
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Арсенал ќе се обиде да го доведе голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, во летниот преоден рок. Новиот спортски директор на Топчиите, Андреа Берта, сака да го донесе шведскиот репрезентативец на „Емирати“. Лондонскиот клуб покажува интерес и за напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, но неговата цена е многу висока. Ѓокереш постигнал договор со раководството на Спортинг дека може да си замине летово за сума од околу 60 милиони евра. ...
Алавес го сопре Атлетико Мадрид ремизирајќи без голови на домашен терен и освои многу важен бод во битката за опстанок во Ла Лига. Сега Алавес има 35 бода, идентично како и Жирона, а три повеќе од Лас Палмас, кој се наоѓа во опасната зона на табелата. Атлетико Мадрид одамна ја загуби трката за шампионската титула, па тимот на Диего Симеоне и немаше преголеми мотиви, освен да игра за престиж. Ова е втор последовен натпревар во Ла Лига на кој ...
Астон Вила ја оствари 17-тата победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен го совлада Фулам со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Јури Тилеманс во 12-тата минута, на асистенција на Мекгин. Овој триумф ги заджува шансите на Астон Вила за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Унаи Емери сега се наоѓа на седмата позиција со 60 бода, колку што има и петтопласираниот Челзи, но со натпревар помалку. Фулам се ...
Чаби Алонсо, кој речиси сигурно ќе ја преземе клупата на Реал Мадрид на крајот од сезоната, веќе има јасна желба за прво засилување. Тоа е Џонатан Тах. Германскиот стопер, кој беше еден од клучните играчи во историскиот подвиг на Баер Леверкузен со освоената двојна круна, сега е цел на шпанскиот стратег. Иако според медиумите беше речиси сигурно дека Тах по истекот на договорот со Баер Леверкузен ќе потпише со Барселона, ситуацијата сега ...
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, уште еднаш ја крена тензијата во кошаркарската јавност со серијата објави на Инстаграм по поразот од Ефес во Истанбул (85-82). Контроверзниот газда на Зелените од Атина, познат по своите неконвенционални и често вулгарни изјави, овојпат ја обвини Евролигата дека останала „мафија“. „Бевте мафија и останавте, ама ќе престанете да бидете мафија“, порача Јанакопулос, директно обраќајќи се до ...
По месеци на шпекулации, неодлучност и неколку пресврти, Карло Анчелоти конечно донесе одлука: по разделбата со Реал Мадрид, ќе седне на клупата на бразилската фудбалска репрезентација. Иако само пред една недела италијанскиот стратег категорично го одби Бразил, шпанскиот весник „АС“ открива дека Анчелоти и претседателот на Фудбалската конфедерација на Бразил, Едналдо Родригес, постигнале конечен договор. Потпишувањето на договорот се очекува на ...
Навивачите на Хајдук и Динамо Загреб утрово се степаа во една сплитска населба која не е баш блиску до стадионот „Пољуд“, а како резултат на тоа има над 100 приведени учесници во нередите. Се зборува дека ова било договорена тепачка, стотина фанови на Динамо, Бед Блу Бојс, во 9.15 часот чекаа во една тесна уличка, а наиде поголема група на Торцида од Сплит и инцидентот почна. На снимки се гледа дека домашните фанови се во поголем број и ги ...
Без разлика што скопските ривали Шкупи и Вардар не се борат за титула сезонава, нивните дуели секогаш привлекуваат внимание и интерес, така ќе биде и денеска. Шкупи е во резултатска криза, веќе осум кола по ред не знае за победа, а Вардар се извлече од дното, има 13 меча едноподруго без пораз, и веќе е пред чаирчани на табелата. Затоа и квотите за победа на едниот и другиот тим се израмнети, а во Sport Life имате и над 550 различни опции за ...
Богата и атрактивна е Бет билдер понудата на Sport Life за денеска, има 14 комбинации со двоцифрени квоти. Во прв ред се дневните Билдери за четирите најсилни лиги во Европа. За премиерлигашкиот билдер, се нуди квота 55.0, и потребно е да има барем по 2 гола, 9 корнери, 3 картони и 8 шутеви во рамки на гол на секој од четирите натпревари. Слична е понудата и за шпанската Ла Лига и италијанската Серија А, но квотата е нешто помала бидејќи се ...
1803 Лајпциг – Баерн (15.30 часот) Дојде денот кој Хари Кејн го чекаше цел живот, би требало конечно да ја освои првата шампионска титула во кариерата која му е богата со голови, но празна со трофеи. Интересно е дека „малерот“ Кејн поради суспензија нема да игра на денешното гостување на кое теоретски Баерн може и да загуби, а пак да ја обезбеди титулата. Баварците се убедливо најефикасен тим во Бундеслигата, имаат и најдобра одбрана, а Лајпциг ...
