Седмиот дел од серијата „Паркот Јура“, „Светот Јура, преродба“ (Jurassic World Rebirth) заработи 147,3 милиони долари во првите пет дена во 4.308 кина во Амрика. Сепак, тие почетни приходи се значително намалени од поновите филмови во 32-годишната франшиза. Филмот заработи 91,5 милиони долари во текот на минатиот викенд, а тоа е голем пад во однос на тридневниот почеток во 2015 кој првично ја рестартираше научно-фантастичната серија со 208 ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е официјално селектиран на 11. издание на Светскиот филмски фестивал во Монтевидео, кој ќе се одржи од денес (7 јули) до 9 јули во главниот град на Уругвај. По Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела, ова е петта држава од Јужна Америка каде што филмот ќе биде прикажан. „Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни ...

Денес (7 јули) на Скопско лето, ќе се одржи концерт на Ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ во чест на 80 години постоење на Ансамблот. Концертот ќе се одрќи во 20:30 часот на Колонадата пред платото на Национална опера и балет (НОБ). Влезот е слободен. Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“, е културно-уметничко друштво основано во Скопје, 1945 година. Формирано е од Синдикатот на металските работници на аеродромот Скопје, ...

Поп-пејачот Огнен Здравковски ја преработи македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, чиј автор е неговиот дедо, познатиот музичар Наско Џорлев од Струмица. Здравковски, кој е син на пејачката Софче Џорлева и вработен во хорот на Националната опера и балет, вели дека оваа песна му е најдрага, од сите кои ги напишал дедо му. Песната му станала блиска додека ја пеела неговата мајка, и ја свирел вујко му, познатиот виолинист Зоран ...

Касел-Калден има бесплатен паркинг и одлична врска со автопатишта, па, сепак, го сметаат за најнепотребен аеродром во Германија. Додека Франкфурт, Берлин и Минхен едвај се носат со напливот на туристи, во централниот град Касел владее тишина: до крајот на август, од овој аеродром ќе полетаат само 35 авиони, не дневно, туку вкупно. Изградбата на аеродромот чинела 270 милиони евра, а во 2023, во просек имал 227 патници на ден. Тука оперираат три ...

На 14 јули од 21 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со американскиот музичар Дони Мекаслин во Македонскиот народен театар. Диригент ќе биде маестро Владимир Николов. „Драго ни е што ќе имаме заеднички настап со еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена“, велат од Националниот џез оркестар. Мекаслин соработуваше со Дејвид Боуви на неговиот последен албум и беше една од клучните креативни ...

На 12 и 13 јули, во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи фестивалот „20 часа урбан здив“. Освен настапи на повеќе бендови и диџеи, ќе има и регионален саем на физички носачи на звук. Првиот ден винил изданија ќе изложат гости од Ниш, Крушевац, Солун, Подгорица, Кочани, Скопје, Куманово, Белград, Софија и Приштина. Од 20 часот до полноќ ќе свират „Суперхикс“ и „Ареа“ (фото). Саемот ќе продолжи и следниот ден, а во музичкиот дел ќе настапат ...

На 6 јули во Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи концерт на оркестарот на институтот „Фејмс“ составен од млади музичари од цела Европа, заедно со виолинистот и диригент Емилио Перцан од Скопје. Концертот е дел од меѓународната студентска програма за оркестарска музика и студиско снимање, која е во рамките на европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејмс“. На репертоарот се дела од Вивалди, Далабако, Пучини и Рихтер од различни ...

Тоа беше моментот што фановите го чекаа 16 години, поточно 5.795 дена. Најголемите ѕвезди од ерата на бритпопот „Оејзис“ синоќа ја почнаа својата повратничка турнеја со концертот на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, при што Лијам Галагер им се извини на фановите што толку долго го чекале обединувањето. „Здраво на сите, помина многу време. Убаво е што се вративме“, кажа тој пред 70.000 фанови. Почнувајќи со песната „Hello“ од нивниот втор ...

Гитаристот на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, вели дека прошталниот концерт на групата во родниот град е целосно поразличен од се што досега го правеле. На денешниот десетчасовен музички спектакл на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, оригиналната постава Ози Озборн, Томи Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд ќе свири заедно за првпат по 20 години. „Многу сме нервозни, но подготовките поминаа добро. Луѓе доаѓаат од цел свет и не можам да го апсорбирам тоа“, ...

