Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го повика Нејмар добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, нагласувајќи дека станува збор за „многу важен играч“ за националниот тим, и покрај бројните повреди. „Мора добро да се подготви и има доволно време за тоа“, изјави Анчелоти во интервју објавено од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) на нејзините официјални профили на социјалните ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, беше многу задоволен од настапот на својот тим против Јувентус на Светското клупско првенство. Граѓаните го декласираа противникот со 5-2, а Гвардиола призна дека неговиот тим одамна не одиграл толку квалитетно на еден натпревар. „Ми се допадна начинот на кој ја остваривме оваа победа. Помина многу време откако последен пат имавме ваква партија – и со и без топка. Моите фудбалери беа целосно посветени ...

Трансферните активности во летниот преоден рок стануваат сè поинтензивни, а главни актери во овој случај се два европски гиганти, Јувентус и Барселона. Според шпанскиот весник „Спорт“, Јувентус понудил 50 милиони евра за еден од клучните играчи на Барселона, Роналд Араухо. Барселона интензивно работи на ангажман на Нико Вилијамс, но за да го реализира трансферот без проблеми со финансиските регулативи, ќе мора да се ослободи од барем еден скап ...

Искусниот француски напаѓач Оливие Жиру ќе одигра уште еден натпревар во дресот на Лос Анџелес ФК, а потоа ќе си замине и ќе потпише за Лил. За 38-годишниот Жиру тоа би било враќање во француската Лига 1 после 13 години. Во сезоната 2011/2012, тој настапуваше за Монпелје, од каде прејде во Арсенал, а подоцна играше и за Челзи и Милан, пред лани да замине во Лос Анџелес каде не го живееше американскиот сон и реши да се врати дома. На 37 ...

Шпанскиот бисер Ламин Јамал, кој на 13 јули ќе наполни 18 години, ќе го добие „највредниот“ дрес во историјата на Барселона, бројот „10“, кој го носеа фудбалски великани како Ривалдо, Роналдињо и, секако, Лионел Меси. Според информациите на „Мундо Депортиво“, раководството на каталонскиот клуб донело одлука да му ја довери легендарната „десетка“ на Јамал од сезоната 2025/26. Овој потег следува по заминувањето на Ансу Фати на позајмица во Монако, ...

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, тимот на Работнички, денеска го одигра вториот контролен натпревар во Охрид, и загуби од косовскиот тим Балкани со 0-2, на стадионот „Билјанини извори“. Иако мечот беше дел од подготовките за настапот во квалификациите за Конференциската лига, „романтичарите“ оставија впечаток дека имаат уште многу да работат, особено во дефанзивната линија, која не изгледаше сигурно и ...

Новак Ѓоковиќ има прилично отворен пат барем до полуфиналето на гренслем турнирот Вимблдон кој почнува понеделник. Ѓоковиќ кој е седумкратен победник на лондонскиот гренслем и ќе се обиде да се изедначи со Роџер Федерер кој осум пати триумфираше на Вимблдон, годинава е шести носител, а ако нема изненадувања, во четвртфиналето би играл со домашниот миленик Џек Дрејпер кој е четврти носител. Е, потоа би следувало она вистинското и најтешкото, ...

Компјутерските симулации покажале дека Пари Сен Жермен – Манчестер сити (13%) или ПСЖ – Интер (11 проценти) се двете најверојатни опции за финале на Светското клупско првенство кое се одржува во САД. Ако финалето биде помеѓу париските Светци и Интер од Милано, тоа би било реприза на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА кое се одигра пред неполн месец во Минхен и во кое Нераѕурите претрпеа катастрофален пораз од 0-5. Затоа и прашање е дали би ...

Интересна ситуација се случила во Италија, а во главна улога во случајов е еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ. Јокиќ за време на престојот во Ферара, преспал во еден пансион и се фотографирал со сопственичката. Таа врска немала кој е Јокиќ, но била импресионирана од неговата висина и му ја испратила сликата на нејзиниот сопруг за да му покаже колку висок човек спиел кај нив во хотелчето и се интересирал за некои коњи. Кога ...

3531 ФК Минск – Славија Мозир (18.00 часот) Домашните се екипа која ретко игра нерешено, во 13 кола има само две ремија, а во последните пет кола имаа една победа и четири порази. Славија е втора на табелата со шест бода помалку од лидерот Витебск, а десет повеќе од ФК Минск. Славија ретко игра мечеви со 3+ голови, а на средбите на Минска речиси редовно има три или повеќе погодоци. Минатата година двата меѓусебни дуели им завршуваа нерешено ...