Од 13.30 часот се спушта завесата на лигашкиот дел на Чемпионшип, второто по квалитет натпреварување во Англија, а овие 12 меча ќе дадат одговори на многу отворени прашања во пресрет на последната рунда. Оваа сезона се одиграа дури 540 натпревари, а има многу непознаници и во последниот ден од сезоната ќе се решава, речиси половина од тимовите во лигата играат за нешто. Познато е дека тимовите што одат директно во Премиер лига се Лидс и Барнли, ...
Квотите на денот за денеска кои ги предлага Sport Life, прават вкупен коефициент од 47.86, па уплатата би ја множеле со толку за да ја дознаете можната добивка. Квота од 2.20 се нуди за играта дека на мечот Астон Вила – Фулам, двата тима ќе дадат гол и притоа дека во двете полувремиња ќе има гол. Атлетико Мадрид да победи на гости кај Алавес, а на полувреме да водат Јорганџиите или да биде нерешено, е комбинација за која во Sport Life квотата е ...
Баерн Минхен од 15.30 часот гостува кај Лајпциг, и на Баварците им треба победа или реми за да ја обезбедат титулата во Бундеслигата. Откако во минатата сезона Баер Леверкузен ги изненади и им го „украде“ трофејот на кој се навикнати, во Баерн им се вратија на титулите на домашна сцена. Најголемиот германски клуб уште попладнево може да ја прослави 34-тата бундеслигашка титула, која би била прва во кариерата за голгетерот Хари Кејн, а тренерот ...
Вкупно 76 зголемени квоти ви се нудат во денешниот атрактивен Супер тип на Sport Life, со секој од овие 76 џокери со квоти поголеми од тие во билтенот и додатокот, може да си ја зголемите потенцијалната добивка на тикетите уплатени во најдобрата обложувалница во Македонија. Меѓу 15-те фудбалски натпревари, има „протнато“ и еден тенис, а кај тој пар, зголемената квота е за победа на Арина Сабаленка против Коко Гоф. Само тука квотата за победа на ...
Саудискиот гигант Ал-Хилал го раскина договорот со главниот тренер Жорге Жесус. Договорот со 70-годишниот стручњак беше раскинат неколку дена по поразот во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони од Ал-Ахли. Во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Хилал е на второто место со 62 бода по 29 кола, и има 6 бода помалку од лидерот Ал-Итихад. Ова е далеку послабо од очекувањата, ако се знае дека минатата сезона беа доминантни и имаа неверојатна ...
Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Андреј Шошкиќ, од следната сезона ќе настапува во универзитетската НЦАА лига во САД. Шошкиќ на 17-годишна возраст дебитираше за Работнички, а сега како 20-годишен сезонава беше еден од подобрите поединци на Црвено-белите. Сепак, бекот си заминува од „Градски парк“ и ќе биде дел од универзитетскиот тим на Стоуни Брук, со кој официјално потпиша договор. Шошкиќ е и повремен македонски сениорски ...
Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, проговори за зависноста на тимот од игрите и формата на Лионел Меси. „Не сме првиот тим кој зависел од Меси. Барселона на Гвардиола зависеше од него со години, Барселона на Луис Енрике, Барселона на Валверде исто така, а репрезентацијата на Аргентина исто така зависеше од него 15 или 20 години. Со други зборови, кога имате играч како Лео, сигурно дека ќе зависите од него. Не може да биде поинаку“, ...
Голден Стејт вориорс ни на домашен терен не ја искористи меч-топката за пласман во следното коло на НБА плејофот, па сега на гости во Хјустон ќе треба да се вади да не доживее болна елиминација во серија во која водеше со 3-1 во победи. Воините се поразени во шестиот меч со 107-115, па ќе се игра мајсторка. Фред Ван Влит со 29 поени и по 8 скока и асистенции, и Алперен Шенѓун со 21 поен, 14 скока и 6 асистенции, беа творци на победата на ...
Главниот град на Франција доби уште еден прволигаш, после 46 години пауза, Париз ФК се враќа во елитата. Вечерва парижаните ремизираа 1-1 на гостински терен против Мартиг во претпоследниот натпревар од 33-то коло на Лига 2. Мец не успеа да го победи Родез (3-3) и ја изгуби шансата да го стигне клубот од главниот град кој обезбеди барем второ место на табелата и билет за Лига 1. Инаку од пред седум месеци газди на Париз ФК се семејството Арно кое ...
Анадолу Ефес и Барселона го одбранија домашниот терен и се изборија за петти мечеви на гости во четвртфиналето на плејофот во кошаркарската Евролига. Пиварите од Истанбул со 85-82 беа подобри од европскиот првак Панатинаикос, и израмнија на 2-2, а првиот човек на ПАО, контроверзниот Димитрис Јанакопулос преку социјалните мрежи уште во текот на мечот ги обвини судиите и Евролигата дека се „мафија“. Барса до 2-2 против Монако дојде со триумф од ...
