Во одложениот натпревар од 16-тото коло на италијанската Серија А, Болоња вечерва како гостин славеше на „Бентегоди“ против Верона со 2-3. Со ова Болоња ја прекина речиси двомесечната серија без победа во Серија А и се искачи на осмото место со 30 бода, додека Верона и понатаму го држи „фенерот“ со само 13 освоени бодови. Верона поведе преку контранапад во 13-тата минута. Сè се случи по слободен удар за Болоња, кога домашните ја освоија ...

Зрињски Мостар ја прекина соработката со македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој летово пристигна како едно од најавуваните засилувања. Велковски беше донесен во тимот во летниот преоден рок со надеж дека ќе донесе значаен придонес во одбраната, но за Зрињски одигра само два официјални натпревари во есенскиот дел од сезоната и не успеа да го оправда очекуваниот статус на клучен играч во дефанзивата. По заемна согласност, клубот и ...

Ракометните репрезентации на Франција и на Шпанија го започнаа Европското првенство според планот. На отворањето на континенталниот собир, фаворитите за највисок пласман, Триколорите убедливо победија против Чешка со 42-28 и со два бода го стартуваа учеството во групата Ц. Шпанците беа подобри од нашиот северен сосед Србија и славеа со 29-27. Французите ја демонстрираа својата моќ уште во првото полувреме. Пранди, Наи и Фабрегас беа ...

Магијата на НБА лигата вечерва од 20 часот ќе ја почувствува и Берлин, каде се среќаваат Орландо меџик и Мемфис гризлис. Орландо е фаворит според квотите, но тоа некогаш не значи ништо во најдобрата кошаркарска лига во светот. Особено и за овој меч кој и двете екипи го играат на неутрален терен. Детроит пистонс и Сан Антонио спарс исто така ја носат улогата на фаворити на полноќните мечеви од НБА лигата. Покрај стандардните квоти за деветте ...

Германскиот гигант Баерн Минхен е силно заинтересиран за ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед и планира да направи одличен тандем со него и Хари Кејн, пренесуваат британските медиуми. Иднината на Португалецот во Манчестер Јунајтед во последно време е под голема доза на неизвесност. Се наведува дека клубови надвор од Премиер лигата можат да ја активираат откупната клаузула од 57 милиони фунти (67,26 милиони евра), а Баерн е ...

Мохамед Салах се збогуваше со Африканскиот куп на нации потажно од кога било, затоа што ова најверојатно беше последната голема шанса да го освои трофејот со репрезентацијата на Египет. Египет со 1:0 загуби од Сенегал и не успеа да се избори за место во финалето. Статистиката од полуфиналниот дуел е поразителна за Египет, посебно за Салах. Сенегал славеше со 1-0 во меч на кој и статистиката покажа дека е подобар од Египет. Натпреварот заврши ...

Рускиот фудбалер Лионел Адамс почина само на 31 година, а смртта засега е мистерија. Неговото безживотно тело е пронајдено на улица покрај една повеќекатница. На дел од интернет-порталите се појави и видео на кое се гледа како телото на Адамс паѓа на земјата. Адамс починал на 14 јануари, а службите за итни случаи кога пристигнале на местото на настанот можеле само да ја потврдат неговата смрт. Пријателите наводно рекле дека бил депресивен ...

Мароко се пласира во финалето на Африканскиот куп на нациите (АКН) откако по голема драма и подобро изведување на пеналите ја елиминира Нигерија. По регуларниот дел беше 0:0, а немаше погодоци ни по дополнителните 30 минути. Во пенал-рулетот Мароко со 4:2 беше подобар, а херој на мечот е голманот Јасин Боно, кој одбрани два од четирите пенали. Посебно впечатлив беше начинот на којшто Боно одбрани во четвртата серија, кога буквално го збуни ...

Баерн Минхен синоќа со 3:1 славеше на гостувањето кај Келн во меч од 17-тото коло на Бундеслигата, со што германското првенство дојде точно на половина. Изненадувачки, Келн поведе со 1:0, но Баерн израмни до полувремето, па во вториот дел гостите постигнаа уште два гола за нова сигурна победа, со која беше испишана и историја. Со овој триумф Баерн Минхен на половина од првенството има 15 победи и две нерешени за вкупно освоени 47 бода. Втора ...

„Јиске Банк боксен“ е арена која за спортски настани има капацитет од 15.000 седишта, а толку публика може да има и на ракометни мечеви. Таа е најголемата во Данска. Многумина се чудат зошто токму таму е најголемата сала во Данска, а не во Копенхаген или во некој од другите поголеми градови. Хернинг е најпознат по текстилот, саемите и музеите. На градот Хернинг, кој со околината заедно има околу 90.000 жители, не му е непознато да биде ...

