Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Охрид и Вардар ќе се соочат во големото финале на Купот на Македонија, кое утре ќе се одигра во Струмица. По одличните изданија во полуфиналето, охриѓани со многу самодоверба влегуваат во битката за трофејот, каде ги очекува најтрофејниот македонски клуб. Пивотменот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ, го најави утрешното финале. Тој најави тежок и неизвесен натпревар, потенцирајќи дека тимот верува во своите шанси и е подготвен да се надигрува со ...
Детонит Плачковица со минимални 0:1 загуби од Брегалница во дербито на 25. коло на Втора лига, а единствен стрелец беше Бојан Рајков. Доста шанси не реализираше тимот од Радовиш, особено од 72. минута кога голманот на „сините“ Филип Купанов доби директен црвен картон поради спречување на очигледна шанса за гол надвор од 16-те метри. Тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков им честиташе на фудбалерите на Брегалница за победата, истакна ...
Ракометарките на Ѓорче Петров со убедлива и сигурна игра обезбедија ново финале во Купот на Македонија, откако во полуфиналето во Струмица славеа против Пелистер со високи 37-15. Уште од самиот почеток беше јасно кој ќе ја диктира играта. „Лавиците“ отворија фуриозно и со серија од 7-0 практично го решија прашањето околу победникот. До крајот на првиот дел разликата дополнително порасна, па на пауза се замина со убедливи 19-5. Во ...
Брегалница го освои Радовиш откако со минимални 0:1 славеше над Детонит Плачковица во дербито на 25. коло на Втора лига, благодарение на голот на Бојан Рајков кој беше единствен стрелец на мечот. Меч полн со предизвици особено во вториот дел, кога Филип Купанов истрча за да собере топка и доби црвен картон во тој дуел бидејќи излезе надвор од својата зоната, Капсаров беше повлече во игра за да влезе Никола Филевски, кој одлично се покажа на ...
Фудбалерите на Пелистер одиграа квалитетен натпревар и сосема заслужено славеа со 2-0 против Македонија ЃП, правејќи значаен чекор во борбата за опстанок во Првата македонска лига. Битолчани уште од стартот ја презедоа иницијативата и постојано се закануваа кон противничкиот гол. Иако создадоа повеќе можности во првото полувреме, реализацијата изостана, па на пауза се замина без голови, и покрај неколкуте сериозни закани, особено преку ...
Утрешното 22. коло на Трета лига – Југ го носи големото дерби кое ќе го решава шампионот, Превалец на домашен терен против лидерот Борец. Дуелот на второпласираниот и третопласираниот тим, само три бодови е разликата, а на првото соочување во Велес некогашниот прволигаш Борец беше минимално подобар со 1:0. Правдата на дербито меѓу Превалец и Борец ќе ја дели Ангелчо Ристов, а ќе му помагаат Ване Данилов и Ване Дупкаров. Башкими Јаболчиште на ...
Вардар продолжува со сигурни чекори кон врвот во Првата македонска лига, откако во рамките на 28. коло убедливо го совлада Шкупи со високи 7-0. „Црвено-црните“ од самиот старт ја наметнаа својата игра и не оставија простор за изненадување. Уште во првите минути беше јасно дека иницијативата е на страната на вардарци, кои создадоа неколку изгледни шанси, а првиот гол пристигна преку Горан Закариќ. Иако ситуацијата беше проверувана со ВАР, ...
Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од сезоната 2016/17 и била изборена на домашен терен. Ова ќе биде нивно трето соочување годинава, при што натпреварот во Ѓорче го добија домашните со 2:1, а во Битола се играше нерешено 1:1. Со 26 бода, Пелистер денеска е една позиција над Македонија ЃП на табелата, но разликата е само ...
Започнаа активностите за расчистување на просторот околу фудбалското игралиште во Злетово, со што практично се отвора процесот за негова целосна реконструкција и унапредување на условите за спорт. По првичната фаза на расчистување, предвидено е игралиштето да биде соодветно оградено, по што ќе следуваат активности за обнова на самиот терен. Во план е и изградба на нов систем за наводнување, како и подготовка за реконструкција на ...
Охрид испиша историја со пласманот во финалето од Купот на Македонија, каде ќе се соочи со најтрофејниот Вардар. Финалниот натпревар е закажан за утре од 20 часот во салата „Парк“ во Струмица. Од клубот информираат дека е организиран превоз за сите верни поддржувачи кои сакаат да присуствуваат на финалето. Сите заинтересирани може да се пријават со име и презиме преку Фејсбук страницата или Инстаграм профилот на ГРК Охрид, најдоцна до денес ...
