Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако вечерва на Централниот терен без поголеми проблеми славеше против Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 6:2) по само 100 минути игра. Иако разнишаната репутација на Циципас и очајниот скор против Ѓоковиќ наговестуваа дека Гркот ќе го положи оружјето уште во второто коло на гренслемот, малкумина се надеваа на ваква доминација на седумкратниот освојувач на ...

Тотенхем продолжува со спектакуларните вложувања во летниот преоден рок, откако постигна договор за трансферот на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали од Њукасл. Според информациите на „Атлетик“, лондонскиот клуб ќе плати вкупно 100 милиони фунти за 25-годишниот играч за врска. Од таа сума, 92,5 милиони фунти се фиксно обештетување, а дополнителни 7,5 милиони се предвидени преку бонуси. Со овој трансфер, Тонали станува најскапото ...

Легендарниот либериски фудбалер и освојувач на „Златната топка“ за 1995 година, Жорж Веа, смета дека Килијан Мбапе во овој момент со квалитетите е далеку пред шпанскиот бисер Ламин Јамал. Ѕвездата на Реал Мадрид повторно блескаше на Светското првенство, постигнувајќи два гола во убедливата победа на Франција од 3-0 против Шведска. Со тоа Мбапе стигна до бројка од шест голови и две асистенции на турнирот. Во изјава за шпанската емисија „Ел ...

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва со големи пофалби зборуваше за капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, нарекувајќи го свој фудбалски идол и огромна инспирација во пресрет на 1/16-финалниот дуел меѓу двете селекции на Светското првенство. „Лука е мој идол, не само поради начинот на кој игра и тоа што толку долго останува на највисоко ниво, туку и поради начинот на кој се однесуваше во текот на целата своја кариера“, изјави Бернардо ...

Капитенот на Египет, Мохамед Салах, во вторникот се врати на тренинзите и учествуваше во дел од тимскиот тренинг. Големата ѕвезда продолжува да се опоравува од истегнување на тетивата, што ги зголеми надежите дека ќе биде подготвен за 1/16-финалниот натпревар против Австралија во петок. Салах беше принудно заменет за време на ремито 1:1 против Иран во последниот натпревар од групната фаза, по што се појавија сериозни сомнежи дали ќе може да ...

Нотингем Форест повторно направи тренерска промена, откако му даде отказ на Витор Переира, а нов менаџер на англискиот премиерлигаш ќе биде Австриецот Оливер Гласнер. Со ова, Форест ќе го добие својот петти тренер за помалку од една година, продолжувајќи го периодот на чести промени на клупата. Переира, кој го презеде тимот во февруари по заминувањето на Шон Дајш и успеа да го спаси клубот од испаѓање, бил целосно затекнат од одлуката. Според ...

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално ја продолжува кариерата во Грција, откако Арис го потврди неговиот ангажман. Солунскиот клуб, кој од клупата го предводи легендарниот Василис Спанулис, соопшти дека 27-годишниот плејмејкер потпишал двегодишен договор. Димитријевиќ пристигнува од руски Зенит Санкт Петербург, иако имаше важечки договор со клубот. Со неговото доаѓање, Арис добива големо засилување на најважната ...

Англија имаше проблеми, но не дозволи ДР Конго да стигне до сензација. Хари Кејн е херојот на Англичаните, постигна два гола во второто полувреме и ја одведе својата селекција во осминафиналето на Светското првенство. Брајан Сипенга во седмата минута успеа да го изненади Пикфорд, но Англија на крајот сепак славеше со 2-1. Избраниците на Томас Тухел веднаш по примениот тргна во тотална офанзива, имаа неколку шанси, но на полувреме сепак ДР ...

Седиштето на Германската фудбалска федерација (ДФБ) во Франкфурт беше претресено во рамките на истрага за можно коруптивно однесување поврзано со организацијата на Европското првенство 2024. Паралелно со тоа, истражителите извршија претреси и во повеќе градски управи и компании низ Германија. Државното обвинителство во Бохум и криминалистичката полиција на покраината Северна Рајна-Вестфалија истражуваат сомнежи за давање и примање ...

Баерн Минхен официјално го комплетираше трансферот на Исмаел Саибари, кој во моментов настапува за Мароко на Светското првенство и се наоѓа во одлична форма. Мароканскиот репрезентативец беше еден од клучните играчи во историскиот пласман на својата селекција во осминафиналето, а неговите настапи дополнително го потврдија интересот на германскиот шампион. Баерн за неговиот ангажман му исплати на ПСВ обештетување од 55 милиони евра, додека ...

