Етно групата „Синтезис“ одржа концерт во Индија, на Културниот фестивал „Еден свет, едно семејство“, кој се одржа во Муденахали во државата Карнатака. „Вечерва патуваме во срцето на Македонија. Реномираниот бенд ‘Синтезис’ настапи со инструменти како гајда, тамбура и тапан, спојувајќи ги безвременските традиции на македонскиот фолклор со современата уметност. Нивниот настап содржеше моќни ритми и вокали кои ги славеа идентитетот, единството и ...

Нова верзија на песната „Виолина и гитара“ од дуото Дуле и Коки ќе испее виолинистот Никола Јанков-Коки на претстојниот Макфест во Штип, што ќе се одржи на 24 и 25 октомври. Фестивалот годинава слави 40 години. Јанков ќе настапи во чест на неговиот колега и пријател Душан Љубисављевиќ, кој почина од рак на 23 септември 2013. На јубилејниот Макфест Коки ќе пее две песни, „Виолина и гитара“, со која победија на фестивалот во 1996 и потоа станаа ...

Во вечерта кога Скопје беше обвиткано во смрдеата од пожарот во Трубарево, во паркот зад Младински културен центар се одржа првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury), во организација на „Терорвоид“. Првиот обид да се направи ваков фестивал на отворено во Скопје помина добро од техничко-музички аспект. Посетеноста беше дискутабилна, во рамките на просекот за концертите на поголеми метал бендови во Скопје, но публиката е ...

(фото) Розенвинкел за првпат ќе настапи во Скопје заедно со НЏО, а ќе диригира Владимир Николов. „Веќе три децении, Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со своите препознатливи стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот“, напиша „Њујорк тајмс“ за гитаристот. Билетите се продаваат преку ...

Петнаесетгодишниот Овен Купер стана најмладиот актер кој некогаш освоил награда Еми, во ноќ во која доминираше хит-драмата на „Нетфликс“, „Адолесценција“. Тој доби награда за најдобра споредна улога во минисерија за неговата улога на ученик обвинет за убиство на соученичка. Драмата со четири епизоди, исто така, освои награди за најдобра минисерија, режија и сценарио, а покрај Купер, беа наградени и актерите Стивен Греам и Ерин Доерти. „Кога ...

а 14 ноември и 6 декември, објави продукцијата „Прагма“. Во октомври лани, Калиопи одржа концерт во полната сала „Борис Трајковски“, со која прослави 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил, нејзиниот продуцент и поранешен сопруг. За првпат во живо во Скопје, таа ги испеа песните од нејзиниот нов албум наречен „Албум“. Ромео Грил беше дел од гостите на концертот. Тој се појави на крајот и ја придружуваше Калиопи на нивниот ...

Од 15 до 20 септември во Кинотеката на Македонија ќе се одржуваат Денови на хрватски филм, со проекции во 20 часот . На отворањето ќе се прикаже филмот „Уставот на Република Хрватска“ (фото) од 2016 во режија на Рајко Грлиќ. Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со новата крими драма „Сѐ си има крај“ (Svemu dođe kraj) од ...

Претставата „Хинкеман“, во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, вечерва (13 септември) ќе учествува на Сараевски театар шоукејз во Сараево, Босна и Херцеговина. „Хинкеман“ е процукција на независниот театар „Златен Елец“, во копродукција со фестивалот МОТ од Скопје, Работена е според антивоената, експресионистичка драма на Ернст Толер. Играат Бобан Алексоски, Надица Петрова, Филип Христовски, Ане Блажовски, Леонида Гулевска, Бранко ...

Првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury) ќе се одржи денеска (13 септември) во паркот зад Младински културен центар. Ова е прв метал фестивал на отворено во Скопје и целосната програма ќе трае од 13 часот до полноќ, а ќе настапат шест бенда од четири држави. Загревањето за главниот настан ќе трае од 13 до 17 часот, кога музика ќе пуштаат Каљо и Шизик, фронтмените на групите „Трендкил“ и „Скалкраш“. Главната бина се ...

Ирската радиодифузна мрежа РТЕ објави дека Ирска нема да настапи на Евровизија во 2026 ако учествува Израел. Оттаму кажаа дека учеството на Ирска „би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа“. Годинава, Израел го претставуваше пејачката Јувал Рафаел (фото). Ирска победи на натпреварот седум пати, последно во 1996. РТЕ ќе донесе конечна одлука откако организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија (EБУ), ќе ја ...

