
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Музејот на уметноста „Метрополитен’ во Њујорк ги објави првите рендери на своето обновено крило за модерна и современа уметност, проект вреден 550 милиони долари кој се протега на околу 126.000 квадратни метри. Дизајниран е од Фрида Ескобедо, првата жена архитект која дизајнирала крило во музејот во 154-годишната историја. Изградбата на крилото „Танг“ во чест на Оскар Л. Танг и Х.М. Агнес Хсу именувано во чест на двојката која донираше 125 ...
„Признај“ е првата песна на младата поп-пејачка Луна Бејков која излезе во продукција на регионалното шоу „ИДЈ“. Луна Бејков е учесничка во белградското шоу во новата сезона, и досега имаше повеќе успешни настапи. Во жирито е и македонскиот продуцент Дарко Димитров, а досега за нејзините настапи жирито коментираше дека се уникатни. Осумнаесетгодишната Луна Бејков веќе две години е дел од актерската екипа на популарната тинејџерска ТВ серија „Тин ...
Поп-пејачот Дарко Илиевски кој седум години живее во Америка, за десет месеци ослабел 65 килограми, откако минатата година, на крајот на ноември, завршил во болница. Од 152 килограми, сега има 87. Илиевски беше еден од нашите најпопуларни млади поп-пејачи, и уште се слушаат неговите песни „Едно тело“- дуетот со ДНК, „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“. „Неколку дена пред да завршам во болница имав проблем со ногата и примив инекција со кортизон, ...
Денес (14 декември) во 20 часот во киносалата на Кинотеката ќе има специјална проекција на кратките филмови изработени од страна на младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“ која е во организација на Кинотеката на Гете институт – Скопје, а е дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски ќе бидат ...
Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија, која вети дека ќе изгради уникатни стадиони и кажа дека сите се добредојдени. И покрај тоа што 11 од планираните 15 стадиони, како и еден град-домаќин сѐ уште не се изградени, кандидатурата на Саудиска Арабија не наиде на противење, освен веќе познатите забелешки за (не)почитувањето на човекови и работнички права во земјата. „Тие имаат огромен потенцијал и несомнено ќе ...
Осум години по објавувањето на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски, „Кроација рекордс“ повторно ќе го издаде на винил. Песните се ремастерирани од Горан Мартинац во студиото на „Кроација рекордс“. Стефановски рече дека иако бил исклучително продуктивен во текот на неговата кариера, она што отсекогаш ѝ недостигало на неговата дискографија бил гитарски соло албум како „Мајчин јазик“. Легендарниот гитарист кажа дека за само неколку дена ...
Хрватскиот биографски филм за кошаркарската легенда Дражен Петровиќ насловен „Дражен“, во режија на Данило Шербеџија, почна да игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Филмот го следи животот на кошаркарскиот гениј кој израснал во Шибеник, а потоа ги освоил Европа и САД. „Низ призмата на неговите најважни животни моменти, филмот ги истражува непопустливата одлучност на Дражен, длабоката поврзаност со неговото семејство и огромната страст за ...
На 15 декември во Филхармонијата, Националниот џез оркестар ќе одржи новогодишен детски џез концерт на кој ќе се свират најпознатите новогодишни композиции. Од НЏО најавуваат дека на концертот ќе учествуваат младите музичари Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска и Бисера Мојаноска, хорот при ООУ „Дане Крапчев“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев и балетското студио за класичен балет и модерен танц „Балерина” ...
Денеска (13 декември) од 20 часот, во Театар Комедија ќе се изведе премиерата на претставата на Турскиот театар „Слепци“, работена според истоименото дело на Морис Метерлинк и книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф. Претставата ќе има титл на македонски јазик. Режисер е Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а костимите на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска. Играат Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин ...
Фотографија на верверица заглавена во дрво е прогласена за најдобра на годинашниот избор на најсмешна фотографија на животни (Comedy Wildlife Photography Awards). „Заглавена верверица“ на Милко Маркети беше избрана за победник меѓу повеќе од 9.000 пријавени фотографии, најмногу во десетгодишната историја на конкурсот. Снимена е во 2022 во природен резерват во Бањакавало во Италија. „Низ годините сум направил многу, многу фотографии од верверички ...
