Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Израелската пејачка Јасмин Леви ќе одржи уште еден концерт во Скопје, на 17 октомври во Филхармонијата, објави таа на својот фејсбук профил. Леви настапи во Филхармонијата на 7 април. „Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер“, напиша пејачката. Леви е родена и израсната на Блиски Исток. Пораснала под влијание на разни музички ...
Струмица по четврти пат ќе биде домаќин на големата забава на отворено „Get EXITed“, што ќе се одржи на 7 септември. Како главна ѕвезда е најавен британскиот диџеј и продуцент Џекс Џонс, автор на глобалниот хит „I Got U“. Во Струмица доаѓа и хрватскиот пејач Бејби Лазања (фото), кој лани го освои второто место на Евровизија со песната „Рим тим таги дим“, што му донесе огромна популарност во регионот. Како трет учесник е потврден Бајага со ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе ја има својата азиска премиера на крајот на месецов, на 11. издание на филмскиот фестивал Бакунава во Манила, Филипини. Фестивалот, кој го носи името на митска морска змија од филипинскиот фолклор, е специјализиран за жанровски филмови: научна фантастика, хорор и анимација. „Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно толку ...
По Боб Дилан, ова е концерт за кој најмногу сум се борел да го реализирам, изјави сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошевски, пред настапот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв во Скопје. Концертот ќе се одржи на 22 август на стадионот на АРМ во Градски парк. „Единствено што сум се борел олку крваво беше да го донесеме Боб Дилан во Македонија и тогаш со брат ми моравме да направиме некоја научна фантастика. Како мој современик кој го ...
Тамара Тодевска и Каролина Гочева велат дека се многу задоволни од нивните настапи на фестивалот Струмица опен. Тодевска со бендот настапи на втората вечер на 12 август, а Гочева следниот ден. Концертите се одржаа во Градскиот парк. „На Струмица опен секогаш имаме распеана и весела публика. Мило ми е што овој фестивал дава поддршка, пред сѐ, на домашните артисти, младите уметници во подем, но и на веќе докажани ѕвезди, а мои соработници и ...
Втората сезона на „Никој не го сака ова“ се ближи, а на првите фотографии од новите епизоди на хитот на „Нетфликс“, Ноа и Џоан се чини дека се многу блиски. Серијата номинирана за „Еми“ се враќа на „Нетфликс“ на 23 октомври. Првпат ја запознавме двојката во септември 2024, кога подкастерката Џоан (Кристен Бел) се вљуби во згодниот рабин Ноа (Адам Броди) и сериозно размислуваше да се преобрати за да биде со него. Длабочината на нивната врска ги ...
Легендарниот американски метал бенд „Мегадет’ објави дека неговиот следен албум ќе биде и последен. Бендот основан од Дејв Мастејн по неговото, сега веќе епско исфрлање од „Металика“ кажа дека албумот ќе биде проследен со проштална турнеја. „Има толку многу музичари кои дојдоа до крајот на својата кариера, без разлика дали случајно или намерно. Повеќето од нив не можат да си одат по свои услови додека се на врвот и тоа е местото каде што сум во ...
Ќе се снима биографски филм за пејачката Шинед О’Конор, која почина во 2023 на 56 години. „Вараети“ објави дека е во подготовка филм кој ќе ја раскаже приказната за раните години од животот и кариерата на легендарната ирска музичарка. Ќе го режира Џозефин Декер. Зад проектот стои ирската продуцентска компанија „Ие: Ентертејнмент“, која го продуцираше документарецот за О’Конор, „Ништо не се споредува“. Според „Вараети“, биографскиот филм ќе ги ...
Мјузиклот од Бродвеј „Мама миа“ ќе гостува на 18 октомври во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. „На сцената ќе видиме 50 уметници, хор, балет и оркестар. Се подготвува спектакл со импресивна сценографија, светлосни ефекти, динамични проекции и раскошни костими. Со повеќе од две децении на Бродвеј, Вест Енд и на другите најпрестижни сцени ширум светот, мјузиклот доаѓа и кај нас“, велат од продукцијата. Детали за ...
Дензел Вашингтон има девет номинации за Оскар и двa освоени (за најдобра споредна улога за „Слава“ и за најдобар актер за „Ден на обука“), но тој не им придава никаква вредност на таквите награди во кариерата. Вашингтон рече дека ниедна актерска одлука што ја носи нема врска со освојувањето награди. „Не го правам тоа за оскари. Не ме интересираат такви работи. Долго време сум во ова и имало моменти кога сум победил, а не требало да победам, а ...
