Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Спектакуларен концерт синоќа во Хераклеја одржаа Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ и гостинките, светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска (фото), оперската певица од Косово Зана Абази-Рамадани и македонските оперски пејачки Виолета Арсовска, сопран со богата музичка кариера и Јаворка Витанова, млада оперска дива. На концертот „Цветна симфонија“ Хераклеја беше преполна до последно место, а гостите од Македонија и странство ...
Дуото „Силви бенд“ ќе прослави 35 години на сцената со концерт во Охрид денеска (31 јули) во Античкиот театар од 21 часот. Силвана Мучиќ-Плевнеш и Влатко Плевнеш најавуваат концерт со нивни популарни песни, а ќе ги придружува симфониски оркестар. „Сакавме јубилејот да го прославиме токму овде, во мојот роден град, недалеку од семејната куќа каде што го поминуваме секое лето. Многу ми е драго што ќе настапиме со симфониски оркестар, со внимателно ...
Националниот џез оркестар ќе настапи на фестивалот Сплитско лето денеска (30 јули), на плоштадот Перистил, во организација на Хрватскиот народен театар. „Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена“, велат од НЏО. За публиката во Сплит е подготвена уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо. Ќе гостува ...
Хрватската поп-пејачка Јелена Розга до последно место го наполни Античкиот театар во Охрид на нејзиниот прв концерт во овој простор. Енергична и весела на сцената, Розга настапи со нејзиниот бенд и камерен симфониски состав со музичари од Македонија и Хрватска. Публиката на нозе ја дочека сплитската ѕвезда, која е поранешна пејачка на групата „Магазин“ и пееше со неа во текот на целиот концерт. Неколку деца се качија на сцената со подароци за ...
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ денеска (30 јули) ќе има концерт во Сули ан од 20:30 часот и со тоа свечено ќе биде затворено 46. издание на Скопско лето. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се „Четири годишни времиња“ од Вивалди и „Четири годишни времиња“ од Пјацола. Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на ...
„Дизни“ го објави првиот трејлер за третиот дел на „Аватар“, насловен „Fire & Ash“, кој доаѓа во кината на 19 декември. Времетраењето на филмот не е објавено, но режисерот Џејмс Камерон претходно кажа дека ќе биде подолг од „Патот на водата“, кој трае три часа и 12 минути. Трејлерот ги враќа фановите во Пандора и претстави две нови племиња, Винд Трејдерс и народот Еш. „Аватар“, објавен во 2009, останува филм со најголема заработка во ...
Вечерва (29 јули) од 21 часот, во дворот на Европска куќа Велес, поранешниот двор на киното „11 Октомври“, ќе се прикаже холандскиот игран филм „Џипи повеќе го нема“ (Jippie No More). Филмот снимен во 2023 е искрена и топла семејна приказна со доза на хумор. Европската куќа Велес ова лето продолжува со прикажување европски филмови под отворено небо. Во ноември лани, на истото место се одржа настанот „Велес на филм“, кој го реализираа Европска ...
На 25 септември, во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи изборот на Мис на Македонија за Мис на светот. Пет девојки ќе ја претставуваат Македонија на светски избори за убавина, а победничката оди на Мис на светот за 2026. Организаторите на светскиот избор за убавина уште не го објавија местото каде што ќе се одржи натпреварот. „Наместо една, ќе бидат избрани пет победнички кои ќе ја претставуваат Македонија на пет различни ...
„Дестини’с чајлд“ се собраа за првпат по седум години за големото финале на турнејата „Каубој Картер“ на Бијонсе во Лас Вегас. Триото ги изненади обожавателите со мешавина од некои од нивните најголеми хитови. Кели Роуланд и Мишел Вилијамс, исто така, ѝ се придружија на Бијонсе во изведбата на нејзиниот хит од 2022 година, „Енергија“ (Energy). Групата беше на врвот на топ-листите кога членките тргнаа по различни патишта во 2006. Претходно се ...
Виолончелистката од Хрватска Ана Руцнер за првпат ќе свири во Македонија, како гостинка на концертот на Битолскиот камерен оркестар, „Цветна симфонија“, кој ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет Хераклеjа од 21 часот. Ана Руцнер е музичарка со повеќе од 1.000 настапи во над 30 земји ширум светот. Добитничка е на над 30 хрватски и меѓународни признанија, а настапувала и со Хосе Карерас. Руцнер, која е поранешна сопруга на пејачот Владо ...
