Јувентус вечерва на свој терен го пречекува Кремонезе и гигантот од Торино е огромен фаворит за победа. Со евентуални три бода, Старата дама ќе дојде до 39 бода и може да се искачи на третото место на табелата, со што ќе потврди дека има и шампионски амбиции. Еден од оние играчи кои не се експонираат премногу на теренот е Глејсон Бремер. Централниот дефанзивец на Јувентус дава голема стабилност не само во одбраната, туку воопшто на теренот. ...

Реал синоќа го загуби и петтoтo Ел Класико во последните шест дуели со Барселона, но покрај убавата сума што ја заработија само за настап, мадридскиот клуб има причини и за дополнително задоволство и покрај поразот во финалето. Реал наскоро ќе финализира еден од најамбициозните финансиски договори во историјата на Кралскиот клуб, а тоа е обновувањето на главните спонзорски договори со Fly Emirates, Adidas и HP. Информацијата ја откри Хозе ...

Англискиот гигант Манчестер јунајтед и оваа сезона ќе ја заврши без освојување на ниту еден трофеј. Црвените ѓаволи веќе се елиминирани од Лига купот, ФА купот, а во Премиер лигата се далеку од екипите кои се борат за титулата. Тимот сезонава не игра во европските купови, што значи дека едноставно уште во јануари е јасно дека сезоната нема да има трофеј во клупските витрини. Последниот шампиони трофеј во првенството Манчестер јунајтед го ...

Некогашниот четирикратен европски првак Ајакс, повторно во своите редови има фудбалер со презиме Ибрахимовиќ. Ако пред повеќе од 20 години таму царуваше Златан Ибрахимовиќ, денеска е комплетирано доаѓањето на Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан. Максимилијан Ибрахимовиќ ги помина лекарските прегледи и како позајмен играч ќе биде дел од тимот на Ајакс до крајот на оваа сезона. Во младинскиот тим на Милан, Максимилијан ...

Барселона го освои првиот трофеј во 2026 година откако по голема борба со 3:2 славеше над најголемиот ривал Реал Мадрид. За Флик ова е осмо финале како тренер и во сите осум неговиот тим победувал, што значи дека го задржа стоостотниот учинок што го има. Самиот Флик беше пресреќен бидејќи исто како минатата сезона, во финалето на Суперкупот го победи Реал Мадрид и откри што било клучно за тоа неговиот тим да се радува на крајот. „Го ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, доби црвен картон на вчерашното дерби против Интер на „Џузепе Меаца“, во кое неговиот Наполи одигра 2-2. При досудениот пенал за Нераѕурите во 71-та минута од натпреварот, тренерот се изреволтирал и му се обратил на четвртиот судија со зборовите: „Не ли ви е срам?!“ I’m feelin da same anger as Antonio Conte afta Napoli concedes that penalty. 😡 pic.twitter.com/kRAo5DIEuQ — Tony Baccala (@TonyBaccalaNY) ...

Неколку дена по дербито меѓу Атлетико и Реал, тренерот Диего Симеоне изрази жалење за односот кон Винисиус јуниор. Во четврток, двата тима се сретнаа во Саудиска Арабија во вториот полуфинален натпревар од турнирот за Суперкупот на Шпанија. Тимот на Чоло загуби со 1-2, а во текот на средбата тој влезе во конфликт со бразилскиот напаѓач. „Прво и најважно, сакам да се извинам на Флорентино (Перес) и на Винисиус за инцидентот од оној ден. Не ...

Скот Мектоминеј, заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, беше главна фигура во тимот на Наполи на синоќешното дерби против Интер. Шкотланѓанецот ги постигна двата гола во ремито 2-2, а Елмас беше асистент на првиот гол. Тој истакна дека Наполи никогаш не се предава, дури и во моменти кога на теренот има подредена улога. „Цело време верувавме дека сме во натпреварот. Играчите даваат сè од себе. Без Ангиса, без Лукаку, без Гилмор, ...

Македонската ракометна репрезентација веќе е во Данска, а утрово веќе го имаше и првиот тренинг. До почетокот на Европското првенство остануваат уште неколку дена, а Македонија во првото коло, на 16 јануари (в петок) ќе игра против домаќинот и најголемиот фаворит за златниот медал, Данска. Еден од оние кои се очекува да бидат лидери на теренот е Марко Митев. Играчот кој неколку месеци паузираше поради тешка повреда, веќе се враќа во одличен ...

Раководството на Реал Мадрид нема намера да го отпушти Чаби Алонсо по поразот од 2-3 од Барселона во финалето за Суперкупот на Шпанија. Во клубот се убедени дека прикажаната игра на тимот покажува постепено подобрување и работата продолжува кон оптимизација на процесите заедно со него, а не преку смена на тренерот, пренесува „АС“. Главниот приоритет за стручниот штаб сега ќе биде поврзан со физичката состојба на составот. Од Чаби Алонсо се ...

