Репрезентацијата на Мароко обезбеди место во финалето на Африканскиот Куп на Нации, откако во Танжер ја елиминираше селекцијата на Нигерија по подобро изведување пенали (4-2). Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови, а решавачкиот момент дојде по четвртиот пенал на Нигеријците, кој го одбрани голманот Боно. Јусеф Ен-Несири ја реализираше петтата серија за „Лавовите од Атлас“ и го одведе својот тим во големото финале, каде што ќе ...

Албасете приреди вистинска сензација вечерва и со 3-2 го победи Реал Мадрид, ставајќи крај на настапот на „кралскиот клуб“ во Купот на Кралот. Тимот кој сега игра во Сегунда, вториот ранг на шпанскиот фудбал, ја продлабочи кризата на Реал и му го расипа дебито на новиот тренер Алваро Арбелоа. За Албасете, ова е прва победа во историјата над големиот шпански гигант. Победничкиот гол за Албасете дојде во 94-тата минута, кога Хефте Бетанкор го ...

Арсенал направи голем чекор кон финалето од Лига Купот, откако во првиот полуфинален натпревар на гости славеше над градскиот ривал Челзи со 2-3. Топчиите го расипаа дебито на новиот менаџер на Челзи, Лиам Росениор, но натпреварот уште еднаш ја потенцираше потребата за нов голман на „Стемфорд бриџ“. Роберт Санчез повторно беше директен виновник за два гола. Првиот го прими по само седум минути, кога по корнер на Рајс лошо ја процени топката и ...

Баерн Минхен вечерва оствари победа на гости против Келн со 1-3 во натпревар од Бундеслигата, додека и Хофенхајм и Лајпциг забележаа убедливи триумфи. Во Келн се играше доста возбудливо, особено кон крајот на првото полувреме. Во 41-та минута, по контра на домаќините, Луис Дијас ја изгуби топката, а Мајна тргна од своето поле, никој не го нападна и со силен удар од 20 метри ја затресе мрежата за водство на Келн. Сепак, Баерн успеа да изедначи ...

Интер продолжува со одличната серија во Серија А, забележувајќи ја седмата победа во последните осум натпревари и цврсто држи врвот на табелата. Нераѕурите вечерва на „Џузепе Меаца“ го совладаа Лече со минимални 1-0, зголемувајќи ја предноста пред градскиот ривал Милан на шест бодови, иако Росонерите имаат одигран натпревар повеќе. Единствениот гол на средбата беше постигнат во 78-та минута, кога младата надеж Франческо Еспозито ја затресе ...

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје, доживеа пораз вечерва на домашен терен, губејќи од Војводина со 73-78 во шестото коло од АБА 2 лигата. Натпреварот се играше во „Јане Сандански“ и беше полн со осцилации, водство на гостите, потоа серија на домашните и неизвесен финиш. Војводина поведе уште во втората четвртина со серија од 14-0 и на одмор замина со предност од 23-34. Во почетокот на третиот период разликата достигна и +19 (29-48) и се ...

Чаби Алонсо изненадувачки брзо би можел да се врати во тренерски ритам, со оглед дека е прв фаворит за менаџерската позиција во Тотенхем, откако неодамна доби отказ во Реал Мадрид. Алонсо на почетокот на сезоната одлучи да го преземе кормилото на Реал Мадрид, оставајќи ја претходно екипата на Баер Леверкузен. Со тоа, тој го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, кој пак стана нов селектор на Бразил. Сепак, притисокот врз Алонсо ...

Кошаркарите на Партизан претрпеа тежок пораз од Олимпијакос со 66-104 во салата „Александар Николиќ“ во натпревар од 22-то коло од Евролигата. Ова е еден од најтешките порази во клупската историја на српскиот кошаркарски гигант. Црно-белите се наоѓаат во длабока резултатска криза и ниту домашниот терен не им помогна да излезат од кошмарот во кој се наоѓаат. Ова беше нивен седми последовен пораз во елитното натпреварување, а состојбата на ...

Светот на кошарката наскоро би можело да доживее големи промени бидејќи Реал Мадрид е блиску до одлука да ја напушти Евролигата и да се приклучи на проектот НБА-Европа, пишува добро информираниот мадридски весник „АС“. Договорот сè уште не е формално потпишан, но „АС“ наведува дека Реал е решен да ја прифати понудата. „Разговорите со НБА-лигата се во напредна фаза, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е во тек и води кон соработка ...

Наполи одигра без голови (0-0) против Парма на свој терен, во натпревар од 16–тото коло од италијанската Серија А. Големо изненадување приреди екипата на Карлос Куеста, која успеа да остане непоразена на „Диего Армандо Марадона“ против актуелниот шампион на Италија. Наполи уште во 11-тата минута ја затресе мрежата преку Мектоминеј, но погодокот беше поништен поради офсајд во претходниот дел од акцијата. Избраниците на Антонио Конте продолжија ...

