Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во кој Охрид ќе се соочи со Целје. Првиот натпревар ќе се одигра на 25 април во словенечката „Арена Златорог“ со почеток од 18:00 часот, каде правдата ќе ја делат босанските судии Јовиќ и Арнаутовиќ, додека улогата на делегат ќе ја има Беќири од Косово. Реванш дуелот, кој ќе го даде патникот во финалето, е закажан за 2 мај во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид од 19:00 ...
Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги информира своите навивачи за можноста да обезбедат клупски реквизити и да му дадат поддршка на тимот и надвор од теренот. Од клубот ги информираат сите верни поддржувачи кои сакаат да набават дресови, маици или шалчиња, дека фан шопот во салата „Билјанини извори“ ќе биде отворен попладнево од 18:00 до 19:30 часот. Од клубот очекуваат силна поддршка и надвор од ...
РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот. Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните“, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула. Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот ...
Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот врз стабилни темели, откако најдобриот македонски голман Никола Митревски потпиша нов договор со клубот. Искусниот чувар на мрежата се обврза на соработка за сезоната 2026/27, со опција истата да биде продолжена и за сезоната 2027/28. Од клубот истакнуваат дека задржувањето на Митревски е повеќе од спортска одлука, нагласувајќи дека вредностите кои тој ги носи се клучни за иднината на тимот. ...
Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што претставува значајно признание за неговата досегашна работа и потенцијал. Програмата стартуваше оваа недела во Нион, каде најперспективните европски судии ја одржаа првата средба со своите ментори – поранешни елитни интернационални арбитри кои ќе ги водат низ нивниот понатамошен развој. Во ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство. Сејдини се сомничи за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија. Според првичните информации, станува збор за проневера во износ од околу 700.000 евра, средства кои биле ...
Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак турновци овој меч го добија со службени 3:0 и добиваат службени три бодови, а тоа направи промена на табелата. Како што претходно објави Спортска Мрежа, веднаш по натпреварот Хоризонт Турново најави жалба, која беше поднесена, а во која клубот потенцираше дека Брегалница Делчево направила измена во 9. минута од ...
Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја, а пред тимот е нов голем предизвик – полуфиналниот двомеч со Целје во ЕХФ Купот. За Спортска Мрежа, членот на стручниот штаб, и поранешен ракометар на Охрид- Крсте Андоновски направи анализа на досегашните резултати и најави што може да се очекува од европскиот предизвик. Андоновски најпрво се осврна на историската сезона на Охрид, истакнувајќи дека тимот бележи ...
Кошаркарките на Бадел 1862 одиграа одличен натпревар и со убедливи 69:51 ја совладаа екипата на Баскет Кам, со што ја израмнија полуфиналната серија на 1-1 и изборија трет одлучувачки меч. „Баделките“ имаа целосна контрола во текот на целиот дуел, не дозволувајќи му на актуелниот шампион во ниту еден момент да се врати резултатски. По првата четвртина водеа 15:11, а на полувреме предноста ја зголемија на 31:23. Најсилен впечаток оставија во ...
Кошаркарките на Крива Паланка израмнија на 1-1 во полуфиналната серија против Вардар, откако на гостински терен во Скопје славеа со 76:69 и обезбедија трет, одлучувачки натпревар. Гостинките од самиот старт ја контролираа играта и резултатот. Предводени од одличната Робинсон, уште во првата четвртина направија двоцифрена предност (27:17), а до полувремето ја зголемија на 49:36. Иако Крива Паланка имаше контрола во најголем дел од натпреварот, ...
Натпреварите од „МТЕЛ“ Супер лигата во Плеј-аут фазата донесоа нови резултати и промени на табелата, при што фаворитите најчесто ја оправдаа улогата. МКК Куманово без поголеми проблеми стигна до убедлива победа над Ангели со 96:77. Кумановци уште од стартот ја контролираа играта, водеа по првата четвртина со 21:14, а на полувреме имаа 47:38. До крајот само ја зголемуваа предноста и рутински го приведоа мечот до крај. Најефикасен беше Радукиќ ...
Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во Втората лига, тимот е на врвот во Трета лига – Север и има седум бодови повеќе од второпласираниот БВК Коњаре. „Лисиците“ веќе ги решија сите дилеми, а Димитар Стојановски, кој оваа зима пристигна во тимот на Еуромилк ГЛ од редовите на Пчиња не го криеше своето задоволство од двата постигнати погодоци во претходното коло против Ржаничино, вели дека сигурно одат ...
Ракометарите на Охрид ги очекува еден од најважните предизвици во сезоната – полуфиналниот двомеч против Целје во рамките на ЕХФ Купот. По историските резултати и одличната форма, охриѓани се подготвуваат за сериозен предизвик против квалитетен европски противник. Пивотменот на Охрид, шпанскиот дефанзивец, Реј Моралес, во изјава за Спортска Мрежа нагласи дека Целје е силен тим со докажан квалитет, но и дека Охрид ќе мора да го одигра својот ...
Продолжува трката за првото место во Трета лига – Исток кое води кон баражот за влез во Втора лига. На врвот и натаму е Овче Поле со 37 бодови, а пак на второто место е Победа Валандово е со 32 бодови, со тоа што „калинкарите“ имаат два меча помалку од „овчарите“, кои доколку бидат добиени може да има нов лидер. На третото место е Хоризонт Турново кој на своето конто има 31 бод, шест помалку од лидерот од Свети Николе, сите останати екипи ќе ...
Во Трета лига – Запад на врвот е Камјани кој има 43 бодови, пет повеќе од директниот конкурент Влазерими кој е втор со 38 бодови. Сите работи зависат само од Камјани на патот да го потврди првото место кое води кон баражот за Втора лига. Овие две екипи ќе се соочат меѓусебно во последното коло, ако дотогаш Камјани не направи „кикс“ или пак Влазерими направи „кикс“ тогаш последнот около ќе биде само за престиж бидејќи нема да има резултатско ...
Минимална, но голема победа за некогашниот второлигаш Кадино, кој денес на домашен терен славеше минимална победа од 1:0 над Фортуна, благодарение на голот на Кристијан Ивановски постигна во 70. минута од мечот. Овие три бодови за тимот се многу важни во битката за опстанок во третолигашкото друштво на Северот. Студеничани забележа гостинска победа од 1:3 над Отља, откако за гостинот стрелаа Хамит АБази за 0:1 на полувреме и Неџати Шабани и ...
Дисциплинската комисија на Ракометна федерација на Македонија донесе одлуки за санкции по анализата на случувањата од натпреварите во домашните конкуренции. Најстрогата мерка е изречена за ракометарот на ГРК Овче Поле, Иван Димчевски, кој доби забрана за настап во траење од една година на сите првенствени и Куп натпревари. Санкцијата следува по инцидентот на натпреварот од 20. коло против Текстилец, кога му беа доделени црвен и син картон. ...
Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната седница донесе и разгледа повеќе значајни одлуки. Во рамките на усвоениот дневен ред, беше донесена одлука за регулирање на финансиските обврски на клубовите. Според неа, за старите долгови се овозможува подмирување со 40% попуст, најдоцна до 31 мај, додека за обврските од тековната сезона е предвиден попуст ...
Вечерва на програмата се реванш-натпреварите од полуфиналната серија во плејофот на Првата македонска лига. Двата дуели може да ги дадат и финалистите, додека Борец Баскет и Соколи 1933 ќе се обидат да изборат мајсторка и да ја продолжат неизвесноста во серијата. По првите полуфинални натпревари, Струмица 2001 и Бутел стекнаа почетна предност и вечерва ќе имаат можност да ја потврдат со пласман во финалето. Од 19 часот во Велес, Борец Баскет ...
ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик на европската сцена – полуфиналниот двомеч против Целје во рамките на ЕХФ Купот. По историските резултати оваа сезона, охриѓани со амбиција и верба влегуваат во битката за финале. Еден од голманите на Охрид, Бојан Блажески, го најави првиот полуфинален дуел од ЕХФ Купот. Тој, потенцира дека тимот се соочува со квалитетен и млад противник, но и дека и покрај краткото време за подготовка, ќе дадат ...
Полуфиналниот натпревар во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Љуботен не се одигра, бидејќи гостинскиот тим од Тетово не допатува во рударското гратче за да го одигра натпреварот. Ова значи дека Каменица Саса службено го добива мечот со 3:0 и обезбедува место во големото финале каде ќе се соочи со Тиверија Брера, која како што веќе објави Спортска Мрежа го декласираше тимот на Топ Гол и ќе игра ново Куп финале. Претходно, Љуботен во ...
