Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Утре се играат мечевите од полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата. Во Битола со почеток од 12 часот ќе се одигра мечот меѓу Топ Гол и фаворитот Тиверија Брера. Главен арбитар на овој меч ќе биде Ирена Велевачкоска, а нејзини помошници ќе бидат Дино Конески и Ангела Домазетовска. Контролор на мечот ќе биде Горан Ангелески. Во 16 часот во Македонска Каменица ќе се одигра ...
Лидерот во Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ забележа уште една победа откако во рамки на денешното вонредно 21. коло славеше над Ржаничино со резултатот од 0:3. Сите работи беа решени уште во првиот дел кога беа постигнати сите три погодоци. Димитар Стојановски во 11. минута го отвори резултатот, а во 35. минута со втор гол зголеми на 0:2. Само една минута подоцна Андреј Јаневски погоди и ги постави конечните 0:3, откако во вториот дел ...
Возбудувањата во плеј-офот од „Шпаркасе лајф“ Првата женска лига продолжуваат во среда навечер, кога на програмата се реванш натпреварите од полуфиналето. По првите средби, Баскет Кам и Вардар имаат предност од 1-0 во сериите, откако славеа против Бадел 1862 односно Крива Паланка. Особено изненадување приреди Вардар, кој направи „брејк“ на гостински терен во Крива Паланка. Сега „вардарки“ ќе имаат можност пред својата публика „Под Кале“ ...
Во следниве денови на програмата се натпревари во Купот на Македонија во сите конкуренции. Покрај првите соочувања за влез во големото финале во машка конкуренција утре ќе бидат познати и финалистките кај дамите. Во Битола, Топ гол ја пречекува Тиверија Брера и почетокот е закажан за 12 часот додека во 16, стартува мечот во кој Љуботен и гостува на Каменица Саса. Во младинските конкуренции се играат четвртфиналните дуели. Жрепката одреди во ...
Утре се играат првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите. Во Тетово ќе се одигра мечот меѓу прволигашот Шкендија и второлигашот Шкендија Арачиново, главен арбитар на овој меч ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Вјолца Изеири, а пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија. Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а ...
Екипата на Беса Сарај денес во рамки на вонредното 21. коло на Трета лига – Север ќе гостува кај ББК Коњаре каде ќе бара осма победа во низа. Екипата од Сарај е во победничка форма и тоа резултираше со голем скок на табелата. Тимот е на петтото место на табелата, а на своето конто има 32 бодови. Во рамки на 14. коло, Беса Сарај на домашен терен го совлада Куманово со 3-1, по што следуваше гостинска победа во 15. коло над Лопате од 3-1. Во 16. ...
Денес се игра вонредното 21. коло на Трета лига – Исток, а во рамки на истото лидерот Еуромилк ГЛ ќе се соочи Ржаничино, “лисиците” ќе бараат уште една победа за чекор поблиску до целта – бараж за втора лига. БВК Коњаре на домашен терен ќе ја пречека Беса Сарај, која игра во победника форма и не знае за пораз. Аеродром на домашен терен ќе игра против Беса од Слупчане, домаќинот е фавотит за трите бодови. Куманово како фаворит оди по цел ...
Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип паралелно работи и надвор од теренот и на него, со јасна цел – враќање во елитата. Вчера започнаа активности за целосно освежување на клупските простории и апартмани на Градскиот стадион во Штип. Во рамки на оваа акција се спроведува темелна дезинфекција, дератизација, генерално чистење и обелување на целиот објект. Опфатени се сите клупски простории, како и апартманите кои се во сопственост на клубот, со ...
Регуларниот дел од сезоната во М20 лигата во машка конкуренција е завршен по одиграни 20 кола, во кои учествуваа 11 екипи, а сега следува највозбудливиот дел – плеј-офот за шампионската титула. Најуспешен тим во досегашниот тек од сезоната беше Вардар, чии млади кошаркари забележаа само еден пораз и сосема заслужено го освоија првото место на табелата. Со тоа, „црвено-црните“ ќе имаат најдобра стартна позиција и предност на домашен терен во ...
На пет кола до крајот четири екипи веќе испаднаа од Втора во Трета лига, а веќе следното коло ќе испадне официјално уште еден тим. Големо Коњари прв испадна во Трета лига – Југ, на пет кола до крајот тимот е на дното со седум бодови, потоа испаднаа екипите на Победа која оди во Трета лига – Југ, Слога Виница која експресно се враќа во Трета лига – Исток, а пак тимот на Преспа, исто така експресно испаѓа во Трета лига – Југозапад. Петтиот тим ...
