
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Бразилецот Родриго сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот, а наводно Кралевите веќе му одредиле цена откако еден клуб ја контактирал нивната управа. Родриго беше играч на одлука во многу натпревари за Реал Мадрид во последните сезони, но по пристигнувањето на Килијан Мбапе, неговиот статус се промени. Шпанските медиуми пишуваат дека Родриго се лути на Карло Анчелоти бидејќи целосно паднал во втор план ...
Лацио славеше на гостувањето кај Емполи со 1:0 во меч од 35. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф Лацио стигна до 63 бодови и сега е на четвртото место на табелата што значо дека е во трка за позиција која води во Лига на шампиони. Гостите уште во првиот напад постигнаа гол. Диа ја затресе мрежата на Емполи по само 54 секунди игра. На крајот, тој момент се покажа и како решавачки. Емполи остана на 26 бодови и е на претпоследното место ...
Интер и Барселона рутински си ја завршија „домашната задача“ во првенствата на Италија и Шпанија. Двата тима победија и останаа во трка за титулата во Серија А, односно Примера дивисион, па сега фокусот е насочен на нивниот меѓусебен дуел. Во вторник, Интер ќе ја пречека Барселона на „Џузепе Меаца“ во реваншот од полуфиналето во Лига на шампиони. Првиот меч во Барселона заврши 3:3, што значи дека сега мора да има победник, за да се дознае ...
Барселона синоќа се намачи, но на крајот ги освои планираните три бода на гостувањето кај Валјадолид. Каталонскиот гигант неочекувано губеше на полувреме кај фенерџијата во лигата, но со многу подобра игра во второто полувреме постигна два гола и стигна до триумф од 2:1. Во почетниот состав на Барселона на овој меч беше тинејџерот Дани Родригес. Изненадувачки беше фактот дека 19-годишниот Родригес е стартер, но тренерот Ханси Флик реши да му ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше задоволство од минималната победа од 0-1 на гостувањето кај Лече, која го задржа неговиот тим на врвот на табелата и направи значаен чекор кон освојување на Скудетото. „Без лажење, ова беше важен напредок кон титулата, но не и пресуден. Бев загрижен пред овој натпревар, затоа што Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во деликатна ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за ...
Динамо Загреб победи со 3:1 на гости во Сплит против Хајдук, во дуел на најголемите ривали во хрватскиот фудбал. Со оваа победа Динамо е нов лидер на табелата, а Хајдук веќе не е во позиција сам да одлучува за титулата. Освен возбудувањата на теренот, имаше ногу драматични моменти пред почетокот на мечот, кога навивачите на двата клуба направија големи нереди. Полицијата уапси повеќе од 150 навивачи на двата тима, а една сцена беше посебно ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство од тешко остварената победа од 1-2 над Ваљадолид, иако призна дека натпреварот не поминал лесно. Германецот направи бројни промени во составот, давајќи шанса на неколку млади фудбалери, кои не настапија премногу убедливо, но тој не ги критикуваше, туку го нагласи значењето на освоените три бода. „Целта беше да освоиме три бода и затоа сум задоволен, иако победата беше тешка. Не сум разочаран, ...
Фудбалерите на Лутон доживеаја второ последовно испаѓање и следната сезона ќе играат во Лига 1, откако беа поразени на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Им беше потребна победа за да останат во Чемпионшип, но наместо тоа, тие доживеаја тежок пораз и испаднаа во третиот ранг на англискиот фудбал, само една година по испаѓањето од Премиер лигата. Домаќините беа убедливи, два гола постигна Томи Фелоуес, додека Калум Стајлс исто така двапати ја ...
1306 Реал Мадрид – Селта (14 часот) Реал Мадрид нема друг избор освен да атакува на триумф на денешниот дуел со Селта. Барса од синоќа има седум бода предност на врвот, а Кралевите ќе сакаат повторно да спуштат на четири бода негатива пред Ел Класико. Предлог тип: 1 & 2-5 (1.87) 3007 Монца – Аталанта (15 часот) Монца е веќе испадната, а Аталанта сака да ја зацврсти својата позиција за пласман во ЛШ. Се очекува триумф на гостите, а наш ...
Возбудувањата во Првата фудбалска лига продолжуваат денеска од 16 часот кога ќе се комплетира 29-то коло. Вчера Вардар го победи Шкупи на Чаир со 0-2 и ја продолжи својата серија без пораз на 14 меча, а денеска фокусот е кон Скопје и Струга каде нѐ очекуваат нови две дерби пресметки. Како што покажуваат и квотите во Sport Life, интересно ќе биде на Националната арена „Тодор Проески“ каде Работнички го пречекува Силекс. Тоа е дуел на двете екипи ...
