Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пет лица, за среќа, се полесно повредени кога воз удрил во камион кој се заглави на обележан железнички премин во Холандија, покажува драматичната снимка што ја објави националниот железнички оператор. Според Прореил, инцидентот се случил во селото Метерен во четврток. На видеото се гледа камион како се обидува да ги премине преку пругите пред да се врати назад преку нив. Потоа се гледа како не може да излезе од пругите, бидејќи рампите во ...
Адвокат, кој бил мобилизиран од украинската војска, илегално ја минал државната граница со Унгарија во Закарпатската област, пробивајќи ја рампата на контролната точка Велика Палад. Во инцидентот е повреден и припадник на граничната патрола, а надзорните камери го снимиле бегството. По повод инцидентот се огласи и прес-службата на украинската гранична стража. Во соопштението се изразува сомнение дека е сторено казнено дело „загрозување на живот ...
Српската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ се најде во непријатна ситуација за време на синоќешниот концерт во спортската сала „Гемиџии“ во Велес кој траеше околу два часа. Во еден момент од публиката ѝ беше дофрлено знаме на Бугарија на сцената, со напис на српски јазик „Цецо, Бугарија те сака“, кое го зема и го наметна на себе. Тоа предизвика бурни реакции во јавноста, негодувања меѓу присутните кои го исвиркаа таквиот нејзин потег, а ...
Луѓето во Њујорк ги облекоа своите костими на парада за Ноќта на вештерките. Оркестри можеа да се слушнат како одекнуваат низ целиот град додека се движеа по булеварите, а минувачи од сите возрасти ја снимаа парадата. Во меѓувреме, моторџии во костуми возеа низ Мексико сити во посебен настан за Ноќта на вештерките што го нарекоа Возење на теророт. Тие возеа низ мексиканската престолнина, придружувани од полициски патроли, иако некои мотори беа ...
Новите санкции кон Русија и ситуацијата на фронтот беа во фокусот на најновото обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски до јавностa. Мерките кон Москва, како што рече, се однесуваат на физички лица, на компании во воената индустрија и на пропаганда. Порача дека Европа веќе работи на 20-от пакет санкции, а Украина, како што кажа, продолжува со уништување на руските сили во и околу Покровск, иако нагласи дека Кремљ концентрира ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД за создавање на лажен наратив за да се оправда напад врз Венецуела, да се наметне промена на власта во земјата и да се украдат нејзините ресурси на нафта и гас. Тој апелира за крај на сите воени закани по мирот во Латинска Америка. Коментарите на Мадуро доаѓаат во време на тензии меѓу Каракас и Вашингтон околу распоредувањето на американски воени бродови во водите крај Венецуела. ...
Прекинот на огнот во Газа се почитува, додека десетици илјади раселени Палестинци се борат да преживеат во шатори низ централна Газа, каде што голем дел од територијата е претворена во урнатини од израелската офанзива. Жителите во голема мера се потпираат на помош, бидејќи многумина не можат да се вратат во своите домови кои или се уништени или остануваат во областите кои сè уште се под израелска контрола. Помошта и залихите влегоа на ...
Поднесена е кривична пријава против 67-годишен жител на Неготино, поради постоење на основи за сомнение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес. Осомничениот, на 20-ти октомври, преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ...
Малолетен гостиварец утрово завршил во болница, каде му била пружена медицинска помош, откако било пријавено дека се затрул по конзумирање алкохол во угостителски објект, информира тетовската полиција. Случајот го пријавиле од Ургентниот центар во Гостивар во 02:45 часот дека кај нив е донесен малолетник затруен со алхохол. Станува збор за 16-годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка, алхохолот го консумирал во угостителски објект ...
Милка Митрова од скопско Маџир Маало денеска го пречека избирачкиот одбор на куќниот праг. Вели дека секогаш гласа на избори, но веќе неколку години на масата во својот дом од каде што преку телевизија ги следи сите изборни процеси. „Граѓанска должност има секој и сите треба да гласаат“, рече Митрова, пред да ги помине процедурите за гласањето. „Секогаш гласаме на изборите, не сме оставиле до ден-денеска. Не сме способни, шест години нѝ доаѓаат ...
Најголемиот затвор во земјава Идризово е едно гласачко место за сите 30 општини во кои има гласање во вториот круг за локалните избори. Денеска ден пред изборите се гласа и во останатите Kазнено-поправни институции низ целата земја и од ДИК известуваат дека секаде гласањето започнало на време. Во Идризово има 1.284 затвореници, но 122 се без право на глас, бидејќи се странци. Сепак, во втор можеа да гласаат само 620 затвореници, бидејќи ...
Една година од трагедијата во Нови Сад која го втурна српското општество во немир и длабоки поделби и за која сè уште нема прецизна одговорност или казни. Денешниот комеморативен собир почна во 11:30 част на платото пред железничката станица во Нови Сад, со 16-минутен молк во почит на жртвите. Масовни колони граѓани тргнаа денес околу 10:30 часот од 16 различни делови на Нови Сад кон железничката станица. Граѓаните се движеа во тишина, а на чело ...
Три лица се обвинети дека краделе кабли од скопската „Железара“ при што предизвикале материјална штета од илјадници евра и пожар кој можел да има сериозни последици. Тие, во периодот од март до мај оваа година, од кругот на фабриката одзеле различни видови електрични кабли што припаѓале на „Електрани на Македонија“ и „Макстил“. ОЈО Скопје „Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на ...
