Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Следниот викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, а четири фудбалери нема да бидат во комбинација за мечевите. Поради пет акумулирани жолти картони фудбалерот на Осогово, Михаил Николов нема да може да настапи за „жетварите“ на мечот со Победа во Прилеп. Брегалница на домашен терен ќе има лесна задача против Слога Виница, па нема да биде проблем што Анџело Николовски нема да игра. Каменица ...
Лидерот Влазними прокнижи нови три бодови откако на домашен терен со 2:0 го доби Кораб од Дебар во меч од 14. коло на Трета лига – Југозапад. Двата гола паднаа во вториот дел откако Аљтин Лога погоди во 50. минута за 1:0, а десет минути подоцна погоди Пајазит Салиу за конечни 2:0. Могила славеше домашен триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:1. Гостинот со голот на Фатон Таировски од 24. минута го отвори резултатот, но во 44. минута ...
Екипата на Билјанини Извори однесе убедлива победа од 5:0 над Плачковица, повеќе од јасно беше дека трите бодови ќе останат во Охрид. Марија Бојкова погоди двапати против својот поранешен клуб од Радовиш, двоен стрелец беше Викторија Стојаноски, а пак еден гол беше дело на Викторија Лазова. Лидерот Конзули однесе убедлива победа од 7:1 и сосема очекувано го „декласираше“ Слободен. Мелиса Милица Димитриоска постигна хет-трик, двоен стрелец ...
Лидерот Камјани го доби дербито во Брвеница славејќи со 1:3 над Вардар и со тоа е чекор поблиску до бараж за влез во Втора лига. По чистите мрежи во првиот дел, во вторите 45 минути беа постигнати сите погодоци. Сокол Исеини го отвори резултатот во 57. минута, а по пет минути Даут Даути погоди за 0:2. Тони Брњарчевски во 68. минута намали на 1:2 и ја врати неизвесноста се до 86. минута кога искусниот Шпенд Асани стрелаше за конечни 1:3. ...
Женското издание на Купот на Македонија донесе возбудливо финале и индивидуални признанија за најистакнатите ракометарки на турнирот. Во битката за трофејот, екипата на Ѓорче Петров ја потврди доминацијата и со победата од 33:30 против Спартак повторно се искачи на врвот. Покрај тимскиот успех, „лавиците“ имаа и најкорисна играчка на Ф4 турнирот. Признанието за МВП заслужено и припадна на Марија Гугуљанова, која со своите партии беше еден од ...
Првото пролетно коло во Општинската фудбалска лига во Струмица донесе промени во врвот од табелата откако есенскиот шампион Спартмани загуби од Огражден со високи 1:3. Четири погодоци беа постигнати во Радово за славје на тимот од Ново Село со што Спартмани го загуби врвот. Никола Тасев беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Живко Гоцев. Екипата на Дрвош со три „проектили“ во Пиперово славеше над Единство (0:3), додека пак во радовишко ...
Победа Валандово успеа да го преживее Дојран откако благодарение на голот на Никола Костадинов во 76. минута славеше со минимални 0:1 над Дојранско Езеро во дербито на Југот, во рамки на 17. коло на Трета лига – Исток. Еден гол го одлучи победникот во Берово, Малеш со минимални 1:0 го доби Карбинци, а благодарение на автоголот на Тоше Спиридонов, кој си постигна автогол. Без победник заврши мечот меѓу поранешните прволигаш Хоризонт Турново и ...
Ракометарките на Ѓорче Петров уште еднаш потврдија дека се доминантна сила во македонскиот женски ракомет, откако во финалето од Купот на Македонија во Струмица го совладаа храбриот Спартак со 33-30 и го одбранија трофејот. Иако фаворит на хартија, „лавиците“ не дојдоа лесно до победата. Спартак одигра одличен натпревар и во повеќе наврати сериозно му се закани на искусниот ривал. Во текот на првото полувреме се водеше израмнета борба, но во ...
Некогашниот прволигаш Борец славеше убедлива победа во дербито на 22. коло против Превалец со 0:4 и веќе сите дилеми се решени во Трета лига – Југ. Многу брзо беше „скршен“ домаќинот откако Стефан Филиповски по само четири минути игра погоди за 0:1, а веќе во 10. минута со голот на Марко Миловановиќ велешани имаа двојна предност со која заминаа и на пауза. Ниту во вториот дел Превалец не успеа да претвори шанса во гол, а во 65. минута ...