Минатата недела Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија го комплетираше четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот. На последните два дена од семинарот присуствуваше поранешниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ кој заедно со членовите на неговиот стручен штаб, Небојша Милошевиќ, Иван Вучетиќ и Бојан Офенбехер ја презентираа програмата на тема “Периодизација и принципите на функционирање“. Владан Милојевиќ е човекот ...
Градскиот стадион во Валандово повторно е во одлична состојба и подготвен да одговори на сите фудбалски предизвици. По долг период во кој инфраструктурата беше запоставена, денес стадионот изгледа како што доликува на еден амбициозен клуб и град со фудбалска традиција. Најголемата промена е видлива на самиот терен, кој е доведен во перфектна форма. Тревникот е целосно обновен и нуди одлични услови за игра, а околината на теренот е расчистена ...
Нема промени на врвот на листата на најдобри стрелци во Трета лига – Југозапад и натаму Хакан Алимовски е најдобар стрелец со 13 постигнати погодоци во дресот на Могила. На второто место е Владе Јанакиевски кој има постигнати десет погодоци за тимот на Напредок од Ношпал, а пак по девет гола имаат Фатјон Леши за Кораб и Денис Шадов за Влазними. Седум погодоци има Антонио Ќитаноски кој го носи дресот на Славеј од Мешеишта, а пак Аљтин Лога за ...
Актуелниот шампион Баскет Кам со убедлива победа од 61:45 над Бадел 1862 го отвори полуфиналето од плеј-офот и поведе со 1-0 во серијата. Иако почетокот на натпреварот беше израмнет и гостинките имаа минимална предност по првата четвртина (14:12), кошаркарките од Македонска Каменица ја презедоа контролата во вториот период. Со цврста одбрана и подобра реализација, дозволија само осум поени на противникот и на пауза заминаа со солидни 30:22. ...
В среда фудбалерите на Охрид го играат историското полуфинале во Купот на Македонија против Силекс на стадионот „Билјанини Извори“. „Рибарите“ кои во четвртфиналето преку пенал рулетот го исфрлија ланскиот освојувач на Купот, Вардар, сега одат по нова историја, влез во големото финале. Добра вест е што Охрид успеа да ги исполни сите услови и полуфиналниот натпревар да го игра на домашен терен односно на стадионот „Билјанини Извори“. Клубот ...
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија успешно го реализираше четвртиот модул (Модул 4) од УЕФА ПРО курсот, кој се одржа во хотел „Хилтон“ во Скопје и на тренинг центарот „Петар Милошевски“. На отворањето на семинарот се обрати Руд Доктер, технички инструктор на УЕФА и ментор на ПРО курсот во Македонија. Тој изрази силна поддршка за кандидатите и одржа предавање на тема „Тимска култура и развој на тимот“. Стекнувањето ...
Врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при ФФМ констатира сериозни нарушувања на редот и безбедноста по завршувањето на натпреварот. Имено, по завршување на средбата, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на ...
Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа важна победа над Аеродром со 29:26 во рамки на 22. коло од Првата лига, во натпревар кој донесе неизвесност и борба до самиот финиш. Гостите подобро го отворија мечот и на пауза имаа минимална предност (15:16), но во второто полувреме ѓорчепетровци одиграа поконцентрирано и успеаја да направат резултатски пресврт за нови бодови на своето конто. Клучна улога во победата имаа Мартин Бучуковски со ...
Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија, откако во драматично финале во Струмица го совладаа Охрид со 24-23 и стигна до 18. трофеј во ова натпреварување. Охриѓани беа на чекор до сензација во историската сезона, но во неизвесен финиш останаа без посакуваниот трофеј. Десниот бек на Охрид, Давид Савревски, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека пропуштените шанси и грешките во клучните моменти биле пресудни за исходот, и покрај ...
Екипите на Струмица 2001 и Бутел направија успешен старт на полуфиналните серии од плеј-офот во Првата македонска лига, поведувајќи со 1-0 во дуелите кои водат кон финалето. Струмичани ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен и со убедлива игра го совладаа Борец баскет со 77:65. Домаќините уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра, а по воведното водство од 20:17, до паузата направија двоцифрена предност (38:27). Во ...
Кошаркарскиот клуб Гевгелија од следната сезона ќе настапува во елитното друштво, откако во одлучувачкиот трет натпревар од финалната плеј-оф серија ја совлада екипата на Шар Планина со 67-56 и со вкупни 2-1 обезбеди место во Првата македонска лига. Во салата „26 Април“ се одигра квалитетен и борбен натпревар, во кој гостите од Гостивар подобро го отворија дуелот и го добија првиот период со 18-15. Сепак, клучниот пресврт се случи во ...