„Молитва“ е новата песна на Ивона Јо. Темелко Андреев ги напиша текстот, музиката и аранжманот, а тој е и режисер на спотот. За „Молитва“ вели дека е нејзина автобиографска песна. „Ова не е само музичко издание, туку огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник, себеси. Испеав универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативни коментари, осуди и сомнежи, оние невидливи, но тешки товари што се ...
Околу 600 автори од над 80 држави учествуваат со 800 дела на второто Меѓународно биенале на минијатурна уметност (МБМБ) во Битола, кое се отвори синоќа (12 август) во Културно-информативниот центар – Офицерски дом. Биеналето е организирано и реализирано од неговиот раководител Владо Ѓорески, кустос и графичар, кој е и раководител на Меѓународното графичко триенале во Битола. После Битола, биеналето ќе биде презентирано во Грција, Србија и ...
Елена Васова со песната „Љубов“ е македонски претставник меѓу суперфиналистите за регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“ за 2025. Доделувањето ќе се одржи во Макарска на 21 септември. Фондацијата „Милан Младеновиќ“, која го носи името на култниот фронтмен на групата „Екатарина велика“, кој почина во 1994, секоја година доделува награди на млади музичари од регионот. Во 2022, наградата ја доби македонската кантавторка Дина Јашари за ...
Дуото Тоби и Дејан ја сними новата рок песна „На зајдисонце“. Ја напиша пејачот Деан Коцевски, а приказната за песната е инспирирана од една негова фотографија направена на зајдисонце во Виена. „Ова музичко патување започна со една фотографија. Еден сончев декемвриски ден, возејќи низ виенските улици со велосипед, овековечив еден кадар со мојот телефон, момент кој беше искра за создавање на оваа песна. Инспириран од шармот на Виена, добив идеја ...
На 21 август од 21 часот, на летната сцена на Домот на млади во Штип ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески. Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Дани Димитровска (фото), Антониа Гиговска, Бени и „Нон стоп“, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Зоран Илиев, Марија Данева, Мики Секуловски, Лили Чили, дуо „Брајт“, Андријана Петрушовска, Наташа Малинкова, Вики и Мана и „Д Хаундс“. Од 10 до 16 часот во Домот на млади е крводарителската ...
Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека го продолжуваат договорот за снимање филмови и ТВ-емисии со „Нетфликс“, што ќе трае повеќе години. Меган рече дека таа и Хари биле инспирирани од партнерството со „Нетфликс“ да „создадат промислена содржина што резонира глобално и ја слави заедничката визија“. Не е објавено колку чини договорот. Претходниот договор од 2020 наводно имал вредност од околу 100 милиони долари. Најавата доаѓа пред втората ...
Најдобар филм на 9. издание на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга, е „О“ на Рунар Рунарсон, одлучи жирито во состав Никола Ристановски, Јелена Јованова, Гуидо Казале и Бранко Ристовски. За најдобар филм во студентската програма e прогласен „Невидлива сестра“ на Нели Рајала, а најдобар во регионалната програма е филмот „Треба да зборуваме за Дилан“ на Умут Шилан Огурлу. Во категоријата најдобар филм од македонската програма специјално признание ...
„Жал ми е што со честите преработки на македонски народни песни некои пејачи ја расипуваат нашата традиционална музика“, вели композиторот Григор Копров. Последниве години, тој слушал многу преработки на традиционални песни од пејачи за кои вели дека „не можат да ги износат“. „Не мислам тука на преработките на патриотските песни, туку на изворните. Ако преработиш песна, треба да внесеш некоја иновативност. Ова што го слушам се многу лоши копии, ...
„Зошто“ е новата песна на сестрите Илина и Јована Николовски. Автор на песната е Сашо Николовски, а миксот и мастерингот се на Дарко Јовановски. За песната е снимен и спот во режија на Дарко Јовановски. Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Покрај музиката, Илина и Јована осум години посетуваат часови по глума во драмско студио. „Досега имаме снимено 16 свои ...
Тејлор Свифт го најави својот 12. студиски албум насловен „The Life of a Showgirl“ по бројни шпекулации од фановите во изминатите 24 часа, поттикнати од нејзиниот маркетиншки тим. Претходниот албум на Свифт, објавен минатата година, го собори рекордот на Спотифај за најмногу стримувања во еден ден. Засега не е потврдено кога точно излегува албумот. Фановите кои веќе го нарачале албумот добиле порака дека нема да им биде испратен пред 13 ...