Пет натпревари кои се играат во фудбалското првенство на Република Ирска, се најдоа во денешните предложени квоти на денот во Sport Life, а за петте предлози заедно, вкупниот коефициент изнесува 53.82. За победа на Бохемијанс над Слиго роверс во меч со 2-4 гола, е комбинација за која добивате квота од 2.30. Сент Патрикс ја не загуби на гости од Корк сити, а притоа двата тима да дадат гол, истотака носи убава квота од 2.30. Двата тима да ...

Новодојденецот на Реал Мадрид, англискиот десен бек Трент Александар-Арнолд, кажа пофални зборови за крилниот напаѓач Винисиус. Бразилецот имаше гол и асистенција на натпреварот против Салцбург (3-0) во третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство, а Трент рече дека е среќен што веќе не мора да го чува Винисиус. „Во минатото, Вини ми предизвикуваше многу проблеми. Добро е што сега тоа им се случува на други играчи, а не на ...

По осум тениски и фудбалски натпревари се најдоа во денешната Супер тип понуда на Sport Life каде има одлични квоти, поголеми од тие во стандардната понуда во билтенот и додатокот. Секој од овие 16 џокери може да се искористи за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите, а редовните обложувачи добро знаат дека кај тениските мечеви супер тип зголемени квоти има само за конечен тип, додека за фудбалите има по пет различни варијанти, не ...

Напаѓачот на Манчестер сити, Норвеѓанецот Ерлинг Халанд, синоќа против Јувентус го постигна својот 300-ти гол во кариерата и стана рекордер по брзината со која стигнал со ваква бројка. Халанд кој има 24 години, до 300 гола дојде на само 370 меча во кариерата. Од тое 300 погодоци, 123 се во дресот на Сити, 86 даде за Борусија Дортмунд, 42 за репрезентацијата на Норвешка, 29 за Салцбург и 20 за Молде. На Килијан Мбапе му требаа 409 меча за да ...

Откриена е платата на мегаѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо. Вчера 40-годишниот Португалец го продолжи договорот со саудискиот клуб до летото 2027 година. Според информации кои ги објави новинарот Танкреди Палмери, Роналдо наводно ќе добива рекордни 263 милиони евра годишно, со што ќе биде убедливо најплатениот фудбалер на светот. Доколку се точни податоците на Палмери, второто место според годишната плата го делат Карим Бензема од ...

Реал Мадрид и Ал-Хилал се последните осминафиналисти на Светското клупско првенство, па паровите за осминафиналната рунда се: Палмеирас – Ботафого, Бенфика – Челзи, Интер – Флуминенсе, Манчестер сити – Ал-Хилал, ПСЖ – Интер Мајами, Фламенго – Баерн, Реал Мадрид – Јувентус и Борусија Дортмунд – Монтереј. Кралскиот клуб од Мадрид рано утрово со 3-0 го совлада Салцбург. Винисиус имаше гол и асистенција во финишот на првото полувреме, а конечните ...

Напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, постигнал договор со Баерн Минхен за трансфер во редовите на германскиот шампион. Според информациите, 23-годишниот фудбалер и Баерн имаат комплетен „дил“, а Волтемаде сака веднаш да се приклучи на баварскиот гигант. Сепак, засега не се водат официјални разговори меѓу двата клуба. Волтемаде има договор со Штутгарт до 2028 година и во него нема откупна клаузула, а клубот немаше намера да го продава. Сепак, ...

Манчестер сити продолжува со одлични игри и победи на Светското клупско првенство. Моќта на Граѓаните ја почувстува Јувентус кој беше поразен со убедливи 5-2. Жереми Доку во деветтата минута го донесе Сити во водство, но само две минути подоцна следеше големата грешка на Едерсон по која израмни Копмајнерс. Калулу во 26-тата минута си постигна автогол за нова предност на англискиот тим. Ерлинг Халанд во 52-та минута зголеми на 3-1, а Фил Фоден ...

Во тек е натпреварот од третото коло на Светското клупско првенство меѓу Јувентус и Манчестер Сити, а вниманието го привлече неверојатен кикс на голманот на Граѓаните, Едерсон. Составот на Пеп Гвардиола прва стигна до водство. Во деветтата минута, Ајт-Нури одлично асистираше до Доку, кој ја затресе мрежата за 1-0. Ederson's wayward pass allows Teun Koopmeiners to equalize for Juve just two minutes after falling behind ⏱️ (via @DAZNFootball) ...

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го заокружи трансферниот период што се однесува до ангажман на странски фудбалери, но продолжува да се засилува и со дел од најталентираните фудбалери од домашното првенство. Од денеска нов фудбалер на Вардар е младинскиот репрезентативец Димитар Данев, досегашен член на Работнички. Димитар Данев потпиша четиригодишен договор со Вардар, а Работнички сигурно ќе добие солидна сума за продажбата на еден од ...

