Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Ана Петановска освои награда за најдобра интерпретација на фестивалот Далматинска шансона во Шибеник, Хрватска. Една од најталентираните поп-пејачки кај нас ја испеа песната „Само љубавта постои“, (Само љубав постоји) со музика на Григор Копров, текст на Роберт Пилепиќ, и аранжман на нејзиниот брат, Стефан Петановски. „Ана растури во Шибеник, ова беше една од нејзините најдобри изведби, доби долг аплауз и овации кои сосема ги заслужи. Веднаш по ...
Теа Ѓоргиевска, актуелната Мис на Македонија за Мис Универзум која победи на ланскиот избор за убавина во Скопје, вели дека учествотото на Мис Универзум во Мексико за неа било одлично искуство. „Овој избор за убавина ми го смени животот и повторно би се пријавила. Не само поради патувањето и учеството на Мис Универзум, туку и затоа што за првпат верував во себе на начин на кој не сум ни знаела дека е возможно. Научив да одам со исправена глава, ...
Тромбонистот и композитор Горан Мицевски-Кус ја промовираше новата песна „Зошто“ (Why), која е дел од неговиот авторски албум „Гласот од невидливиот свет“. „Зошто“ трае речиси девет минути, а Мицевски вели дека е негова лична и духовна композиција. Албумот е снимен на англиски јазик, а новиот сингл доаѓа по претходната песна „Немир“, за која тромбонистот кажа дека ја напишал за надежта и вербата. Вокал во новата песна е Кристина Палија, поезија ...
Англискиот диџеј и продуцент Џекс Џонс ќе настапи на 7 септември во Градскиот парк во Струмица, на фестивалот „Гет егзит“. Џек Џонс, кој беше номиниран за Греми, претходно гостуваше во Скопје во март, на фестивалот „Електроник ритрит“. Роден е на 25 јули 1987, и стана популарен во 2014 со синглот број еден на Дјук Думонт „Те имам“ (I Got U). Потоа ги издаде своите синглови „Не ме познаваш“ (You Don’t Know Me) со Реј во 2016, па дуетот со Деми ...
Под мотото: „Кому му е гајле за реалноста?“, Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс се отвори по 16. пат, синоќа (21 август) во Куршумли ан, со високо кренати главици кромид во рацете на екипата и волонтерите, како традиционален поздрав до публиката. „Во овие осум дена, на пет различни локации, ќе можеме заедно да погледнеме повеќе од 75 филмови, да учествуваме во бројни дискусии со авторите по проекциите, да бидеме дел од два мастер ...
Славиот австралиски музичар Ник Кејв ја освои македонската публика со емоции, без патетика, со енергијата, страста, емоциите, со спојот на поезија и рокенрол на синоќешниот концерт (22 август) на Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Тричасовниот скопски концерт беше дел од неговата соло турнеја, без бендот „Бед сидс“, а го придружуваше само басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд. Дел од почетокот на концертот се поклопи со натпреварот ...
Кантавторот Јон Ајди вчера (21 август) во Скопје го промовираше новиот сингл „Не го крши“ (Don’t Break It). Ајди настапи со бенд во живо, а беше прикажан и видеоспотот за оваа песна. На промоцијата, музичарот кажа дека потпишал договор со американската издавачка куќа „Нвак колектив“. „Песната зборува за токсична врска низ која поминав“, рече Ајди. Видеото го режираше на Ени Вучидолова, а директори на фотографија се Роберт Божиновски и Ени ...
Новото издание на музичкиот фестивал Скрим ќе се одржи на 1 ноемеври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, објави продукција „Прагма“. Свои концерти ќе одржат Влатко Стефановски трио и српските групи „Рибља Чорба“ и „Галија“. По смртта на Бора Ѓорѓевиќ минатата година, нов пејач на групата „Рибља Чорба“ е Јован Јефтиќ, кој претходно пееше придружни вокали. „Вечерта ќе биде дополнета со изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален ...
Ноел Галагер рече дека тој и неговите колеги од бендот „Оејзис“ се „тотално воодушевени“ од реакцијата на нивната турнеја за повторно обединување по 16 години пауза. Зборувајќи за досегашните концерти во Велика Британија и Ирска, тој рече дека е „горд“ на својот помлад брат, фронтменот Лиам, додавајќи дека „беше одлично што се вратил“ во бендот со него откако долго време беа во кавга. „Оејзис“ свиреа во Крок Парк и Даблин, минатиот викенд, и ќе ...
Концерт посветен на на младиот клавијатурист и композитор Филип Стеваноски, кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се одржи на 28 август на летната сцена на Домот на културата во Прилеп, во рамките на Прилеп џез викенд. „Тој минатата година настапи на фестивалот со својот бенд и остави незаборавен впечаток. За него ќе свират врвни музичари, пријатели и поранешни членови од неговиот состав, обединети преку музиката што Филип ја ...