Убедлива победа забележа Беса од Слупчане откако со 6:2 го декласираше тимот на Лопати на домашен терен. Во високата победа двоен стрелец беше Ридван Исмаиљи, а по еден гол постигнаа Бајрами, Демири, Фетаи и Јашари, а пак за гостинот стрелци беа Мустафи и Сулејмани. Пчиња со 5:2 го доби тимот на Отља на домашен терен, преку двата гола на Стојановски и погодокот на Митревски, а пак Абази и Саљији си постигнаа автоголови, за гостинот Куртиши и ...
Без изненадување во 22. коло на Првата ракометна лига, фаворитите одиграа според планот. Младост од Богданци стигна до својата 19-та сезонска победа откако на домашен терен со 36:19 без проблеми го декласираше Текстилец од Штип. Од самиот почеток четата на Горан Андоновски даде до знаење дека нема простор ниту за егал на момент, а до големото славје Младост стигна преку Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ кои постигнаа по седум гола. За тимот ...
Екипата на Новаци ја оправда фаворитската улога откако со 1:2 славеше над Големо Коњари во гостински терен, за комплетирање на 25. коло на Втората македонска фудбалска лига. Со овој триумф Новаци има 43 бодови и останува на осмото место на табелата, но ја зголемува бодовната разлика од бараж зоната на плус седум, а пак Големо Коњари кој пред три кола испадна во Трета лига – Југ е на дното со седум бодови. Резултатот го отвори Христијан ...
Струга Трим Лум запиша убедлива гостинска победа од 0-4 против Башкими во рамките на Првата македонска фудбалска лига, во натпревар во кој клучен момент беше исклучувањето на домашниот состав уште во првото полувреме. Иако конечниот резултат не го отсликува целосно текот на првото полувреме, Башкими влезе похрабро во мечот и создаде неколку сериозни прилики. Алими, Ор и Аворнио се заканија кон голот на Струга, но без реализација, а ...
Два натпревари од 19. коло на Втората футсал лига не се одиграа, откако гостинските екипи не се појавија на теренот по чекање од 30. минути. Во Кочани не се одигра натпреварот меѓу Фудбал Старс и ССК Скопје, откако гостинската екипа не се појави во спортската сала „Никола Карев“. Гостинската екипа пријавила дека имале дефект на превозното средство. По чекање од 30 минути гостинот не се појавил на теренот. Ниту натпреварот меѓу Кратово и ...
Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Железарец славеше во дербито на колото против директниот конкурент СЕЕ Университи со 3:1 и го трасираше патот кон шампионската титула во Втората футсал лига, а со тоа и експресно враќање во елитата. Резултатот на мечот од 19. коло го отвори Петре Далиоски во 17. минута за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Мартин Калчев во 32. минута беше прецизен за двојна предност на домаќинот, а по ...
По тешкиот пораз во Кратово каде Брера загуби со 4:0 од Силекс, прволигашот од Струмица информираше дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е тренер на клубот. Од клубот се заблагодарија за досегашниот ангажман на Алаѓозовски. „ФК Брера Струмица ја информира јавноста дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е дел од нашиот клуб. Во еден од најтешките периоди за Брера, кога беше најпотребно единство, карактер и посветеност Мартин беше тука. Со својата ...
Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа значаен состанок на кој беше направен сериозен чекор кон унапредување на соработката и подигнување на нивото на ракометот на Балканот. На средбата во Скопје беше постигната согласност од сезоната 2027/28 да започнат регионални лиги во полн формат, и во машка и во женска конкуренција. Овој проект се смета за ново поглавје во развојот на ракометот, со очекувања за ...
Екипата на Работнички стигна до исклучително значајна победа во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Арсими со 2-0 на арената „Тодор Проески“ во рамките на 28. коло. Првите 45 минути не донесоа многу возбудувања. Иако имаше иницијатива на двете страни, вистински закани кон головите речиси и да немаше. Арсими делуваше поорганизирано во одредени периоди, додека домаќините се обидоа преку неколку акции да ја ...
Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа откако во меч од 20. коло на Трета лига – Север со високи 3:0 славеше над Аеродром, натпревар кој беше и дерби на колото. Победникот беше решен во првиот две со двата гола на голгетерот Орхан Мифтар за 2:0 на полувреме. Во вториот дел печат на победата стави Димитар Стојаноски за конечни 3:0. Веќе „лисиците“ немаат проблем на патот кон шампионскиот пехар, со мислите и подготовките се за ...
Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат со полн интензитет, а последното коло донесе низа драматични натпревари, пресврти и важни победи и во плеј-аут и во ТОП 6 фазата. Во центарот на вниманието беше сензацијата на Ангели, кои на домашен терен го совладаа Феникс 2010 со минимални 85-84. Домаќините дојдоа до триумф по неверојатен пресврт, најмногу благодарение на фантастичната серија од 30-8 со која се вратија во игра. Херој беше ...
