Ламбе Алабаковски ја преработи „Како Пиреј“, песната од Гоце Николовски која ја испеа на „Фолк фест Валандово“ во 1994. Новиот аранжамна на песната е Николче Мицевски, и е најава за второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“. „Песната доби современ звук, но го задржа својот дух. Новата верзија е мост меѓу генерациите и музичкото наследство.“, вели поп-пејачот. Музиката и текстот на оригиналната верзија се на Гоце Николовски ...

Поп-пејачот Александар Тарабумов пееше евергрини и филмска музика на концертот „Центарска симфонија“ кој се одржа сношти (28 јуни) во Скопје на отворено, кај Градски ѕид. Скопјани го наполнија плочникот пред Клубот на новинари и пееја заедно со поп-пејачот кој настапи со камерен оркестар и бенд. „Многу убава енергија. Скопјани уживаа заедно со мене, пеевме во еден глас и имаше многу пријатна атмосфера. Имавме добро одбран репертоар, добри ...

Над 40 млади музичари од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје и од Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип и десетина нивни врсници од Норвешка, вечерва (29 јуни) од 20 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе свират популарни и џез композиции под менторство на норвешката композиторка и професорка Сесил Грендал. Ист концерт ќе се одржи во концертната сала во музичкото училиште во Скопје, утревечер (30 јуни) од 20 часот. ...

Длабоко политички ангажиран концерт одржа „Масив атак“ синоќа (28 јуни) на Стадионот на АРМ во Градски парк во рамките на „Скопје колинг“. Иако пионерите на трип хопот ретко објавуваа нова музика во изминатите 15 години, ова беше најголемиот од нивните три досегашни концерти во Скопје, а својата поширока актуелност и релевантност ја одржуваат преку агресивна критика на светот во кој сега живееме. Концертот го отвори Дина Јашари, веројатно ...

Aеродромот „Чанги“ во Сингапур го освои првото место како најдобар аеродром во светот по 13-ти пат според анкетата на „Скајтракс“. Тој е прогласен и за аеродром со најдобра храна и најдобри тоалети во светот. Ова е еден од ректките аеродроми што се смета не само за станица, туку и за дестинација сама по себе. Има трговски центар на 10 ката, внатрешни градини, тематски парк со диносауруси, базен на покривот, кино и најголемиот затворен водопад во ...

На 30 јуни од 21 часот, oркестарот на Филхармонијата ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Концертрот ќе се одржи во Концертната сала во Солун. Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат македонската сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од ...

Поп-пејачката Мелани Тарчуловска ја промовираше новата песна „Шах- мат“, нејзин четврти сингл. „Сите мои авторски песни се со брз ритам, модерен бран од делот на поп, латино трап и аренби звукот. Тематата на песната ја опишува насловот. Во ‘Шах- мат’ пеам за луѓето кои секогаш се враќаат кога е предоцна и луѓето со повеќе лица. Овој проект нема посветеност туку е реализација на моите идеи. Како млад музичар и текстописец, сакам само да оставам ...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (27 јуни) ќе настапи на фестивалот „Театар на тврдината“ во Смедерево, Србија. Актерите ќе ја играат претставата „Галеб“, работена по текст на Чехов, во режија на Александар Ивановски, која имаше премеира кон крајот на мај. Претставата ќе биде одиграна на тврдината во Смедерово. На фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, учествуваат ансамбли од Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, ...

Вечерва (27 јуни) од 19 часот, на летната сцена „Лепеза“ во скопскиот Градски парк ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал на електронска музика. „Фестивалот го става фокусот на квалитетниот електронски звук и на клупска атмосфера под отворено небо. Фестивалската програма вклучува тројца македонски диџеи, Мако, Мартина Пенева и Дина, а гостин е италијанскиот диџеј Нес (фото), чиј настап е поддржан од Италијанската амбасада во ...

Пијанистот со светски успеси Симон Трпчески ќе прослави 25 години кариера со концерт во Скопје на 20 декември, што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, објави лпродукцијата „Прагма“. „Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност и традиција.. Заедно со квинтетот ‘Македонисимо’ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине ...

