На двајцата пратеници од редовите на Вреди, Беким Ќоку и Аднан Азизи и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, не им бил забранет влезот во Албанија, туку тие се вратиле во Македонија во знак на револт што биле држени на граничниот премин „Ќафасан“ повеќе од еден час, иако имале дипломатски пасоши. Ова за Телма го изјави Муртезани, според кого нивниот четврти сопатник, кој не е функционер, имал забрана за влез во ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин Ќафасан, соопштија од неговиот Кабинет. Во рекацијата до јавноста, тој напоменува дека „пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат“ и поради тоа секое постапување треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и ...

Не станувало збор за забрана за пратениците од Вреди, туку за законска пречка за едно лице од нивната придружба. Ова на прес-конференција го изјави директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по инцидентот во кој пратеникот и координатор на пратеничката група на партијата, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата на Македонија, Хасим Муртезани, вчера еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан ...

Задржувањето на македонските функционери од коалицијата „Вреди“ на граничниот премин Ќафасан не било поради забрана за нив, туку поради законска пречка за нивната придружба. Ова го појасни директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по острите реакции во јавноста. Според Хита, во возилото имало четири лица, од кои тројца – пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани – имале уредни ...

И албанската полиција, како и тамошните царински власти, вели дека тројцата македонски функционери, кадри на Вреди – координаторот на пратеничката група на владејачката Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на македонската Влада, Хасим Муртезани, биле задржани на граничниот премин, Ќафасан, поради четврто лице – нивен сопатник. Царинските власти соопштија дека имало проблем со неговите документи, а ...