Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Фудбал, фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, каде што може да се најдат многу зголемени коефициенти. Интересно е дека сите 16 понудени натпревари се играат во периодот од 18 до 21 часот, а возбудувањата ќе започнат со првото полуфинале на Африканскиот куп на нациите меѓу Сенегал и Египет. Улогата на фаворит тука ја има Сенегал, па „кецот“ е зголемен на 2.26. Вечерва ќе играат и неколку европски гиганти, ...
Одлична е атмосферата меѓу навивачката Фаланга која ноќеска од Скопје започна еден неверојатен поход. Триесетина верни навивачи на македонската репрезентација го започнаа своето патешествие со автобус да стигнат до градот Хернинг во Данска, каде ќе ракометарите ќе играат на Европско првенство. Патот кон ова патување долго повеќе од 2.300 километри започна на убав празник, на Василица. Навивачите не заборавија со себе во автобусот да понесат и ...
Пет интересни натпревари може да ви донесат вкупен коефициент од 40,99, доколку се одиграат сите пет понудени комбинации од Квоти на ден. Сенегал да не загуби против Египет во регуларниот дел од полуфиналето на Африканскиот куп на нации во дуел на кој ќе бидат постигнати меѓу еден и три гола е со квота од 1.95. Наполи е домаќин на Парма и тимот на Елиф Елмас да даде еден гол, а да има повеќе погодоци во второто полувреме од првото, се ...
Лос Анџелес лејкерс ја прекинаа низата од три порази по ред, откако на свој терен беа убедливи и славеа над Атланта со 141:116, во еден од седумте натпревари кои се одиграа ноќеска во НБА лигата. Двете најголеми ѕвезди на Лејкерс, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ беа во вистински ритам, а кога е така, противниците немаат шанса. Џејмс го заврши мечот со 31 поени, 9 скокови и 10 асистенции, што значи дека му фалеше само еден скок за да комплетира ...
Група од 25-30 навивачи во раните утрински часови со автобус од Скопје тргна на долг пат до Данска, каде што треба да ја бодри македонската ракометна репрезентација на натпреварите од Европското првенство во градот Хернинг. Делува лудо, од Скопје до Хернинг има повеќе од 2.300 километри, но со добро друштво, песни, забава, ќе се издржи. Попатна станица ќе биде Прага, каде што групата ќе преспие, а потоа со нови сили се оди кон Данска, каде ...
Џуд Белингам првпат по отказот на Чаби Алонсо се огласи во јавност, но на големо изненадување, без воопшто да го спомене поранешниот тренер на „кралевите“. Токму Белингам беше посочен како еден од фудбалерите кои учествувале во „пучот“ за смена на тренерот, па и неговата објава се однесува на тоа. „Досега им дозволував на премногу вакви работи да поминат, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но, искрено… ...
Фудбалерите на Манчестер сити и 13-ти натпревар по ред со сите натпреварувања не знаат за пораз, откако славеа со 0-2 на гостувањето кај Њукасл во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп и со него веќе се во големото финале. Новото засилување на „граѓаните“, Антоан Семењо, постигна гол и на вториот меч за Манчестер сити, овој пат во 53-тата минута за водство од 0-1 на „Сент Џејмс парк“. Конечниот резултат го постави Рајан Шерки во ...
Чаби Алонсо го презеде Реал Мадрид пред крајот на мај минатата година, односно пред почетокот на Светското клупско првенство, но на клупата на „кралевите“ се задржа само околу седум месеци, а му пресуди поразот од Барселона во финалето од шпанскиот Супер куп. Шпанецот по одличните резултати со Баер Леверкузен, имаше понуди од неколку европски великани, но неговата одлука беше да го чека Реал Мадрид. Сега кога се раздели со „кралевите“, ...
Светската фудбалска организација, ФИФА, се соочува со голем проблем кој може и да ескалира доколку не се преземе нешто. Дури 17.000 навивачи буквално преку ноќ ги откажале билетите за Светското првенство, кое годинава ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Причините се различни, но доминираат високата цена, политиката и стравот за личната безбедност. Според математиките, еден навивач да ги гледа сите натпревари на својата репрезентација до ...
Драган Стојковиќ – Пикси во октомври минатата година си замина од селекторската позиција во фудбалската репрезентација на Србија, а јавноста кај нашиот северен сосед долго шпекулираше дека добил милионско обесштетување. Шпекулациите се должат на фактот дека Пикси не си поднесе оставка, туку само ја понуди, а Управниот одбор на ФСС подоцна и му ја прифати. Сепак, генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, за јавноста откри детали од ...
