Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Џуд Ло се трансформираше во Владимир Путин во новиот филм на Оливие Асајас, „Волшебникот од Кремљ“, кој имаше премиера вчера на Венецискиот филмски фестивал. Ло претходно кажа дека не влегол наивно во овој проект и дека не стравува од последици поради портретирањето на рускиот лидер. „Се чувствував безбедно во рацете на Оливие. Ова е приказна што требаше да биде раскажана интелигентно, со нијанси и внимание. Не баравме контроверзи само заради ...
Поп-пејачот Горан Наумовски вели дека му е драго што ја преработил неговата омилена песна „Прости ми“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски беше ревијален гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури и ја испеа оваа песна со која претходно настапи на концертот „Најдоброто од Копров“ во јули 2024 во рамките на Скопско лето. Григор Копров е автор на музиката на оваа песна, Оџаклиевска го напиша текстот, а оригиналниот аранжман е на Живоин Глишиќ. ...
Филмот „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо доби 13-минутни стоечки овации на филмскиот фестивал во Венеција, најдолгите досега на фестивалот. Оскар Исак, кој го игра лудиот научник, и Џејкоб Елорди, кој го отелотворува неговото монструозно создание, се расплакаа додека публиката продолжи да аплаудира. За време на долгите овации, дел Торо ги прегрнуваше Елорди и Исак. Научно-фантастичниот филм кој се натпреварува за престижниот Златен лав на ...
Лејди Гага која ја продолжува својата доминација на овогодинешните Ем-Ти-Ви видео музички награди, ќе настапи на шоуто кое ќе се одржи во Њујорк на 7 септември, објавија организаторите. Гага која е добитничка на Греми, има најмногу номинации, вкупно 12, вклучувајќи ги и оние за пејачка на годината и за најдобар албум. Гага има долгогодишна историја со наградите, со вкупно 57 номинации во текот на нејзината кариера. Таа се придружува на листата ...
Aмериканската актерка Џулија Робертс за првпат беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, за премиерата на својот најнов филм „По ловот“. Режисер на филмот е Италијанецот Лука Гвадањино, а глумат и Ајо Едебири и Ендру Гарфилд. Филмот за првпат во кариерата ја донесе Робертс на познатиот црвен тепих во Лидо. Робертс ја игра Алма Олсон, професорка по филозофија на Универзитетот „Јеил“ чиј живот се менува кога нејзината долгогодишна ...
Со хитот „Принцеза“ кој го испеа во дует со хрватскиот рокер Дадо Топиќ, фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури се сети на српската аванградна уметница и пејачка Слаѓана Милошевиќ, која почина во март во 2024 во Белград. Во чест на Милошевиќ, водителката на фестивалот Марјана Станојковска испеа дел од песната, и со неа го најави гостинот Дадо Топиќ. Хрватскиот рокер со песната „Македонија“ го затвори фестивалот кој го по 32. пат се одржа ...
Фотографирањето додека патувате е можност да создадете траен спомен од незаборавни искуства, знаменитости и активности, но има места во светот каде што фотографирањето е забрането со закон, Во 17 век, царот Шах Џахан наредил изградба на мавзолеј во чест на неговата сопруга Мумтаз Махал. Денес, Таџ Махал во Агра е најпознатата туристичка атракција во Индија, која прима 7 до 8 милиони посетители секоја година. При посета, постојат голем број важни ...
Македонско- словенечката музичарка Жаклина Крстевска- Петек со етно групата „Калина“ често настапува во Словенија со македонски изворни песни. Крстевска е родена и живее во Љубљана, по мајка е Словенка а по татко Македонка. Сношти (29 август) таа настапи во на фестивалот Охрид фест на сцената на „Долни Сарај“ и испеа песна за нејзиното македонско потекло, во дует со Благица Павловска. „Во 2010 ја основавме етно групата ‘Калина’ во која сме шест ...
На 5 септември во камерната сала на Филхармонија од 20 часот, концерт ќе одржи оркестарот „Ноу бордерс“ во кој членуваат музичари од поранешните југословенски републики. Концертот е во рамките на нивната регионална турнеја „Turning Point“. Од ансамблот, кој постои десет години, велат дека неговата цел е преку музиката да ги надмине етничките, религиозните и националните разлики. Во 2023 ја доби наградата „Шампион на регионална соработка“, која ...
Во септември, претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија. „Фетишист“ на 9 септември ќе гостува на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12 септември ќе се игра претставата „Ричард Трети“. „Снежана и седумте џуџиња“ на 13 септември гостува на театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, а на 16 септември на театарскиот фестивал „Силјан штркот“ во Прилеп. „Рибарски ...