Првата стихозбирка на Ана Тодоровска насловена „Антисвет“ ќе биде промовирана на 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Промоцијата ќе се одржи во рамките на деветтото издание на фестивалот „Артерија“. Книгата е во издание на „Илика“, од каде што велат дека „песните се поделени во два циклуса, при што Тодоровска со едноставен и благо саркастичен израз најпрвин го истражува внатрешното поврзување со себе, ...

Ед Ширан го најави својот осми албум, насловен „Play“. Неговите последни два албума беа комерцијално неуспешни, продавајќи помалку од половина милион примероци од секој. Неговиот најуспешен албум е „Divide“ од 2017, кој се продаде во 8,4 милиони примероци само во Велика Британија. Овие албуми се занимаваа со тешки теми, како смртта на неговиот пријател Џамал Едвардс и дијагнозата и закрепнувањето од рак на неговата сопруга Чери. Песните беа ...

„Четири страни“ е новата песна на дуото Александар и Дац, која продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац ја снимија по две години пауза. „Ова е динамична љубовна приказна, обоена со препознатливиот боемски звук, создадена заедно со поголема екипа на музичари и соработници. Иако официјалната премиера беше пред една недела, песната веќе живее меѓу публиката и веќе се пее на настапите ширум земјата“, велат Спасов и Митевски. ...

Поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, рече дека филмот „Ѓаволот носи Прада“ ѝ се допаднал зашто има многу хумор. Гостувајќи во подкастот на водителот Дејвид Ремник, Винтур се пошегува дека „отишла на премиерата облечена во ‘прада* без никаква идеја за што ќе биде филмот“. „Филмот ми се допадна многу. Беше многу смешен. Модната индустрија беше многу загрижена за мене во филмот, дека ќе ме прикажат во некакво лошо светло. На крајот ...

Етно-групата „Љубојна“ и поп-рок пејачката Дани Димитровска ќе одржат концерти во Гевгелија на 12 септември во рамките на манифестацијата „Вкуси го југот’, што ќе се одржува од 12 до 14 септември на Градскиот плоштад. Заедно со „Љубојна“, на првата вечер настапуваат и КУД „Танец“, Емилија Николовска, Димитар Ангов, „Панта реи“ и „Гевгелиски мелос“. Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Огнен Здравковски ќе имаат настап на втората вечер на 13 ...

Музичарот, писател, актер и режисер д-р Неле Каралиќ од Сараево ќе гостува сo свое шоу во Скопје, во Филхармонијата на 9 октомври од 20 часот, објави „Авалон“. Шоуто на Неле Карајлиќ, чие вистинско име е Ненад Јанковиќ, е наречено „Надреална вечер“, слично како култната хумористична серија „Топ листа на надреалистите“, која беше хит во поранешна Југославија, а репликите од неа се повторуваат и денес. „Првоборецот на новиот примитивизам, ...

Од вечерва (11 септември) до 13 септември, во просториите на „Европска куќа“ и во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово по осми пат ќе се одржува фестивалот на џез музика, Џез-фест. Го отвораат тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас (фото) и Кораб Хајдари на перкусии од составот „Антисвинг“. Утре ќе настапат Елина Дуни како вокал и Роб Луфт ...

Кантавторот Дарио ќе настапи на 13 септември во скопскиот Парк на франкофонијата во рамките на настанот „Нешто што ќе остане“, а влезот ќе биде слободен. Истата вечер настапуваат и други познати македонски пејачи: Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, Елена Ристеска и групата „2 бона“. Дарио ќе пее со својот бенд „МИГ-21“, а вечерта ќе ја води Вера Јанковиќ. „Би сакал да ве известам дека на 13 септември ќе се видиме во Градски ...

„Разиграно и меланхолично, нежно ама и со боцки, така би ја опишал програмата“, вели пејачот Крсте Роџевски за претстојниот концерт во виолончелистата Томика Рид во Скопје, на 13 септември (20.30ч) во Филхармонија. Специјални гостинки на концертот се пејачките Дина Јашари и Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“. „Ова ќе биде акустичен, интимен концерт – гитара, чело и глас. Ќе изведуваме авторски композиции на македонски јазик, од албумите ...

Леонардо ДиКаприо кажа дека чекал 28 години да работи со режисерот Пол Томас Андерсон, уште откако ја одбил главната улога во неговиот, сега култен филм „Ноќи исполнети со буги“. Двајцата конечно се споија во филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), кој имаше премиера во Кинескиот театар во Холивуд, но ДиКаприо призна дека сега би прифатил секаква понуда за снимање од Андерсон. „Би глумел во секој филм за кој би ме повикал, но ...

