
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Првата сезона како тренер на Барселона за Ханси Флик е пред самиот крај, а Германецот веќе освои два трофеи, а на чекор е и од трет. Каталонците победуваа во финалињата од шпанскиот Куп и Супер куп против вечниот ривал Реал Мадрид, а Барселона ги победи Кралевите и на двата првенствени натпревари, па веќе во четврток против градскиот ривал Еспањол може и теоретски да го освои трофејот од Ла Лига. Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, ...
Манчестер јунајтед има катастрофална сезона во Премиер лигата и на две кола пред крајот на првенството се наоѓа на 16-тата позиција од 20 екипи. Опстанокот не е загрозен, а она што може да ја спаси сезоната е финалето во Лигата на Европа. Црвените ѓаволи ако успеат да дојдат до трофејот, следната сезона ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите, но тренерот на екипата, Рубен Аморим, не може да се помири со слабиот пласман. „Срам ми е ...
Екипата на Сеута со победата над Фуенлабрада од 2-1 и официјално е нов шпански второлигаш за следната сезона, но она што е интересно е тоа што овој клуб е од Африка. Градот Сеута се наоѓа на брегот на Гибралтарскиот проток во Северна Африка и е опкружен од Мароко, но припаѓа на Шпанија и е дел од Европската унија. Сеута со тоа стана првата и единствена екипа од Африка која ќе игра во професионален ранг на натпреварување на европско тло. Никогаш ...
Ноќната НБА програма нуди два меча на кои се очекуваат гостински победи според квотите во Sport Life. Актуелниот НБА шампион, Бостон, изненадувачки ги загуби двата домашни натпревари против Њујорк, но победи на првиот гостински, па вечерва ќе има шанса да израмни на 2-2 во серијата. Квотата за победа на Бостон е 1.43, додека изненадувањето на Њујорк, што би значело и зголемување на водството на 3-1, има квота од 3.05. Фаворит на гостински ...
Килијан Мбапе одигра фантастично на вчерашното Ел Класико и постигна хет-трик, но и тоа не беше доволно за Реал Мадрид да се спаси од пораз на гостувањето кај Барселона. Каталонскиот гигант победи со 4:3, што е четврта победа сезонава во четирите Ел Kласико пресметки. Барселона го победуваше Реал за освојување на трофеите во Купот на Шпанија, Суперкупот, а вчерашниот триумф е најава за освојување и на пехарот во првенството. Ако Мбапе беше ...
Во 31-вото коло од седмата сезона на Спортската прогноза можевме да го добиеме херојот кој ќе успее да ги погоди сите 13 фиксови од понудените мечеви. Страшо С. е прогнозерот кој имаше 12 погодени фиксови од понудените 13 натпревари. „Мината“ на која падна Страшо беше дуелот од англиската Премиер лига меѓу Вулверхемптон и Брајтон. Очекувањата на овој прогнозер биле дека Вулверхемптон ќе победи и одиграл „кец“, но на крајот Брајтон славеше со ...
Карло Анчелоти е официјално е назначен за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, објавија денес бројни светски медиуми. Анчелоти ќе ја преземе функцијата на 26 мај, веднаш по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид. Овој потег го означува крајот на неговиот втор мандат на клупата на „Кралскиот клуб“, со кој претходно освои две титули во Ла Лига и три титули во Лигата на шампионите. Анчелоти имаше уште една година од договорот со ...
Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренува постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025. Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, ...
Војќех Шченсни откри дека добил понуда од Барселона да потпише нов двегодишен договор со клубот. Триесет и четиригодишниот полски голман, сепак, не донел конечна одлука и ќе разговара со својата сопруга пред да го изнесе својот став во клубот. Како што е познато, Шченсни планирал да ја заврши кариерата по заминувањето од Јувентус, но Барселона се обрати кон него по повредата на Марк-Андре тер Штеген, што ги промени плановите на Полјакот. „Не го ...
Косопственикот на Манчестер јунајтед Џим Ретклиф бара начин како да се „ослободи“ од Каземиро, но многу веројатно е дека Бразилецот ќе биде уште едно големо финансиско фијаско на клубот од „Олд Трафорд“. Каземиро нема намера да си замине од Манчестер, а доколку се случи англискиот гигант да го освои трофејот во Лига на Европа и да избори место во Лигата на шампионите, Бразилецот ќе биде еден од најсреќните. Според пишувањата на „Дејли мејл“, во ...
Барселона со 4:3 го победи Реал Мадрид во 190-тото Ел Класико. Дуелот, кој е историски, донесе многу вредна победа за Барселона бидејќи на три кола до крајот од првенството, каталонскиот гигант има седум бода повеќе од вечниот ривал. Тоа значи дека на Барселона доволно ѝ е само уште една победа за да може и официјално да биде промовирана во нов шампион на Шпанија. Навивачите на Реал Мадрид беа разочарани по вчерашниот пораз, посебно затоа што ...