Мајкл Карик најверојатно ќе биде назначен за привремен менаџер на Манчестер јунајтед најдоцна до утре. До синоќа се сметаше дека Оле Гунар Солскјер е голем фаворит за позицијата, при што раководството на Црвените ѓаволи водеше разговори со двата кандидати. Сепак, ситуацијата се променила. Според британските медиуми, Карик имал многу позитивна комуникација со претставниците на „Инеос“ и со раководството на Манчестер јунајтед и се верува дека ...

Индонезиската фудбалска федерација на итна седница му изрече доживотна суспензија од фудбалот на Мухамед Хилми Гимнастијар, играч на четвртолигашки клуб, а ќе мора да плати и казна од околу 2.800 долари. Хилми доби црвен картон за еден крвнички старт кога крампоните од копачките ги заби во градниот кош на противнички играч, но тоа беше најблагата од сите казни бидејќи никогаш повеќе нема да му се врати на играњето фудбал. Повредениот играч ...

5606 Ал Хилал – Ал Наср (18.30 часот) Ова е големо саудиско, а и градско дерби во Ријад, плус пресметка на првиот и вториот тим на табелата. Ал-Наср долго го чуваше водството на табелата, но Роналдо и другарите драстично паднаа во формата, освоија само еден бод во последните три кола, па Ал-Хилал го искористи тоа и им бега четири бода. Ако Ал-Хилал победи и вечерва, би отишол на големи +7, што може да биде и решавачко во трката за титулата. ...

Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води екипата до крајот на оваа сезона. Легендарниот 53-годишниот некогаш играч, а сега тренер, по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на прв тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер. Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката ...

Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во квалификациите на гренслем турнирот Австралијан опен, ја елиминираше четвртата носителка, и сега потребни се уште две победи за да се најде на главниот турнир и потенцијално да има дуел со некоја од најдобрите на светот. Ѓорческа на теренот број 12 во Мелбурн имаше силна поддршка од трибините каде се најдоа македонски фанови. Погледнете ТУКА како играше Лина и како се навиваше за најдобрата ...

Минесота тимбервулфс го доби најдраматичниот меч синоќа во НБА-лигата, со 104-103 победи против Сан Антонио спарс. Гостите имаа предност од 14 поени разлика на стартот на последната четвртина, имаа и плус 19, но Шумските волци направија голем пресврт. Кошот за победа го даде Ентони Едвардс на 16,8 секунди до крајот. Спарс го имаа последниот напад, имаа три шута во завршните секунди, но не беа прецизни. Драма имаше и во Торонто, каде што ...

Петте денешни предложени Квоти на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 41.24 и дефинитивно треба да се земат предвид. Да има победник на Џенова – Каљари и притоа да паднат 2-4 гола е комбинација за која се нуди квота од 2.35. Да не биде нерешено и на Ал-Хилал – Ал-Наср во големото саудиско и градско дерби во Ријад, а да има 0-1 гол во прво полувреме е комбинација за која се нуди квота од 2.25. Квота од точно 2.00 Sport Life ...

Шпанските медиуми снимија два скандалозни моменти по завршувањето на синоќешното Ел Класико од Суперкупот на Шпанија, па многу се пишува и за тие снимки кои предизвикаа внимание. Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес, додека славеше прегрнат со Јамал и Касадо, на навивачите на Реал Мадрид им се обрати со зборови „Пушете го, ајде марш дома!“. Неговиот тимски колега ги „почести“ фановите со покажување на среден прст. Од друга страна, ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, летоска инсистираше клубот да го донесе Елиф Елмас, макар и на позајмица од Лајпциг, а периодов доаѓа и одговорот зошто Конте го сакаше Македонецот во својот тим. „Елиф Елмас често извршува не толку видлива работа на теренот (иако му асистираше на Мектоминај за израмнување на 1-1), но беше клучен против Интер. Тактички интелигентен, разновиден и тешко предвидлив за противниците. Конте силно го сакаше во ...

Претседателот на Барселона по триумфот над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп рече дека мечот бил одличен и дека архитект на успехот е тренерот Ханси Флик со неговиот стручен штаб. „Нашиот тим играше одличен фудбал. Нема фаворити во финале помеѓу Барселона и Реал Мадрид, иако бевме во малку подобра форма. Ние сме големо семејство. Играчите се млади, а комбинацијата од играчи што ги имаме… резултатите зборуваат сами за себе. Флик и ...

Роберт Левандовски постигна еден од трите голови за Барселона во победата над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија. Каталонскиот гигант освои нов трофеј, а искусниот полски голгетер беше среќен поради тоа. „Секако дека сум среќен, ова е уште една титула за нас. Одигравме голем меч против Реал Мадрид. Одигравме добро во првото полувреме, потоа продолживме во исто темпо и во вториот дел. Сакавме да дадеме повеќе погодоци, но ...