Тежок пораз за Караорман на гостувањето кај Кравари во меч од 14. коло на Трета лига – Југ. Како што претходно објави Спортска Мрежа во деталниот извештај за колото, овој пораз од 5:0 е тежок бидејќи Караорман во 49. минута остана со само шест минути на теренот и со тоа не можеше да продолжи мечот. Да биде уште поголем срамот Караорман на овој меч со девет играчи и со толку играчи и го започна мечот што резултираше со пет примени погодоци во ...
Сите дилеми околу опстанокот во Првата футсал лига беа решени вечерва во Штип, каде Осогово одигра 3:3 против Мал Ајакс и со тоа го завери останувањето во елитата. Од друга страна, штипјани и официјално се селат во Втора лига, каде ќе им се придружи и Балкан. Гостите поведоа преку Кристијан Стојановски во 16. минута, но второто полувреме донесе вистинска голеада. Мал Ајакс направи пресврт со головите на Филип Слободановски и Иса Дурмишов за ...
Убедлива победа забележа новиот шампион Проект, откако со 9:3 на домашен терен го декласираше Шкупи. Ѓорги Коцевски постигна четири погодоци за тимот од Јосифово, двоен стрелец беше голгетерот Марио Благојевкси, а по еден гол постигнаа Бојан Јанев и Димитар Јанев. Арсим Фазлиу си постигна автогол, додека пак стрелци за Шкупи беа Абдил Кадир Јахја со два гола и Еркан Сефери со еден гол. Тимот на Проект стигна до 16-тата победа од толку ...
Искусниот стратег Емил Грнев успешно ја заврши сезоната во Втората лига на Малта, каде со екипата на Санта Луција заврши на третото место во плеј-аутот со 33 бодови. Штипскот стратег кој работи со неговиот сограѓанин Борче Постолов, кој е негов прв асистент, како и Португалецот, Рубен Круз кој е аналитичар во стручниот штаб на Грнев зад себе имаат успешна сезона и успешни резултати. Грнев зимава го презеде тимот на Санта Луција и со одлични ...
Ракометарите на Вардар 1961 го заокружија настапот во Купот на Македонија со нов трофеј, откако во финалето го совладаа Охрид со 24-23. По завршувањето на возбудливиот дуел, вниманието беше насочено и кон индивидуалните признанија, кои ги одбележаа најдобрите поединци на турнирот. Во центарот на вниманието беше словенечкиот бек Јака Малус, кој со одличните партии заслужено ги понесе двете најпрестижни награди – за најкорисен играч (МВП) и за ...
Ракометарите на Вардар 1961 повторно се искачија на врвот во Купот на Македонија, откако во неизвесно финале во Струмица славеа против Охрид со минимални 24-23. „Црвено-црните“ покажаа повеќе смиреност во клучните моменти и стигнаа до нов, вкупно 18-ти трофеј во ова натпреварување. Вардар подобро го отвори натпреварот и рано создаде предност од неколку голови разлика, која ја одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Сепак, охриѓани не ...
Македонија ЃП е многу блиску до експресно испаѓање во Втора лига, а причина е поразот од 28. коло на Првата лига во Битола, каде „лавовите“ беа поразени од Пелистер со 2:0. Сега тимот од Ѓорче кој го запиша шеснаесеттиот сезонски пораз е на претпоследното 11. место на табелата со 24 бодови, пет помалку од деветтото место кое води кон баражот за опстанок, а дури 11 бодови помалку од зоната за директен опстанок. До крајот во игра остануваат ...
Натпреварите од 25. коло на Втората лига направија само една промена на табелата и тоа во „златната средина“. Водечката четворка останува непроменета – Брегалница е прва со 58 бодови, а по 56 бодови имаат Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново кои го делат третото место. Беласица останува петта со 49 бодови, а сега Осогово се врати на шестото место со 47 бодови, откако Детонит Плачковица се спушти на седмото со 44 бодови, а Новаци е осми со 43 ...
На пет кола до крајот во Втората македонска фудбалска лига, на врвот на листата на најдобри стрелци се издвои Виктор Ангелов, фудбалерот на Скопје постигна 20 погодоци. „Пиратот“ од Автокоманда се одлепи со плус пет погодоци повеќе во однос на конкурентите – Иван Глигоров од Охрид и Азис Јамини од Тетекс ко и го делат второто место со по 15 погодоци. Стефан Јовановски за Новаци постигна 14 погодоци, а пак Сашо Дуков за Детонит Плачковица има ...