Напаѓачот Алваро Мората е подготвен да го напушти Галатасарај и да се пресели во редовите на италијанскиот Комо. Капитенот на шпанската репрезентација во моментов игра како позајмен фудбалер од Милан во турскиот шампион, со важечки договор до јануари 2026 година. Но, Мората е отворен за ново предизвик во Серија А и со интерес го следи развојот на преговорите. Во следните денови се очекуваат официјални разговори меѓу Милан и Галатасарај околу ...

Ибрахима Конате е на пат да го напушти Ливерпул како слободен играч следното лето. Реал Мадрид и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот, кој наводно им бил понуден на овие клубови. Договорот на Конате важи уште 12 месеци, по што ќе може да потпише со друг тим без да се плати трансферна сума. Конате потпиша петгодишен договор со Црвените кога пристигна од Лајпциг во 2021 година, но клубот не успеал да се договори за продолжување ...

По двонеделна пауза, Челзи и Борусија Дортмунд ја обновија комуникацијата околу трансферот на Џејми Биноа-Гитенс во англискиот клуб. Клубот од „Стамфорд Бриџ“ одамна се обидува да го доведе 20-годишниот крилен играч, но Жолто-црните од Дортмунд веќе одбија две понуди – една од 35 милиони, а друга од 50 милиони евра. Преговорите сега се одвиваат во САД, каде двата клуба се присутни за учество на Светското клупско првенство. Џејми Биноа-Гитенс е ...

Рома ја разгледува можноста за продолжување на договорот со голманот Миле Свилар, пренесува римскиот весник „Ил Месаџеро“. Според изворот, новиот договор со 25-годишниот српски репрезентативец би можел да биде на осум години. Првичниот договор беше потпишан во 2022 година со важност од пет години. Новата долгорочна зделка стана возможна благодарение на последните измени во италијанското законодавство. Свилар беше прогласен за најдобар голман во ...

Виктор Ѓокереш повторно ги променил своите приоритети, воден од силната желба да го напушти Спортинг Лисабон. Долго време се тврдеше дека Швеѓанецот најмногу сака да прејде во Арсенал. На средината на месецов, еден португалски спортски весник објави дека агентите на напаѓачот го известиле Манчестер јунајтед, кој исто така покажуваше интерес, дека Ѓокереш не сака трансфер на „Олд Трафорд“. Арсенал, пак, усвои тактика на чекање, и во моментов е ...

Македонскиот шампион Шкендија порано од планираното ги заврши подготовките во Словенија, поради итната потреба да аплицира за британски визи, задолжителни за патувањето во Велс, каде што ги очекува натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против ТНС. Поради оваа ситуација, тетовскиот клуб го откажа пријателскиот натпревар со Олимпија Љубљана и веднаш по ремито со ЦСКА Софија (1-1) се врати назад во Тетово – три дена порано ...

Голманот Едерсон Мораеш ќе остане во англискиот премиерлигаш Манчестер сити, и покрај тоа што британските медиуми го поврзуваа со трансфер во саудиското првенство ова лето, пренесува „Скај Спортс“. „Мојата иднина е тука. Пријателите често ми праќаат линкови со вести за мене, но во 99% од случаите тие се целосни измислици. Тие што ги пишуваат го прават тоа само за да добијат лајкови на социјалните мрежи. Поголемиот дел од тие работи се лажни ...

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски започнува ново поглавје во кариерата. Tој потпиша договор со албанскиот прволигаш Фљамуртари. За 29-годишниот чувар на мрежата, ова ќе биде прво интернационално искуство, откако летово се раздели со Работнички. Алексовски досега ја бранеше мрежата на неколку македонски клубови, Македонија ЃП, Вардар, Шкупи, Ренова, а последно настапуваше за Работнички. Минатата сезона блескаше на домашната ...

Младата репрезентација на Македонија се извлече против Бразил и победи по изведување на седмерци, а овој триумф значи дека на последниот меч на Светското првенство ќе разигруваме за 25-то место (на СП играат 32 селекции) против Бахреин или САД. Тимот на селекторот Раде Стојановиќ водеше по првото полувреме со три гола разлика, но потфрли во вториот дел, а на крајот од регуларниот дел се спаси од пораз, бидејќи изедначивме на 9 секунди до крајот ...

Марио Балотели на крајот од месецов и официјално ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со Џенова, екипа во која и не се изнаигра. Кариерата на поранешниот италијански репрезентативец од поодамна е во надолна линија, па оваа сезона забележа само шест настапи, а на тревникот мина само 56 минути. Вредноста на трансфер-пазарот му е скромни 500.000 евра, а може да го допре дното доколку се остварат најавите за неговиот следен ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
31%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
73%
1008
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
42%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.67
34%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
81%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
35%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
47%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
39%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
73%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346