Утревечер (22 август) од 20 часот во реонскиот парк во скопската населба Ѓорче Петров, со проекција на филмот „До балчак“ на Столе Попов започнува манифестацијата „Културно лето Ѓорче Петров“. На 23 август, во реонскиот парк од 19 часот, ќе има „Баскер перформанс шоу“,а од 20 часот започнува музичкиот дел „На свирка во Ѓорче“, со рок бендот „Деј оф“. Културното лето во Ѓорче Петров ќе трае еден месец и најавени се повеќе поп-рок и фолк концерти ...
Стрипот „Мрак“ (фото) на Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ-Маза (цртеж), двајцата од Србија ја доби првата награда „Златен стрип“ на 22. издание на Стрип салонот во Велес. Втората награда „Back to the past“ ја доби Никола Видачковиќ (сценарио) од Србија и Игор Јовчевски (цртеж) од Македонија. Третата награда „Залогај“ ја доби Далибор Дадо Пехар од Хрватска. За најдобар македонски стрип е прогласен „Ехоата на Зал’ахим“ од Војдан ...
Вечерва (21 август) во Паркот на Франкофонијата во Скопје почнува 14-то издание на фестивалот Пиволенд кој ќе трае до 23 август. Најавени се повеќе од 30 брендови на домашни и странски пива и повеќе од 120 видови ќе бидат достапни за дегустација на манифестацијата. Музичката програма ќе започнува од 18 часот и ќе трае до 2 наутро секој ден. Вечерва настапуваат диџеј Чарли, „Деј оф“, Бени и „Нон стоп“ и диџеј Галовски. Утре, (22 август), свој сет ...
Ни на некои национални фестивали не им успева да ја наполнат Големата сала во Центарот за култура во Битола, но тоа ѝ успеа на музичката манифестација „Незаборав“ и авторот Панде Димитровски. Вчера (20 август) за време на 15. издание на фестивалот кој го чува незаборавот за музичките легенди поврзани со Битола, салата со капацитет од 870 столчиња беше исполнета до последно. Јубилејната музичка вечер беше ретроспектива на изминатите 14 настани ...
Виена повторно ќе биде домаќин на Евровизија во 2026, соопшти Јавниот радиодифузен сервис ОРФ на Австрија. По 11 години откако австрискиот главен град последен пат го организираше музичкиот натпревар, 70. издание на Евровизија ќе се врати во Виена во 2026 година. Финалето е закажано за 16 мај. Австрија ги доби правата за домаќин откако нејзиниот пејач Џеј Џеј победи на Евровизија 2025 во Базел, Швајцарија. Виена на крајот го победи градот ...
Со музичка програма која ќе трае од 26 до 28 август, Македонска Каменица ќе го прослави Денот на рударите Првата вечер е наречена „Фолклорна магија“ и е посветена на играорците со настап на Културно уметнички друштва од Бугарија и Србија како и КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Втората вечер, на 27 август е наречена „Рок енергија“ и ќе настапат Спасен Силјаноски, „Риплеј бенд“ и „Дивље јагоде“. На 28 август, вечерта ќе ја отвори хорот од ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги Унковски, на 19 август имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал (15-22 август). Во официјалната програма во Сараево е и словенечко-македонската копродкција „Фантази“ на режисерката Кукла (Катерина Рашек) чиј македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Во програмата за краток филм е и „Очите на Берна“, косовско-македонска ...
Во Центарот за култура во Битола вечерва (20 август) вод 20 часот ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Незаборав“ која годинава одбележува 15 години постоење. Манифестацијата е посветена на македонски ммузичари кои оставиле белег во македонското музичко творештво, а се поврзани со Битола. „Незаборав“, чиј автор е продуцентот Панде Димитровски, вечерва ќе биде ретроспектива на изминатите 14 приредби посветени на: Сашка Петковска, ...
Утре (21 август) август во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори ретроспективна изложба на уметницата и професорка Жанета Вангели. Кураторка на проектот е виш кустос Маја Крстевска, а стручен соработник, кустос Горанчо Ѓорѓиевски. Вангели активно твори и учествува на македонската ликовна сцена од средината на 1980-тите па до денес. „Внесувајќи нови и радикални промени во визуелниот хоризонт на ...
Oперската пејачка Миланка Новеска- Густавсон која живее во Шведска ќе одржи два концерти во Македонија. Во родниот Охрид, Новеска ќе пее заедно со нејзината колешка, сопранот Тина Ристеска во црквата „Св. Софија“ утре (21 август) од 20 часот. Во Скопје, таа ќе одржи концерт на 25 август во Салон „19:19“ во 19:19 часот. „Охрид е мојот корен, а ‘Св. Софија’ е голема инспирација. Јас не само што пеам, туку и живеам преку музиката. Чувството да ја ...