Вистинска обложувачка мајсторија се случи викендов во Куманово. Во саботата беше уплатен тикет на којшто имаше 13 меча кои се играа ноќта меѓу саботата и неделата. Тактиката на сите била иста, да има 3+ погодоци и на крајот тоа се покажало како добитна варијанта. На тикетот се натпревари кои се играа во Јужна, Средна и Северна Америка и што е најважно, сите завршија со најмалку три погодоци. Уплатата е минимални 20 денари, но добивката е екстра ...
Дербито од Серија А меѓу Аталанта и Рома вечерва треба да разреши многу дилеми околу патниците во Лигата на шампионите. Дополнителна возбуда за сите обложувачи секако нудат предлозите од Бет билдер понудата во Sport Life. Четири опции се подготвени за мечот меѓу Аталанта и Рома, а најголемата квота е 33. За да се стигне до неа, треба Матео Ретеги од Аталанта да постигне гол, Пауло Дибала да има гол или асистенција за Рома, Џанлука Манчини да ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, сезонава е како препороден. Клубот кој во изминативе неколку години се мачеше како на финансиски, така и на резултатски план, сега е во едно сосема поинакво светло. Тоа посебно го радува извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, кој потенцираше дека „Има разлика“ во работењето со Вардар од минатата сезона и оваа. Од играчи и резултатски аспект, Вардар сезонава, посебно во пролетниот дел ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази задоволство по победата со 0-2 над Торино, која беше многу важна за Нераѕурите. Со оваа победа, Интер продолжува да му дише во врат на лидерот Наполи и ги задржа шансите во борбата за Скудетото. Инзаги нагласи дека иако моментно тимот нема контрола над својата судбина, треба да остане фокусиран и да продолжи да победува. „Уште пред мечот реков дека Скудетото не е во нашите раце, но треба да продолжиме да ...
Ламин Јамал одигра уште еден фантастичен натпревар за Барселона, овојпат во големото Ел Класико, кое Каталонците го добија со 4-3 против Реал Мадрид во 35-тото коло од Ла Лига. Младата ѕвезда на Барса беше еден од најистакнатите играчи на теренот и по последниот свиреж не ја криеше радоста од триумфот. „Ова е нешто многу посебно“, изјави 17-годишниот талент. „Многу важен натпревар. Многу важна разлика на табелата. Сега треба да уживаме бидејќи ...
Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се согласил да биде нов тренер на Реал Мадрид, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо. Според најавите, Алонсо ќе потпише тригодишен договор што значи дека треба да остане на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2028 година. Алонсо ќе го наследи трофејниот Карло Анчелоти кој сезонава сепак ја завршува неуспешно и затоа си заминува од кормилото на кралскиот клуб. Алонсо во Реал доаѓа од клупата на Баер ...
Македонската машка ракометна репрезентација го продолжува континуитетот со настапи на големи натпреварувања, откако вчера во Скопје се избори за место на Европското првенство во 2026 година. Македонија го победи директниот ривал Литванија за голема радост на навивачите во преполната сала „Јане Сандански“. Од 2012 година, Македонија е дел од сите Европски и Светски шампионати, нешто со кое може да се пофалат мал број на земји. Од синоќа се ...
3009 Венеција – Фиорентина (18.30 часот) Венеција нема друг избор освен да атакува на победа во битката за опстанок во Серија А. Но, Фиорентина има амбиции за излез во Европа. Нашиот тим е дека Венеција нема да загуби, а на натпреварот ќе бидат постигнати од еден до три гола. Предлог тип: 1X & 1-3 (2.35) 1959 Кајсериспор – Анталијаспор (19 часот) Кајсериспор со триумф на денешниот меч ќе обезбеди опстанок. Типуваме дека домаќинот нема да ...
Со својот блескав хет-трик против Барселона, Килијан Мбапе не само што го престигна Роберт Левандовски во трката за „Пичичи“ – наградата за најдобар стрелец во Ла Лига, туку и урна два историски рекорда во Реал Мадрид, кои дури ни Кристијано Роналдо не успеал да ги достигне. Третиот негов гол во мрежата на вечниот ривал беше негов 39-ти погодок во дресот на Kралевите, со што ја надмина досегашната најдобра голгетерска сезона на дебитант – ...
Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 4-3 во спектакуларно Ел Класико во 35-тото коло од Ла Лига. Тоа беше натпревар што долго ќе се памети. Барселона можеше да слави и поубедливо, но голот на Фермин Лопез во самиот финиш беше поништен поради наводна игра со рака. Контроверзата настана откако снимката од ВАР-собата стана достапна за јавноста. Судискиот тим предводен од Мартинез Муњера го извести главниот судија Ернандес Ернандес ...
Квотите на денот носат нови одлични опции на стартот на новата работна недела. Петте предлози имаат вкупен коефициент, 51,32. Првиот предлог доаѓа од Италија, каде Венеција е домаќин на Фиорентина. Ако во двете полувремиња бидат постигнати од еден до три гола, квотата на денот е 2.30. Кајзериспор се среќава со Анталијаспор, а квотата на денот е 2.10, доколку двете екипи постигнат гол и има барем еден гол во првото полувреме. Гетеборг игра ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со многу емоции ја коментираше големата победа на неговиот тим од 4-3 против Реал Мадрид во Ел Класико. Германскиот стратег ги пофали своите фудбалери за покажаниот менталитет и големиот пресврт, но истакна дека тимот мора значително да се подобри во дефанзивата. „Ќе треба да си го прегледам срцето. Лесно е да се каже дека тактиката ни беше да дадеме четири гола – ако примиме три. Мораме многу да се подобриме ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше разочаран по ремито 2-2 против Џенова во Серија А. Со овој резултат, неговиот тим му дозволи на Интер, кој ги брка, да се доближи на само еден бод. Конте смета дека Партенопеите ја загубиле предноста во трката за Скудетото, но ги заштити своите играчи и изјави дека ремито било незаслужено со оглед на тоа што го покажаа двата тима. „Џенова упати два удари и постигна два гола. Такви работи се случуваат во ...
Кошаркарите на Оклахома сити тандер го победија Денвер Нагетс на гости со 87-92 и ја вратија предноста на домашен терен во полуфиналната серија од плејофот на НБА лигата на Запад (2-2). Најдобар во победничкиот тим беше Шеј Гилџес-Александер со 25 поени, а додаде и шест асистенции и шест скокови, додека кај Денвер, Никола Јокиќ постигна 27 поени и имаше 13 скокови. Првото полувреме мина во жестока одбрана од двете страни и слаба напаѓачка игра, ...
Барселона со 4-3 го победи Реал Мадрид, но во 83-тата минута се случи спорен момент во шеснаесетникот на „кралевите“. Феран Торес беше во идеална прилика за гол, но неговиот удар заврши во раката на Чуамени од Реал Мадрид. За судиите тоа не беше пенал, Торес доби жолт картон за жестоките протести, а главниот судија не ја промени одлуката ниту после прегледувањето на ВАР снимката. Во стручната анализа се вели дека Чуамени е премногу блиску и не ...
Македонија по деветтипат ќе биде дел од европскиот ракометен крем, откако го обезбеди пласманот на Европското првенство во 2026 година со две убедливи победи во мајскиот квалификациски циклус. На континенталниот собир во Данска, Норвешка и Шведска ќе учествуваат 24 селекции, а освен домаќините, директен пласман имаше и Франција. Останатите 20 репрезентации пласманот го обезбедија преку квалификации, од кои на Европското првенство се пласираа по ...
Реал Мадрид оваа сезона четирипати беше поразен од Барселона. „Кралевите“ загубија во финалињата на Купот и на Супер купот на Шпанија, а двапати беа поразени и во Ла Лига, па остануваат само со теоретски шанси за трофејот, бидејќи „каталонците“ имаат седум бода предност на три кола пред крајот. Фудбалерите на Реал веќе се вратија во Мадрид после поразот од 4-3 на „Монжуик“, а пред тренинг-центарот ги пречекаа навивачи кои се незадоволни од ...
Фудбалерите на Наполи беа блиску до победата против Џенова на домашен терен, но Јохан Васкес со гол со глава во 84-тата минута спречи радост под Везув. Ромелу Лукаку во 15-тата минута го донесе Наполи во водство од 1-0, но Мерет со автогол во 32-рата минута израмни на 1-1. Се чинеше дека Наполи е пред победа, кога Распадори во 64-тата минута погоди за 2-1, но Џенова од под Везув си заминува со бод. Од овој резултат најзадоволни се во редовите ...
Трикратниот шампион на Македонија во женски фудбал, воедно и актуелен освојувач на двојната круна, тетовски Љуботен, ја зголеми предноста во прволигашката конкуренција на пет бода пред најголемиот конкурент за титулата, Тиверија Брера. Големи возбудувања донесе двојната програма во скопско Пржино, каде најпрво Љуботен во неизвесен меч го совлада домашниот состав на Истатов со 1-2, додека потоа во дербито на колото, Скопје славеше над Тиверија со ...