Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...
Едно лице загина, а најмалку 37 други се повредени откако приградски воз излета од шините во близина на Барселона. Несреќата се случила откако потпорен ѕид паднал врз железничката пруга, соопштија регионалните власти во Каталонија. Петмина од повредените се во тешка состојба, а најголем дел од нив се наоѓале во првиот вагон… На местото на несреќата биле испратени 20 амбулантни возила, а повредените се пренесени во околните болници. Несреќата ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд. -Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија. Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини. На прашањето ...
Судскиот совет е главниот контролен механизам за проверка на работата на судиите, но неказнивоста резултира со случаи, како овој со апелациониот судија Ѓоко Ристов, констатираа гостите во вечерашната „Топ тема“’. Очекуваaт овој случај да отвори истраги и за други лица во правосудството. За овие и други прашања во вечерашната „Топ тема“ дискутираа поранешната судијка Вера Коцо, адвокатот Тони Менкиновски и поранешната претседателка на ...
Трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД ќе биде суспендиран од Европскиот парламент по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд и за воведување на ноци царини. Суспендирањето ќе биде објавено утре попладне во Стразбур, јавува „Би-Би-Си“. Договорот беше постигнат лани во јули, меѓу претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД, Доналд Трамп на голф терени во ...
Владата на Полска планира постепено да ја укине вонредната финансиска помош за украинските бегалци, кои по руската инвазија во февруари 2022 година, пребегаа во Полска. „Четири години подоцна ситуацијата е постабилна. Може постепено да се укинува мерките и можеме да преминеме од привремени на трајни решенија“, изјави владиниот портпарол Адам Шлапка. Во предлог-законот, што треба да биде доставен до Парламентот, се наведува дека почетната ...
Албанскиот премиер Еди Рама ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Одборот за мир за Појасот Газа, меѓународна иницијатива чија цел е решавање на глобалните конфликти и активно градење мир. Во јавна реакција, премиерот Рама објави дека Владата ја прифатила поканата и оти „вклучувањето на Албанија во оваа структура наскоро ќе биде доставено до албанскиот Парламент за одобрување, во согласност со уставните ...
Осомичениот судија Ѓоко Ристов доби куќен притвор и му е одземен пасошот, откако остана и без имунитет. Во куќата на родителите на апелациониот судија во Неготино викендов беа пронајдени соѕидани 350.000 евра. Сега човекот што делеше правда, се гони за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари. „На осомничениот му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање ...
Судството е уставна категорија, судиите се бираат доживотно, освен ако не направат некоја потешка дисциплинска повреда, некакво кривично дело, па да се разрешат. Значи, го имаат целото право и основа да делуваат. Што се случи, што самите судии едноставно придонесоа да падне довербата на два посто, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ ...
Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со минимални 24-23 во рамки на последното 3.коло од групната фаза на Европското првенство. Херој на нашиот тим вечерва беше крилото Ненад Костески, кој погоди за победа буквално во звукот на сирената. Македонија одигра фантастична одбрана во првиот дел и тргна фуриозно – поведе со 4-0. Романците до првиот гол стигнаа дури во 11. минута, и тоа од пенал. Предноста на нашиот тим потоа се ...
Ова е почеток на распадот на еден правосуден систем кој го имаме ние 30 години, истакна Тони Менкиноски, адвокат, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на случајот со осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов во чија куќа на родителите беа откриени соѕидани 350.000 евра. „Правосуден систем кој што, за жал, морам да кажам дека самиот од себе се распаѓа, затоа што тој можеби има закони, не нема системски кој да ги спроведе. И она ...
Случајот со апелациониот судија Ѓоко Ристов ја потресе јавноста и лошо делуваше и кај судиите и кај целокупната судска фела, па и кај адвокатите и останатите кои што се вклучени во правосудниот систем, рече Вера Коцо, поранешна судијка во Врховниот суд, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Ова беше неизбежно. Тој бил следен подолго време и на крај се случи тоа што се случи. Се плашев како ќе реагира Судскиот совет, имајќи го во ...
Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата во емисијата „Директно“ истакна дека самостојните вршители на дејност, микро малите компании не може да ги постигнат барањата на Синдикатот. Тој посочи дека економијата не е стационирана само во Скопје каде обемот е голем, туку и низ целата територија на државата. „Она што го слушнав од моите колеги е она на што ние сакаме да се приклучиме. Можеби е потребно да се разговара за минималната плата, за можна ...
Судскиот совет едногласно му го одзеде имунитетот на осомничениот судија Ѓоко Ристов, а сега се чека на Кривичниот суд дали ќе му одреди куќен притвор и ќе му го одземе пасошот. Расправата на Судски совет беше зад затворени врати за да не се повреди истражната постапка, а јавноста само го следеше гласањето. Ристов по сослушувањето во ОЈО ГОКК и по одземањето на неговиот имунитет се упати накај судот каде ќе се донесе одлуката дали ќе се брани ...
Во вечерашната емисија „Директно“ зборуваше Тони Јаревски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и магистер по економски науки. Тој истакна дека законите треба да се почитуваат, и сите страни да бидат задоволени во донесување на одлуките. „Ќе се трудиме да се исполнат колективните договори, законските одредби, и легислативата која ја детерминира оваа проблематика. Во тој дел целосно се сложувам. Самата легислатива е направена за да може да ...
Во вечерашната емисија „Директно“ дебатираат Слободан Трендафилов од ССМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата. Трендафилов на почетокот истакна дека наредната недела се најавува Генерален штрајк поради тоа што Владата остана нема во врска со зголемување на минималната плата, која е една од најниските на Балканот и во Европа. „Ниту владата ниту работодавачите се договорија до крајот минатата година и желбата да ...