Франшизата „Сексот и градот“ заврши, со финалето на серијата „И едноставно така“, со која се заокружи обновената серија по три сезони, а главната актерка Сара Џесика Паркер кажа дека не ѝ е грижа за лошите коментари од публиката. Продолжението на „Ејч-Би-О“ на оригиналната серија која се снимаше по двата филма започна тажно, по ненадејната смрт на сопругот на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Биг (Крис Нот), и во текот на две сезони го прошири ...
Утре, (20 август) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи „Книжевна средба со Капка Касабова во организација на „Или-или“, нејзиниот издавач на македонските изданија. Низ разговор со авторката, творештвото на Касабова, со фокус на двете книги преведени на македонски, „Кон езерото“ и „Граница“, ќе го претстават Ана Витанова-Рингачева и Александар Маџаровски, а за преведувачките предизвици на нејзините дела ќе зборува Бранислав ...
„Би-Би-Си“ во последен момент одлучи да го одложи документарецот за последните години од животот на Ози Озборн, со цел да се почитуваат желбите на неговото семејство. „Ози Озборн: Враќање дома“ требаше да се емитува на „Би-Би-Си 1“ во 21 часот по британско време на 18 август, но беше отстранет од распоредот. „Нашето сочувство е со семејството Озборн во ова тешко време. Ги почитуваме желбите на семејството да почекаме малку подолго пред да го ...
„Ова беше редок случај на ваков спој на афробит со џез оркестар, може да се каже ретко и во светски рамки“, вели диригентот Џијан Емин по концертот на Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, пејач и саксофонист Шеун Кути, кој се одржа во рамките на Охридско лето на 10 август. „Пред 7 години имавме концерт со Филхармонијата и Феми Кути, кој е постариот брат на Шеун Кути, во Градскиот парк во Скопје, пред повеќе од ...
Од 19 до 29 август, во Општина Карпош ќе се одржува манифестацијата „Карпошово културно лето” која ќе понуди разновидна програма со учество на домашни уметници од различни области. Манифестацијата ќе биде отворена во 20 часот на платото кај Млечен ресторан, со концерт на македонски поп хитови. Настапуваат реномирани и млади пејачи: Зорица Поп Панкова, Драган Мијалковски, (фото) Сашо Гигов- Гиш, Џон Илија Апелгрен, Тања Тас и Ана Петановска, во ...
На 28 август, македонската поп- рок група „Нокаут“ и босанските рокери „Дивље јагоде“ ќе настапат во Радовиш, на прославата по повод Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. „Нокаут“ настапува од 21 часот, а „Дивље јагоде“ од 23 часот. Влезот е слободен. На 29 август на ракометното игралиште во Битола се одржи музичкиот фестивал СОС. Концерти ќе одржат истите бендови, „Дивље јагоде“ и „Нокаут“. Настанот ќе го отвори диџеј Чико од ...
Изложба со 21 фотографија од балкански рисови фотографирани во Македонија, Албанија и Косово, вчера (17 август) беше отворена во хотелот „Неда“ во Галичник, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). На изложбата говореше раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој кажа дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид. „Балканскиот рис е апекс-предатор, ...
Хелен Мирен изјави дека Џејмс Бонд треба да го игра маж, иако е феминистка. Во ново интервју за списанието „Сага“, актерката добитничка на Оскар изјави: „Не може да е жена. Едноставно не функционира. Џејмс Бонд мора да биде Џејмс Бонд, инаку станува нешто друго“. „Амазон МГМ Студиос“ ќе ја продуцира следната верзија на шпионската франшиза, а креаторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт, ќе го напише она што ќе биде 26-тиот филм во серијата. ...
На 13 септември од 20.30 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи македонскиот кантавтор Крсте Роџевски кој живее во Њујорк, заедно со американската челистка Томика Рид. Музичката соработка меѓу Крсте Роџевски и Томика Рид започна пред десетина години, кога Рид свиреше виолончело на вториот студиски албум на Роџевски. Подоцна, таа свиреше и на синглот „Горно Дупени“, како и на новиот аранжман на традиционалната песна „Ој љубов“, кој Роџевски го ...
Американскиот актер Ноа Сентинео (29) ќе го глуми младиот Рамбо во најавениот приквел филм. Ова ќе биде прв филм за овој акционен херој без Силвестер Сталоне. Филм за потеклото на Џон Рамбо првпат беше најавен во почетокот на оваа година и сега го најде својот главен актер. Сајтот „Дедлајн“ објави дека снимањето би требало да почне на почетокот на следната година во Тајланд, а режисер ќе биде Џалмари Хеландер. Дејството на филмот засега не е ...