Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Од 1 до 3 август во Приштина, Косово ќе се одржи Сани хил фестивал на кој ќе настапат повеќе светски ѕвезди: Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу, Анима и Мочак. Фестивалот ќе започне со настап на Дуа Липа, која се враќа крајот од каде што потекнува за да го отвори овој музички настан. Приштина ќе биде дел од светската турнеја на англиската ѕвезда со потекло од Косово. Веднаш по неа, на сцената „C4“, ќе настапи Фетбој Слим, ѕвездата на ...
Милчо Манчевски, Ребека О‘Брајан и Емил Рубен се лауреатите на 20. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, што ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“. Манчевски, кој во моментов го снима својот нов филм „Збогум, Копакабано“, ќе ја прими наградата „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм. „Ме радува наградата на ‘Астерфест‘. Уметноста се прави за да се допре срцето на ...
Два концерта ќе има денеска и утре (18 и 19 јули) на Велешко културно летo. Вечерва на плоштадот Којник од 20 часот настап ќе има „Велешка чалгија“ со стари велешки песни. За утревечер од 21 часот е најавен концертот на „Иван Иванов квартет“, што го сочинуваат Иван Иванов (фото) на саксофон, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Тој ќе се одржи на платото пред Спомен-костурницата. И двата ...
На 30 јули од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. Како солистки ќе настапат сопранистките Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и Зана Абази-Тамадани од Косово, мецосопранот Марина Коруновска и хрватската виолончелистка Ана Руцнер. „Овој концерт е летниот пандан на настанот ‘Виена во Битола’, кој секоја година се распродава за само неколку часа. ‘Виена во Битола’ традиционално се одржува два ...
Вечерва (17 јули) од 20 часот на Скопско лето, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“. „Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж. Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“. Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и на влезот на Сули ...
„Нетфликс“ го објави првиот трејлер за последното поглавје на хит-серијата „Чудни нешта“, навестувајќи епска разврска во градот Хокинс. Нов лик во последната сезона е д-р Кеј, која ја глуми Линда Хамилтон. Во есен 1987, Хокинс изгледа како пекол, но нашите херои се обединети од една единствена цел: да го пронајдат и убијат Векна. Но, тој исчезна, каде се наоѓа и кои се неговите планови не е познато. Комплицирајќи ја нивната мисија, владата го ...
Холандската техно-хаус диџејка и продуцентка Лаура Ван Дам ќе има свој сет пред настапот на Армин Ван Бурен на 3 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, објави „Авалон“. Ван Дам ја започнала својата кариера во 2018, кога го привлекла вниманието на диџејот Ники Ромеро и потпишала договор со неговата продукциска куќа. Има настапувано на некои од најголемите фестивали на електронска музика во светот и соработувано со Армин Ван Бурен, ...
Со концертот на поп-пејачот Мики Секуловски, вечерва (11 јули) од 21 часот во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе започне Велешкото лето. Манифестацијата која ја организира Општина Велес, ќе трае 52 дена ќе понуди 35 настани на различни локации од градот. Сите настани ќе бидат бесплатни. „И годинава ќе имаме многу настани, кои ќе се одвиваат на различни локации. Ќе се обидеме да задоволиме сечиј вкус и повеќе генерации. Има две детски претстави, ...
Американскиот хардкор бенд „Терор“ (Terror) ќе гостува во Македонија наесен во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот, што го организира „Дајхард рекордс“, ќе се одржи на 2 декември во „Станица 26“ во Скопје. „Терор“ на турнејата ќе ги придружуваат уште едни ветерани на американската хардкор сцена „Дет бифор дисонор“ (Death Before Dishonor), најпознатиот бугарски хардкор бенд „Ласт хоуп“ (Last Hope) и „Риск ит“ (Risk It) од ...
Вечерва (16 јули) на Скопско лето, од 20:30 часот во Сули ан ќе се одржи концертот насловен „Фрида од Македонија“. Ќе настапи аматерскиот женски хор „Фрида“, под диригентство на неговата раководителка Сузана Турунџиева. Хорот е формиран во октомври 2023. Основачка, раководителка и диригентка на хорот е Сузана Турунџиева, вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи, составени од по 60-ина аматерски пејачки со големо ...
Овен Купер, 15-годишната ѕвезда на серијата „Адолесценција“, би можел да стане најмладиот актер кој ја добил престижната телевизиска награда Еми. Британскиот тинејџер е номиниран во категоријата најдобра споредна машка улога во минисерија или ТВ-филм. „Адолесценција“, чии четири епизоди следат 13-годишно момче обвинето за убиството на негова соученичка, доби вкупно 13 номинации, меѓу кои и за најдобра минисерија и за најдобар актер (Стивен ...