Публиката на Охридско лето синоќа (10 август) пулсираше во духот на афробит ритамот, на концертот на Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, пејач и саксофонист Шеон Кути, под диригентство на Џијан Емин. Познат по своите атрактивни изведби и социјално ангажирана музика, Кути е најмладиот син на пионерот на афробитот Фела Кути и поголемиот дел од својот живот го поминал зачувувајќи го и продолжувајќи го политичкото и ...
„Специјалиста“ е новата песна на поп-пејачката Антониа Гиговска од авторскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, со кои таа долго соработува. За новата песна е снимен и спот во режија на Даниел Јовески. „‘Специјалиста’ е песна која дојде многу случајно и е женска приказна. Ова е можеби најтешката песна за мене досега од причина што се снимаше набрзина, со многу статисти, многу непредвидливи работи на сетот (двапати ни заврна дожд и не можевме ...
Од 14 до 30 август, во Братиславскиот замок во Словачка ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Пеперутки во душата“ (Butterflies in the Soul). Македонија годинава ќе биде претставена од двајца уметници: Филип Фидановски со седум скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска со четири слики од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од ...
Лиам Галагер го опиша градскиот совет на Единбург како „група змии“ на првата вечер од долгоочекуваните шкотски концерти на „Оејзис“ на стадионот Марејфилд. Пејачот рече дека дуото „сè уште чека извинување“ од локалните власти поради извештајот во кој се сугерираше дека фановите на бендот ќе бидат „гласни“ и „пијани“. Галагер го даде коментарот за време на концертот во петокот пред околу 70.000 фанови на националниот рагби стадион. Тие ќе ...
Оваа година, неколку европски земји воведоа високи казни за лошото однесување на туристите. Замислете ја сцената: вашиот лет штотуку слета во Анталија, Турција, и едвај чекате да излезете од авионот. Се откопчувате, скокате од седиштето и ја земате торбата од горното шкафче, желни да го започнете вашиот одмор. Но, стјуардесата ве трга настрана и ви издава брза казна од 62 евра затоа што сте прекршиле ново правило: од оваа година, откопчувањето ...
Вечерва, (10 август) од 21 часот, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во рамките на Охридско лето. Гостин солист е саксофонистот и пејач Шеун Кути од Нигерија, кој се смета за музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин. „Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и ...
Метју Лоренс, кој беше тинејџер кога глумеше покрај Робин Вилијамс во блокбастер комедијата од 1993, „Госпоѓа Даутфаер“, изјави за „Ентертејнмент Викли“ дека е заинтересиран да го воскресне гласот на починатиот Вилијамс користејќи вештачка интелигенција. Вилијамс почина во август 2014 година на 63 години. Лоренс го глумеше Крис, синот на Вилијамс во филмот. „Би сакал, со почит и со одобрение од неговото семејство да направам нешто навистина ...
Рок бендот „Ареа“ ќе одржи концерт во Велес вечерва, (9 август) од 21 часот во рамките на Велешко лето 2025. Концертот на гостиварската група е кај плочата позади ООУ “Блаже Конески”, а пред нив ќе настапи диџеј Зорбитал. . Групата „Ареа“ е формирана во 1991. Наредната година на скопскиот Поп-рок фест ја освои првата награда и доби можност за снимање деби албум. Албумот наречен „Случајно тука”, продуциран од музичката продукција на Македонската ...
Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска, професорка по пијано и придружен вокал која загина во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, на неговиот концерт сношти (8 август) во Античкиот театар во Охрид. Јаневски се расплака додека се сеќаваше на Пројковска која долго пееше како негов придружен вокал. „Морам да го кажам ова. Лани на оваа сцена бевме 10, сега сме 9, Сара отиде. На концертите во Филхармонија во Скопје ми рече: ...
Нов документарец за Ози Озборн ќе го прикаже „последното поглавје“ од неговиот живот, вклучувајќи ги и неговите подготовки за настапот на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во Бирмингем во јули. Сниман во текот на три години, „Ози Озборн: Враќање дома“ ја раскажува приказната за животот на пејачот и неговата сопруга Шерон (фото) додека се обидуваат да го остварат својот долгогодишен сон за враќање во Велика Британија. Филмот ќе ги покаже и ...