Култниот американски дрон/дум метал бенд „Sunn O)))“ (Сун) ќе ја посети и Македонија на својата есенска европска турнеја. Концертот ќе се одржи на 21 октомври во Младински културен центар во Скопје. Бендот официјално е дуо и од своите почетоци во 1998 година се состои од Грег Андерсон и Стивен О‘Мали, кои свират и гитара и бас гитара. Досега имаат објавено десет студиски албуми. „Сун“ се смета за еден од предводниците на својот жанр, кој се ...

Денеска (26 јуни) од 20 часот. во Сули ан ќе се одржи концертот за деца „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“. Настанот е дел од Скопско лето. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе можат да се купат на влезот на Сули ан. „’Песна за жирафата’ е музичка приказна која преку прекрасната музика на композиторот Хајдн и забавниот и едукативен текст ги претставува и доловува специфичностите ...

Вечерва (26 јуни) во 20 часот, во „Бифе Татфталиџе“ во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец, насловена „Месечината на љубовта“ (Moon of Love). Кешќец е роден во 1997 во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 2015, оддел графика, а во истиот оддел дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2020. Од истата година е член на ДЛУМ. Добитник е на наградата „Young Art” за сликарство во Скопје во 2019. ...

Додека повеќето графички дизајнери изработуваат плакати со помош на вештачка интелигенција, Харис Муриќ се потпира на својата креативност и колаж од материјали. Досега има изработено 52 плакати со димензии 50 на 70 сантиметри, работени во континуитет 52 недели. Од понеделник до сабота црпел идеи од секојдневното живеење, а во недела ја правел креацијата. Со изложба на неговите плаќати, годинава е отворен фестивалот „Битола отворен град“. „Се ...

Во најава е првиот долгометражен филм со популарните детски анимирани ликови Биби и Боби, во режија на Гоце Цветановски. Насловен „Златната пеперутка“, филмот е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа (CEE Animation Forum 2025), што ќе се одржи во чешкиот град Плзењ од 4 до 6 ноември. Форумот е водечка европска платформа за презентација, финансирање и копродукција на анимирани проекти. За годинашното ...

Од денеска (25 јуни) до 27 јуни, Тетово е домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок. На оваа спортска манифестација, која првпат се одржува во Тетово, учествуваат Македонија, Албанија, Косово, Молдавија, Романија и Турција. Натпревари ќе има во машка и женска конкуренција. Заради одржувањето на овој одбојкарски турнир, Општина Тетово постави терен со песок и монтажна трибина на градскиот плоштад. Натпреварите веќе започнаа, а за ...

Охридскиот гитарист Дамјан Пејчиноски и браќата Тавитјан снимија заедничка песна со наслов „Entangled in Spacetime”. Музиката ја напиша Пејчиноски, аранжманот е на Диран Тавитјан, а браќата Тавитјан се продуценти. „Соработката со Дамјан почна спонтано, најмногу поради компатибилните музички афинитети кон фјужн и џез рок, со кои сме растеле и сме се развивале. Посветеното усовршување и неуморното вежбање на инструментот и музичкиот вкус се ...

Каролина Гочева, американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, Бојана Скендеровски, Слаткаристика, „Некст тајм“, Сузана Спасовска и други ќе настапат на „Културно лето“ во Кисела Вода, со кое скопската општина слави 70 години. Настанот насловен „Сѐ на свое место“ почнува на 26 јуни пред салата „Расадник“ во 20:30 часот со настап на диџеите Мац, Ампов, Дејан Мицковски и Рочер Санчез на крајот, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце ...

Поп-пејачката Симона Поповска ја објави новата песна „Ловец и плен“. Песната, која е во афро-хаус стил, ја напиша познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, кој е автор на музиката, аранжманот, миксот и мастерингот. Текстот е на Робин Зимбаков. „Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе кои те проценуваат, а не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но, на крај, сакаш само едно – да си сакан“, вели Симона ...

Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје, во Филхармонијата на 13 декември. Бојана Скендеровски, претходно Атанасовска, публиката ја запозна преку музичкото талент шоу „Плеј – потрага по ѕвезда“ на продуцентската куќа „М2“ во 2002. Следната година победи на Макфест со песната „Немам одбрана“. „Дома“ е првата песна од новиот албум што таа го работи со продуцентот Николче Мицевски и наскоро треба да се ...

На 28 јуни од 20 часот, во Малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“. Ќе настапат јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата љубов кон македонските музика и култура и младата сопранистка Елена Васова. Котецу ќе ги пее народните песни „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други. „Публиката ќе чуе и јапонски и македонски песни, кои ќе ја ...

Американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез доаѓа во Скопје на 26 јуни, со настап пред салата „Расадник“ во Кисела Вода, објави Општината. Настапот на Санчез е во рамките на манифестацијата „Културно лето 2025“, со која се слави роденденот на Општина Кисела Вода. „Стартуваме на 26 јуни во 20:30 часот, а сите детали за случувањата и изведувачите кои ќе настапат за време на тридневното одбележување ќе бидат објавени дополнително“, велат од ...

Скопските бендови „Последен удар“ и „Ју“ (YÖU) досега се потврдени како македонски учесници на годинашното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад, за кое организаторите кажаа дека би можело да биде последно поради актуелните општествено-политички случувања во Србија. „Последен удар“ е панк петорка која за кратко време се здоби со голема популарност на домашната андерграунд сцена, додека „Ју“ (фото) е емо/скримо бенд кој лани го издаде своето ...

Евергрини од Македонија и поранешна Југославија се пееја на концертот „Шлаг шлагери – Ко некад у 8“, кој се одржа на мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ) во рамките на фестивалот Скопско лето. Убаво избрани песни од златното време на 1950-тите, 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите пееја Вера Јанковиќ, која беше и водителка на настанот, Андријана Јаневска, Ана Петановска, Маја Панчева, Денис Димоски, Александар Тарабунов, Васко Здравков, Теа ...

На 27 Јуни преку австралиската музичка куќа „M2MР Рекордингс“ ќе бидат издадени неколку ремикси од авторската композиција на џез- гитаристот Владимир Василевски- Четкар „Не ме терај да те чекам“ (Don’t Make Me Wait). Ремикс верзиите се на диџејот и продуцент Доктор Пакер кој неодамнa позитивно коментираше за музиката на Владимир Четкар. „Владимир Четкар од Македонија е оригинален, сѐ што тој го работи е направено комплетно од него, вклучувајќи ...

Калиопи ќе одржи и втор акустичен концерт во Филхармонијата на 6 декември, поради тоа што првиот кој е закажан за 14 ноември е речиси распродаден, објави продукција „Прагма“. „Ова ќе биде ексклузивен акустичен концерт на Калиопи ‘100% во живо’. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика“, велат од ...

На 29 јуни од 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња“, во Скопје, ќе се одржи концерт на импровизирана музика, во соработка помеѓу тројца музичари: Димитар Додовски, Мартин Георгиевски и Нинослав Спировски. Сите се со различни искуства и контексти, поврзани преку заедничкиот интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и ...

За првпат во својата кариера, 90-годишната модна легенда Џорџо Армани ќе ги пропушти своите ревии на Модната недела во Милано. Неговата модна куќа соопшти дека се опоравува дома, по краткиот престој во болница во Милано. Во соопштението се наведува дека италијанскиот дизајнер е посветен на своите колекции како и секогаш, и ќе ги следи ревиите за машка облека на 21 и 23 јуни од дома. Медиумите пренесуваат дека ова е првпат Армани да пропушти еден ...

Слушачка промоција на вториот албум на џез дуото „Омерагиќ-Спировски“ насловен „Слобода“ ќе се одржи денеска (20 јуни) во музичката продавница „re:start“ во ГТЦ со почеток во 16 часот. Албумот е 111. издание на „Шарла рекордс“. Зад дуото стојат Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, кои соработуваат веќе долго време, што ги вклучува проектите „Фајтинг виндмилс“, „Светлост“ и „Одрон ритуал оркестра“. Првиот албум како дуо го објавија во 2020, исто ...

На 22 јуни од 20:30 часот, кај Македонскиот народен театар ќе се одржи концертот насловен „Шлаг шлагери – Ко некад у 8“, кој е во рамките на фестивалот Скопско лето. Ќе настапи оркестарот на уметничкиот центар „Полифонија“, составен од 20-ина уметници, класичари и џез инструменталисти. Со пркестарот ќе пеат Вера Јанковиќ, Андријана Јаневска (фото), Ана Петановска, Маја Панчева, Денис Димоски и други. Гостин од Србија е оперскиот пејач и ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.77
97%
1024
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -2ᴼ
0.0
96%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
81%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
86%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Рутениум

29192.88

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Родиум

258813.51

Злато

139515.92

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Калај

43.93