Момчило Бајагиќ-Бајага ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола на 27 јули од 21 часот, објави „Авалон“. Оттаму додаваат дека тоа ќе биде неговиот единствен настап во Македонија оваа година. Во декември 2023, српскиот кантавтор одржа концерт во Скопје со кој прослави 40 години кариера, а во март 2024 имаше концерт со кој одбележа 40 години од излегувањето на неговиот Музичката кариера Бајага (65) ја започнал на 14 години во групата ...

„Оејзис“ вечерва (4 јули) ќе излезат на сцената во Кардиф, со што ќе ја започнат долгоочекуваната повратничка турнеја. Враќањето на рокерите од ерата на бритпопот по 16-годишна пауза е голем момент за фановите, но предвидувањата се неизвесни кога станува збор за браќата Ноел и Лијам Галагер. „Тоа е една од атракциите на ‘Оејзис’, тие го носат тој елемент на ризик“, рече музичкиот новинар Џон Ејзлвуд. Освен ако нестабилната и избувлива врска на ...

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип. Годинашниов фестивал има и хуманитарен карактер, иако влезот за сите музички и други програмски содржини е слободен. Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека ќе има хуманитарни билети, а сите средства ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани. Оваа ...

Андријана Јаневска ќе одржи концерт со музичкиот состав „Митан проект“ на 7 јули од 21 часот во Охрид, на летната сцена на Долни Сарај. Концертот е во рамките на Етно фестивал Охрид и Балкански фестивал на народни песни и игри. „Митан проект“ ќе настапи со преработки на македонски народни песни од своите албуми „Македонски рози“ и „Приказна за едно моме“. „Ќе настапам со Илија Филиповски на виолина, Благојче Трајковски на кларинет, Александар ...

Џенифер Анистон ќе глуми во новата серија „Мило ми е што умре мајка ми“ (I’m Glad My Mom Died), заснована врз истоимените мемоари на Џенет Мекарди, кои беа на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. „Мемоарите се срцепарателно и урнебесно раскажување за борбите на Џенет Мекарди како поранешна детска актерка додека се справува со нејзината доминантна мајка“, велат од стриминг платформата „Епл ТВ“. Приказната ќе се фокусира на врската помеѓу ...

Со хит-претставата „Вечера за глупаци“, Велешкиот театар настапи во Поградец, Албанија, на 20. издание на фестивалот Македонско културно лето. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Претставата се одигра на отворено во центарот на Поградец. Веднаш потоа настапија велешките музичари Орхидеја Дукова и Сашко Костов. Во ...

Хрватскиот поп-пејач Ален Славица беше гостин на концертот на битолската група „Гром“, која во античкиот локалитет Хераклеја синоќа (2 јули) прослави 45 години постоење. Славица рече дека по долго време доаѓа во Битола и на публиката ѝ ја испеа песната „Битола мој роден крај“. „Убаво е да се биде во овој феноменален простор Хераклеја. Чувствувам мир во душата кога овде доаѓам. Прекрасна публика сте“, рече Славица. Покрај хитовите кои ја ...

Се радувам што ќе пеам пред млада публика во Штип, вели Драган Мијалковски пред настапот на Д фестивал, кој ја промени својата досегашна дојранска локација и ќе се одржи од 4 до 6 јули на стадионот во Штип. Мијалковски ќе настапи со Битолскиот камерен оркестар на отворањето на фестивалот од 19 часот, а најавени се и гости како изненадување. „Знам дека овој настан го следи млада публика, но откако пред неколку години со поголем интензитет ...

Музичарот Никола Стојковски („Фин проџект“) и Тања Царовска утре (3 јули) во Куршумли ан во Старата скопска чаршија ќе одржат промотивен концерт на нивниот нов албум насловен „Егрегор”. Како гости ќе настапат Петар Христов (саксофон и кларинет), Горан Трајкоски-Готра, Билјана Петровска (пијано), Андреа Мирческа (бас и контрабас), како и гудачки квартет во состав Илија Јовчев и Ева Ристеска на виолина, Ангела Винтовска на виола и Александар ...

Јужнокорејскиот бенд „Би-Ти-Ес“ го потврди своето долгоочекувано враќање, најавувајќи нов албум и турнеја за следната година. Милениците на тинејџерската публика ја објавија веста во живо на социјалните мрежи откако сите членови на бендот ја завршија задолжителната воена служба во својата земја. Од седумчлениот бенд кажаа дека одат во Америка месецов и ќе почнат да работат на нова музика. „Здраво момци, се вративме“, рече Џимин, а групата додаде ...

