Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, а актуелен шеф на глобалниот фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, остро го критикуваше Светското клупско првенство што во моментов се игра во САД. Во интервју за „Ди Велт“, Клоп рече дека СКП е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот. „Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа донесуваат одлуки. Ги разбирам оние што велат: „Учеството носи луди суми пари“. Но, тоа ...

Барселона го завршува процесот на отплата на заостанатите плати за 2020 година. Последната исплата од 16 милиони долари треба да се изврши на 30-ти јуни. Сумата ќе биде поделена меѓу сите играчи и тренери кои се согласиле одложено да ги добијат своите плати во 2020 година. Тоа се играчите Лионел Меси, Самуел Умтити, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Кутињо, Антоан Гризман, Усман Дембеле, Миралем Пјаниќ, Сержи Роберто и уште неколкумина, како и ...

Фудбалскиот клуб Вардар обелодени колкави ќе бидат премиите доколку се остварат амбициите за освојување на трофеите на домашна сцена и пласман во второто квалификациско коло во Конференциската лига. „На состанокот утрово одржан во Раденци помеѓу извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски од една страна, и шефот на стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено премијата на екипата за освојување на ...

Светското клупско првенство во САД се игра на 12 стадиони во 11 градови. Стадионите се на НФЛ екипи, па се работи за објекти со голем капацитет, кои тешко е да се наполнат на дел од натпреварите од групната фаза. Организаторот ги објави бројките, а тие велат дека на 48-те меча од групната фаза имало во просек по 34.770 гледачи. Најголема посета имало на мечот помеѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид, 80.619 гледачи, додека дуелот на Мамелоди и Улсан го ...

Јувентус не само што загуби со убедливи 5-2 од Манчестер сити во последниот меч од групната фаза на Светското клупско првенство, туку загуби и значаен фудбалер до дефанзивната линија. Младиот фудбалер на „старата дама“, Николо Савона, заработи повреда, по што мораше да биде заменет, а првичните прегледи укажуваат на повреда на лигаментите. Тоа значи дека Савона нема да игра до крајот на клупскиот Мундијал, а под знак прашалник се и подготвоките ...

Попладнево во 18 часот започнува осминафиналната фаза на Светското клупско првенство во САД, а до тогаш ќе може и да типувате кој ќе го освои натпреварувањето. Фаворит број еден за освојување на клупскиот Мундијал според квотите во Sport Life е екипата на Манчестер сити со квота од 4.00, а веднаш позади нив е ПСЖ со 4.50. Трет фаворит е Реал Мадрид со квота од 6.00, додека едноцифрена квота за освојување на Светското клупско првенство има и ...

Манчестер јунајтед и Брентфорд никако не можат да се договорат за трансферот на одличниот камерунски репрезентативец, Брајан Мбеумо. Последната понуда на „црвените ѓаволи“ изнесуваше 60 милиони фунти, но и таа е одбиена. Бретфорд за својот фудбалер бара 62,5 милиони фунти и не плнира да прифати помала сума, што и не е голема разлика од она што го нудат од Манчестер јунајтед. Камерунецот кој е роден во Франција, во моментов вреди 55 милиони ...

6202 Англија У21 – Германија У21 (21:00) Младите репрезентации на Англија и Германија ќе играат во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година, кое се одржува во Словачка. Овие две селекции играа заедно и во групната фаза, а тој натпревар заврши со победа на Германија од 2-1. Слично сценарио се очекува и во финалето, односно и двете екипи да бидат ефикасни и да има најмалку три гола на целиот меч. Предлог тип: ГГ и 3+ (1.83) 6704 ...

Двајцата возачи на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, се фаворити за освојување на пол-позицијата на трката за ГН на Австрија. Она што е интересно, во понудата на Sport Life и двајцата имаат иста квота за победа во квалификациите, по 2.60. Веднаш позади нив е актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен, со квота од 4.00, додека едноцифрена квота има само уште Џорџ Расел (9.00). Интересни за играње се и дуелите во Sport Life, односно кој ...

Пет интересни натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 48.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.65. Хамарби ја има фаворитската улога против Халмштад, но за да биде добитна квотата од 2.55 потребно е да одиграат ефикасно и да постигнат барем еден гол во првото полувреме, како и најмалку три на целиот меч. Голови се очекуваат и на мечот помеѓу Хака и Илвес, а ...