Манчестер сити со 1-0 го совлада Вулверхемптон и Граѓаните се искачија на третата позиција на табелата во Премиер лигата и им останаа уште три натпревари за играње во кои би требало да изборат место во Лигата на шампионите. Стрелец на голот беше Кевин Де Бројне кој ја носеше капитенската лента и го одигра својот претпоследен меч на „Етихад“ како член на Сити и можеби ова му беше последен погодок пред публиката во Манчестер. Волците имаа две ...
Торино и Венеција ремизираа 1-1 во меч од италијанската Серија А на кој имаше една непријатна сцена, тренерот на Торино, Паоло Ваноли, колабираше кај клупата, веројатно од преголем стрес по кавгата со својот играч Марипан. Лекарите брзо го вратија во живот, а непријатната случка се случи веднаш откако при 1-0 за Венеција, беше досуден пенал за Биковите од Торино. Пеналот го изнуди Елиф Елмас бидејќи после негов центаршут, фудбалер на Венеција ...
Џао Синтонг стана втор Кинез по Динг Жунхуи од 2016 година кој се пласирал во финале на Светско првенство во снукер. Особено спектакуларен беше начинот на кој Џао го елиминираше најдобриот во историјата, Рони О‘Саливен. Кинезот ги доби сите осум фрејмови во втората сесија и после 4-4, поведе со 12-4. На крај беше 17-7 во фрејмови за Џао. На О‘Саливен за првпат по 2006 година му се случи да ги загуби сите осум партии во една сесија на СП. Во ...
Марк Андре Тер Штеген се враќа на голот на Барселона, и утре на гостувањето кај Ваљадолид ќе биде стартер, потврди тренерот Ханси Флик. Германскиот репрезентативец не играл повеќе од седум месеци, утре се навршуваат 222 дена од последниот негов настап, кога на 22-ти септември против Виљареал ја скина пателарната тетитва на десното колено. Кога се дозна дека Тер Штеген ќе има долга пауза, Барселона потпиша со Војчех Шчесни, кој се пензионираше ...
Речиси половина Премиер лига ќе игра во европските купови во следната сезона. Блиску сме до сценарио според кое дури 9 или 10 тима ќе ја претставуваат Англија во трите европски натпреварувања. Како што стојат работите во моментов, Англија има гарантирани пет места во Лигата на шампионите, а веројатно ќе бидат и шест, доколку Манчестер јунајтед или Тотенхем ја освојат Лига Европа што е повеќе од извесно. Во Лига Европа треба да одат два тима, тоа ...
Динамо Загреб си најде тренер за следната сезона, а тоа е Марио Ковачевиќ, актуелен предводник на Славен Белупо во кој игра Илија Несторовски. Одлуката ја донел новиот шеф на Модрите, легендата Звонимир Бобан. Ковачевиќ (49) со успех го води Славен, а Динамо за него ќе треба да плати отштета од околу 180.000 евра колку што е неговата годишна плата. Во хрватските медиуми се пишува дека во Динамо ќе има голема чистка летово и не се знае со ...
Интер Милано објави дека нивниот капитен и напаѓач Лаутаро Мартинез, има истегнување на флексорниот мускул на левиот бут и состојбата ќе се оценува од ден во ден. Аргентинецот е во трка со времето и крајно неизвесно е дали ќе може да му помогне на својот тим на реваншот од полуфиналето на ЛШ против Барселона во вторник. Лаутаро утре против Верона сигурно нема да биде во составот, а за во вторник проценката е дека шансите се мали да заигра, ...
Раководството на УЕФА е категорично дека потенцијалното финале на Лигата на Европа помеѓу англиските клубови Манчестер јунајтед и Тотенхем ќе се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао. Двата тима од Премиер лигата се фаворити за пласман во финалниот натпревар откако Јунајтед победи со 3-0 на гости против Атлетик Билбао, додека Тотенхем победи со 3-1 дома против норвешкиот тим Бодо/Глимт. Веднаш по овие први натпревари кога се насети дека е ...
Грег Попович објави дека се повлекува од тренерското место во Сан Антонио спарс, и ќе ја преземе функцијата претседател на овој НБА клуб. Попович (76) цели 29 години беше на клупата на Мамузите како главен тренер, со нив освои пет шампионски титули (последната во 2014 година), имаше серија од 22 години по ред со учества во плејофот, а со 1.422 победи во дуели од регуларна сезона, тој е рекордер во историјата на најсилната кошаркарска лига на ...
Доцна вечерва се игра само еден натпревар од плејофот во НБА лигата, Голден Стејт вориорс е домаќин на Хјустон рокетс, и ова е втора меч-топка за Воините да ја затворат серијата и да се пласираат во следното коло. Голден стејт води со 3-2 во победи, а на петтиот меч кој Ракетите го добија со 131-116, Стеф Кари и Џими Батлер заедно имаа само 21 поен, па ѕвездите на тимот од Сан Франциско ќе мора да одиграат многу подобро ако сакаат да избегнат ...