Ансамблот „Танец“ вечерва (2 јули) ќе има целовечерен концерт во Велес, од 20:30 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк. Концертот насловен „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ е дел до содржините на годинашниов Меѓународен фолклорен фестивал во Велес. Членовите на ансамблот ќе изведат повеќе ора и песни од различни краишта на Македонија. „Танец“ беше специјален гостин на концертот на хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ на ...

Ана Петановска ќе настапи на еден од најпознатите поп фестивали во регионот, Сплитскиот фестивал. На 6 јули, младата талентирана пејачка ќе ја испее песната „Кога ноќта ќе го сретне денот“ (Kad noć sretne dan), за која музиката ја напиша Григор Копров. Нејзиниот брат Стефан Петановски е аранжер на песната, а текстот е на Роберт Пилепиќ. „Ова ќе биде активно работно лето за мене. Ја имам таа среќа трипати да настапувам во градови на Јадранското ...

На 3 јули, во Кинотеката започнува специјална филмска програма во чест на 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). До 18 јули, со почеток во 20 часот, публиката ќе може да погледне играни и документарни класици, анимирани филмови и современи остварувања. „Јубилејната филмска ревија претставува потсетување на 75 години активна работа на Друштвото на филмски работници на Македонија и почит кон сите генерации ...

Хрватската поп-пејачка Јелена Розга ја сними новата песна „Маѓепсан круг“ (Зачарани круг), која пред македонската публика ќе ја промовира на концертот во Охрид, на 29 јули во Античкиот театар. Розга оваа песна првпат ја испеа изминатиот викенд на фестивалот „Мелодии на Јадранот“, кој се одржа во нејзиниот роден град Сплит. „Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит и едвај чекам да дојде 29 јули. Возбудена сум кога ќе помислам дека ...

На одличен македонски, пејачот на словенечкиот инди-рок бенд „Џокер аут“ Бојан Цвјетиќанин ја испеа „Тајно моја“ од Тоше Проески на концертот во Скопје на Стадионот на АРМ. Обожавателите на бендот, кој е еден од најактуелните кај младите во регионот, ги извикуваа омилените песни од Тоше, знаејќи дека тој му е омилен на Цвјетиќанин. „Единствената песна која знам да ја свирам од Тоше, а ја пеев на минатиот концерт, е ‘Ледена’. Можеби оваа ја знам ...

Актерот од Велешкиот театар Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога на 12. издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија. Тој е награден за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“, во режија на Александар Ивановски. На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. За фестивалските награди одлучуваше стручното жири Исидора Миниќ – драмска ...

Вечерва од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. На репертоарот се класици од Пучини и наполитански песни како „O sole mio“. Од Битолски камерен оркестар велат дека ќе настапат и три сопранистки и еден гостин од Хрватска, кој ќе биде изненадување за публиката. „Од почетокот на годината одржавме седум концерти, кои беа одлично прифатени од публиката, а до крајот на сезоната планираме уште ...

Елена Христова, пејачката на етно сотавот „Баклава“, утре (1 јули) ќе го промовира својот авторски албум „Јоркулук“. Промоцијата ќе се одржи во скопското „Бифе Тафталиџе“ од 20.30 часот. „Албумот е мој авторски материјал, а го работев како истражување на обичаите и песните на Јуруците од Источна Македонија. Драго ми е што дојде време за слушачка промоција на албумот“, вели Христова. Албумот се издава на цеде и плоча, а автор на омотот е Дивна ...

Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, на интернационалната вечер, која ќе се одржи на 30 август на сцената на Долни Сарај. Мандиќ ќе добие награда за трајни вредности и ќе настапи со неговиот прв голем хит „Питају ме, питају“, песна со која победи на фестивалот МЕСАМ во Белград во 1984. „Минатата година си размислував дека поминале 40 години откако се појавив на МЕСАМ со оваа песна. Не сум ...

Во жешките летни денови и потрага по освежителни пијалоци, меѓу препораките на научниците е и турски освежителен пијалок стар илјада години, што можеби и не е светски познат. Станува збор за ајран, едноставна мешавина од свеж јогурт, вода и сол. Можеби не одговара на сечиј вкус и не е соодветен за секого, но со векови е доста привлечен напиток во Турција, а денес се продава во различни форми низ Турција и неколку други земји. „Пиењето ајран е ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
68%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.77
97%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.15
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
80%
1018
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
84%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
76%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Платина

64479.52

Рутениум

29192.88

Бакар

11.07

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97