Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Македонскиот второлигаш Пелистер в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар против грчкиот второлигашот Панионис. Натпреварот ќе се одигра во Птолемаида, во 17 часот по македонско време. Новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов утре ќе ја првата проверка за тоа како оди подигањето на формата, а потоа ќе следуваат и други контролни средби. Пелистер минатата сезона испадна од Првата македонска фудбалска лига, а целта во новата сезона ќе ...
Силекс ја заврши европската авантура уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако по голема драма и изведување пенали беше елиминиран од белорускиот Динамо Минск. По победата од 1-0 на првиот натпревар, кратовци загубија со идентичен резултат на реваншот, а по продолженијата без голови, гостите славеа со 6-5 на пенали и обезбедија пласман во следната рунда. Белорускиот состав уште во 16. минута успеа да ја анулира ...
Шкендија успешно ја заврши својата задача во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако и на реваншот славеше над Европа од Гибралтар со 1-0 и со убедливи 6-0 во вкупниот резултат обезбеди место во следната рунда од натпреварувањето. По убедливите 5-0 на првиот натпревар, тетовчани без поголем притисок го дочекаа реваншот во Скопје. Избраниците на стратегот на Шкендија имаа контрола врз играта во текот на целиот натпревар, но ...
Второлигашот Охрид го потврди трансферот на Дамјан Масевски, трансфер кој ексклузивно го најави Спортска Мрежа пред неколку дена. Голгетерот Масевски во таборот на „рибарите“ доаѓа од редовите на Брегалница, каде настапуваше изминатата сезона, а со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Прва лига. Масевски низ својата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Кадино, Тетекс, Силекс, Пелистер и Детонит Плачковица, а меѓу „рибарите“ е ...
Второлигашот Камјани кој за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига продолжува да се екипира и да го подига квалитетот во сопствените редови. Најново име кое пристигна во редовите на новајлијата е Аљбан Мемеди, кој пристигна од тимот на Брегалница. 22-годишникот со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига, а низ кариерата беше дел од Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, тетовска Шкендија, ...
КК Пелистер влегува во нова етапа од своето функционирање, откако на редовното годишно собрание беа избрани новите раководни тела на клубот. Нов претседател е Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот тим, додека функцијата спортски директор ќе ја извршува Предраг Созовски, кој во минатото беше дел од Пелистер и како кошаркар и како тренер. Формиран е и нов Борд на директори кој ќе биде задолжен за управувањето со клубот, а единствен ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
Христијан Поп-Антоски по одличната сезона во редовите на Осогово ќе менува средина откако се раздели со второлигашот од Осогово. 22-годишниот лев бек од Прилеп зад себе имаше фантастична сезона во дресот на „жетварите“ со 5 погодоци и 8 асистенции и учествуваше директно во многу победи и освоени бодови за тимот од Кочани. Низ кариерата младиот фудбалер настапуваше за Победа, кој е негов матичен клуб, Братство, Македонија ЃП и Детонит ...
Второлигашот Новаци го промовираше Стефан Спировски како ново засилување, се работи за 20-годишен фудбалер кој е дете на Пелистер. Спировски може да ја покрива десната страна од теренот, односно може да игра како десен бек и десно крило, а минатата сезона настапуваше за второлигашот Преспа од Ресен. За Спировски ова ќе биде враќање во второлигашот Новаци, бидејќи во период од јануари до август 2024 година го носеше дресот на Новаци. Новаци ...
Македонските фудбалски љубители ќе имаат можност во живо да го проследат реванш натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Дуелот ќе биде емитуван во директен пренос на телевизискиот канал Арена М1 Премиум. Кратовчани во реваншот влегуваат со голема самодоверба, откако на првиот натпревар славеа со минимални 1:0 против белорускиот претставник. Натпреварот се одигра во Бугарија, каде ...
Фудбалската федерација на Македонија официјално го започна процесот за пријавување на екипите кои сакаат да настапуваат во Втората футсал лига во натпреварувачката сезона 2026/2027. Право на учество имаат сите заинтересирани футсал клубови кои ги исполнуваат условите предвидени со Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ. Пријавите, заедно со целокупната потребна документација, треба да бидат доставени во архивата ...
Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27, а раководството на клубот обезбеди уште еден важен потпис. Средниот бек Ана Стојчевска и во новата сезона ќе остане дел од битолскиот состав. Стојчевска во Пелистер пристигна минатото лето од Младост Ресен и со своите настапи се наметна како една од најважните ракометарки во екипата. Добрите игри беа доволна причина клубот да ја продолжи соработката ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани продолжува да се засилува за новата сезона која стартува на 15 август. Најново име кое дебитантот го обезбеди и искусниот Енис Дервиши кој доаѓа од редовите на прволигашот Шкендија Арачиново. Станува збор за фудбалер кој речици една деценија е активен во фудбалот и со себе носи огромно искуство и квалитет. 28-годишниот Дервиши низ неговата кариера покрај за тимот од Арачиново ...
Второлигашот Осогово денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Крсте Крстев денес ја имаше првата прозивка со која беше означен почетокот на летните подготовки. Костурот на тимот е сочуван, но истиот и ќе биде освежен со неколку засилувања, кои веќе се пристигнати во Кочани и денес присуствуваа на првиот тренинг. По воведниот состанок беше одржан и првиот тренинг на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во ...
Македонскиот прволигаш Скопје влегува во ново поглавје пред стартот на сезоната 2026/27. Клубот официјално го промовираше Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб, кој на клупата ќе го наследи Александар Таневски. Скопје најпрво му се заблагодари на Таневски за сè што направи во изминатиот период. Под негово водство „пиратите“ од Автокоманда успеаја да обезбедат враќање во Првата македонска фудбалска лига, а новата сезона ја започнуваат на ...
По историската сезона во која го освои првиот европски трофеј, ГРК Охрид на 24 јули ќе ги започне подготовките за новите предизвици. „Гладијаторите“ ја комплетираа екипата за сезоната 2026/27 и со 22 ракометари ќе влезат во новото поглавје, во кое ќе се обидат да ги повторат успесите од минатата година. Првата прозивка на тренерот Борис Ројевиќ е закажана за 24 јули, кога официјално ќе стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона. ...
Прволигашот Брегалница продолжува со формирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а раководството на клубот обезбеди уште две важни продолжувања на соработката. Во дресот на „сините“ и во сезоната 2026/2027 ќе настапуваат Давид Калпачки и Благој Хаџи-Кимов, фудбалери кои беа дел од шампионската генерација што ја врати Брегалница во елитата. Давид Калпачки пристигна во Штип во јануари 2023 година и во изминатите години се покажа како едно ...
Фудбалскиот клуб Пелистер ги започнува подготовките за новата сезона 2026/2027 со амбициозна програма за својата младинска школа. Во претстојниот подготвителен период, младите „зелено-бели“ ќе имаат можност да стекнат драгоцено искуство преку контролни натпревари и настапи на домашни и меѓународни турнири против реномирани противници. Младинските категории на битолскиот клуб ќе ги одмерат силите со познати клубови и академии како ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер официјално потврди дека завршува соработката со младиот босански ракометар Алем Хаџиќ, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на договорот. Талентираниот централен бек во Битола пристигна во август 2023 година од босанскиот Коњух, како еден од најперспективните млади ракометари во регионот. Во изминатите три сезони остави силен впечаток, пред сè во младинските категории, но доби шанса ...
Амбициозниот Илинден кој гради ростер за влез во Втората македонска фудбалска лига промовираше четири нови засилување – се работи за Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Кристијан Ивановски и Матеј Божиновски. Давид Ристовски кој има 24 години доаѓа од редовите на БВК Коњаре, се работи за офанзивен играч за врска, а низ неговата кариера беше дел од Осогово, Слога Виница, Кожуф, Кадино, Македонија ЃП и Вардар од каде и ја започна кариерата. ...
Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува да инвестира во младите таленти, а најнови членови на тимот се Давид Аврамовски и Тома Симоновски, кои официјално ги ставија своите потписи на договори со скопскиот клуб. Осумнаесетгодишниот Давид Аврамовски пристигнува од редовите на Аеродром, додека неговиот врсник Тома Симоновски, кој е и кадетски репрезентативец на Македонија, доаѓа од екипата на Мулти Есенс. Од Бутел Скопје информираат дека ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во редовите на кавадаречкиот клуб е српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ. Станува збор за 30-годишен искусен фудбалер кој веќе добро ги познава условите во македонскиот фудбал, откако претходно го носеше дресот на Струга Трим Лум, со која ја освои шампионската титула. Во Кавадарци пристигнува од бугарскиот прволигаш Ботев Враца, а зад ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново испрати јасна порака дека влегувањето во Првата македонска фудбалска лига е само почеток на една поголема спортска приказна. Од клубот најавуваат амбициозни планови за иднината, како на теренот, така и надвор од него, со цел да изградат стабилен и конкурентен прволигаш. Преку своите официјални канали, од Шкендија Арачиново порачаа дека клубот ќе продолжи да блеска, ќе остане таму каде што му е местото – во ...
Второлигашот Беласица од Струмица договори пет пријателски натпревари за проверка на формата, од кои два ќе биде меѓународни против екипи од Бугарија. Првиот контролен натпревар е договорен за 18 јули против Септември Симитли, на 24 јули ќе следува тест со Беласица од Петрич. За 29 јули е договорен контролен натпревар против Кожуф од Гевгелија. На 1 август ќе биде тестот со Детонит Плачковица, а пак „генералката“ ќе биде против Работники на 8 ...
Иако не успеа да ја продолжи својата авантура во квалификациите за Лигата на шампионите, Вардар останува на европската сцена. По драматичната елиминација од фински КуПС, „црвено-црните“ европскиот пат го продолжуваат во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, каде за противник ќе го имаат шампионот на Летонија – Рига. Летонскиот претставник исто така пристигнува во ова натпреварување по елиминацијата од квалификациите за ...
Денес второлигашот Еуромилк ГЛ и прволигашот Шкендија Арачиново одиграа пријателски натпревар во рамки на летните подготовки за проверка на формата, кој заврши без победник со по еден гол за конечни 1:1. „Лисиците“ први стигнаа до предност од 1:0 на полувреме со голот на Хусеин Демири, кој погоди во 27. минута од средбата, а потоа во вториот дел тимот од Горно Лисиче се одлучи да има даде шанса и на помладите играчи, кои како што посочуваат ...
Второлигашот Новаци продолжува активни да се засилува за новата сезона, а најново име во тимот на Иван Варадиновски е 19-годшниот Андреј Сиљаноски, кој доаѓа од редовите на Пелистер. Сиљаноски е повратник во Новаци, откако го носеше дресот на овој клуб во период од септември 2025 до јуни 2026 година. Потекнува од Форца Спорт каде настапуваше три години. Новаци претходно се засили со Кирил Стојков и Петар Гугуљанов кои во пакет пристигнаа од ...
Прволигашот Арсими од Чегране продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во „жолто-црното“ семејство е дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими од Куманово. Се работи за 30-годишен фудбалер кој покрај за Башкими настапуваше и за Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а меѓународна кариера градеше во Албанија настапувајќи за Фламуртари. „30-годишниот фудбалер потпиша едногодишен договор со ...
По подолг период, фудбалот повторно ќе се игра во село Зубово. ФК Струмешница и официјално се реактивира и од претстојната сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Струмица, со што се враќа долгогодишната фудбалска традиција во ова струмичко село. Повторното активирање на клубот е овозможено благодарение на поддршката од Општина Ново Село, како и на локалните компании и општествено одговорни луѓе кои ја препознаа важноста ...
Македонскиот шампион Вардар со победа се прости од квалификациите за Лигата на шампионите, откако во реваншот славеше со 2:3 против финскиот КуПС, но тоа не беше доволно за пласман понатаму. По поразот од 0:2 во Скопје, „црвено-црните“ успеаја да ја надополнат негативата во регуларниот дел, но по драматичните продолженија финскиот првак со вкупни 4:3 обезбеди место во следната рунда. Избраниците на Кристијан Фабијани од самиот старт покажаа ...