Реал Мадрид повторно загуби од Барселона во финалето на Суперкупот, трет пат во последните четири години. Овојпат на дуелот во Џеда, каталонскиот гигант победи со 3:2. По финалето, тренерот на Реал, Чаби Алонсо ги кажа првите импресии. „Поразот во финалето? Емоциите се измешани. Секако дека сум разочаран затоа што сакавме да го освоиме трофејот, но од друга страна горд сум на играчите кои се бореа до крајот. Мора да ѝ честитаме на Барселона. ...

Во возбудливото финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона во Џеда го совлада вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои првиот трофеј за 2026 година. Спектакуларното финале донесе голема возбуда за публиката, а каталонците славеа благодарение на двата гола Рафиња и погодокот на Роберт Левандовски. За Реал стрелци беа Винисиус јуниор и Гонзало Гарсија. Со овој триумф, тренерот на Барселона, Ханси Флик, го освои осмиот трофеј во својата ...

Интер и Наполи ремизираа 2-2 во Милано во големиот дуел од 20-тото коло на Серија А, натпревар кој ја потврди жестоката трка за титулата оваа сезона. Интер поведе рано, веќе во деветтата минута, кога Димарко ја заврши ефектната акција на Нераѕурите. Лоботка и Мектоминеј направија грешка во додавањето, што му овозможи на Лаутаро да го проигра Турам на десната страна, а Французинот прецизно го пронајде Димарко од втор план за 1-0. Но, Наполи ...

Ељиф Елмас и неговиот Наполи се соочуваат со тешко гостување на „Џузепе Меаца“ против лидерот во Серија А, Интер. Македонскиот „дијамант“ ја забележа првата асистенција оваа сезона, прецизно го пронајде Скот Мектоминеј, кој со лукав удар го совлада Јан Сомер и донесе израмнување во 26-тата минута за 1-1. THE BRAVE HEART. Scott McTominay scores. 🇮🇹 Inter 1-1 Napolipic.twitter.com/qirAoahC4n — Goals Xtra (@GoalsXtra) January 11, 2026 Во ...

Барселона стигна до првиот трофеј во новата година откако во спектакуларно финале во Џеда го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои Суперкупот на Шпанија. Каталонците први дојдоа до предност со мајсторскиот погодок на Рафиња, но радоста траеше кратко, откако Винисиус јуниор израмни во судиското продолжение на првиот дел. Сепак, Барселона повторно возврати преку Роберт Левандовски, кој донесе ново водство, пред Реал уште еднаш да ...

Поранешниот македонски шампион Шкупи денеска официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, по катастрофалната есен во која чаирчани завршија на самото дно на табелата. Како што и се најавуваше, тимот тргнува во нов обид да ја одигра сезоната до крај на што е можно подостоинствен начин. Иако шансите за опстанок во Првата лига се минимални и клубот веќе е пред неминовна преселба во понизок ранг, во Чаир сакаат професионално да ...

Хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ официјално стана дел од ГРК Охрид. Искусниот кружен напаѓач потпиша договор до 2028 година и ќе биде едно од клучните засилувања за овој тим во продолжението на сезоната. Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата, каде настапуваше за Штутгарт. Во својата кариера настапувал и за Нексе, а има и репрезентативни настапи за Хрватска. „Многу сум среќен и горд што потпишав за ...

Барселона и Реал Мадрид приредија спектакл од голови (2-2) уште по првото полувреме од големото Ел Класико кое се игра во Џеда за првиот трофеј во 2026 година, Суперкупот на Шпанија. Бразилецот Рафиња ја донесе предноста за каталонскиот тим откако погоди во 36-тата минута со прецизен удар од 15 метри. 🇧🇷💫 WHAT A FINISH FROM RAPHINHA WHO GIVES BARCELONA THE LEAD!pic.twitter.com/1Dln33P4Mr — CentreGoals. (@centregoals) January 11, 2026 ...

Лацио стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Верона, совладувајќи го домашниот тим со 0-1 во 20-тото коло на италијанската Серија А. Мечот беше тежок и напнат, со малку вистински шанси до 79-та минута, кога римјаните одлично изведоа транзиција, а дефанзивецот на Верона, Нелсон, несреќно ја затресе сопствената мрежа. Оваа победа го означи успешниот старт на 2026 година за тимот на Маурицио Сари, кој минатата година ја помина ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
54%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
45%
1015
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.55
36%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
53%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
60%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
48%
1011
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
87%
1013
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
44%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
54%
1018
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
7.2
39%
1017
Currency

61.645

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

67.9966

Currency

7.70568

Currency

0.65974

Currency

0.33662

Currency

0.52483

Currency

1.21286

Currency

0.58004

Калај

48.20

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Бакар

11.61

Алуминиум

3.41

Платина

68931.20

Иридиум

259874.72

Паладиум

51376.89

Цинк

3.24

Рутениум

56199.51

Злато

161482.36

Сребро

2840.84