Давид де Хеа и Кристијано Роналдо беа соиграчи во Манчестер јунајтед и многумина сметаат дека двајцата се добри пријатели. Шпанецот во моментов е дел од Фиорентина, а Роналдо неодамна го продолжи договорот со Ал-Наср, па на социјалните мрежи напиша: „Почнува ново поглавје. Иста страст, ист сон, заедно создаваме историја“. Тоа беше повод за Де Хеа да се јави со коментар на оваа објава, а тој е отворена провокација за Португалецот. „И играње ...

Како ретко кога во овој период од годината, Супер типот на Sport Life е комплетно фудбалски. Тоа значи дека зголемени квоти има на 16 фудбалски натпревари, односно во понудата има зголемени квоти на вкупно 80 игри. Првите натпревари од Супер типот за сабота започнуваат веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате и што е можно порано да ги посетите уплатните места на Sport Life и да го одберете парот со кој ќе си ја зголемите добивката ...

Здружението на професионални лиги на Франција го исфрли Лион од Лига 1 за следната сезона, а се очекува слично сценарио и од УЕФА, која треба да го исфрли клубот од Лигата на Европа. Причината за проблемите на седумкратниот шампион на Франција се долговите од 500 милиони евра. Сепак, Лион се најде во ждрепката за новата сезона во Лига 1, а причината за тоа е жалбата која ја вложија на одлуката за исфрлање. Последните информации и од УЕФА се дека ...

Дресот со број 10 предизвикува големи полемики во Бразил, а Винисиус е во шок, откако и селекторот, но и легендарниот Роналдо, изјавуваат дека враќањето на Нејмар во репрезентацијата е реалност, а значи и дека тој ќе ја добие „десетката“. Ова посебно добива на значење поради фактот дека Винисиус има акумулирани жолти картони, па ќе го пропушти следниот натпревар. Анчелоти не ја исклучува можноста да го повика Нејмар, доколку тој е потребното ...

Целиот свет е запознат со приказната на Кристијано Роналдо и Георгина Родригес. Двајцата се запознале во бутикот на „Гучи“, а Португалецот постепено ја освоил. Сепак, поранешниот колега на Георгина, Пабло Боне, тврди дека тоа е лага измислена од ПР тимот на Португалецот. Според него, Георгиена воопшто не работела во „Гучи“ кога се запознала со Кристијано, туку отпосле ја вработиле за да создадат приказна за јавноста. Боне вели дека двојката се ...

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, загуби на единствениот тест пред почетокот на Вимблдон. Србинот е поразен од рускиот тенисер, Карен Качанов, со максимални 2-0 на егзибициски меч кој се играше на британско тло и на трева. Мечот траеше само 83 минути, а Ѓоковиќ имаше сет поен во првиот сет, кој на крајот го загуби во тај-брејк со 7-6, односно на поени со 7-4. Вториот сет му припадна на Качанов со 6-4 благодарение на брејкот во ...

Оливие Жиру по само една година ќе ја напушти МЛС лигата и Лос Анџелес и повторно ќе се врати во Европа. Поранешниот француски репрезентативец има договор до крајот на оваа календарска година, но нема расположение за останување во САД ниту од негова страна, ниту од страна на клубот, па ќе биде ослободен да си замине бесплатно. Следна дестинација за него ќе биде екипата на Лил, што ќе претставува враќање во татковината по пауза од 13 години, ...

Се чини дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, е еден од најмалерозните фудбалери на „кралеците“. Репрезентативецот на Австрија никако да фати континуитет на настапи и повторно се повреди. Алаба се врати пред крајот на минатата сезона после операцијата на коленото, но веднаш се повреди. Австриецот започна со тренинзи и патуваше со екипата во САД за настапот на Светското клупско првенство, но повторно му се случи малер и повторно е ...

Спортскиот директор на Барселона, Деко, сака да ангажира нов десен бек за следната сезона, а изборот падна на неговиот сонародник, кој веќе го има носено дресот на „каталонците“, Жоао Кансело. Португалецот беше дел од Барселона во сезоната 2023/24 и тоа како позајмен од Манчестер сити, а откако му заврши позајмицата и се врати во редовите на „граѓаните“, беше продаден за 25 милиони евра на Ал-Хилал. Сепак, се чини дека неговиот престој во ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го одигра последниот меч во подготвителниот период за настапот на Европското првенство во Ерменија, а противник на младите македонски кошаркари беше селекцијата на Косово. Мечот во Качаник заврши нерешено, 69-69, што е несвојствено, со оглед на тоа дека во тој случај би требало да се играат пет минути продолжение, но се чини дека причината е катастрофалната арбитража на косовските ...