Тиверија Брера лесно обезбеди ново финале од Купот на Македонија, откако денес во полуфиналето со убедливи 1:6 го декласираше Топ Гол среде Битола и го завери билетот за влез во големото финале. Меч каде сите работи беа решени во првиот дел со погодоци на Данче Карпузовска која го отвори резултатот во 11. минута, а две минути подоцна Билјана Панеска погоди за двојна предност додека пак во 22. минута Розита Пецева резултатот беше 0:3 на ...
Актуелниот шампион Шкендија направи важен чекор кон финалето во Купот на Македонија, откако на домашен терен со 3-2 славеше против Шкендија Арачиново во првиот полуфинален дуел. Натпреварот започна идеално за тетовци, кои уште во раната фаза добија пенал, а сигурен реализатор беше Трумчи за водство од 1-0. Домашниот тим имаше можност и да ја удвои предноста, но не успеа да ја искористи. Гостите од Арачиново не се предадоа и во средината на ...
Без победник во Охрид: Силекс и Охрид ќе решаваат за финале во Кратово Екипите на Охрид и Силекс одиграа нерешено 1-1 на стадионот „Билјанини Извори“ во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, оставајќи ја одлуката за патникот во финалето за реваншот во Кратово. Натпреварот започна внимателно, без многу ризик од двете страни. Гостите од Кратово беа нешто поиницијативни во воведниот дел, но без конкретна завршница. Првите ...
РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека тренерот Стевче Алушовски поднесе оставка по поразот во полуфиналето од Купот на Македонија во Струмица. Раководството на клубот ја прифати неговата одлука и му се заблагодари за професионалниот ангажман во периодот додека беше на клупата на актуелниот шампион. Пелистерци беа поразени од Охрид со убедливи 26:19, резултат што донесе крај на нивниот настап во Купот, но и промени на тренерската ...
Во недела се играат натпреварите од 9. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, а оваа рунда носи меѓу Слога од Злеово и Спартмани, дерби за горниот дел од табелата. Ване Ристов кој оваа зима се “пресели” од Слога во редовите на Спартмани в недела ќе настапи против својот поранешен клуб, додека пак Зоран Спасов кој во минатото го носеше дресот на тимот од Балдовци кога настапуваше во Трета лига – Исток, в недела ќе бара погодоци против ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одигра уште една извонредна партија и беше клучен за бодот на Валенсија на гостувањето кај Мајорка (1:1) во 33. коло. Домашниот состав поведе на стартот од второто полувреме преку Саму Коста, кој во 49. минута ја искористи невнимателноста во одбраната. Сепак, гостите возвратија преку Садик во 67. минута и поставија конечни 1:1. До крајот на средбата, Мајорка имаше неколку сериозни шанси, ...
Денес ќе биде комплетирано вонредното 21. коло на Трета лига – Север, кое беше отворено вчера со победата на Еуромилк ГЛ од 0:3 над Ржаничино, извештајот на Спортска Мрежа за овој меч е достапен овде. Денес, БВК Коњаре на домашен терен ќе ја пречека Беса Сарај, која игра во победника форма и не знае за пораз. Аеродром на домашен терен ќе игра против Беса од Слупчане, домаќинот е фавотит за трите бодови. Куманово како фаворит оди по цел ...
Градскиот ракометен клуб Охрид ги информираше своите навивачи дека онлајн продажбата на билети за полуфиналниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против Целје е веќе започната. Првиот дуел од полуфиналната пресметка ќе се одигра во Целје, додека реваншот ќе биде на домашен терен, во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Натпреварот во Охрид е закажан за 2 мај 2026 година (сабота), со почеток од 19:00 часот, а интересот за овој европски спектакл ...
Охрид забележа минимална победа од 1:0 над Опатија Еспорт во рамки на 6. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), „рибарите“ во состав на Иван Иванов, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ одигра фантастичен меч. Иванов кој во претходното коло не можеше да настапи за Охрид поради репрезентативките обврски со македонската репрезентација, за овој меч беше на располагање и тоа се покажа како клучно за „рибарите“ да слават минимална, но голема победа и ...