Вечерва (15 јули) на Охридско лето ќе има концерт на францускиот квартет „Модиљани“, кој ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот во рамките на традиционалната Вечер на Европска Унија. Го сочинуваат виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, виолончелистот Франсоа Кифер и Лоран Марфан, кој свири на виола. Парискиот квартет во 2023 ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети, постојано гостувајќи на ...
Започна снимањето на новата серија за Хари Потер, при што Ејч-Би-О ја објави првата фотографија од главниот актер Доминик Меклафлин (11) од сетот. Најавено е дека серијата ќе има повеќе сезони, кои ќе се снимаат десет години. Тројцата млади актери кои ќе ги глумат Хари, Хермиона и Рон беа објавени во мај и тие се придружија на актерската постава во која се и Џон Литгоу како Дамблдор, Ник Фрост како Хагрид, Џенет Мектир како Минерва и Папа Есиеду ...
Вечерва (14 јули) од 21 часот во Градскиот парк Киноверзум Велес ќе го прикаже филмот „Мајнкрафтс“, а на 15 јули, вторник македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски. Пред почетокот на проекциите од 19 часот, и двата дена има натпревар во видео игри. Настанот е дел од Велешко лето. Истовремено во дворот на Европската куќа во Велес, на отворено ќе се прикаже полскиот филм „Опасен џентлмен“ (2015). Сите ...
Џастин Бибер го објави новиот албум „Swag“, седмиот студиски по ред. Тоа е неговиот прв албум од 2021, и прв откако му се роди син минатата година. „Инспириран од неговата посветеност како сопруг и татко, ова е дел од неговата најлична музика досега“, рекоа од „Деф џем рекордингс“ за албумот со 21 песна. Бибер е двократен добитник на Греми за наградата пејач и канадски поп идол, и е една од најголемите ѕвезди во аренби музиката. На почетокот на ...
Вечерва (12 јули) во 20 часот во Мала станица, на Скопско лето, ќе се отвори изложбата на Ирена Расовиќ од Црна Гора, насловена „Соништата“. Делата на Расовиќ припаѓаат на правецот на фантастичен реализам и надреализам, носејќи визии на светот исполнети со симболика, но и топлина и сигурност. „Водата, сонцето и каменот се доминантни мотиви, прикажани како носители на живот и хармонија. Водата во нејзините дела не потопува, туку дава живот и ги ...
Гастрономијата во Риека никогаш не била пожива, хрватските и странските гости ги полнат рестораните во потрага по автентични вкусови на Кварнерскиот залив. Туристичките работници и угостителите се обидуваат да ја направат Риека гастрономска дестинација со автентични јадења и традиционални рецепти. Сето ова е дел од подготовките за 2026, кога на Кварнер ќе му биде доделена титулата Европски регион на гастрономијата, награда за одржлива, локална и ...
Актерот Дејвид Коренсвет чувствува поврзаност со класичниот лик од стриповите на Супермен, кого го толкува во филмот „Супермен“ во режија на Џејмс Ган. „Чувствувам дека сме поврзани со Супермен“, рече актерот. Ликот Супермен е познат во стриповите по своите проблеми со идентитетот, поточно неговиот двоен живот како моќен суперхерој, а воедно и како несмасен новинар по име Кларк Кент, кој работи во „Дејли Планет“. Коренсвет е најновиот актер кој ...
На Скопско лето, вечерва (11 јули) во 20 часот на Амфитеатарот позади Спомен-куќата „Мајка Тереза“ ќе се одигра детска театарска претстава „Штурците и мравките“ во продукција на Театар „Провокација“. Претставата е мјузикл за детска возраст, која е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“. Режијата е на Роберт Ристов, поркај него играат и : Мирјана Поповска-Ристов и Радо Алексовски. Билетите по цена од 300 денари се во продажба на ...
Последниот настап на „Блек Сабат“ во Бирмингем, собра 162.340 милиони евра за добротворни цели, според музичкиот директор на настанот, Том Морело, гитарист во бендот „Рејџ агенст д машин“. Тој напиша: „Собравме многу пари со хумана цел и толку многу одлични музичари, бендови и фанови од целиот свет им оддадоа почит на великаните на сите времиња“. Целиот профит ќе биде подеднакво поделен помеѓу Детската болница во Бирмингем, и Детската болница со ...
Сара Џесика Паркер сака да ја држи политиката подалеку од своите социјални мрежи. За време на неодамнешното појавување во подкастот „Најдобрите луѓе“, ѕвездата од „Сексот и градот“ објасни дека избегнува да ги споделува своите политички ставови на социјалните медиуми, бидејќи верува дека постојат посоодветни форуми за дискусија за социјални прашања. „Честопати не зборувам на социјалните мрежи бидејќи не мислам дека тоа е место кое заслужува било ...