Њујоршките њу вејв икони „Блонди“ најавуваат нов албум. Гитаристот Крис Стејн кажа дека тој треба да излезе во последното тримесечје од годината и дека ќе содржи снимки од неодамна починатиот тапанар Клем Берк. „Клем свири на целиот албум“, изјави Стејн, додавајќи дека не се сигурни дали ќе одат на турнеја. Берк, кој свиреше на сите претходни албуми на „Блонди“, почина од рак на 70 години во април годинава. Пејачката Дебора Хари претходно изјави ...
Грција ги откри границите на двата планирани национални парка во Јонското и Егејското Море и премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека тие ќе бидат најголемите во медитеранскиот регион. Атина сака да ги воспостави парковите оваа година заради заштита на морските цицачи и желки во Јонското Море и морските птици и фоки во Егејското Море. Мицотакис рече дека тие ќе ѝ помогнат на земјата да ја исполни својата глобална обврска за проширување на ...
Премиерата на биографскиот филм за Мајкл Џексон е повторно поместена. Место во октомври годинава, филмот едноставно насловен „Мајкл“ треба да излезе во кината на 24 април 2026, една година подоцна од првично планираното. Во главната улога е внукот на Мајкл Џексон, Џафар (фото), кој, како што тврдат продуцентите, бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет. Филмот во режија на Антоан Фукуа, по сценарио на Џон Логан, ја раскажува приказната ...
До 28 февруари 2026 ќе трае конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот е објавен на интернет-страницата на Драмски театар Скопје. „Преку овој конкурс, театарот сака да даде поддршка на драмското творештво на младите автори и да ја афирмира современата македонска драма. Право на учество имаат автори, државјани на Македонија, кои до денот на завршувањето на рокот за ...
Новинарот и музички критичар Михајло Грбевски-Мишко утре (18 јули) ќе ја промовира својата прва книга „Rock N`Beat“, што ќе се одржи на платото пред музичкиот салон „До Ре Ми“ во Младински културен центар, со почеток во 12 часот. На настанот ќе настапи кантавторот Јаков Дренковски. Книгата содржи 50-ина интервјуа со домашни и странски музичари кои биле објавени во повеќе печатени медиуми во кои работел Грбевски, како „Екран“, „Време“ и „Нова ...
Дојран ја продолжува традицијата на својот летен музички фестивал и откако оригиналниот Д фестивал замина од градот и од оваа година се одржува во Штип. Новата верзија на Ф-фест ќе трае три дена, 25, 26 и 27 јули и ќе собере 40-ина музички имиња од земјава и регионот. Меѓу најавените учесници се „Суперхикс“, „Ареа“, грчкиот диџеј Мосел, хрватскиот бенд „Ниплпипл“, Мими Мерцедес, Сенида, „Фанк шуи“, „Последен удар“, Никифор, Феки Фарис и други. ...
Креаторите на „Саут Парк“, Треј Паркер и Мет Стоун, постигнаа договор за преселба на сатиричната анимирана серија на стриминг сервисот „Парамаунт+“. Според петгодишниот договор, на „Парамаунт+“ ќе се прикажуваат сите досегашни 26 сезони и ќе има премиера на 50 нови епизоди. Големите стриминг платформи неколку месеци наддаваа за „Саут Парк“, која досега се емитуваше на „Ејч-Би-О макс“. Според „Лос Анџелес тајмс“, зделката со „Парамаунт+“ е вредна ...
Вечерва (24 јули) од 21 часот, во паркот кај ОУ „Васил Главинов“ во Велес, концерт ќе одржи гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, насловен „Балканско патување“. Концертот е дел од содржините на Велешко лето. На концертот ќе настапат и Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Програмата нуди нов музички поглед кон балканското културно наследство, со традиционални мелодии од ...
По половина година, хит претставата „Синиот портокал“ повторно се враќа на сцената и велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе ја изведе вечерва (18 јули) во Демир Хисар на тамошното Културно лето. Ќе се игра од 20 часот во Центарот за култура. Претставата е една од најдолго играните на Велешкиот театар, со 101 изведба до средината од јануари. По смртта на актерот Самоил Стојановски, претставата беше на пауза. „Имаме долг кон ...
Популарниот албански пејач Ил Лимани ќе одржи концерт на отворено во Скопје на 20 август, објави организаторот „Авалон“. Локацијата ќе биде Стадионот на АРМ во Градски парк. „Еден од најголемите современи албански поп артисти Ил Лимани доаѓа во Скопје со големо шоу на отворено, придружуван од десетмина врвни музичари и светска продукција, звук и светло“, најави „Авалон“, додавајќи дека влезниците се по цена од 1.500 и 2.500 денари. Лимани е ...