Вечерва (9 септември) од 20 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се игра претставата „Народен пратеник“ (фото) на Македонскиот народен театар (МНТ), што е во рамките на 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Од 22 часот е уште една претстава на МНТ, „Бели ноќи“. Фестивалот се отвори на 8 септември и ќе се играат претстави од Македонија, Србија, Бугарија и Италија. Првата претстава на МНТ, „Народен ...

Во организација на националната установа „Ацо Шопов“ во Штип, од 10 до 15 септември ќе трае 13. издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“. „Фестивалот ќе биде отворен со едночасовен концерт на бендот ‘Петко 5+‘, a во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи и да учествува на специјална театарска работилница за деца и младинци“, вели директорот на ...

Фестивалот Егзит објави дека нема да се пресели во Скопје или Египет, но и дека во овој момент нема можности за негово одржување во Србија зашто му е ускратено државното финансирање. „Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија следната година, зашто поради нашата поддршка на студентските протести ускратено ни е целокупното државно кофинансирање на локално, покраинско и републичко ниво. Од истите причини, Егзит остана и ...

Издавачката куќа „Мртов коњ“ најави серија настани во Скопје оваа недела, при што од денеска до 12 септември ќе се одржат неколку концерти и една работилница. Ќе има и гости од Хрватска, САД, Италија и Виетнам. Стражар (Мартин Џорлев) денеска ќе одржи концерт во Канал 103 од 20 часот, а утре во „Паб Ѕе“ од 21 часот настапуваат хрватското гараж-панк трио „Дед џоук“ и „Кајзер Созе“. На 10 септември, во „Буква“ ќе има работилница за теремин и ...

Српската рок група „Канда, коџа и Небојша“ се враќа во Скопје по повеќе од десет години пауза. Таа ќе одржи концерт во „Јавна соба“ на 27 септември со почеток во 21 часот. Предводен од пејачот Оливер Нектаријевиќ, бендот беше формиран во 1990 во Белград, а првиот албум го објави шест години подоцна. Досега има издадено девет студиски албуми. Музиката на „Канда, коџа и Небојша“ претставува мешавина од алтернативен рок, даб и реге, но вистински ...

Македонија, како и големи делови од Европа, Азија, Африка и Австралија, ноќеска можеа да уживаат во феноменот на „крвава месечина“ за време на затемнувањето на Месечината. Кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнуваат, сенката што ја фрла планетата врз нејзиниот сателит ја прави да изгледа морничаво црвена. Луѓето во Азија, особено во Кина и Индија, имаа најдобар поглед на целосното затемнување, додека над Европа беше делумно. Последното ...

На 8 септември во Македонскиот културен центар во Загреб почнува Фестивалот на македонски филм, со кој Амбасадата на Македонија во Хрватска и КИЦ во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска ќе го одбележат Денот на независноста. Фестивалот трае до 30 септември. Отворањето е посветено на почетоците на македонската кинематографија со ...

На 14 март 2026, во салата „Борис Трајковски“ заеднички концерт ќе одржат хрватските пејачи Петар Грашо и Дорис Драговиќ. Грашо е чест гостин во Македонија, а Драговиќ одамна немала концерт во Скопје. Во екот на најголемата популарност, Драговиќ во 1987 одржа седум последователни концерти во Универзална сала во Скопје. Тие следеа по нејзиниот настап на Евровизија во Берген во 1986, кога ја претставуваше Југославија со песната „Желбо моја“ ...

Сценаристот и режисер Џејмс Ган, кој сега претседава со „Ди-Си студиос“ заедно со продуцентот Питер Сафран, сподели на Инстаграм дека новиот филм за Супермен наречен „Man of Tomorrow“ ќе пристигне во кината на 9 јули 2027. „Супермен“ излезе во јули и имаше уникатен пристап кон популарниот суперхерој, при што е приказна за имигранти. Неговиот Човек од Челик, портретиран од Дејвид Коренсвет, ги избегнуваше клишеата. Коренсвет и британскиот ...

Крис Нот се врати на глумата по четиригодишна неформална пауза по неколку обвинувања за сексуален напад. „Блок“, хорор филм за блокадата на еден писател, е неговата прва филмска улога од „Божиќна свадба во Њујорк“ од 2020 и негова прва улога воопшто откако последен пат го повтори својот препознатлив лик на Господин Биг во продолжението на „Сексот и градот“, „И едноставно така“. На својот фејсбук профил, Нот напиша: „Холивуд се обиде да ми го ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.77
58%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1003
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
4.63
81%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.8
91%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
97%
1002
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
70%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1004
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1005
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
80%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1007
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
66%
1017
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Злато

159322.70

Родиум

339190.38

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78