Остин Батлер ќе го игра Патрик Бејтмен во новата филмска верзија на „Американски психо“, чиј режисер ќе биде Лука Гвадањино. Новата адаптација ќе се прави директно врз основа на романот на Брет Истон Елис, со цел да се избегнат сличности со првата филмска верзија од 2000, која го прослави Кристијан Бејл. Романот „Американски психо“ предизвика контроверзи кога излезе во 1991 и го следи Патрик Бејтмен, самобендисаниот инвестициски банкар од висока ...
Во духот на староградската, кафеанска музика е новата песна на Миле Кузмановски „Срце храбро“, која беше промовирана вчера (11 декември). Пејачот на народна музика вели дека во Македонија одамна немало таква боемска песна, без да се користат традиционалните народни инструменти. „Срце храбро е песна за храбрите“, вели Кузмановски и додаде: „Авторот на музиката е Драган Пејиќ-Пеја од Босна и Херцеговина, не се познаваме лично. Аранжманот го ...
Здравко Чолиќ ќе одржи и втор концерт во Скопје, на 19 март следната година во салата „Борис Трајковски“, откако првиот, закажан за ден порано, се распродаде една недела по објавувањето. Балканската поп-ѕвезда во Скопје ќе пее по шест години пауза. Овојпат доаѓа со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови ...
Податоците собрани од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за две години ги потврдија претходните наоди на телескопот „Хабл“ дека стапката на ширењето на универзумот е побрза од она што досега го проценуваа астрофизичарите, и тоа за 8%. Набљудувањата на најнапредниот вселенски телескоп досега ја поништуваат идејата дека податоците од „Хабл“ биле инструментална грешка. „Ова е најголемиот примерок од податоци на ‘Џејмс Веб‘ и го потврдува збунувачкиот ...
Ѕвездите на серијата „Игра на лигни“ се појавија на розов килим на премиерата на втората сезона во Сеул. Таа официјално ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 26 декември, но веќе доби номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија. Првичните критики се дека втората сезона е брилијантна и мајсторски направена. Продолжението доаѓа три години по премиерата на првата сезона, која беше во септември 2021. Таа стана најголемата серија на „Нетфликс“ ...
Изминатиот празничен викенд, илјадници посетители од Штип и од соседните градови присуствуваа на првиот ден од едномесечниот новогодишен и божиќен базар во Штип, а Битола го означи почетокот на празничната сезона на 10 декември со свечено палење на новогодишните светилки. Целокупното централно градско подрачје во Штип во должина од два километра, улиците покрај реката Отиња и самиот кеј се новогодишно украсени, за што Општината предвиде да ...
Ирскиот музичар и активист Боб Гелдоф ќе гостува на фестивалот Егзит во Нови Сад следната година, каде што ќе се одбележат 40 години од одржувањето на добротворниот концерт „Лајв ејд“ (Live Aid) за помош на гладните во Етиопија. Гелдоф, кој беше еден од организаторите на ова глобално движење, од Петроварадинската тврдина ќе испрати порака за силата на музиката, која инспирира, поврзува и го менува светот на подобро. Концертите „Лајв ејд“ ...
Вечерва (10 декември) од 19 часот, во Европската куќа во Велес ќе се прикажат филмови од Фестивалот на планински филм „Ехо“, со програма од последното 15. издание, кое претходно се одржа во Скопје (фото). На програмата се документарни филмови од Македонија, Франција, Полска, Италија и Унгарија и ќе бидат презентирани активностите на граѓанските здруженија „АК Велесин“ и „Велес бајкинг“. Ќе можат да се гледаат документарците „Тивок сведок“ на ...
Легендарниот американски рок бенд „Ганс ен роузис“ потврди дека доаѓа во соседството на својата европска турнеја следната година. Турнејата почнува во Саудиска Арабија на 23 мај, а од 30 мај ќе продолжи во Европа, при што Аксл Роуз и екипата ќе настапат и во Белград на 18 јули и во Софија на 21 јули. Специјални гости на турнејата се „Рајвл санс“, „Паблик енеми“ и „Секс пистолс“, но со Френк Картер како вокал. Рап легендите „Паблик енеми“ ќе ...
Бијонсе и Џеј Зи се појавија на црвениот килим на премиерата на филмот „Муфаса: Кралот лав“ во друштво на нивната 12-годишна ќерка Блу Ајви, за која ова е филмско деби. Таа го позајми гласот на ќерката на Симба и Нала, Кјара, додека Бијонсе се враќа во улогата на лавицата Нала. Дејството се случува по настаните во „Кралот лав“, кога Рафики ѝ ја раскажува на Кјара приказната за нејзиниот покоен дедо Муфаса. „Моето прекрасно девојче, ова е твоја ...