Џорџ Клуни се разболе пред премиерата на новиот филм „Џеј Кели“, што се одржа вчера на Филмскиот фестивал во Венеција. Американскиот режисер Ноа Баумбах им рече на новинарите дека додека работел на проектот со британската актерка и сценаристка Емили Мортимер сфатил дека улогата е измислена за харизматичниот Клуни. „Уште на почетокот си кажавме дека ова ќе биде Џорџ“, рече Баумбах, додавајќи дека им било важно главниот актер да биде глобална ...
Главната награда „Кромид“ за најдобар долгометражен филм на 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја доби „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ. Фестивалот беше затворен синоќа откако од 21 август се одржуваше под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“. Комисијата во состав Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова едногласно го награди „Земја и крилја“ за „прецизноста на избраната дистанца, измерена со ...
Петтата сезона на хумористично-криминалистичката серија „Само убиствата во зградата“ ќе има премиера на 9 септември, објави стриминг сервисот „Хулу“. Тогаш ќе бидат емитувани првите три епизоди, а следните ќе одат еднаш неделно. Откако нивниот сакан портир Лестер умира под сомнителни околности на крајот на четвртата сезона, Чарлс, Оливер и Мејбл одбиваат да веруваат дека станува збор за несреќа. Нивната истрага ги носи во мрачните агли на Њујорк ...
„К-поп ловци на демони“ стана најгледаниот филм во историјата на „Нетфликс“, објави оваа стриминг платформа. Откако беше објавен во јуни, анимираниот мјузикл бил гледан повеќе од 256 милиони пати, преземајќи го првото место од акционата комедија „Црвена потерница“. „К-поп ловци на демони“ стана неочекуван глобален хит, при што песните од филмот се меѓу најстримуваните на „Спотифај“. Песната „Golden“ дури се најде на првото место на американската ...
Новото издание на меѓународниот фестивал „Песните на Тоше“ ќе се одржува од 15 до 19 октомври во Скопје, најави организаторот Марјан Катароски од Прилеп. „Овој настан ги слави безвременската музика и хуманоста на Тоше. И годинава очекуваме млади пејачи од цела Европа кои ќе ги пеат неговите песни. Желба ни е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески и да ги пеат и новите генерации. Ќе се пеат на јазикот на кој се снимени“, вели Катароски. ...
Со претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – своето не го даваме“, Драмски театар од Скопје вечерва (28 август) гостува на Бриони во Хрватска, во театарот „Улисис“, кој е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена на големата сцена на локалитетот Мали Бриони. Гостувањето на Бриони ќе биде шеста изведба на пиесата, со што се заокружува сезоната на ...
Утре (29 август) на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид започнува фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, кој ќе се одржи по 32. пат. Првата вечер е фолк, а на 30 август е интернационалната вечер со поп музика, кога ќе настапат млади и искусни пејачи од Балканот. Меѓу гостите се српскиот евровизиски претставник Принц (фото) и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ќе ја испее песната „Небо“, со која во јули победија на ...
Во кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје по вторпат се отвори донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. Акцијата трае до 18.септември, а старите книги, плочи и цедеа можат да се донесат во книжарницата од понеделник до сабота, од 8 до 13 и од 17 до 22 часот. Акцијата е дел од второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“, што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура ...
На 28 август од 20 часот, во Реонскиот парк во Ѓорче Петров концерт ќе одржи хрватскиот бенд „Адонаи“ со поп, рок и госпел музика. Концертот е во рамките на манифестацијата Културно лето во Ѓорче Петров. Следниот ден е вечерта наречена „На свирка во Ѓорче“, при што диџеј сет ќе има Вера Јанковиќ со најголемите светски хитови од 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите и ќе свири рок бендот „Деј оф“. Викендот е посветен на најмладата публика. На 30 ...
Во скопскиот Драмски театар се одржа првата проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“, чија премиера ќе биде во втората половина на октомври. Ова е второ гостување на режисерот Ненад Витанов во Драмски театар. Тој на првата проба рече дека „Куршуми над Бродвеј е негова драматуршка обработка и адаптација на познатиот истоимен филм, напишан од Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран за седум оскари, меѓу кои и за најдобро сценарио. Во ...