Новата сезона во Премиер лигата ќе донесе ново револуционерно правило кое се однесува на фудбалерите кои ќе бидат заменети. Тие по напуштањето на теренот ќе имаат дополнителна обврска, а таа се однесува кон носителот на медиумските права во Англија, Скај спортс. Заменетите фудбалери најпрво ќе мора да дадат изјава за медиумот, а дури потоа ќе може да се упатат кон соблекувалната или кон клупата со резервни фудбалери. Истовремено Скај спортс ќе ...

Арсенал уште една сезона не успеа да дојде до трофејот во Премиер лигата, па раководството на клубот сака да доведе засилувања со кои ќе може да им конкурираат на Ливерпул и Манчестер сити во борбата за титулата. Приоритет е офанзивата, но се чини дека нема да има ништо од трансферите на Шешко и Ѓекереш, но „топчиите“ имаат план Б. Опција за нападот на Арсенал е фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Нигериецот кој настапува за ...

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Полска на 25-тата позиција во конечното рангирање. Нашите млади ракометари забележаа и трета победа по ред, откако со убедливи 47-28 славеа над врсниците од САД во мечот за пласман на 25-тото место. Резултатот сам кажува дека местото на нашата репрезентација не беше за во вакво ракометно друштво, но трите порази во првиот круг, а потоа и ...

Славниот холандски напаѓач, Руд ван Нистерлој, и официјално не е повеќе тренер на екипата на Лестер. Легендата на Манчестер јунајтед на клупата на поранешниот шампион на Англија седна во декември минатата година, кога клубот веќе беше во тешка ситуација на табелата и не успеа да се избори за опстанокот, па од следната сезона ќе настапува во Чемпионшип дивизијата. „Руд беше на нашата клупа во тешки времиња за клубот. Се разделуваме со обостран ...

Една од најпопуларните, ако не е и најпопуларна фудбалерка во моментов е репрезентативката на Швајцарија, Алиша Леман, која на социјалните мрежи ја следат над 16 милиони луѓе, но таа вели дека речиси и да не користи телефон, иако постојано објавува фотографии. „Никој нема да ми верува, но од сите фудбалерки во екипата поминувам најмалку време на мобилниот телефон. Имам 26 години, па не можам по цел ден да седам на телефон. Сакам да живеам и ...

Редовен играч на Sport Life од Кочани со само седум натпревари и уплата од 25 денари успеа да дојде до одлична нето добивка од 65.369 денари. Најмалата квота на тикетот е 1,71, но има и квоти од по 4,10, но и од 7,25. Пет од седумте меча на тикетот се одиграни на „полувреме-крај“ во комбинација со голови, еден меч е „гол-гол“, а еден на комбинација од конечен тип и голови. Заедничко за сите натпревари беше тоа што требаше да има голови, а на ...

Напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, посакува трансфер единствено во германскиот првак Баерн Минхен. Тој веќе постигнал начелен договор со раководството на баварскиот гигант околу личните услови од договорот. Волтемаде за своите намери го информирал и раководството на Штутгарт, дека очекува реализација на трансферот во Баерн Минхен. Преговорите меѓу двата клуба ќе отпочнат после завршувањето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се чувствува подобро и би можел да биде во тимот на Реал Мадрид за осминафиналниот меч против Јувентус на Светското клупско првенство. Тој имаше гастронтеритис и заврши дури и во болница. Не беше дел од тимот во првата фаза од клупскиот мундијал. Сепак, сега Мбапе се чувствува многу подобро и од утре веќе треба да се врати во редовен тренажен процес. Тренерот Чаби Алонсо се надева и дека ќе може да му даде ...

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс има втора шанса за преселба во Барселона ова лето. Минатата година во овој период исто тала беше поврзуван со преселба во каталонскиот гигант, но трансферот не се реализираше. “Навистина ми е жал што минатото лето не се случи трансферот. Сега само сакам преговорите да минат без проблеми”, изјави Нико Вилијамс. Барселона треба да ја плати откупната клаузула кон Атлетик Билбао која изнесува 58 милиони евра. ...

Бразилскиот ас Родриго не е среќен под водство на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Тој на последните два меча од Светското клупско првенство не беше стартер во тимот на Кралевите, па иако е сѐ уште претсезона, тој чувствува дека нема да добива важна улога од новиот стратег. Ова повторно ги подгрева шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Англиските клубови Арсенал и Манчестер сити се подготвени да го купат Родриго ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
31%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
73%
1008
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
42%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.67
34%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
81%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
35%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
47%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
39%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
73%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346