
Скопје
40ᴼ /
40ᴼ



Федералните резерви ја задржаа својата клучна каматна стапка непроменета, отфрлајќи ги барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на трошоците за задолжување, како и изјавија дека ризиците и од повисока невработеност и од повисока инфлација се зголемиле, невообичаена комбинација што ја става централната банка во тешка положба. ФЕД ја задржа својата каматна стапка на 4,3% трет состанок по ред, откако ја намали три пати по ...
Утрово стапи на сила тридневниот прекин на огнот кој го прогласи рускиот претседател Владимир Путин а во пресрет на одбележувањето на Денот на победата во втората светска војна. Рано утрово е релативно мирно во украинските градови. Сепак, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала насочувани бомби врз регионот Суми, неколку часа по почетокот на примирјето. Украина не се обврза на прекин на огнот, оценувајќи дека потегот на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека 21 заложник се сигурно живи, додека за уште тројца не може да се потврди нивната состојба, што ја потврдува и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дадена претходно оваа недела. Координаторот за заложници, Гал Хирш, објави дека Хамас моментално држи 59 лица – 24 живи и 35 мртви. Судбината на заложниците продолжува да предизвикува длабоки поделби и немир во израелското општество, а ...
Црн чад се издигна синоќа од оџакот на Сикстинската капела во Ватикан, означувајќи дека првото гласање на кардиналите во конклавата заврши без избор на нов поглавар на Римокатоличката црква. Илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ со нетрпение го чекаа сигналот по ден исполнет со церемонии и молитви. Избор во првото гласање не беше очекуван, бидејќи тоа ретко се случува во поновата историја. Кардиналите-избирачи ќе продолжат со два круга ...
Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека неговата земја мора да ја има најголемата армија во Европа, потврдувајќи ја својата поддршка за силна европска одбрана. Неговите коментари дојдоа за време на вчерашната заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Полскиот лидер на Германија и порача дека мора да продолжи да ги зголемува своите трошоци за одбрана. Мерц ја посети Полска и се осврна на плановите на неговата нова влада ...
Речиси ниту една друга земја не го одбележува крајот на Втората светска војна со иста фанфара и жар како Русија, за која победата над нацистичка Германија пред 80 години останува извор на огромна гордост и дефинирачки момент во историјата. Денот на победата, кој се слави на 9 мај, е најважниот секуларен празник на Русија, кој ја одразува нејзината жртва во воено време. Но, Кремљ го користи и за да го зајакне патриотизмот и да го врати престижот ...
Потпретседателот Џ.Д. Венс изјави дека Русија „барала премногу“ во својата првична мировна понуда, додека САД се стремат да стават крај на војната во Украина. Потпретседателот, зборувајќи на состанок во Вашингтон, организиран од Минхенската безбедносна конференција, не ги образложи условите на Москва, но рече дека не е песимист во врска со можноста за мировен договор. Коментарот на Венс, кој минатата недела изјави дека најголемата војна во ...
Во новото издание на ХоризонТелма зборуваме со Зоран Стевиќ инструктор нуркач ,поранешен член на специјалните единици на нуркачи при МВР. Ја откриваме магијата на подводниот свет, мистерииите на длабочините и предизвикот да се биде нуркач .Гледајте не! 🎙️ Премиерата на 25-та епизода од втората сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја во петок во 20 часот. 🎧 Слушајте ги сите епизоди на YouTube подкаст каналот на Телма или на Spotify © ...
Министерот за здравство и лидер на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за можноста за предвремени избори рече дека како партија не се заинтересирани тие да бидат наесен, но, ќе се подготват ако бидат распишани. „Дали ќе се оди на парламентарни избори тоа ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Ако тие одлучат така, тогаш мора да се оди. Начелно сметам дека прво треба да има локални, па идната година да се оди со предвремени парламентарни. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече вечерва, за голема инвестиција од 50-тина милиони евра за сите три предвидени градски линии. „Вчера на владина седница ја разгледавме реализацијата на пректот „градски воз“. Заврши ...
Од оџакот на Сикстинската капела вечерва излезе црн чад, што значи дека по првиот круг на гласање на конклавата не е избран нов Папа. Гласањето за наследник на папата Франциск продолжува утре и така ќе биде сè додека еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство за поглавар на Римокатоличката црква. Сто и 33 кардинали попладнево положија заклетва и затворија во Сикстинската капела, без комуникација со надворешниот свет до изборот на Папа. ...
