Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Заврши зимската пауза, од утре започнува пролетниот дел во ракометната Суперлига со натпреварите од 19. коло. Утре, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра натпреварот меѓу фаворитот Охрид и Прилеп, меч кој ќе стартува во 19 часот, а верните „рибари“ веќе започнаа со мобилизација: „Време е да се вратиме во нашиот храм!“ Навивачката група „Рибари“ упати јасен повик до сите љубители на ракометот – време е повторно да се исполни салата и ...
Второлигашот Тетекс утре ќе одигра нов пријателски натпревар за проверка на формата во рамки на зимските подготовки против прволигашот Тиквеш. Мечот е закажан за се одигра на теренот во Ново Лисиче, со почеток од 12 часот. Ова ќе биде нова можност за двете екипи за проверка на формата. За Тиквеш финални проверки бидејќи веќе од 10 февруари започнува пролетниот дел, за Тетекс ќе има повеќе време бидејќи пролетниот дел во Втора лига започнува ...
Полека, но сигурно, ГРК Охрид ја гради својата ракометна приказна со сериозни амбиции и звучни засилувања. Тимот кој веќе во првиот дел од новата сезона, на домашен терен ги совлада актуелниот шампион- Еурофарм Пелистер и Алкалоид, не само што ја покажа својата сила, туку и јасно ја најави целта – да изгради тим за високи дострели и стабилни резултати на долг рок. По силните подготовки и успешно завршениот турнир „Вук Рогановиќ“, охриѓани ...
Третолигашот Брегалница од Делчево го претстави своето второ зимско засилување – Христијан Крстов е ново име на некогашниот прволигаш. Со Крстов третолигашот од Делчево го засилува нападот, а се работи за 23-годишен крилен напаѓач кој доаѓа од тимот на Карбинци. Претходно, низ својата кариера настапуваше за второлигашот Осогово од Кочани од каде и ја започна својата кариера, а беше дел и од хрватскиот тим Вишњан. Претходно, тимот од Делчево ...
Здружението на ракометни судии на Македонија, преку својата Стручна комисија, објави јавен повик за пријавување на нови ракометни судии, со цел подмладување и унапредување на судискиот кадар во македонскиот ракомет. Повикот е наменет за сите љубители на ракометот кои сакаат активно да бидат вклучени во спортот и да се развиваат во професионална и спортска насока. Заинтересираните кандидати треба да имаат најмалку 16 години, да имаат играно ...
Ракометниот дуел меѓу Бенфика и Вардар е со променет термин. Натпреварот од првото коло во Главната фаза на Лигата Европа, кој требаше да се игра на 17 февруари 2026 во 20:45 часот, ќе започне порано. Новиот термин е 17 февруари 2026 година од 18:45 часот по средноевропско време, односно 17:45 часот по локално време во Лисабон. До корекцијата дојде поради поклопување со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува ...
Денес се одигра пријателски натпревар во Струмица меѓу второлигашите Беласица и Детонит Плачковица, кој заврши со триумф од 0:2 за радовишани. 0:1 на полувреме. До триумфот Детонит Плачковица стигна преку погодоците на Александар Смилков и повратникот Тони Мичковски. Овој тест натпревар беше нова можност тренерите Панче Стојанов и Горан Здравков да видат како оди подигањето на формата. Двете екипи ќе продолжат и во следниот период со ...
Во рамки на 19. коло од Супер лигата, со натпреварот против РК Прилеп, ракометарите на ГРК Охрид, утре, со почеток во 19:00 часот, го започнуваат вториот дел од сезоната. Охриѓани влегуваат во пеколен февруарски распоред, со низа важни натпревари, а првиот предизвик е на домашен терен во „Билјанини извори“. Во продолжението од сезоната, клубот се засили со неколку нови имиња, а еден од новите адути е Ален Ќосевски, кој ќе биде дополнителна ...
Третолигашот Пчиња продолжува со нови засилувања, откако беа претставени Александар Илиевски и Милан Нешевски. 17-годишниот Илиевски доаѓа од редовите на Куманово каде настапуваше претходно и ќе биде засилување и освежување на бековската позиција. Нешевски, кој исто така има 17-години доаѓа од редовите на Куманово, а кариерата ја има започнато во Биџо. Пчиња со Нешевски ја засилува одбрната. Пчиња есенскиот дел во Трета лига – Север го заврши ...
По девет одиграни кола во Аматерската кошаркарска лига која е трета по ранг на натпреварување и натаму лидер е тимот на Гевгелија со 17 бодови. Ефектот е осум победи и едно реми на девет одиграни натпревари. Зад Гевгелија е Шар Планина како второпласирана со 16 бодови и ефект од седум победи и два порази. Со ефект од пет победи и четири порази и 14 освоени бодови – екипите на Винеам од Виница и ИБА Скопје се на делба на третото место на ...