Ракометната репрезентација на Македонија и официјално ги заврши подготовките за настапот на Европското првенство и сега со нетрпение го чекаме петок и првиот дуел против Данска. Нашите ракометари вечерва го совладаа данскиот прволигаш Мидтјиланд со 35-27 во генералката пред континенталниот собир. „Мислам дека успеавме се да опфатиме и добро да се подготвиме за натпреварите кои ни претстојат на Европското првенство од групната фаза. ...
Алваро Арбелоа ќе биде замената за Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид, но тренерот на Кастиља се чини дека нема да се задржи долго на клупата на „кралевите“. Планот на Флорентино Перес е веднаш да назначи тренер на дол рок, а тоа се очекува да биде ни повеќе ни помалку, туку Јирген Клоп. Германецот уште пред еден месец имал контакт со претседателот на Реал Мадрид, но одбил да преговара бидејќи Чаби Алонсо се уште беше тренер. Сега, кога ...
Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешна генералка пред стартот на Европското првенство и славеше со убедливи 36-27 над данскиот прволигаш Мидтјиланд. Шанса на мечот против екипата од Хернинг, градот во кој ќе ги играме натпреварите на континенталниот собир, добија сите ракометари, а селекторот Кирил Лазаров со сигурност може да биде задоволен од подготовките, барем на резултатски план. Нашите ракометари загубија само на првата ...
Откако Милитао попладнево се огласи преку социјалните мрежи објавувајќи порака на простување со разрешениот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, останаа само уште петмина кои уште молчат. Килијан Мбапе беше еден од првите кои се прости со Алонсо, потоа еден по еден речиси сите му се заблагодарија за соработката, но има цела петорка која уште не го направила тоа и станаа „сомнителни“ дека тие се играчите кои сакаа Алонсо да биде сменет. ...
Вардар налето ќе остане без Роџерс Мато и притоа клубот нема ништо да заработи бидејќи напаѓачот од Уганда ќе си замине во шкотскиот Хартс како слободен играч, договорот со Црвено-црните му истекува во јуни. Оваа вест предизвика шок кај фановите на Вардар. Добрата страна е што Мато ќе остане во клубот и во пролетниот дел од сезоната и ќе помогне во битката за титулата, но лошо е што ќе си замине без клубот да заработи пари од негова продажба. ...
Најдобриот тим во НБА лигата и актуелен првак, Оклахома Сити тандер, вечерва е пред голем предизвик, треба да спречи да добие „метла“ од Сан Антонио спарс. Мамузите веќе три пати сезонава го победија Тандер. Оклахома сити има само седум порази, од кои дури три им се против Сан Антонио. Квотите во Sport Life велат дека фаворит е Оклахома сити, а може да одиграте и на голем број поединци за играта колку поени ќе постигнат. Вечерва Феникс и ...
Откако натпреварот на Санкт Паули против Лајпциг на стадионот „Милрентор“ беше откажан за време на викендот, не може да се одржи ниту средбата на Хамбургер против Баер Леверкузен која требаше да се игра вечерва од 20.30 часот. Причината за откажувањето се безбедносните проблеми околу гледалиштето бидејќи има голема количина мраз на покривот на стадионот и тој мраз брзо се топи и има опасност големи парчиња да паднат врз навивачи кои би биле ...
Македонскиот ракометен репрезентативец, бек и капитен, Филип Кузмановски, смета дека одбраната е таа која може да ни донесе добри резултати на претстојното Европско првенство кое почнува задутре, а нашите првиот меч го играат в петок. „Имаме тешка група, но играме за Македонија, се бориме за Македонија. Имаме млад тим и сакаме да се покажеме во добро светло на ова првенство. Сакам да им го пренесам искуството на моите соиграчи. Долго време ...
Турскиот гигант Фенербахче сака по секоја цена да ја врати титулата на своите витрини и нема да застане само на доаѓањето на квалитетниот играч за врска Матео Гендузи, во плановите им се уште двајца други врвни играчи – Н’голо Канте и Адемола Лукман. Познат турски новинар објави фотографија од претставници на Фенербахче кои се упатуваат кон Саудиска Арабија за да постигнат договор со Ал-Итихад за трансфер на Канте чиј договор истекува на ...
Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со угандискиот интернационалец Роџерс Мато да стане играч на Хартс ова лето, објави шкотскиот клуб кој е лидер на табелата во нивното првенство. Според информацијата на клубот од Единбург, 22-годишниот напаѓач на Вардар ќе им се приклучи на Срцата во јули, по истекот на неговиот договор со Вардар, и ќе потпише тригодишен договор. „Благодарение на неговите голгетерски подвизи оваа сезона, ...
Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски своето деби на Европското првенство ќе го имаат на 17-ти јануари во Малме, каде ќе делат правда на дуелот помеѓу Шведска и Холандија од групата Е на ЕП 2026. Тие ќе бидат единствен македонски судиски пар на првенството, откако ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Инаку, македонската репрезентација в петок на 16-ти јануари го игра својот прв меч на ЕП, против ...
Алваро Арбелоа денеска го одржа првиот тренинг како главен тренер на Реал Мадрид, а ја одржа и првата прес-конференција на која одговори на многу прашања и беа отворени многу теми. „Ова е посебен ден за мене. Тука сум 20 години, ова е мојот дом, во најдобриот клуб во историјата. Свесен сум за одговорноста што ја имам и многу сум возбуден. Вчера попладне бев информиран дека клубот сака јас да го преземам тимот. Секако дека разговарав со Чаби, ...
Барселона официјално го објави враќањето на Жоао Кансело на „Камп ноу“, видеото беше придружено со порака: „Човек кој ја сака Барселона“, каталонскиот клуб го зеде бекот на Ал-Хилал на позајмица до крајот на сезоната. Беше објавено и дека Португалецот ќе носи дрес со бројот 2. Сепак, Блауграните подоцна ги избришаа сите објави за трансферот на португалскиот репрезентативец од нивната веб-страница и од социјалните мрежи. Сега единствената вест ...
Тотенхем е блиску до финализирање на трансферот на фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Конор Галахер, за сума од 40 милиони евра. Лондонскиот клуб успеа да ја добие трката со Астон вила за потписот на англискиот репрезентативец. Иако првично се сметаше дека Астон вила е фаворит за неговото ангажирање, Тотенхем експресно најде заеднички јазик со Атлетико и со 25-годишниот играч. Клучниот момент во преговорите беше подготвеноста на Тотенхем ...
Бразилскиот гигант Палмеирас во последните неколку години произведе повеќе суперталенти кои ги продаде во Европа и буквално ја наполни клупската каса. Сега се наѕира нов голем талент, а тоа е 16-годишниот Едуардо Консеисао. Тоа е тинејџер кој моментално игра во Купот на Бразил за јуниори, а во првите два меча постигна четири гола, плус имаше и три асистенции. Од Палмеирас воопшто не сакаат да останат ништо на случајноста, па на Консеисао му ...
Возбудувањата на Спортска прогноза продолжуваат со мечевите од 15-тото коло. Вкупно 13 најинтересни мечеви, плус два дуела кои се „резерва“ се дел од понудата за прогнозирање до 13:30 часот во сабота. Тој термин од 13:30 часот е закажан за големото дерби на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити на „Олд Трафорд“. Освен овој меч, има и други возбидливи пресметки од првенствата на Германија, Италија, Шпанија и Франција. Како и во секое коло, така и ...
Јувентус стигна до најубедливата победа во последните година дена, откако со убедливи 5:0 славеше над Кремонезе во меч од 20 коло на италијанската Серија А. Со оваа победа гигантот од Торино стигна до 39 бодови, колку што има и третопласираниот Наполи. Пред нив се Милан со 40 бодови и лидерот Интер со 43 бодови. За Јувентус ова беше прв пат во полледните осум години да постигне 5+ погодоци во првенствен дуел. Во февруари 2018 година, ...
Њукасл и Манчестер сити вечерва ќе го играат првиот меч од полуфиналето во Лига купот на Англија. Домаќините сигурно ќе сакаат да се стекнат макар со минимална предност за да можат да бидат посамоуверени пред реваншот во Манчестер, кој ќе се игра на 4 февруари. Њукасл влезе во добра серија и има победи на последните четири меча што ги одигра, а трипати имаше голеада со 4+ погодоци. Сити нема пораз на последните 12 дуели, но во првенството ...
Најтрофејниот ракометен клуб во Македонија, Вардар и еден од најискусните играчи во составот на Црвено-црните, Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот и ракометарот од денеска е слободен играч. „Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението од клубот. Искусниот 31-годишен лев бек во периодот поминат во Вардар беше ...
Лионел Меси и на 38 години е еден од најпопуларните, а за многумина сѐ уште најпопуларен фудбалер во светот. Аргентинецот неодамна го продолжи договорот со тимот на Интер Мајами до 2028 година, што значи дека многу веројатно тоа ќе биде и неговиот последен клуб во кариерата. Сепак, повеќе светски медиуми пишуваат дека може да има пресврт во целата таа приказна. Наводно, првиот човек на саудискиот гигант Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, е решен да ...