Денес со мечот меѓу БВК Коњаре и Ржаничино ќе биде отворено 20. коло на Трета лига – Север, а кое коло ќе се комплетира утре со останатите средби. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од оваа рунда. Воведниот меч ќе го суди Никола Костенчев, а ќе му помагаат Дејан Димитријевиќ и Бобан Јовановски. Беса Сарај ќе бара продолжува на победничката низа против Фортуна, а главен судија на овој меч ќе биде Александар Ѓорѓиевски, ...
Она што некогаш беше празник на фудбалот во главниот град, во моментов е претворено во обична обврска која што ете, според правилата и прописите мора да биде обавена. Денеска на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевки во Скопје од 13:00 часот, екипата на Шкупи ќе го пречека Вардар како домаќин. Шкупи е веќе второлигаш, и тука нема дилеми, а неможноста да ги доигра прволигашките мечеви на својот стадион во Чаир го тера клубот секој викенд ...
Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар Милошевски во Битола од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на Пелистер и Македонија ЃП. Уште еден од серијата дуели кои што периодов ќе ги гледаме, а се однесуваат на битката за опстанок, односно кои екипи ќе ги гледаме во ПМФЛ, а кои во второлигашката конкуренција следната сезона. Македонија ЃП како тим има доста квалитет во себе, пред се во младите и надежи македонски ...
Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци. Сите седум натпревари ќе можете да ги следите во живо, преносите се овозможени од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – ПОБЕДА ОСОГОВО -ТЕТЕКС СКОПЈЕ – КАМЕНИЦА САСА ОХРИД – ПРЕСПА БЕЛАСИЦА – КОЖУФ ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БРЕГАЛНИЦА (коментатор: Александар Ванев) СЛОГА ...
Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува на пресметка меѓу лидерот и екипата на самото дно од табелата. Вака накратко може да се опише денешниот дуел меѓу Шкупи и Вардар, кој се игра во рамките на 28-то коло од шампионатот. Домаќинот на оваа средба, екипата на Шкупи, сè уште ја нема почувствувано сласта на победата оваа сезона, ...
Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со еден натпревар. Екипите на Големо Коњари и Новаци ќе се соочат утре од 15:30 часот, додека сите останати екипи ќе играат денес. Овој меч и нема резултатско значење – Големо Коњари уште пред неколку кола испадна експресно во Трета лига – Југ, додека Новаци оди по сигурни три бодови и потврда на директен опстанок во второлигашкото ...
Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба да биде, веројатно уште појасно, која ќе биде третата екипа која во наредната натпреварувачка сезона ќе се пресели во понискиот ранг на натпреварување – Првата македонска лига. По она првото, екипите на Чаир 2030 и на МКК Куманово, „побегнаа“ уште еден чекор од онааа „опасна зона“. Истото, дури и повеќе од тоа го направија и кошаркарите на Работнички, кои по дуелот и ...
Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а најновото име кое се поврзува со „црвено-црните“ е францускиот среден бек Матео Фадуиле. Станува збор за 23-годишен ракометар кој настапува за Трембли и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција. Фадуиле игра во одлична форма оваа сезона, каде што се наметна како лидер на својот тим. На досегашните настапи има постигнато над 150 ...
Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, кои се закажани за утре. Демир Хисар на домашен терен ќе се соочи со тимот на Света Троица од Охрид, а главен судија ќе биде Александар Крстевски, а ќе му помагаат Горан Танчевски и Бобан Цветаноски. Делегат на мечот ќе биде Зоран Кокевски, а пак Борче Домазетовски е контролор. Дерби ќе играат Кравари и Караорман, а правда ќе дели Енис ...
За утре се закажани натпреварите од 10. коло на Втората женска фудбалска лига, делегирани се и судиите кои ќе делат правда на истите. Во Велес се игра натпреварот меѓу Борец и Порече од Македонска Брод, каде Николче Димовски ќе биде главен судија, а помошници ќе бидат Методија Костов и Мирко Најдов. Контролор на мечот кој треба да стартува во 13 часот е Бранислав Јанушев. Во Охрид ќе се игра мечот меѓу апсолутниот фаворит Билјанини Извори и ...
Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат од 6:5 во воведниот меч на 16. коло на Првата футсал лига. Играч на мечот беше Осман Мустафа кој постигна четири гола за Јувентус Серава обезбедувајќи ги практично трите бодови. Да погодоци за домашниот тим имаше Бејтула Јакупи. За гостинската екипа од Куманово по два гола постигнаа Јасир Зекири и Еркан Алиу, а еден гол постигна Берат Рамадани. До ...
Делегирани судиите за 18. коло во Третата македонска фудбалска лига – Запад, а кое коло се отвара утре со еден меч, а ќе се комплетира в недела со останатите дуели. Утре се игра мечот меѓу Ренова и Џепчишти, а за правдата е задолжен Дарко Радески, негови помошници ќе бидат Метин Османи и Серкан Зејнели. Делегат на средбата која стартува во 15:30 часот ќе биде Фатмир Салаи, а контролор е Реџеп Дерала. В недела се играат останатите средби. Од ...
За во недела се закажани натпреварите од 17. коло на Трета лига – Исток, познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата. Во Берово се игра натпреварот меѓу Малеш и Карбинци, каде главен судија ќе биде Тодор Апостолов, а ќе му помагаат Мики Ѓеоргиевски и Игорче Богатинов. Делегат ќе биде Гоце Димитров, а контролор Горан Ѓоргиев. На стадионот „Кукуш“ ќе се соочат два поранешни прволигаш – Хоризонт Турново домаќин на ...
Во време кога родителите сè повеќе се насочуваат кон квалитетни и безбедни активности за своите деца, летните кампови стануваат сè популарен избор. Тие не се само место за одмор, туку и простор за развој, стекнување нови вештини и создавање пријателства. За концептот, организацијата и значењето на ваквите кампови разговараме со професорката Магдалена Коцева и тренерот Бојан Коцев, кои веќе неколку години успешно организираат летни кампови во ...
Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако во полуфиналната пресметка убедливо го совладаа градскиот ривал Алкалоид со 33-28. Тимот на Иван Чупиќ ја потврди фаворитската улога и со сигурна игра во второто полувреме го скрши отпорот на противникот. Натпреварот започна со подобро издание на Алкалоид, кој рано поведе и наметна ритам, но Вардар брзо се стабилизираше и успеа резултатски да се врати. И ...
Младиот фудбалер Ерион Салихи важи за еден од најперспективните таленти во македонскиот фудбал, а неговите настапи оваа сезона го потврдуваат тоа на најдобар можен начин. Напаѓачот на младинските категории на Башкими блеска со својата ефикасност, постигнувајќи дури 20 голови во Пионерската Супер лига, со што се наоѓа на врвот на листата на стрелци. Салихи, кој е роден на 8 април 2009 година, е вистински продукт на клубот, минувајќи ги сите ...
Охрид прв обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија, откако одигра доминантен натпревар против Еурофарм Пелистер. По мечот, за Спортска Мрежа, тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ го анализираше полуфиналниот дуел и изрази големо задоволство од изданието на својот тим. Ројевиќ најпрво се осврна на самиот натпревар, нагласувајќи дека неговите ракометари одиграле дисциплинирано, со јасна контрола и верба во сопствените квалитети. ...
Овој викенд ќе се играат мечевите од 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, утре на програмата се седум мечеви, а еден е во недела. Дербито во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница го доби Стојанче Трпчевски, кој ќе суди трето дерби на „сините“ претходно со Скопје во Автокоманда и со Шкендија Арачиново во Сингелиќ. Помошници на Трпчевски во Радовиш ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт ...
Охрид испиша историја и ќе игра историско финале од Купот на Македонија, откако го декласираше Еурофарм Пелистер со 26:19 во полуфиналето. Голманот на „гладијаторите“ Бојан Блажески вели дека за овој голем триумф клучна била одбраната, а дополнува дека нападот бил перфектен. „Честитки до Пелистер за фер и коректната игра, честитки до нашите момци. Мислам дека денес одигравме еден од подобрите натпревари оваа сезона, одбраната беше клучна за ...
Охрид е првиот финалист во Купот на Македонија, откако во полуфиналето убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 26-19. Во одлична форма, охриѓани целосно го надиграа актуелниот шампион и заслужено обезбедија место во борбата за трофејот. Еден од најзаслужните за победата беше Дарко Ѓукиќ, кој постигна 5 гола и по натпреварот даде изјава за Спортска Мрежа, нагласувајќи дека тимот целосно го контролирал мечот и максимално ја искористил ...