Го поздравивме чекорот на Таравари што рефлектираше, тој рече дека „Вреди“ не вреди толку и дека не се исполнети очекувањата на граѓаните кои ги гласаа, рече Арбана Пашоли од ДУИ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „И ако тоа доаѓа од внатре, од самата коалиција, од партнер кој довчера беше почитуван, тоа значи дека има вистина во тоа, без разлика што тие сега зборуваат за Таравари. Дали ние имавме улога? – Мислам дека ДУИ, сега и ...
Јасна и очигледна е нетрпеливоста во коалицијата „Вреди“, од една страна Алијанса на Албанците на Таравари, од друга политичките субјекти предводени од Меџити, Касами и Ибрахими и особено нетрпеливоста меѓу Меџити и Таравари, рече Јована Тренчевска од СДСМ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Од она што го знаеме е дека на средбата меѓу Мицкоски и Таравари е дадено време. Мој став, мое мислење е купувањетона време, всушност значи ...
Чорбата е одамна испиена, една од точките на агендата на Таравари е добивање време, рече Беким Сали од „Вреди“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Ние сме разумну луѓе, треба да бидеме учтиви и умни како политичари кои што сме одговорни пред јавноста. Да не губиме време за нешто што е кристално јасно кон што води. Седум месеци сме изгубиле во преговори за формирање на заеднички листи за пристапување кон парламентарни избори. Седум ...
Прекрасна е иднината на парламентарното мнозинство, порача Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Во било какво можно сценарио или било каква најстрашна состојба, владеачкото мнозинство е многу стабилно. Бројот на пратеници во секој момент е 75 и повеќе, бидејќи во собранието има и состојби на размислувања, не слепо следење на коалициите и сите оние состојби кои што се случуваат секојдневно. ...
Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети на што тој потврдно ни одговори, рече Беким Сали од „Вреди“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Јавноста беше шокирана од канали на комуникација кои што постоеле меѓу Таравари и Ахмети, а сето тоа било скришум, односно на перфиден начин изведено, за другите коалициони партнери од „Вреди“ да не знаат од оригиналниот извор, од господинот Таравари, ...
Кардиналите влегоа во Сикстинската капела, каде попладнево започна конклавата за избор на 267-миот папа. По влегувањето, кардиналите застануваа на своите места, каде што веќе беа подготвени материјалите за гласање. Масите, покриени со кафеави покривки и украсени со црвени драперии, се распоредени во четири реда – два од десната и два од левата страна. Кардиналите положија заклетва, по што беше изречена традиционалната наредба „Екстра омнес“ (на ...
Со побрза стапка на раст, Македонија би можела за 30 до 40 годии да го достигне просекот на Европската Унија (ЕУ) во приходи по глава на жител, оцени Иваило Изворски, главен економист на Светска Банка (СБ) за Европа и централна Азија. Пред презентацијата на извештајот на СБ во Скопје, рече дека со побавен раст можно е да требаат и 60 до 70 години. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во ...
Иако не дојде да дава совети, сепак, не издржа, и хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ ѝ даде совет на Македонија, да биде себична колку што може на патот кон Европската унија (ЕУ), односно да не дозволи да биде жртва на уцени и изнуди кога е во прашање членството во ЕУ, при што нагласи дека не мисли директно на Бугарија. Милановиќ, кој престојуваше во службена посета на земјава, не смета дека сите совети што ги добива Македонија од Брисел, ...
Министерката за енергетика Божиновска не очекува проблеми со мрежата во летниот период. Откако за време на велигденските празници поради преоптовареност на мрежата а намалена потрошувачка на струја беа исклучени некои производителите, а истото се очекуваше да се случи и за први мај, надлежните барем за сега не гледаат причина да се појават вакви проблеми на вишоци на струја за време на летниот период со образложение дека поради топлото време ...
Познат охридски бизнисмен го добил старателството врз својот 4 годишен син, иако претходно судот му изрекол мерки, бидејќи вршел психичко семејно насилство врз својата жена. Пред целата битка за старателството и пред разводот, бизнисменот и лажно пријавил дека неговото дете било физички и психички малтретирано од неговата мајка Невена и неговата баба Милена. Судот за лажното пријавување го казнил со 250 евра. Воедно бизнисменот бил пратен и на ...