Формирана е топ осум групата во која ќе се натпреваруваат најдобрите четири екипи од групата А и групата Б од регуларниот дел. Најдобрите четири екипи од двете групи сега ќе ги одмерат силите во плеј-офот, каде ќе се разигрува за влез во Суперлигата. Од групата А место во плеј-офот обезбедија Вардар, Мега Баскет, Водно Санс и Охрид, додека пак од групата Б тоа се Струмица ФМП, Соколи, Бутел и Борец Баскет. Овие осум екипи ќе се борат за влез ...
ЖРК Вардар и во овој зимски преоден рок јасно ја следи стратегијата за градење тим со млади македонски репрезентативки. „Црвено-црните“ официјално го потврдија ангажманот на уште една перспективна ракометарка, со што ова е петтото засилување кое настапува за националните селекции на Македонија. Нов член на Вардар е талентираното десно крило Мина Ѓурческа, која доаѓа од редовите на Металург Автокоманда. По Таида Беровиќ, Евгенија Смиљковска и ...
Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги започна уписите за нови членови во детската лига за сезоната 2025/2026. Уписите се наменети за деца родени од 2013 до 2020 година, со цел создавање здрави спортски навики и правилен фудбалски развој уште од најрана возраст. Клубот нуди современи услови за работа, со користење на терени со вештачка и природна трева, како и редовно учество во детските лиги под капата на ФФМ. Младите ...
Прволигашот Тиквеш пред продолжението на сезоната ќе одигра уште два контролни натпревари по враќањето од Турција каде ја одработи главната фаза од зимските подготовки. Кавадаречкиот прволигаш ќе ја провери формата со два второлигаши. Првиот тест е договорен против Новаци, меч кој ќе се одигра на 4 февруари во Кавадарци. Ден подоцна, односно на 5 февруари Тиквеш во Скопје ќе ја има „генералката“ против Тетекс. Пролетниот дел Тиквеш го отвара ...
Силекс продолжува активно да се засилува во зимскиот преоден рок, а најновото име во тимот на Александар Васоски е добро познато на кратовската публика. Александар Мишов повторно е дел од клубот каде што настапуваше во минатото, а сега со цел да придонесе во борбата за висок пласман во продолжението од сезоната. Искусниот напаѓач доаѓа од редовите на Тиквеш, а зад себе има богато домашно и интернационално искуство. Во својата кариера ...
Второлигашот Осогово закажа пријателски натпревар со прволигашот Вардар, кој ќе послужи како проверка за пролетниот дел од сезоната, а притоа истиот ќе има хуманитарен карактер. Натпреварот ќе се одигра на 7 февруари, на градскиот стадион во Кочани, кој ќе започне во 14 часот. „Овој натпревар има хуманитарен карактер и се организира во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на ...
ГРК Охрид доби звучно засилување во пресрет на вториот дел од сезоната. Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан е официјално нов играч на охридскиот клуб и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку до крајот на актуелната сезона. Искусниот лев бек (203 см, 31 година) во Охрид пристигнува од редовите на РК Вардар 1961, а зад себе има богата интернационална кариера со настапи за Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург. Повеќе од една деценија е ...
Македонскиот интернационалец и поранешен младински репрезентативец на Македонија, Ванев Јованов кариерата ја продолжи во Унгарија. 27-годишникот ќе настапува за Нирегихаза, а во тимот од Унгарија доаѓа од хрватскиот Вараждин. Десниот бек кариерата ја започна во штипска Брегалница, настапуваше и за Брера Струмица, Вардар, Каменица Саса, Победа од Прилеп, а меѓународна кариера започна да гради во Вараждин од Хрватска, а сега се сели во ...
Прволигашот Шкупи ги живее најтешките денови, клубот има голема резултатска криза откако есенскиот дел го заврши на дното со само еден бод и со тоа е прв кандидат за испаѓање во Втора лига, но има сериозни и организациски проблеми. Со цел клубот да не се соочи со целосен колапс, дел од навивачите и спортските работници решија да реагираат и да формираат „Совет за спас и враќање на честа, достоинството и идентитетот“ на Шкупи. Во пролог ви го ...
ГРК Охрид и официјално го потврди трансферот кој веќе неколку дена се најавуваше – црногорскиот лев бек Вуко Борозан е нов член на охридскиот суперлигаш. Со ова раководството на клубот уште еднаш испрати јасна порака дека амбициите не застануваат само на добрите резултати од есенскиот дел. По разделбата со Младен Крсманчиќ и Теимураз Орјоникидзе, беше јасно дека Охрид бара квалитетно и искусно решение во бековската линија. Изборот падна на ...
Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува со интензивните подготовки за продолжението од сезоната и паралелно го заокружува ростерот со квалитетни млади ракометарки. „Црвено-црните“ зад себе веќе имаат успешно учество на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“, каде стигнаа до златниот пехар, а дел од тој успех беа и новите засилувања кои постепено се интегрираат во тимот. Од денес, Вардар и официјално доби уште едно репрезентативно име ...
По две сезони поминати во дресот на Шкендија Арачиново, Артан Чилафи официјално стави крај на соработката со клубот. Младиот фудбалер зад себе остава период кој ќе остане запишан во историјата на клубот, откако тимот успеа да избори пласман во Втората лига – успех кој долго ќе се памети во Арачиново. Чилафи во своето обраќање до јавноста потенцираше дека одлуката за разделба доаѓа по две години исполнети со позитивни моменти и значајни ...
Есенскиот првак и лидер во ПМФЛ, Вардар, го одигра завршниот тест на подготовките во Анталија против ерменскиот Алашкерт. „Црвено-црните“ не успеаја да дојдат до позитивен резултат и беа поразени со 0-3. Противникот беше поефикасен, постигнувајќи два погодоци во првото полувреме и уште еден во продолжението од средбата. По овој натпревар, вардаровата експедиција ги завршува зимските подготовки во Турција и се враќа во Скопје. Екипата на ...
Фудбалерите на Арсими забележаа висока победа на пријателскиот натпревар со второлигашот Кожуф од Гевгелија, а кој се одигра во Гостивар. Натпреварот заврши со убедливи 3:0 за прволигашот од Чегране. Арѓент Гафути, Џезаир Авдули и Шефит Шефити беа стрелци на погодоците за тимот на Арсими. Прволигашите влегуваат во последни подготовки пред стартот на пролетниот дел кој е закажан за 10 февруари, а пак второлигашите ќе имаат повеќе време за ...
Радовишанецот Диме Димов отвора ново интернационално поглавје во својата кариера, откако постигна договор со албанскиот прволигаш Билис. Искусниот македонски стопер во новата средина доаѓа како слободен фудбалер, по прекинот на соработката со индонезискиот Персебаја на почетокот на 2026 година. 31-годишниот дефанзивец зад себе има богато искуство и настапи во повеќе земји. По Македонија и Бугарија, каде го носеше дресот на Локомотив Софија, ...
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди термините и саатниците за првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига, а втората полусезона стартува на 10 февруари (вторник). Колото ќе се игра во три денови, односно вторник, среда и четврток, а терминот е 14 часот за сите натпревари. Пролетната полусезона се отвара со двата дуели кои на програмата ќе биде на 10 февруари (вторник), кога Шкупи ќе го пречека Тиквеш, а дербито ќе го ...
Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново реализираше звучно засилување во пресрет на продолжението од сезоната. Искусниот фудбалер Николче Шаркоски е нов член во тимот од Арачиново, откако клубот постигна договор со 31-годишниот прилепчанец кој доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф. Шаркоски зад себе има богата и респектабилна кариера во македонскиот фудбал. Настапуваше во Првата лига за етаблирани клубови како Вардар, Работнички, АП Брера ...
Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица со нов тренер ќе ги започне подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Стартот на тренинзите е закажан за понеделник, 9 февруари, кога екипата ќе влезе во подготовките со јасна цел – подобар пласман во продолжението од првенството. На седница на Управниот одбор на клубот, на предлог на претседателот Александар Митев, за нов шеф на стручниот штаб е назначен Петар ...
Екипата на ЖРК Вардар е победник на првото издание на Меѓународниот женски ракометен турнир „Атлетик и пријателите“, кој се одржа во организација на прволигашот Атлетик. „Црвено-црните“ со одлични настапи го освоија трофејот и го обележаа премиерното издание на овој меѓународен настан. Второто место му припадна на домаќинот ЖРК Атлетик, третопласирана беше екипата на ЖРК Будуќност 2, додека четвртото место го освои ЖРК Куманово. Организаторот ...
Прволигашот Пелистер успешно ги заврши двонеделните подготовки во Белек, Турција, каде што битолскиот прволигаш ја реализираше втората фаза од припремниот период. Стручниот штаб, предводен од Милан Стојановски, во целост ја исполни планираната програма, а експедицијата во саботата се врати во Битола. Во текот на подготовките, шанса доби целиот ростер на „зелено-белите“. Беа одиграни четири контролни натпревари, а преку интензивните ...