Кошаркарската сезона во Аматерската лига влегува во својата кулминација, а денес во Гевгелија ќе падне одлуката кој ќе обезбеди пласман во Првата лига. Домашниот состав и Шар Планина ќе ги одмерат силите во решавачкиот трет натпревар од финалната серија. Гевгеличани веќе покажаа квалитет во првиот дуел, кога убедливо славеа со 91-56 и најавија дека се сериозен кандидат за елитата. Сепак, возвратниот натпревар донесе сосема поинаква слика – ...
Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево претставува вистински пример како со посветеност, грижа и љубов кон спортот може да се создадат одлични услови за работа, и покрај скромните финансиски можности. На овој стадион своите натпревари ги игра третолигашот Питу Гули, клуб со богата историја кој во минатото беше дел и од Втората лига. Денес, иако настапува во понизок ранг односно во Трета лига – Југ, условите на кои функционира клубот се на ...
Кошаркарките на Вардар поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако во драматичен натпревар славеа на гостувањето кај Крива Паланка со 82-80. Домашниот состав имаше одличен старт и уште во првата четвртина создаде предност (20-14), која дополнително ја зголеми до паузата. Крива Паланка доминираше во првото полувреме и на одмор замина со убедливи 49-30, наметнувајќи се како подобар противник. ...
Вардар Неготино практично ја загуби битката за опстанок во Втората македонска фудбалска лига и од наредната сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Југ. По неколку турбулентни месеци и серија слаби резултати, неготинци сами си ја искомплицираа ситуацијата и дозволија да испаднат од второлигашкото друштво. Само пред две сезони клубот обезбеди пласман во Втора лига преку бараж, а веднаш потоа следеше и одлична сезона со освоено шесто место ...
Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци. Домашниот тим уште пред неколку кола испадна во Трета лига – Југ, а пак Новаци во улога на фаворит денес оди по трите бодови за потврда на директниот опстанок. Големо Коњари е на дното со седум бодови, а пак Новаци е осми со 40 бодови и ако ја оправда фаворитската улога ќе има 43 бодови, но без можност за напредок. Извештајот од ...
По една сезона во Втората македонска фудбалска лига екипата на Преспа од Ресен експресно се враќа назад во Трета лига – Југ. Денес на стадионот „Билјанини Извори“ екипата на Преспа беше декласирана со 6:1 од Охрид, впишувајќи го 21 пораз сезонава односно петтиот во низа. Преспа е на 13. место со 12 бодови, во игра остануваат 15 бодови, а од деветтото место кое води во баражот за опстанок, „јаболкарите“ имаат 17 бодови негатива, а тоа значи и ...
Екипата на Спартак испиша клупска историја и за првпат ќе се бори за трофеј во Купот на Македонија, откако во полуфиналето славеше над Чаир со 24-23. Херој на овој голем успех беше искусната голманка Слободанка Кицеска, која со дури 16 интервенции беше еден од клучните фактори за пласманот во финалето. По натпреварот, Кицеска не го криеше задоволството од историскиот успех, потенцирајќи го карактерот и борбеноста на тимот. „Да ова е ...
Охрид утре ќе игра историско финале во Купот на Македонија против Вардар, со јасна цел – да се заокружи една од најуспешните сезони во клупската историја. По одличната форма и серијата позитивни резултати, охриѓани со голема самодоверба влегуваат во борбата за трофејот. Левиот бек на Охрид, Дејан Кукуловски, во изјава за Спортска Мрежа го најави историското Куп- финале на својот тим. Најпрво, тој истакна дека пласманот во финалето е историски ...
Кожуф и Беласица ремизираа без голови (0-0) во натпреварот од 25. коло во Втората лига, одигран во Струмица, при што двата тима ги поделија бодовите. По средбата, клубот од Гевгелија излезе со реакција до јавноста, изразувајќи незадоволство од судењето и одлуките на арбитрите, за кои сметаат дека директно влијаеле на резултатите во повеќе натпревари. „Како клуб и денес сме оштетени од страна на судиите на мечот против Беласица во Струмица. ...
Ракометарките на Спартак направија големо изненадување и изборија историски пласман во финалето на Купот на Македонија, откако во драматичен полуфинален дуел го совладаа фаворизираниот Чаир со 24-23. Натпреварот во Струмица понуди цврста игра и голема борба од двете страни. Во воведниот дел се играше израмнето, но во финишот на првото полувреме Спартак успеа да наметне свој ритам и да замине на пауза со предност од 13-10. Во второто полувреме ...