Експропријаци, ова ќе биде најголем проблем со кои ќе се соочува изведувачот Рапид Билд кој е избран и со кој се потпиша договор за да го реализира гасното поврзување со Грција. Според, информациите, најголем дел од овој процес е завршен, но има спорни делови каде се уште се преговара околу средствата кои треба да им се платат на оние низ чии имоти треба да поминува трасата. Ако не се испочитува договореното НОМАГАС ќе треба да плаќа пенали кон ...
Лидерите на Вреди со порака до премиерот – да се види до каде е соработката на Таравари со ДУИ, за потоа да се одлучува како понатаму, за владиниот состав. Ден по средбата на претседателот на Владата и министерот за здравство, тројцата лидери на Вреди вчера седнаа на заедничка маса со Мицкоски. Средбата се одржа без никаква најава за медиумите, со непотврдени и неофицијални информации до доцна вечерта. Потоа, владини извори кратко брифираа – ...
Се намалува бројот на вработени кои одат на боледување споредено со 2023-та во следната година. Сепак, фондот потрошил 3,6 милиони евра повеќе за 10,3 проценти помалку боледувања. Трошокот на државата за оние кои морале да седат дома, треба да се бара во зголемувањето на примањата, иако во годишниот извештај на фондот за здравствено осигурување недостигаа објаснување. Се бележи Пад кај сите причини за боледување, но се уште први на листата се ...
Овошјето и зеленчукот со двоцифрени поскапувања од 26 односно 13 проценти за една година покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика. Се освен маслото се продава поскапо сега се продава поскапо. Статистика измери 2,6 проценти годишна инфлација и поскапување од 2,7 проценти кај цените на мало. 26 проценти поскапо овошје, 13 проценти поскап зеленчук, пет проценти поскапа храна… вака изгледа споредбата на цените на основните ...
Денес се одбележува 7ми Мај – Денот на македонската полиција. Оваа година денот се одбележа во Центарот за обука на МВР во Идризово. Оттаму министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите полицијаци и порача дека МВР повеќе не е затворен објект туку институција која работи рамо до рамо со граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека законот ќе важи исто за сите граѓани и дека полицијата активно ќе го гони криминалот. ...
Не назадуваме, но на добар пат сме да доцниме со реформите, доколку министерството не ги поднесе реформските закони, а Собранието најитно не почне со работа, предупредуваат од Институт за демократија. Доцнењето, велат, особено ќе се одрази на обврските во рамките на реформската агенда и Планот за раст со што се поврзани многу финансиски средства, но уште поважно е што се работи за реформи кои треба да доведат до поголема функционалност на ...
Основенито суд во Скопје целосно го прифаќа обвинението за предметот за злупотреби и јавни набвки во РЕК Битола под работно име „Адитив“ и ќе им суди на 31 обвинет кои според обвинителите сотриле кривични дела од несовесно рабтоење во службата, дел злосторничко здружување и злоуптореба на постапката за јавен повик, а четворица пред судот ќе се бранат за перење пари. Судот следно ќе закаже темини за рочишта. За потсетување, предметот Адитив со ...
Што значи да се биде мировник, Јулијана Трајковиќ, почувствувала веднаш по слетувањето на аеродромот во главниот град на Либерија, Монровија, на 8 октомври 2006. Мисијата на ОН не била известена за нејзиното пристигнување, а, таа, сама, првпат на африканско тло, во земја која живее тешки времиња по исцрпувачка граѓанска војна, сиромаштија, глад, болести и нарушени човеков права, морала да се снаоѓа за да дојде до базата. Но, можеби тоа беше ...
Четворица средношколци од кочанското средно стручно училиште „Гошо Викентиев” се добитници на втората награда за иновативност, во категорија на средношколци, на натпреварот за млади претприемачи “Попри Интернешнал” поддржан од Европската стратегија за Јадранско-Јонската иницијатива – ЕУСАИР. Изумот е еколошко средство за чистење од лушта од ориз. Следниот чекор за Миа Андрева, Велинчо Китанов, Сара Николова и Матеа Саздова е студиски престој во ...