заедно со Државниот инспекторат за животна средина ...
Министерството за внатрешни работи информира дека заканите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово вчера биле лажни… Според информациите од МВР, полицијата веднаш презела мерки и извршила детални проверки на сите пријавени локации. Вчера околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнале пораки со закани за експлозивни направи. ...
Стоечки овации за Македонската филхармонија од виенската публика синоќа во престижната Златна сала на Музикферајн… Виенската публика особено беше освоена од изведбите на македонската народна песна Калино моме во аранжман за симфониски оркестар од композиторот Сони Петровски и од Тешкото на Глигор Смокварски, што беше изведено и на бис… Со овој концерт нашата Филхармонија ја заокружи прославата на 80 години постоењe. © 2020 Телевизија Телма. ...
Повеќе од половина од граѓаните на Европската Унија (56 отсто) ја поддржуваат идејата за проширување на Унијата, покажуваат најновите податоци од Евробарометар. Најголема поддршка е забележана во Шведска (79%), Данска (75%) и Литванија (74%), додека најмала поддршка има во Австрија (45%), Чешка (43%) и Франција (43%). Младите Европејци се најголеми поддржувачи – 67% од испитаниците на возраст меѓу 15 и 24 години ја поддржуваат идејата за прием ...
Најмалку 64 лица загинаа, меѓу кои и четворица полицајци, во големата полициска операција против трговци со дрога во бразилскиот град Рио де Жанеиро, соопшти локалната полиција. Масовната операција беше концентрирана во две од најсиромашните населби (фавели) во северниот дел на вториот по големина град во Бразил, кои се наоѓаат во близина на меѓународниот аеродром. Како поддршка на полицајците беа испратени два хеликоптера, 32 блиндирани возила ...
Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир. Според полициското соопштение, акцијата следи по неколку инциденти во изминатите денови во Подгорица во кои мета биле странски државјани, претежно од Турција и од Азербејџан. Меѓу уапсените е 35-годишен жител на Подгорица кој е осомничен дека преку социјалните мрежи ...
Според најновиот извештај на Кнесетот, 279 израелски војници се обиделе да се самоубијат во периодот од јануари во 2024 година до јули оваа година. Во документот се наведува дека на секој војник кој посегнал по сопствениот живот, се регистрирани дополнителни седум обиди. Во извештајот се опфатени само активните припадници на армијата кои извршиле или се обиделе да се самоубијат, а не се вклучени ветераните кои си го одзеле животот по ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници. „Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас повеќекратно ќе ...
Проекти, визии, ветувања – ТВ соочување на кандидатите за градоначалник на Валандово. Во вечерашната „Топ тема“ дебата на Перо Костадинов, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата предводена од СДСМ и Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, ...
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле да се кандидира за трет мандат во Белата куќа. Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно, со што ги поттикна шпекулациите за можен обид да остане на власт ...
Ураганот „Мелиса“ удри во Јамајка како олуја од петта категорија. Според податоци на американскиот Центар за урагани невремето попладнево стигна до копното, во близина на Њу Хоуп на островската држава и со себе носи ветриша со максимална брзина од 295 км./ч., пренесе „Ен-Би-Си њуз“. Министерот за наука, енергетика и телекомуникации на Јамајка, Дерил Ваз изјави дека 240.000 корисници останале без електрична енергија, што претставува 35 отсто од ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица за кои постои основано сомнение за кривичното дело од член 230, став 1 од Кривичниот законик (КЗ) – „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 ...