Бет билдер понудата во Sport Life e подготвена и има неверојатни квоти. Со предлогот од Ла Лига можете до коефициент 55. Треба да има два гола на секој од натпреварите во Шпанија, да има најмалку осум корнери, најмалку два картони и најмалку осум удари во рамки на гол. Слична опција е понудена и за Серија А, и квотата е 50, но во Италија се бараат по три картони на секој од мечевите. Се разбира, има и Бет билдер опции за одредени натпревари. ...
Денешните Квоти на денот доаѓаат од Топ 5 лигите, а имаат вкупен коефициент е 42,39. Првиот предлог доаѓа од Ла Лига. Реал Мадрид ја пречекува Селта, а квотата на денот е 1.90, ако и во двете полувремиња Кралевите постигнат од еден до три гола. Брентфорд е домаќин на Манчестер јунајтед и квотата на денот е 2.05, ако на мечот има најмалку три гола, од кои еден до три во првото полувреме. Челси и Ливерпул играат дерби на „Стемфорд бриџ“ и ако има ...
Фудбалерите на Динамо синоќа околу 1:30 часот се вратија во Загреб по големата победа од 1-3 против Хајдук во Сплит во дербито од 33-то коло на Суперспорт ХНЛ, во еден од најважните дерби натпревари на сезоната. Головите за Динамо ги постигнаа Ронел Пјер-Габриел во 51-та минута, Сандро Куленовиќ во 64-та минута и Петар Сучиќ во 101-та минута од судиското продолжение, додека за Хајдук стрелаше Ливаја во 56-та минута. Динамо слави враќање на ...
Тимот на Интер Мајами се врати на победничките патеки со убедлива победа над Њујорк ред булс во натпревар од МЛС лигата. Екипата на Дејвид Бекам славеше со 4-1, а повторно во центарот на вниманието беа Лионел Меси и Луис Суарес. Двете големи ѕвезди на Интер Мајами постигнаа по еден гол за конечната победа. Интер ги загуби последните три натпревари, вклучително и двапати од Ванкувер во Купот на шампионите на КОНКАКАФ. Лионел Меси се запиша во ...
Кошаркарите на Денвер нагетс во седмиот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција го победија Лос Анџелес клиперс со 120-101 и се пласираа во полуфиналето на конференцијата. Денвер нагетс имаа предност од 11 поени по првото полувреме, резултатот беше 58-47, која дополнително ја зголемија во третата четвртина и во последните 12 минути влегоа со позитива од 27 поени, 93-66. Предноста ја задржаа до крајот на натпреварот и стигнаа до ...
Барселона многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Валјадолид во меч од 34 коло на шпанското првенство. Со оваа победа, каталонскиот гигант дојде до 79 бодови и сега има седум повеќе од Реал Мадрид кој во ова коло игра против Селта Виго на „сантијаго Бернабеу“. Тренерот на Барселона Ханси Флик реши на дуелот против Валјадолид да стартува без неколку стандардни првотимци, па на клупата за резерви останаа Рафиња, Јамал, Олмо, Де ...
Интер се намачи во дуелот против Верона, но на крајот победи со 1:0 и ги освои трите посакувани бода, во меч од 35 коло во Серија А. Со овој триумф, Нераѕурите ја прекинаа мини-кризата од два порази во домашното првенство, поради кои и ја загубија челната позиција на табелата. Интер сега има 74 бодови, три помалку од лидерот Наполи. До крајот на првенствто има уште три кола. Клучниот момент на дуелот беше на почетокот кога во деветата минута ...
Лестер со 2:0 го победи Саутхемптон во меч од 35 коло во англиската Премиер лига, но дуелот најмногу ќе се памти по еден потег на голгетерот на домаќините Џејми Варди. Ова беше дуел на двете последнопласирани екипи во Премиер лигата кои сигурно ќе испаднат и следната сезона ќе играат во Чемпионшип. Варди погоди за 1:0 за Лестер, а само три минути подоцна, голгетерот на Лестер повторно беше во фокусот, не не поради своите реализаторски ...
Некогашниот германски гигант Шалке 04, а сега член во втората германска лига, реши да се пошегува со англискиот гигант Арсенал. Тимот од Гелзенкирхен фати сеир за кореогрфијата која навивачите на Арсенал ја направија пред почетокот на мечот против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лига на шампиони. Фановите на Арсенал извадија едно големо знаме, што секако делува смешно кога се работи за меч од таков карактер. За оваа кореографија, навивачите ...
Сезоната сè уште трае и многу работи допрва ќе се решаваат, но раководството на Барселона веќе работи на подготовките за следната сезона. Спортскиот директор Деко и дел од управата на клубот вчера оствариле состанок со Рафиња. Бразилскиот офанзивец е еден од главните играчи на Барса, а темата на средбата била можно продолжување на неговиот договор. Состанокот поминал позитивно, и се очекува наскоро формализирање на новиот договор меѓу двете ...