Украинската армија во текот на ноќта го нападна подрачјето околу руската престолнина Москва со борбени беспилотни летала, објави германската новинска агенција ДПА, што е втор таков напад за една недела. Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин дел од беспилотните летала се соборени. Во поголемиот дел од градот Жуковски, југоисточно од Москва, снабдувањето со електрична енергија беше прекинато синоќа, а градските власти го објаснија ова ...
Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро повика за крај на сите воени закани по мирот во Латинска Америка. Според него, се изнесуваат лажни обвинувања за трговија со дрога „за да се оправда војната, да се промени власта и да се украдат големи ресурси на нафта и гас од нас“. „Венецуела е добро подготвена да го заштити мирот, татковината, суверенитетот, демократијата и слободата. Нашите латоамерикански браќа и сестри и братски нации на Карибите ...
Голем комеморативен собир е најавен за денеска во Нови Сад додека во Србија е прогласен Ден на жалост по повод годишнината од уривање на натстрешницата на железничката станица, пришто животот го загубија 16 лица. Студентите ќе се собираат на 16 локации во главниот град на Војводина од кои, како што најавија, ќе тргнат кон место на несреќата. Повикаа на масовност и учество без свирчиња и други обележја и да ја почитуваат тишината. Српската ...
Со денешното гласање на болните, изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови, почнува вториот круг од локалните избори на кои се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, поднесе oбвинение против три лица кои сториле кривично дело – „Тешка кражба од објекти на јавни инсталации од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот“, согласно член 236, став 4, во врска со став 1, точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, како што се наведува во соопштението, заедно и со други лица кои сè уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај ...
Поранешниот албански премиер и лидер на албанската левица Фатос Нано, почина денес во Тирана на 73-годишна возраст, објави албански премиер Еди Рама. Веста ја објави и „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите. Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и премиер во три мандати — кратко во 1991 ...
Неколкудневните поројни дождови, бурите и катастрофалните поплави предизвикани од ураганот Мелиса влијаеја на животите на повеќе од 700.000 деца низ Карибите, според проценките на УНИЦЕФ. Силната бура, која директно ги погоди Јамајка и Куба, а ги погоди и Хаити и Доминиканската Република, остави голем број раселени деца и семејства. Инфраструктурата е уништена, посевите се уништени, а основните услуги како што се здравствената заштита и ...
Може ли вториот круг од локалните избори да донесе изненадување во Скопје, Тетово, Кичево, Карпош. Политичка реконструкција по изборите најавија и власта и опозицијата, но колку се подготвени за длабоки резови. Кој би добил, а кој би загуби од евентуални предвремени избори? Ќе го сменат ли овие локални избори водењето на политичката кампања во иднина. Во Топ Тема дебата со Марко Трошановски од Институт за демократија, Сефер Селими од Демократска ...
Може ли вториот круг од локалните избори да донесе изненадување во Скопје, Тетово, Кичево, Карпош. Политичка реконструкција по изборите најавија и власта и опозицијата, но колку се подготвени за длабоки резови. Кој би добил, а кој би загуби од евентуални предвремени избори? Ќе го сменат ли овие локални избори водењето на политичката кампања во иднина. Во Топ Тема дебата со Марко Трошановски од Институт за демократија, Сефер Селими од Демократска ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори – 2 ноември во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот ...
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец, осомничен за тешка телесна повреда извршена при семејно насилство. Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 28 октомври во семејниот дом, по кратка вербална расправија, кога осомничениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да ѝ ги ...
Десетгодишно девојче е прегазено на магистралниот пат Охрид – Кичево и со тешки телесни повреди е хоспитализирано во локалната болница. Зад воланот бил 60-годишен маж. „На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С. (60) од с. Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки ...
Вработените во „Паркови и зеленило“ и синдикатите денеска излегоа на протест пред Собрание за да си ја побараат септемвриската плата, но и регрес и додатоци за јубилеи. Пред Собранието порачаа дека плата за работниците мора да има и повторно се пожалија дека побарале средба со директорот на претпријатието, но тој се оглушува на нивните барања. Барање за средба упатуваат и до градоначалничката Арсовска и до управниот одбор. © 2020 Телевизија ...
Сведоците појаснија дека имунотерапијата и биолошката терапија се аплицираат според клинички индикации, а одредени лекови, како Херцегпин, не се применуваат кај пациенти со определени параметри. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а судењето за финанските злоупотреби на Онкологија продолжува на 6 ноември со сослушување на нови сведоци предложени од Обвинителството. Обвинетите на почетокот негираа вина, а одбраната тврди дека обвинението е ...
Речиси половина милион граѓани работат на црно, а користат привилегии во здравствениот систем. Во државата, според фондот за здравство (ФЗО), има нешто над 1,8 милиони осигуреници, а фокусот се над 477.000 лица кои работат во сивата економија и оние кои живеат или приходите им се во странство. Фондот го испитува ризикот од злоупотреби на здравственото осигурување. „Можната штета е по две основи, а тоа е дека се оштетува буџетот, бидејќи се ...
Индустриското производство со раст од 2,7 отсто во септември во однос на истиот месец лани, покажуваат последните податоци на Статистика. По падот од 3,5 проценти во август, сега се забележува некое раздвижување. Растот генерално е движен од секторот интермедијарни производи, но и од преработувачката индустрија, односно од производството на храна, тутун, кожа и производи од кожа. Пад на производството е забележан кај производите за широка ...