Судскиот совет му го одзеде имунитетот на осомничениот судија Ѓоко Ристов кој во моментов е на судија на претходна постапка кој одлучува за мерките кои ги побара ОЈО ГОКК. Откако на Ристов му беше одземен имунитетот тој се упати кон Кривичниот суд каде допрва ќе се носи одлука дали судијата ќе оди во куќен притвор и ќе му биде одземен пасошот. Ристов од средата 14 јануари земал боледување и не одел на работа во Апелациониот суд. Илјадиниците ...
Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.П. (24) од Куманово и М.В. (41) од селото Љубодраг, кумановско. Како што информираат од полицијата, службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кумановско, сопственост на М.П. За време на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон со денови е со наочари за сонце во јавните настапи. За првпат се појави со нив за време на традиционалната посета на стратешката воздухопловна база Истре на 15 јануари, а ги носи и во Давос на Светскиот економски форум, каде не ги извади ниту за време на официјалниот говор. Елисејската палата уверува дека станува збор за „тотално безопасна“ повреда. „Ве молам, извинете ме за неестетскиот изглед на окото. ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Т.Т. од Охрид и 44-годишниот Е.Д.Г. од Радовиш поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Како што информира полицијата, пријавените, во својство на инвеститори, на катастарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако биле свесни дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган. „При извршена ...
Новиот македонски долгометражен игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и продуцент Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Веста денеска беше соопштена во Берлин, што претставува големо признание за македонската кинематографија. Филмот „17“ е поддржан од Агенцијата за филм со средства во износ од 23 милиони денари, како значајна поддршка за реализација на ...
Со 7 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“ Анел Фидоски е новиот шеф на скопското обвинителство. Има 11 годишно искуство како обвинител, а предмети водле познати за јавноста се за смртта на малата Тамара каде Фидовски го преквлификуваше делото со што застаре но и Тенковски дeлови кој исто така застаре. Тој ја работи и на предистрагата за Усје по кривичната пријава од екс градоначалничката Данела Арсовска. Два гласа помалку доби досегашниот ...
Министерството за внатрешни работи предупредува на фишинг-напади преку лажни СМС-пораки, меилови, веб-страници и пораки на социјалните мрежи, кои наводно се испратени од страна на Одделот за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“. Во нив се содржи лажен линк со кој граѓаните се пренасочуваат да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок. МВР апелира граѓаните да не ги отвораат сомнителните пораки и да не споделуваат ...
Уставниот суд на Бугарија ќе решава по оставката на претседателот, Румен Радев, кој по девет години реши да се повлече од фукцијата шеф на државата, со намера да се обиде да ја освои извршната власт на претстојните предвремени парламентарни избори во земјата. Изминатата година се почесто во политичките кругови во Бугарија се споменуваше неговата амбиција да застане на чело на државата, но како премиер, што Радев го потврди во обраќањето кое ...
Собранискиот деловник не е оптимално правно регулиран и создава конфузија и пречки за ефективен надзор над извршната власт, покажува истражувањето на професорот Денис Прешова. Детектирани се слабости во однос на пратеничките прашања, интерпелацијата, нелогичното разликување помеѓу јавни расправи и јавни дискусии, додека надзорните расправи се регулирани посебно. Тука се и анкетните комисии за кои е оставен простор сами да си утврдуваат ...
Истата храна во декември, во јанауари поскапа за илјада денари… едно четиричлено семејство според сојузот на синдикати месецов треба да одвои најмалку 66,413 денари.. Една третина оди за храна, а пораснале и давачките за струја, вода, затоплување.. Единствено поевтинел транспортот. Зима, е и треба потопла гардероба, но и повеќе пари да се купи, особено овој месец, пресметале синдикалците кои не се откажуваат од барањето за 600 евра минимална ...
Започна „пробниот режим“ за тестирање на камерите за сообраќајни прекршоци. „Паметниот град“ ќе се прилагодува од денеска до 31 јануари со тоа што ќе се врши тестирање и калибрација на камерите, во периодот од 8 до 20 часот. Полицијата апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, но и да покажат трпение и соработка – за да профункционира системот, мора и сообраќајот да трпи малку паузи. ...
Учениците се вратија во училиштните клупи, а со тоа се зголеми и опасноста од ширење на грипот. Со почетокот на второто полугодие, бројот на заболени деца е во пораст. На Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле дневно се прегледуваат над 100 деца, од кои околу 70 се задржани на болничко лекување, а 10 од нив се на кислородна поддршка. Сепак здравствените власти донесоа одлука учениците да се вратат во училишните клупи навремено. ...
Ќе се менува ли сопственикот на БЕГ, компанијата која до пред некоја година го менаџираше парното греење? Фирмата Енволед Инвестмент со седиште во Обединетите арапски емирати се токму да ја купи Битар Холдинг Лимитед со седиште во Кипар, кои пак во земјава стопанисуваат со Балкан Енерџи Груп или познатата БЕГ, но се и акционери во когенеративната централа ТЕТО, стои во известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Енволед е ...
Нова година, стари проблеми. И по еден месец, без поместување од мртва точка – граѓаните повторно излегуваат на протест против аерозагадувањето. Утре во 18 часот, пред цементарницата „Усје“, се очекува да се соберат граѓани и активисти кои повторно го вперуваат прстот кон оваа компанија како еден од изворите на загадениот воздух во главниот град. „Важно е да се знае дека мерењата на амбиеталниот воздух со кои институциите располагаат се на ...