На 14 декември од 9:30 часот, во Салон 19:19 во скопски КИЦ ќе се одржи меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“. Ќе се натпреваруваат повеќе од 80 учесници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и САД. Ова е прв меѓународен натпревар по пијано во Скопје во организација на здружението за промоција и развој на културата „Модорас“, а уметнички директори се Ема Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип и Светлана ...
„Гугл“ создаде квантен компјутерски чип на кој му требаат само пет минути за да реши задачи за кои на некои од најбрзите конвенционални компјутери на светот би им требале 10.000.000.000.000.000.000.000.000 години. Тоа се десет септилиони години, бројот што значително ја надминува староста на нашиот познат универзум. Новиот чип наречен Вилоу (Willow) е развиен во Санта Барбара во Калифорнија и има големина од само четири квадратни сантиметри. Се ...
„Ова е Македонија“ рече актерот Раде Шербеџија по речиси 10-минутниот стоечки аплауз со кој публиката го поздрави „Пред дождот“, на синоќешната гала златна премиера за 30-годишнината на филмот што го градеше идентитетот и му даде лице на името Македонија. Громогласниот аплауз во полната сала на Филхармонијата почна уште на одјавната шпица на филмот и траеше долго по поклонувањето на екипата во која на чело со режисерот Милчо Манчевски беа и ...
На 14 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се изведе втората претстава од кабаре шоуто „Еуфорија“, откако се распродаде првата, закажана на 30 декември, објави продукција „Прагма“. На сцената ќе настапат триесет македонски уметници: танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери. Во кабарето членуваат и актерката Јана Стојановска, поп-пејачот Даниел Дан, актерката Емилија Мицевска и многу други. „Со преку 130 костими, изведувачите ќе ...
Тејлор Свифт им се заблагодари на своите обожаватели што ја направија турнејата „Ерас“ „највозбудливото, најмоќното, најинтензивното, најпредизвикувачкото“ искуство во нејзиниот живот, за време на завршниот концерт во Ванкувер на 8 декември. Свифт на публиката во Канада ѝ рече дека е на турнеја од нејзината 15-годишна возраст, но искуствата од изминатите 21 месец биле „целосно различни и неспоредливи“ од сè што некогаш правела. „Никогаш не ...
Никаде празничниот шарм не е како во Европа. Особено северниот регион е идеален за оние кои бараат совршена зимска земја на чудата во овој период од годината. Виена, Австрија Прекрасната австриска престолнина има празничен шарм најдолго во годината. Накитена е висока новогодишна елка близу Градскиот дом, каде што се одржува и традиционален божиќен базар. Ракотворбитe и рачно изработените џемпери се дел од производите на празничните тезги. ...
На 13 и на 14 декември во скопскиот хотел „Мериот“ ќе се одржи винскиот фестивал „Винедонија“, кој ќе трае двата дена од 15 до 21 часот. Ова ќе биде осмо издание на фестивалот за кој организаторите велат дека врвот на посетеност го постигнал по пандемијата, во 2022. Минатата година, за два дена го посетиле околу 1.600 луѓе. Ќе бидат изложени вина од над 50 винарии, со 500 вински етикети. Годинава, специјални гости се винарии од Србија и од ...
Петнаесет македонски фолк и народни песни во придружба на Симфониски оркестар синоќа (7 декември) добија искрени овации и аплуази од публиката во Филхармонијата. На концертот „Македонијо во срце те носиме“, пејачите: Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, групата „ДНК“, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски изведоа песни кои не ...
Во пресрет на годишнината од смртта на познатиот фолк пејач Гоце Арнаудов, во Струмица се одржа концерт во негова чест насловен „Струмица се сеќава на Гоце“. Дваесетина фолк и поп пејачи од земјава ги пееја неговите најголеми хитови. На сцената се појави и неговата ќерка Кристина Аранудова, која со силни емоции ја отпеа познатата балада ,,Дали да те побарам“. На крајот од настапот, таа се сврте кон банерот со ликот на татко ѝ и се поклони. ...
„Сите деца се исти“, рекоа кантавторката Мијата и Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје, на промоцијата на инклузивната песна „Гуш и бац“ вчера (7 декември) во Кинотеката. Песната беше промовирана на фестивалот „Златно славејче“ во ноември. „Ова е трета песна посветена на децата со атипичен развој, за зголемување на свеста, за почитување и инклузија, прва песна во соработка со Мијата и Весна Малинова која ги напиша овие ...