Елиминацијата на Реал Мадрид од Купот на кралот предизвика бура од потсмев, а неочекуван „поздрав“ до Кралскиот клуб стигна од фудбалското џуџе Сан Марино! Репрезентацијата која е најслаба во светски рамки според рангирањето на ФИФА, реши преку својот официјален твитер-профил да потстира епска објава. Реал Мадрид неочекувано со 3:2 загуби на гостувањето од второлигашот Албасете и мадридскиот гигант е елиминиран од Купот на Шпанија. Веднаш по ...

Екипата на Шкендија со победа ги започна зимските подготовки. Пред патувањето во Анталија, Шкендија го одигра првиот контролен меч. На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ кај ФФМ, актуелниот првак на Македонија со убедливи 3:0 славеше над Брера. Да нема никакви изненадувања, иако се работи за подготвителна средба, уште во 11 минута се погрижи Мазари кој погоди за водство на Шкендија од 1:0, што беше резултат по првото полувреме. ...

Времето за чекање заврши, денеска започнува Европското првенство во ракомет. Уште на стартот има четири интересни натпревари, а два од нив се дел од Специјалот на Sport Life. Отворањето на континенталниот собир е со мечот меѓу Шпанија и Србија. Овие две селекции одлично се познаваат меѓусебе и во последните две години одиграа пет пати. Шпанија има три победи, а Србија се радуваше два пати. На четири од тие пет меча било неизвесно и на крајот ...

Без разлика каде се на табелата, секогаш е посебно интересно кога играат градските ривали Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Викендов „Олд Трафорд“ ќе биде местото за мегдан, што значи дека Јунајтед е домаќин. Во последните пет меѓусебни дуели, Црвените ѓаволи имаат две победи, двапати било нерешено, а Сити се радувал само еднаш. Иако традицијата вели дека Сити ретко победува во овие пресметки, прогнозерите кои типуваа веруваат во победа на ...

Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за годината, објави специјализираната веб-страница за спортски бизнис Sportico. Направена е листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се спортисти од осум спортови кои се дел од натпреварувањата во 28 земји. Сите 100 најплатени, заедно заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот и тоа трета година по ред. Португалскиот ветеран заработил вкупно 224 милиони ...

Денеска започнува Европското првенство во ракомет, а со тоа започнува и новата акциска игра на Sport Life, наречена „Експерт за ракомет“. Како и секогаш, Sport Life е во чекор со најважните спортски случувања, па оваа акциска игра треба да донесе дополнителни возбудувања на тоа што ќе се случува на ракометниот континентален собир на којшто учествува и нашата Македонија. Мисијата е едноставна. Треба да се погоди најголем коефициент на ...

Албасете на четири меча по ред во втората Ла Лига немаше победа, но тогаш дојде мечот против Реал Мадрид и сензационалната победа од 3-2, па Кралевите сосема заслужено се цел на голем сеир. Навивачите на Албасете му порачаа на Алваро Арбелоа: „Ви благодариме што дојдовте, конечно победивме. Ве молиме дојдете повторно следната недела“. 🚨 Albacete fans are chanting: “Thank you for coming, we finally won a game, please come back next week!” — ...

Врвниот европски фудбал секогаш е поинтересен со големи квоти, а убедливо најголемите квоти во Македонија секогаш се во Sport Life. Бет билдер понудата за четврток содржи шест опции со квоти кои достигнуваат и до 25.00. Верона и Болоња ја отвораат понудата со меч од Серија А за кој има квоти од 20.00 и 25.00, додека Комо и Милан имаат квоти од 20.00 и 21.00. И единствениот меч од Бундеслигата за денес може да го најдете во Бет билдерот со ...

Денешната евролигашка понуда содржи шест меча, кои може да ги најдете во понудата на Sport Life, а дел од нив го привлекуваат вниманието на кошаркарската јавност. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен го пречекуваат грчкиот Панатинаикос, а квотата за победа на Баварците во понудата на Sport Life е дури 2.60. Црвена ѕвезда гостува кај Милано, а според квотите, е голем аутсајдер. Домашните имаат квота за победа од ...

Врсниците (двајцата имаат по 19 години) Дамјан Митев и Самоил Ристевски се нови лица во македонската репрезентација на големите натпреварувања во сениорска конкуренција и претставуваат светла иднина на македонскиот ракомет, веруваме дека уште долго и со успех ќе го носат црвено-жолтиот дрес. Помладиот брат на Марко Митев, кој игра како бек, и 199-сантиметри високиот пикер на Еурофарм Пелистер знаат како да се игра на големо натпреварување, но ...

1363 Сантандер – Барселона (21:00) Барселона и Сантандер немаат одиграно меѓусебен натпревар уште од 2012 година, а вечерва ќе се сретнат во меч од Купот на Шпанија. Каталонците имаат седум победи по ред над денешниот противник, а немаат пораз на последните 17 средби, односно од 2004 година. Предлог тип: Т21+I&2+II (2.55) 1364 Бургос – Валенсија (21:00) Столе Димитриевски се очекува да биде стартер за Валенсија на дуелот од Купот на ...