Босанците дојдоа во Америка. И досега остварија историски резултат, а вечерва ќе ја предизвикаат селекцијата на Соединетите Американски Држави во првиот меч од нокаут-фазата. Можат ли Един Џеко и соиграчите да направат сензација и да ја победат селекцијата што ја предводи Маурисио Покетино? Тимот на САД е фаворит, ќе игра пред своите гледачи, иако и Босанците имаат своја верна публика преку Атлантикот. Американците загубија од Турција со 3-2 ...

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, без загубен сет обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон, откако го совлада Португалецот Нуно Боржеш со 3-0 (7-6, 7-6, 6-4). Италијанецот, кој ја брани титулата на најпрестижниот тениски турнир, до победата стигна по два часа и 31 минута игра на Централниот терен. Синер се соочи со сериозен отпор во првите два сета, кои ги реши дури по тај-брејк. Во првиот сет двајцата тенисери сигурно ги освојуваа ...

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, е отворен за можноста да стане нов селектор на германската репрезентација, пренесува Фабрицио Романо. Клоп важи за едно од најреномираните тренерски имиња во последната деценија. На клупата на Ливерпул оствари големи успеси, освојувајќи ја првата титула во Премиер лигата по пауза од 30 години, а тимот го одведе и до две финалиња во Лигата на шампионите, од кои едното го претвори во европска ...

Калин Ивановски продолжува со одличните настапи и на турнирот во Скопје, откако го елиминираше првиот носител Андреј Чепелев со убедливи 2-0 во сетови (6-4, 6-2). Македонскиот тенисер уште на стартот на првиот сет успеа да направи брејк и да поведе со 2-1, а стекнатата предност сигурно ја задржа до крајот за освојување на сетот со 6-4. Во вториот сет Ивановски целосно доминираше на теренот. Со два брејка брзо поведе со 4-0, не му дозволи на ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико и официјално стана најпосетениот фудбалски турнир во историјата. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека повеќе од пет милиони гледачи ги следеле натпреварите во живо од трибините. Историската граница била надмината за време на натпреварот меѓу Франција и Шведска. По средбата, Инфантино преку социјалните мрежи упати специјална порака до навивачите. „Ова историско достигнување им припаѓа ...

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, ги отфрли прогнозите дека неговата репрезентација е фаворит во 1/16-финалниот дуел против Босна и Херцеговина на Светското првенство, посочувајќи дека досегашниот тек на турнирот покажа колку е непредвидлив. Германија во понеделникот беше елиминирана по поразот на пенали од Парагвај, додека Мароко по изведување пенали ја исфрли и Холандија. „Пред сè, не верувам дека сме фаворити, бидејќи во изминатите ...

Барселона официјално потврди дека данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен го продолжи договорот со клубот, како што претходно објави „Мундо Депортиво“. Каталонскиот гигант денеска соопшти дека Кристенсен ставил потпис на нов договор со кој соработката е продолжена за уште две сезони. Клубот и фудбалерот во наредниот период јавно ќе го официјализираат договорот на специјална церемонија во просториите на стадионот, како што е наведено во ...

Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус ...

Белгија и Сенегал дојдоа до пласман во 1/16-финалето на Светското првенство со победи во последното коло од групната фаза во кои постигнаа по пет гола. Белгијците со 5-1 славеа над Нов Зеланд, а Сенегал со 5-0 триумфираше над Ирак. Доколку денес на нивниот меѓусебен меч има најмалку пет гола, тогаш во Sport Life ќе добиете квота од 9.00. Што се однесува до шансите за пласман во осминафиналето, во мала предност е Белгија, но и Сенегал со ...

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастиен Десабр, изјави дека Арон Ван-Бисака, кој е роден во Лондон, има дополнителен мотив да ја победи Англија во денешниот 1/16-финален натпревар на Светското првенство. Африканската селекција, која преку баражите обезбеди пласман на Мундијалот, успеа да ја мине и групната фаза, а сега во нокаут рундата ја очекува ѕвездениот состав на Англија. Иронијата е што Ван-Бисака можеше денес да го носи ...

Роналд Куман поднесе оставка од селекторската функција на репрезентацијата на Холандија по елиминацијата од Светското првенство. „Лалињата“ беа елиминирани од Мароко во 1/16-финалето на Мундијалот, а Куман својата одлука ја објави преку социјалните мрежи. „Синоќа донесов одлука да го завршам мојот мандат како селектор на холандската репрезентација“, напиша Куман, чиј тим беше елиминиран од Мароко по изведувањето пенали. View this post on ...