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со неговиот клуб Ал-Ахли се освојувачи на титулата во азиската Лига на шампиони. Во финалето кое се одигра во Џеда, Ал-Ахли без многу проблеми со 2:0 го победи тимот на Кавасаки Фронтале од Јапонија. Алиоски го одигра целиот меч на левата бековска позиција и со тоа стана третиот Македонец кој се радувал на трофејот во Лига на шампиони на Азија. Претходно тоа им успеваше на Саша Огненовски и Стевица ...
Фудбалскиот клуб на Гостивар ќе се повлече од настапите во Прва македонска лига. Ова денеска и официјално беше објавено преку соопштение на официјалната ФБ страница на Гостивар. Од Гостивар се незадоволни поради казната што ја добија, откако претходно клубот несфатливо реши да се повлече од теренот на дуелот против Работнички. Сега е јасно дека Гостивар нема да го одигра ни следниот дуел против Пелистер. Ви пренесуваме дел од соопштението на ...
Наполи минимално со 1:0 победи на гости кај Лече и ја задржа пол-позицијата во трката за освојување на титулата во Серија А. По 35 кола, Наполи е лидер со 77 бодови, а Интер е втор со 71 бодови, а Нераѕурите играат вечерва против Верона. Тоа се двете екипи кои се во трка за титулата. Наполи до важната победа стигна благодарение на прекрасниот гол на репрезентативецот Џакомо Распадори во 24 минута. Беше досуден слободен удар за Напли, а Распадори ...
Алкалоид и Вардар ремизираа 26:26 во дербито на ракометната Супер лига. Во текот на целиот меч беше неизвесно, па на крајот, ремито можеби е и најреален резултат. Со овој бод Вардар стигна до 13 бодови и повторно е лидер на табелата. Со 13 бодови е и Пелистер, додека Алкалоид е трет со девет бодови. Дербито целосно ги оправда очекувањата. Алкалоид поведе со 5:2, а потоа гостите со серија од три гола стигнаа до израмнување. Потоа Алкалоид во еден ...
Францускиот првак Пари Сен Жермен го претрпе вториот пораз во домашното првенство сезонава и тоа едно по друго. ПСЖ загуби на гостувањето кај Стразбур со 2:1 во меч од 33 коло на француското првенство. Уште во првото полувреме Стразбур даде два гола и стигна до неочекувано високо водство против шампионот. Во вториот дел, Светците постигнаа еден гол, но не се спасија од пораз. ПСЖ откако ја освои титулата, во последните три кола има освоено само ...
Никола Јокиќ имаше феноменална сезона, која ја заврши со просек од трипл-дабл. Српскиот центар беше незадржлив и имаше просек од 29.6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции, што само потврдува дека е лидер на Денвер. На крајот, по 82 меча Денвер заврши со 50 победи и 32 порази, а ист биланс на крајот имаше и Лос Анџелес клиперс. Тимот од ЛА сепак заврши една позиција зад Денвер. За тоа дека квалитетот и силата на двата тима е речиси израмнет, се ...
Динамо Загреб со 3:1 победи на гости кај Хајдук Сплит, во вечното дерби на хрватскиот фудбал. Ова беше меч од 33 коло, а Динамо со победата сега е лидер на табелата со 58 бодови. За Хајдук ова е трет пораз по ред и остана на 56 бодови, што е доволно за третото место на табелата. Ријека која има 56 бодови на второто место, утре ќе игра на свој терен против Горица и со победа може да ја преземе лидерската позиција. На дербито на „Пољуд“, немаше ...
Вардар игра во шампионски стил во пролетниот дел од сезоната, урива рекорди и 14 натпревари не знае за пораз. Серијата продолжи и денеска на Чаир, каде „црвено-црните“ славеа со 0-2. Роџерс Мато во 45-тата минута и Мислав Матиќ во 70-тата минута беа стрелци за Вардар на дербито. Пред околу 3.000 гледачи на Чаир, Вардар не потклекна и одигра одличен натпревар. Успеа да стигне до пораз и без шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски кој беше исклучен ...
Баерн Минхен имаше водство на гости Лајпциг со 2-3, со спектакуларен пресврт во второто полувреме и чекаше крај за да почне да ја слави титулата. Но, Јусуф Полсен со гол во 95-тата минута израмни на 3-3 и го одложи славјето. Баерн со ова реми е речиси шампион, но математички сепак тоа ќе мора да го осигура во наредното коло. Бењамин Шешко во 11-тата минута донесе водство за Лајпциг, а Клостерман во 39-та зголеми на 2-0. Во вториот дел следеа ...
Хајдук и Динамо на „Пољуд“ го играат дербито од 33-тото коло на ХНЛ, натпревар кој важи за еден од најзначајните во сезоната. Четири кола пред крајот, Ријека и Хајдук се на врвот со по 56 бодови, додека Динамо има 55 и е веднаш зад нив. Најголемото дерби во хрватскиот фудбал има огромно значење во борбата за шампионската титула. Во трите досегашни сезонски пресметки, Хајдук двапати го победи Динамо, а еднаш ремизираа. Сепак, сплиќани се наоѓаат ...