Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев ќе биде протагонист на игран филм што ќе го раскаже неговиот животен пат и спортски успеси. По автобиографијата која веќе ја објави, Панчев сега ќе добие и филмска адаптација што ќе ги опфати најважните моменти од неговата кариера, особено периодот во Црвена Звезда, каде што ја освои европската и светската титула. Како што објави МИА, филмот ќе биде во продукција на „Петровски Брадрс“, а режисер ќе ...

Бет билдер комбинациите кои за денеска ги нуди Sport Life, се со коефициенти од 12.0 до 40.0, а се однесуваат на дуелите од Светското клупско првенство во фудбал. Има два дневни микса, и по два билдери за двата меча посебно. Ако ваши фаворити се Баерн и ПСЖ имате избор од две различни опции со супер квоти, а ако решите да бркате џиновска квота од 40.0, за добивка ќе ви треба сите четири тима кои играат вечерва да дадат гол, секој тим да изведе ...

Откако стана десеттиот борец кој ги споил титулите во перолесна и лесна категорија во ултимејт фајт, Илија Топурија рече дека најтешка борба во кариерата му била таа со Александар Волкановски во битката за титула во перолесна. Топурија нема пораз во 17-те борби во кариерата. Рано утрово го нокаутираше Чарлс Оливеира со нокаут после само 2,27 минути борба и стана првак во лесна категорија. „Не се чувствувам непобедлив, па затоа вложувам толку ...

Би било големо изненадување ако на денешната трка за Големата награда на Австрија не победи некој од пилотите на Мекларен, Ландо Норис или Оскар Пјастри. Освен за нив двајца, за сите други пилоти квотите за победа се двоцифрени. Норис доминираше на вчерашните квалификации и затоа е прв фаворит за триумф. Шарл Леклер од Ферари има најдобри шанси да спречи „еден-два“ победа на Мекларен, но задачата нема да му биде воопшто лесна, иако ќе стартува ...

2604 АИК – Гетеборг (14.00 часот) Ова е дерби на колото во шведската лига и дуел на два тима на кои одбраната им е посилна страна од нападот. Тимот од главниот град во минатото коло го претрпе првиот пораз, а Гетеборг има три победи по ред, па на домашните нема да им биде лесно да се вратат на победничките патеки, но треба да се знае и дека претходното коло се одигра пред речиси еден месец и екипите малку се вон натпреварувачки ритам. АИК е ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, даде остра изјава по повод двочасовниот прекин на натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство против Бенфика. Челзи победи, но натпреварот беше прекинат во 87-та минута поради лоши временски услови, и продолжи речиси два часа подоцна. „Не примивме ниту еден гол, создадовме доволно шанси за да го добиеме натпреварот. А потоа, по паузата, натпреварот целосно се промени. Не мислам дека тоа е фудбал. ...

Интересни квоти на денот се нудат во Sport Life за денеска. Ако ги одиграте петте предлози на ист тикет, добивате вкупен коефициент од 44.57. Победа на Бодо/Глимт над Сарпсборг со водство на домашните и по првото полувреме, а притоа да има 2-6 гола на мечот, носи квота од 2.10. ПСЖ да постигне барем три гола против Интер Мајами, од кои минимум еден мора да има во прво полувреме, е комбинација за која во Sport Life квотата е 1.95. Третиот ...

Кристијано Роналдо избра да се одмори наместо да игра на Светското клупско првенство, откри португалскиот репрезентативец во интервју за сајтот на Ал-Наср, клубот со кој го продолжи договорот до јуни 2027 година. Шпекулациите околу плановите на 40-годишникот се засилија минатиот месец кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се водат преговори за Роналдо да игра на Светското клупско првенство, и покрај тоа што Ал-Наср не е на ...

Супер типот на Sport Life за денеска е необичен, има 13 фудбалски и три одбојкарски натпревари, комбинација која досега ја немало во понудата со зголемени квоти. Одбојкарските мечеви се од елитната Лига на нации за мажи, зголемени квоти има само за конечен тип, а за дуелот на Германија и Србија имате избор на кој тим ќе одиграте бидејќи за двата има зголемени квоти. Фудбалската понуда е шаренолика, од Светско клупско првенство, Голд куп, ...

Главната борба на УФЦ 317 настанот во Лас Вегас траеше само две и пол минути, Илија Топурија експресно го нокаутираше поранешниот шампион во лесна категорија Чарлс Оливеира. Сега грузискиот Шпанец е првак и во лесна и во перолесна категорија, но прв кој до ваков подвиг стигнал без пораз. Тој во кариерата има 17 борби и 17 победи, а Оливеира го претрпе 11-тиот пораз. Шампион во лесна категорија досега беше Ислам Махачев, но тој ја отфрли ...

За аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија, синоќешниот меч на Бенфика со Челзи на Светското клупско првенство, беше последен во дресот на европски клуб. Ди Марија се простува од Европа после 768 одиграни мечеви на Стариот континент во дресовите на Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус. Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите. После поразот од Челзи, Ди Марија со солзи во очите го напушташе теренот. Ел Фидео ...

Челзи ќе игра против Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД, откако со 4-1 и тоа по продолженија, ја елиминираше Бенфика. Сините водеа со 1-0 до 86-та минута, а тогаш мечот беше прекинат поради невреме проследено со грмотевици. Паузата траеше речиси два часа, а по прекинот во 95-та минита беше досуден пенал за лисабонските Орли и реализатор беше Анхел Ди Марија. Аргентинецот на СКП изведе дури четири пенали и сите ги ...

Лошите временски услови во Шарлот не дозволија да заврши вториот осминафинален меч од Светското клупско првенство. Челзи има водство од 1-0 против Бенфика, но дуелот е привремено прекинат во 85-тата минута. Не е познато колку долго ќе трае прекинот. Челзи беше подобар тим во досегашниот тек од средбата, а водството го донесе Рис Џејмс со погодокот во 64-та минута. Тој одлично изведе слободен удар и ја затресе противничката мрежа изненадувајќи ...

Селекцијата на Англија ја освои круната на Европското првенство за фудбалери до 21 година откако во финалето во Братислава ја совлада Германија со 3-2 по продолженија. Во неверојатно интересен меч и 120 минути, беа постигнати вкупно пет погодоци. Англичаните ја одбранија европската круна. Англија поведе во петтата минута со голот на Харви Елиот, а Омари Хачинсон зголеми на 2-0 дваесет минути подоцна. Но, Германците не се предадоа лесно. Нелсон ...

Челзи има можност да потпише договор со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез, кој во моментов го брани голот на Астон Вила. Вредноста на потенцијалниот трансфер се проценува на околу 45 милиони фунти. Иако Манчестер јунајтед првично покажа сериозен интерес за услугите на Мартинез, Црвените ѓаволи во моментов имаат други приоритети на трансфер пазарот, што отвора можност Челзи да се вклучи поактивно во трката за неговиот ...

Францускиот напаѓач Анж-Јоан Бони е многу блиску до преселба во Интер, пренесува „Гаѕета дело Спорт“. Според италијанските медиуми, Нераѕурите постигнале договор со Парма за трансферот на 21-годишниот офанзивец, а во наредните часови се очекува да бидат финализирани последните детали. Миланскиот гигант ќе плати 24 милиони евра за целосните права на младиот Французин, кој минатата сезона одигра 38 натпревари за Парма, постигнувајќи шест голови и ...

Пари Сен Жермен покажува сериозен интерес за 26-годишниот португалски дефанзивец Диого Леите, член на германскиот Унион Берлин. Трансферот би можел да ги чини Светците околу 13 милиони евра, сума што не претставува проблем за парижани, кои активно работат на освежување на дефанзивната линија. Леите пристигна во Берлин во летото 2022 година, а минатата сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања, при што постигна еден гол и запиша две ...

Германскиот гигант Баерн Минхен официјално стапил во контакт со Штутгарт за потенцијален трансфер на напаѓачот Ник Волтемаде, објави реномираниот германски „Кикер“. Двата клуба веќе ги размениле првичните позиции околу висината на обештетувањето, но јазот меѓу нив е значителен. Штутгарт инсистира дека за да се раздели со својот највреден фудбалер, ќе бара најмалку 100 милиони евра. Од друга страна, шампионот од Минхен е подготвен да понуди околу ...

Александра Пејковска и Сашо Даневски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија, ќе бидат дел од престижното Европско првенство во женски фудбал што ќе се одржи во Швајцарија од 2. до 27. јули. Александра Пејковска ќе биде делегат на натпревари од групната фаза што ќе се играат во Базел, каде ќе настапат селекциите на Швајцарија, Норвешка, Германија и Данска. Истиот град ќе биде домаќин и на еден четвртфинален натпревар, како и на ...

Барселона се соочува со вишок на голмани и активно работи на расчистување на ситуацијата. Клубот се обидува да се раздели со Марк-Андре тер Штеген и Ињаки Пења, но засега германскиот репрезентативец останува цврсто решен да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Според информациите на „Л’Екип“, францускиот Монако испратил понуда до Тер Штеген во обид да го ангажира како засилување за предизвиците во Лигата на шампионите 2025/26. Иако клубот од ...