Денешната програма на Светското првенство ја отвораат Англија и ДР Конго со меч во 18 часот, а јасно е кој ја има фаворитската улога на овој натпревар. Англичаните се апсолутни фаворити и според квотите во Sport Life, а за ДР Конго и самиот пласман во 1/16-финалето е историски успех. Хари Кејн во групната фаза постигна три гола, а хет-трик на дуелот против селекцијата оф Африка ќе ви донесе квота од 18.00 во понудата на Sport Life. Квотите ...

Најголемата тинејџерска ѕвезда на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, Ламин Јамал е убеден дека овој турнир ќе биде многу неизвесен до самиот крај и дека нема изразит фаворит за освојување на трофејот. Јамал кој веќе постигна гол и стана еден од најмладите стрелци во историјата на СП, потенцира дека ниеден ривал не смее да се потцени. Шпанија во 16-финалето ќе игра против Австрија, а Јамал вели дека на секој ривал треба да се ...

Трите меча кои вечерва ќе се играат на Светското првенство имаат посебен Бонус тип во Sport Life. Фаворитите Англија, Белгија и САД да водат на полувреме и на крајот да победат во мечеви на кои ќе бидат постигнати барем два погодоци се нуди Бонус квота од 26. За да се добие оваа квота доволно е да се одигра само со шифрата 8301. Трите меча кои вечерва ќе се играат на Светското првенство имаат посебен Бонус тип во Sport Life. Фаворитите ...

Нов меч на Франција и ново шоу на Килијан Мбапе. Капитенот на Галските петли постигна два гола во победата над Шведска со 3:0 и го трасираше патот на националниот тим во осминафиналето на СП 2026. Со овие два гола, Мбапе сега има шест погодоци и две асистенции на овој турнир, а вкупно е со 18 голови во историјата на Мундијалите. Единствено Лионел Меси со 19 голови е пред Французинот на вечната листа и јасно е дека нивната лична битка ќе се ...

Три натпревари се играат вечерва во 16-финалето на Светското првенство, а Sport Life нуди одлична Бет билдер понуда со 12 различни комбинации, по четири за сите три средби, на кои коефициентите се движат меѓу 11 и 28. Англија е голем фаворит за триумф над ДР Конго, па една од комбинациите што се вреднува со 13 коефициент ќе биде добитна ако: Англија победи, Џуд Белингам даде гол или асистира, Хари Кејн има над 1,5 шутеви во рамките на голот и ...

Франција убедливо победи против Шведска со 3:0, но очигледно е дека не се сите задоволни во таборот на Галските петли. Еден од оние кои очигледно не е многу среќен е Рајан Черки. Ѕвездата на Манчестер сити не е во прв план на селекторот Дидие Дешан и поминува малку време на теренот. На дуелот против Шведска, Черки во игра влезе во 85 минута кога веќе немаше резултатска неизвесност и Франција водеше убедливо со 3:0. По завршување на мечот, ...

5614 Англија – ДР Конго (18 ч.) Конго направи историски чекор и за прв пат се пласираше во нокаут фазата од Светско првенство, а буквално награда ќе им биде тоа што на мегдан ќе излезат против Англија. Гордиот Албион е голем фаворит, но не треба да се заборави дека ДР Конго во групнта фаза одигра 1:1 против Португалија. Африканците главен фокус даваат на дефанзивната линија и може да се очекува Хари Кејн и другарите да наидат на цврст ...

По неуспешниот настап на Светското првенство, Марсело Биелса го напушти селекторското место во репрезентацијата на Уругвај. Биелса кој важи за еден контроверзен, но одличен тренер, понуди објаснување зошто поранешниот двократен светски првак не успеа да ја помине ниту групната фаза на Мундијалот. „Овој крај, ова збогување, е многу болно. Поради илузиите што ги имав и грдиот начин на кој сè заврши“, рече Биелса, кој пристигна во Уругвај пред ...

Комбинација од фудбали и тениси е денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Возбудувањата секако ќе започнат со дуелите кои се играат на прославениот Вимблдон. Дури 10 тениски пресметки има на кои може да се најдат зголемени коефициенти на фаворитите. Меѓу „сигуриците“ тука може да се издвојат победи на Андреева против Крејчикова, Бенчиќ да слави над Ванг, како и триумф на Сонмез против Лиу. Фудбалските возбудувања ќе започнат со мечот ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75