Хесус Валехо 10 години беше член на Реал Мадрид откако во 2015 година беше купен од Сарагоса за пет милиони евра, но тој беше единствениот кој не доби вистинска шанса кај Карло Анчелоти, па минатото лето си замина како слободен фудбалер, и тоа не каде било, туку во Албасете, екипата која сензационално ги исфрли Кралевите од Купот на Шпанија. Сепак, тој не беше дел од составот кој го победи Реал Мадрид поради повреда, па во „цивилка“ го ...

Мајкл Карик во сабота ќе го има дебито на клупата на Манчестер јунајтед, и тоа во градското дерби против Сити. Тој успеа да го „победи“ Оле Гунар Солскјер во битката за привремен тренер на Црвените ѓаволи, а сега се надева ќе добие и долгорочен договор, но за тоа ќе треба да почне да победува на терен. Сепак, поради неколку одлуки на новиот тренер, Џим Ретклиф веќе размислува и кој ќе го наследи Карик. Сега прв кандидат е Јулијан Нагелсман, ...

Пет меча со коефициенти помеѓу 2.00 и 2.20 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 45.8. Понудената квота од 2.20 за мечот помеѓу Верона и Болоња ќе биде добитна само ако гостите не загубат во меч на кој нема да бидат постигнати повеќе од два гола. Ефикасно се очекува да биде во Бундеслигата, на мечот помеѓу Аугсбург и Унион Берлин. Квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако се затресат двете ...

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик, од пред неколку дена е член на францускиот Лион, каде што беше испратен на позајмица од Реал Мадрид. Тој веќе и дебитираше за новиот клуб и веднаш постигна гол во Купот на Франција. Но, по отказот на Чаби Алонсо, работите се променија. Алваро Арбелоа бара од Флорентино Перес оваа позајмица веднаш да биде поништена и Ендрик да се врати во Реал Мадрид. Познавачите на ситуацијата сметаат дека токму Арбелоа е ...

Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со девет од 16-те понудени натпревари, кошарката е застапена со четири меча, два се од хокејот и еден дуел е од ракометот. Првиот натпревар во Супер типот започнува во 14:30 часот и од хокејот, додека првиот фудбалски натпревар започнува во 16 часот. Единствениот ракометен натпревар е од Европското првенство кое започнува ...

Навивачите на македонската ракометна репрезентација кои од Скопје со автобус отпатуваа за Данска, синоќа спиеја во Прага и собраа сили за вечерашното патување, а утре рано наутре треба да бидат во Данска. Атмосферата во автобусот беше позитивна, дел од фановите се забавуваа со играње друштвени игри како популарната табла, на кое претходеа „закани“ кој од кого е подобар играч на оваа игра. Се разбира по пат не изостанаа и песните, шегите и ...

Реал Мадрид доживеа шокантна елиминација во осминафиналето од Купот на Шпанија од второлигашот Албасете со гол во 94-тата минута. Новиот тренер на „кралевите“, Алваро Арбелоа, дебитираше со пораз, но иако имаше неколку повредени фудбалери, сепак се реши да одмори неколку ѕвезди, а на крајот тоа го чинеше и сензационален пораз. „Ги разбирам оние што овој пораз го нарекуваат неуспех. Неуспесите се дел од патот кон успехот и уште пред ...

Екипата на Денвер и без својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ, успеа да врзе три победи во низа, откако славеше на гостувањето кај Далас со 109-118. Гостите иако беа аутсајдери на овој меч, сепак освен на почетокот, во текот на целиот натпревар имаа убедливо водство, а двоцифрената предност ја испуштија само во последните моменти од мечот. Џамал Мареј со 33 поени беше најефикасниот поединец на мечот, воедно и најзаслужен за победата на ...

Реал Мадрид за само неколку дена остана без два трофеи. Откако загуби од Барселона во финалето на Суперкупот со 3:2, Реал Мадрид вечерва претрпе шокантен пораз од екипата на Албасете со 3:2 во Купот на Шпанија. Овој пораз од Албасете, значеше и елиминација на Реал од Купот на Шпанија, што значи дека е загубена трката и за освојување на тој трофеј. Веднаш по мечот, еден од најискусните во тимот на Реал, капитенот Дани Карвахал имаше жестока ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
62%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
5.66
46%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.04
37%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1020
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
44%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
56%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
47%
1018
Currency

61.645

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

67.9966

Currency

7.70568

Currency

0.65974

Currency

0.33662

Currency

0.52483

Currency

1.21286

Currency

0.58004

Паладиум

51376.89

Бакар

11.61

Родиум

368126.05

Калај

48.20

Злато

161482.36

Платина

68931.20

Алуминиум

3.41

Цинк

3.24

Сребро

2840.84

Иридиум

259874.72

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14