Владимир Четкар преку својата авторска песна „Охрид“, чиј ремикс го направи англискиот диџеј и продуцент Доктор Паркер, се слуша во дискотеките во светот, а во Велика Британија е одлично прифатена, велат од тимот на џез гитаристот. „Се радувам што македонскиот јазик за првпат се слуша во британските ноќни клубови, и тоа песна за Охрид“, вели Четкар. „Песната ‘Охрид’ содржи еден дел на македонски јазик и е фузија на повеќе универзални стилови, ...
Mакедонската премиера на новиот долгометражен документарен филм „Планината не оди никаде“ на словенечката авторка, режисерка и продуцентка Петра Селишкар на 16. МакеДокс помина со овации и аплаузи Куршумли ан. „Планината не оди никаде“ е приказна за браќа кои со своето стадо овци најголемиот дел од годината го поминуваат високо во планината, на околу 2.400 метри надморска височина под врвот Солунска Глава. Покрај овците, одгледуваат 30-ина ...
Мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman), во кој игра Џенифер Лопез, ќе игра во кината од 10 октомври. За филмот, кој е делумно продуциран од нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек, Лопез рече дека е личен пресврт за неа и го нарекува „омилено филмско искуство“. Откако заврши нејзината турнеја, која беше распродадена, Лопез се подготвува за промоцијата на мјузиклот на Бил Кондон, за кој се потрошени 30 милиони долари. Во ...
Холивудската ѕвезда Вил Смит ја започна британската етапа од својата прва европска турнеја во Скарборо. Добитникот на Греми и Оскар го избра одморалиштето на брегот на Северен Јоркшир за да ја започне турнејата „Врз основа на вистинска приказна“, настапувајќи пред повеќе од 6.000 луѓе. Турнејата следува по објавувањето на неговиот прв албум по 20 години. Смит, најпознат по своите улоги во ТВ-ситкомот „Принцот од Бел-Ер“ и филмови како „Мажи во ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Фестивалот на научната фантастика во Сиднеј. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври, а „Јон Вардар“ конкурира за наградата за најдобар игран филм „Рон Коб“, именувана по легендарниот концептуален уметник. „Фантастиката за мене отсекогаш била средство да зборувам за ...
Со култниот филм „Казабланка“ (фото) на режисерот Мајкл Кертиз започнува септемвриската програма во Кинотеката на Македонија. Филмот ќе игра на 1, 2 и 3 септември од 20 часот. Во главните улоги се Хемфри Богарт, Ингрид Бергман и Питер Лоре. На 3 септември ќе се прикажат македонскиот анимиран филм „Образец Б-16“, режија и сценарио на Иван Ивановски и популарниот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. На 6 септември од 20 часот игра „Прашина“ ...
Поп-пејачката Ангела Здравковска, која живее во Берово, ја преработи изворната малешевска песна „Да ти купам мека махмудија“, која оригинално ја испеал Љупчо Дучевски, а сега, како што вели, таа добива едно ново, современо руво. Аранжер и продуцент на новата верзија е Диран Тавитјан. „Во соработка со маестро Диран Тавитјан, создадовме верзија која ја носи душата на Малешевијата, но зборува и на јазикот на новото време: џез, емоција и искреност. ...
Алекса Реј Џоел зборуваше за здравјето на нејзиниот татко Били Џоел, додека легендарниот пејач се бори со мозочно нарушување. Џеол (76) во мај објави дека му е дијагностициран хидроцефалус кој влијае на неговиот вид, слух и рамнотежа. Пејачката на „Риверсајд Веј“, која е ќерка на Били и неговата поранешна сопруга, супермоделот Кристи Бринкли, 71, рече дека нејзиниот татко бил „неверојатно отпорен“ во однос на неговите здравствени проблеми. „За ...
Повеќе од 30 години откако починатата пејачка и текстописец Шинед О’Конор беше забранета на Саботното вечерно шоу на „Ен-Би-Си“ поради нејзиниот озлогласен настап во кој искина фотографија од папата Јован Павле II, продуцентот на шоуто Лорн Мајклс, рече дека би ја замолил повторно да се појави на прославата по повод 50-годишнината од емисијата. Во ново интервју, 80-годишниот Мајклс зборуваше за заедничката изведба на песната „Ништо не се ...
Актерката Хелен Мирен, една од ѕвездите на „Клубот на убиства во четврток“, филм за група пензионери кои уживаат во решавање на нерешени случаи на убиства, рече дека е одлично да се видат животните искуства на постарите луѓе како се слават на екранот. Осумдесетгодишната Мирен ја игра поранешната шпионка Елизабет Бест во новата мистерија на „Нетфликс“, која заедно со нејзините пензионирани пријатели кои ги играат Пирс Броснан, Бен Кингсли и ...