Репрезентацијата на Сенегал се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации, откако во Танжер ја совлада селекцијата на Египет со 1-0. Во дуелот на двајцата некогашни соиграчи и ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, како победник излезе капитенот на Сенегал, кој со прекрасен удар во 78-та минута им пресуди на Египќаните во натпревар што не изобилуваше со возбудувања. Првото полувреме беше за заборав. Сенегалците имаа ...

ЛА клиперс е голем фаворит на домашен терен против Вашингтон, а и Њујорк никс, според квотите, треба лесно да слави на гости против Сакраменто кингс. Сепак, во НБА лигата никогаш ништо не е сигурно, и затоа нуди посебна возбуда. Во Полноќниот експрес во текот на ноќта на понуда се седум НБА натпревари. Покрај стандардните квоти, подготвени се и квоти за 77 кошаркари за нивниот индивидуален поентерски ефект во омилената игра на прогнозерите ...

Случајот со Роџерс Мато предизвика голема вознемиреност во Вардар и во македонскиот фудбал воопшто. Навивачите и експертите сега дискутираат кој е во право, дали можело да се постапи поинаку и што ќе значи ова за еден од најталентираните играчи на најтрофејниот македонски клуб. Хартс потврди дека потпишал преддоговор со 22-годишниот фудбалер и дека од јули тој официјално ќе стане дел од шкотскиот тим, со тригодишен договор. Во меѓувреме, ...

Почнува ракометната грозница, а на Европското првенство ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во навистина силна група, но сите се надеваме дека можат да направат пријатно изненадување и да се пласираат во нокаут фазата. Имате уште еден ден добро да размислите и да се обложите кога се во прашање „долгометражните“ типови, односно кој ќе ја освои титулата, кои репрезентации ќе ја минат групата од ...

Алваро Арбелоа е привремен тренер на Реал Мадрид, можеби до крајот на сезоната, а можеби и навистина само привремено. По отказот за Чаби Алонсо, раководството на Кралевите продолжува со интензивна потрага на нов тренер, а најголема желба на Флорентино Перес беше Јирген Клоп. Сепак, германските медиуми откриваат дека Германецот му дал „корпа“ на Реал Мадрид. „Интерес од Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и кај мене нема никаков ...

Реал Мадрид вечерва игра меч од осминафиналето на шпанскиот Куп против второлигашот Албасете, а новиот тренер на Кралевите, Алваро Арбелоа, се соочува со сериозни проблеми околу составот. Кралевите ќе мора да истрчаат на теренот без единаесетмина стандардни фудбалери, па иако се работи за второлигаш од долниот дел на табелата, сепак нема да им биде лесно. Арбелао нема да ги има на располагање Куртоа, Менди, Ридигер, Милитао, Трент, Карерас, ...

Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш се очекува да биде првото засилување за Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед. Екипата од „Олд Трафорд“ сака да го засили средниот ред, а токму во Португалецот се гледа на фудбалер кој може тоа и да го направи. Во прилог оди и добрата цена која ја има Рубен Невеш во моментов, па Ал-Хилал би прифатил сума од 20 милиони евра. Преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати, а Португалецот нема ...

Жоао Кансело до крајот на оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер за Барселона, откако буквално беше избришан од екипата од Ал-Хилал, по конфликтот со тренерот Инѕаги. Португалецот беше блиску до потпис со Интер, но на крајот сепак се одлучи да се врати во Барселона, екипа за која настапуваше во сезоната 2023/24. Кансело очекува дека ќе биде важен дел од екипата која ќе освојува трофеи оваа сезона, но вели дека улога имало и неговото ...

Најинтересниот натпревар од денешната фудбалска програма е полуфиналето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Арсенал. Иако на „Стемфорд бриџ“ веројатно ништо нема да биде решено вечер, со оглед дека има реванш на почетокот на февруари, сепак очите на светската фудбалска јавност се насочени кон овој меч. Челзи речиси ретири години нема триумф над Арсенал, а Тпочиите“ и вечерва се фаворити според квотите во Sport Life. Квотата за победа на ...

Ракометниот тим на Вардар го остварува тоа што го најави пред крајот на 2025 година. Од таборот на Црвено-црните најавија дека целта им е во составот да донесат македонски ракометари, а сега тоа и го реализираа. Преку социјалните мрежи, екипата која е лидер во македонското првенство го потврди доведувањето на кадетскиот и младински репрезентативец Бобан Поповски, кој досега настапуваше за тимот на Мулти Есенс во втората лига по ранг во ...

Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна само пред 24 часа, а играчите веќе го навестија исходот од градското дерби на Манчестер кое се игра во сабота. Дури 75% од типувачите веруваат во победа на Манчестер сити, 12% очекуваат реми, а 13% типуваат на победа на Црвените ѓаволи. Иако има уште многу време до сабота во 13:30 часот, кога ќе биде затворено типувањето, сепак тешко е за ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артера, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот прв меч од полуфиналето во Лига купот против градскиот ривал Челзи. Арсенал сезонава игра одлично, тимот е лидер во Премиер лигата, а сега фокусот е да се обезбеди и место во финалето на Лига купот. „Фудбалот ни дава уникатна шанса. Бевме константни во овој турнир и сега треба да елиминираме еден голем ривал за да играме во финалето. Тоа е нашата мисија. Се ...

Филип Миркуловски е една од македонските ракометни легенди, но иако веќе не игра активно, сепак е дел од репрезентацијата на Европското првенство и тоа во улога на шеф на македонската делегација. Поранешниот репрезентативец очекува Македонија да изненади на ова првенство, иако има тешка група со Данска, Португалија и Романија. „Играме во група со Данска, Португалија и Романија, тешка група, но ние сме тука за да изненадиме. За Данска не треба ...

Африканскиот куп на нациите ја има својата кулминација. Денеска се играат двете полуфинални средби, по кои ќе бидат познати селекциите кои ќе останат во конечна битка за тронот во Африка. Кога играат Сенегал и Египет, едноставно не треба да се очекуваат голови. Делува неверојатно, но на 10 од нивните 12 меѓусебни дуели, на крајот немало повеќе од еден гол, што значи дека само еден момент најчесто е решавачки да се добие победникот. На 11 од ...

ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси. Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата. Оваа најава од ФК ...

Како ретко кога, дури седум натпревари има во понудата за Бет билдерот, во која може да се најдат коефициенти кои се движат од 14 до 21. За дербито во Лига купот на Англија меѓу лондонските ривали Челзи и Арсенал има две интересни комбинации чии квоти се 17 и 18. За да биде добитна комбинацијата со коефициент од 18, потребно е: Арсенал да победи, да бидат постигнати повеќе од 2,5 голови, да има повеќе од 9,5 корнери и Букајо Сака да упати ...

Францускиот играч за врска Н’Голо Канте е подготвен да се врати во Европа, јавува германскиот „Скај“. Канте беше еден од најдобрите играчи од средниот ред кога реши да си замине од Челзи и да ја прифати понудата на тимот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија. Повеќе од јасно беше дека Канте реши да оди „по парите“ во Саудиска Арабија, каде што потпиша договор според кој заработува 480.000 евра на неделно ниво. Со Ал-Итихад успеа да триумфира во ...

3002 Интер – Лече (20:45 ч.) Заостанат меч од 16-тото коло во Серија А, каде што Интер е огромен фаворит против тимот кој ќе се бори за опстанок. Лече има дури 10 порази во досегашните 19 одиграни дуели и е тимот со најлошиот напад и иам само 13 дадени голови. Интер во просек постигнува над два погодока на меч и јасно е дека сè освен лесна победа на Нераѕурите ќе биде изненадување. Предлог тип: 1-1&3+ (2.00) 3001 Наполи – Парма (18:30 ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот во „Јане Сандански“ ќе игра против Војводина во меч од шестото коло на АБА 2 лига. Ова е прв меч за Штрковите во 2026 година, а тренерот Васко Атанасов очекува поддршка од навивачите и верува дека МЗТ може да стигне до победа. „Годината ја почнуваме против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2. Средбата е исклучително важна за двата тима, поради што очекувам голема борба од ...

Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов е познат како голем љубител на фудбалот, па едноставно не остана имун, а да не ја искоментира одлуката на Реал Мадрид да го отпушти тренерот Чаби Алонсо. Хабиб даде целосна поддршка за тренерот и смета дека воопшто не била добра одлуката на челниците на Реал да го избркаат тренерот кого го доведоа само пред неколку месеци. „Не постои ништо поважно од лојалноста. Пред година дена го молеа Чаби Алонсо ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
62%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
46%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.04
37%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1020
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
44%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
56%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
47%
1018
Currency

61.645

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

67.9966

Currency

7.70568

Currency

0.65974

Currency

0.33662

Currency

0.52483

Currency

1.21286

Currency

0.58004

Калај

48.20

Бакар

11.61

Рутениум

56199.51

Родиум

368126.05

Платина

68931.20

Злато

161482.36

Паладиум

51376.89

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.41

Иридиум

259874.72

Кобалт

66.14

Цинк

3.24