Публиката во Сао Пауло со овации ги поздрави трите настапи на македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески на 17, 18 и 19 јули. Како што соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“, Трпчески на 13 јули имал рецитал во Сао Пауло, а потоа три вечери настапил како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Пауло, под диригентство на Васили Петренко. Трпчески учествувал во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од ...
Утре (18 јули) во 20 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори изложбата „Флора Имагинариум“ на графичкиот дизајнер Зоран Кардула. „Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани од флората, фантазијата и визуелниот јазик на маркетингот“, стои во најавата за изложбата. Делата на Кардула се карактеризираат со експресивни ...
Вечерва во 20:30 часот во Охрид почнува Фестивалот на нов европски филм Бич филм фестивал. Отворањето е на плажата „Славија“, по што ќе следат проекции на филмовите „Амра“ од 20:45 и „Состојба на умот“ од 21 часот. На плажата „Сараиште“ од 20.30 часот ќе се прикаже „15 години и еден ден“, а од 22 часот „Млад шаман“. Фестивалот ќе трае до 27 јули на четири локации на отворено: плажите „Славија“ и „Сараиште“, Младински центар во Охрид и бродот ...
Билетите за епскиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан почнаа да се продаваат цела година пред премиерата на 17 јули 2026 и веќе се препродаваат за повеќе од 500 долари, откако се распродале во рок од неколку часа од нивното објавување. Билетите за филмот, чие снимање е во тек, беа пуштени во продажба на 17 јули. Премиерните проекции ќе се одржат низ целиот свет, во одредени градови во САД и Канада, како и во Лондон, Мелбурн и Прага, во ...
Петнаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски освои бронзен медал во категоријата десетка на Европското првенство во билјард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Ова е негов четврти настап на големите европски натпреварувања, а најдобриот пласман досега му беше петтото место. Младинците играат во четири дисциплини, а некои земји се натпреваруваат и во екипна конкуренција. До својот прв медал, Ѓурчиновски стигна со пет победи ...
Некои кампери уживаат во одмор во камп само со обичен шатор и вреќа за спиење, но има и такви кои не се големи љубители на такво сурово искуство. За нив, „глампингот“ е идеална алтернатива. Глампингот е спој на гламур и кампување е начин љубителите на природата да се поврзат со неа со стил. Во светот има повеќе луксузни сместувачки капацитети кои се различни од традиционалните кампови, како што се приватни бањи и големи кревети. Цените во ...
Вечерва (20 јули) од 21 часот во предворјето на црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи младинскиот интернационален оркестар „Фејмс“. Концертот е насловен „Либертанго“, и е во рамките на фестивалот Охридско лето. Гостува виолинистката Русанда Панфили е од Молдавија, која е композиторка и аранжерка. Таа свири различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк ...
Игор Џамбазов и „Гуру харе бенд“ сношти (19 јули) го наполнија Античкиот театар во Охрид. Актерот за првпат го донесе својот блуз на овој простор, а во Охрид со бенд одржа концерт по 27 години. „Не знам дали е до мене или до вас, овде ме немаше никој покането да пеам толку време. А, имаме што да раскажеме Охрид и јас за сите мои лета овде, во кампот ‘Градиште’, рече Џамбазов. Секоја негова песна е како што рекоа со гитаристот Гуру Харе, блуз кој ...
„Ворнер брос“ објави дека серијата „Стјуарт не успева да го спаси универзумот“, спиноф серија на „Теоријата за Големата експлозија“, доаѓа на „Ејч-Би-О макс“. Според соопштението, новата серија ќе се фокусира на сопственикот на продавница за стрипови Стјуарт Блум, кој „треба да ја врати реалноста откако ќе скрши уред изграден од Шелдон и Леонард, случајно предизвикувајќи мултиверзумски aрмагедон“. Кевин Сусман го играше Стјуарт во „Теоријата за ...
Турскиот ансамбл „Реј“ вечерва ќе настапи на фестивалот Охридско лето во црквата „Св. Софија“ од 21 часот. Ансамблот го сочинуваат мецосопранистката Ирем Бушра- Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу, тенорот Берк Озбек и Алпер Акгул на пијано. „Репертоарот на ансамблот ‘Реј’ на специфичен начин ги комбинира богатството и универзалниот јазик на класичната музика со длабочината и уникатноста на турската музичка култура. ...