Вечерва (11 јули) од 19.30 часот во црквата Света Луција во Драч, Албанија, концерт ќе одржат македонските уметници, сопранистката Ана Митоска и пијанистката Јанинка Невчева. Концертот е во организација на Културно информативниот центар на Македонија во Тирана, во соработка со Фестивалот за камерна музика во Драч. Фестивалот за камерна музика во Драч е еден од најпрестижините фестивали за класична музика во Албанија и оваа година се одржува по ...
Сара Мејс е автор на нејзината нова песна и спот насловени „Убав е“. Аранжманот е на Роберт Билбилов, а поп-пејачката и харфистка вели дека ѝ е драго што снимила песна во летен диско ритам. „Песната е за вечната борба, кога срцето ти сака, а умот ти вели дека тоа и не е баш добро за тебе. А, срцето продолжува да ти сака, и цело време така во круг. Во еден момент си викаш: ‘Што ако е убав’ и веднаш во наредниот си викаш ‘ама, убав е”, ни рече ...
Книгата „Од личност до маска – за новата ’нормалност‘“ на Влатко Деловски ќе биде промовирана на 10 јули во 19 часот, во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје. Станува збор за прва книга на авторот во која тој објавува текстови на повеќе теми, како философија, есеистика, личности и маски, а кои се однесуваат на новата „нормалност“ во локални и глобални рамки. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Дејан Донев. На промоцијата ќе настапи ...
Оскаровецот Кенет Брана, Луси Лиу, Џастин Теро, Б.Џ. Новак, Полине Шаламе (фото) и Симон Ешли се новите актери кои ѝ се приклучуваат на екипата на вториот дел од „Ѓаволот носи Прада“. Во вториот дел, чие снимање е во тек, глуми истата екипа од првиот дел: Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи. Премиерата е закажана за 1 мај 2026. Според „Вараети“, приказната во вториот дел ги следи Миранда Присли (ја играше Стрип) и нејзината ...
Сергеј Ќетковиќ ќе одржи концерт во Охрид, на 3 август во Античкиот театар заедно со Битолскиот камерен оркестар, објави продукцијата „Евентум“. Црногорскиот кантавтор одржа два полни концерти во Скопје на 17 и на 18 јуни во Филхармонијата. На вториот, му гостуваа браќата Тавитјан со хитот на Тоше Проески, „Тајно моја“. Ова ќе биде прв концерт на Ќетковиќ во Античкиот театар. „Охрид ми е магија, едвај чекам да дојдам. Ќе останам неколку дена ...
Владо Јаневски ќе снима спот на концертот на 8 август во Охрид, кој ќе се одржи во Античкиот театар, од 21 часот. Јаневски ја промовираше новата песна „Штом сум среќна“, и најави дека спотот за неа ќе биде снимка од охридскиот концерт кој го организира продукција „Прагма“. „Песната е прекрасен вовед во претконцертното расположение за 8 август во Античкиот театар во Охрид. Како и минатото лето, и овој пат камерите на ‘Томато Продукција’ ќе ја ...
Словенечко-македонската копродукција „Фантази“, долгометражното деби на словенечката режисерка Кукла, позната и како Кукла Кешеровиќ или Катарина Решек, ќе има светска премиера во една од селекциите за награди на филмскиот фестивал во Локарно, Швајцарија од 6-16 август, еден од најважните во светот. Филмот, кој во 2023 се снимаше и во Крушево, ќе се натпреварува за Златен леопард во селекцијата Филмски автори на сегашноста. Македонски продуцент ...
Францускиот диџеј Хугeл, еден од најпопуларните во електронската музика во моментов, ќе има настап во Охрид на 3 август, на стадионот „Билјанини извори“, објави продукција „Прагма“ која настапот го организира заедно со „Интермецо мјузик ритуалс“. Хугел започнал како диџеј на 16 години во неговиот роден град Марсеј. Инспириран од „Дафт Панк“, Карл Кокс и Лоран Гарние, тој брзо развил страст кон електронската музика. Денес има над 1 милијарда ...
Најубавите македонски народни песни, ги испеа Андријана Јаневска со „Митан проект“, сношти (7 јули) на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид, во рамките на на Етно фестивал- Охрид и Балкански фестивал на народни песни и игри. Андријана Јаневска е повеќестрана успешна музичарка и професор, но една од работите во која кај публиката е омилена се народните песни, ги пее како за неа да се напишани. Репертоарот на концертот беше составен од ...