Освојувачот на Купот, тимот на Вардар, доживеа убедлив пораз од 5-0 на пријателскиот натпревар против Марибор на подготовките во Словенија. Натпреварот се играше со продолжено времетраење од 2 x 60 минути, а Вардар веше конкурентен до 65-тата минута, кога всушност тренерот Гоце Седлоски почна да прави замени. Во првото полувреме Судани беше најактивен во тимот на Марибор, со неколку опасни обиди, но резултатот остана непроменет. Во 65-тата ...

Грузиско-шпанскиот УФЦ борец Илија Топурија, е фаворит за победа против Бразилецот Чарлс Оливеира во борбата за титулата во лесна категорија која ќе се одржи утре рано изутрина на УФЦ 317 настанот во Лас Вегас. Топурија и Оливеира ќе се борат за шампионскиот појас кој го држи Ислам Махачев, но реши да не се бори и со тоа го отстапи. Топурија е шампион и во перолесна категорија, па може да испише историја. На мерењето, тие имаа интересна ...

Ракометниот прволигаш Прилеп продолжува активно да се засилува пред стартот на новата сезона, а денеска беа официјализирани два важни новитети кои значително ќе го подигнат квалитетот на екипата. Наум Танески е новиот шеф на стручниот штаб. Станува збор за искусен стратег кој сезонава успешно ја водеше РК Струга, обезбедувајќи опстанок во Суперлигата. Танески е и актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија, а сега со нова ...

Францускиот прволигаш Монако официјално го потврди ангажманот на Пол Погба, кој пристигнува како слободен играч. Поранешниот играч на Манчестер jунајтед и Јувентус потпиша двегодишен договор со клубот од Кнежевството, со важност до 30 јуни 2027 година. Погба, светски шампион со Франција од 2018 година, се обидува да ја рестартира својата кариера по суспензијата поради допинг. Откако беше позитивен на забранетата супстанца ...

Македонската пливачка Миа Еминова Блажевска испиша нова страница во македонското пливање, поставувајќи нов апсолутен национален рекорд во дисциплината 50 метри пеперутка. На Европското првенство до 23 години кое се одржува во Шаморин, Словачка, Еминова ја исплива делницата со време од 28.42 секунди, со што го подобри сопствениот рекорд од 28.56 секунди. Овој успех претставува значаен чекор напред во нејзината кариера и уште една потврда на ...

Ал-Наср е во преговори со Жорже Жезус за негово потенцијално назначување за главен тренер на саудискиот тим. Според информациите, Кристијано Роналдо дал зелено светло и рекол дека сака неговиот сонародник да го предводи Ал-Наср, па клубот веднаш го контактирал Жезус. Страните сè уште не постигнале договор, но преговорите напредувале добро. Ал-Наср е без тренер откако се разделија со Италијанецот Стефано Пиоли кој беше на чело на тимот од ...

Ландо Норис од Мекларен убедливо победи на квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Австрија од Формула 1 шампионатот. За Норис ова е трета пол-позиција сезонава. Повеќе од него има само тимскиот колега Оскар Пјастри со четири. Норис имаше за половина секунда подобро време од втриот Шарл Леклер од Ферари кој успеа да ги раздели двата Мекларени. Макс Ферстапен ќе стартува дури од седмата позиција. Во квалификациите се случи и ...

Фудбалскиот клуб Милан потврди дека завршуваат позајмиците на неколку играчи и на сите нив Росонерите решија да им се заблагодарат преку социјалните мрежи. Милан го враќа 35-годишниот Кајл Вокер во Манчестер сити, и не ја искористи шансата да го откупи англискиот десен бек за 5 милиони евра. Вокер шест месеци играше за Милан и за 1.046 минути на 16 меча немаше гол или асистенција. Си одат и Жоао Феликс кој е играч на Челзи, Рикардо Сотил кој е ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не е посебно импресиониран од Соединетите Американски Држави. Еден тик-токер му пријде на играчот на Реал Мадрид и го праша што е тоа што најмногу му се допаѓа во САД. Модриќ беше изненаден и почна да размислува што му е омилено, но не можеше да се сети на одговор. Потоа беше прашан дали Европа му се допаѓа повеќе од САД, а тука одговорот беше како од пушка: – Да. View this post on Instagram A post shared by Jack ...

Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека следната сезона финалето на Купот ќе се игра во само еден меч, па сега Босна и Херцеговина останува единствена земја во Европа каде финалната битка за трофејот во купот се води во два меча. Во Македонија уште од осамостојувањето, финалето е во еден меч, 90 минути на сè или ништо, што е многу поатрактивно за публиката. Минатата сезона финале во два меча имаа само БиХ и Хрватска. Хрватите неколку ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
31%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
73%
1008
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
42%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.67
34%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
81%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
35%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
47%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
39%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
73%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346