Леонардо ДиКаприо кажа дека чекал 28 години да работи со режисерот Пол Томас Андерсон, уште откако ја одбил главната улога во неговиот, сега култен филм „Ноќи исполнети со буги“. Двајцата конечно се споија во филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), кој имаше премиера во Кинескиот театар во Холивуд, но ДиКаприо призна дека сега би прифатил секаква понуда за снимање од Андерсон. „Би глумел во секој филм за кој би ме повикал, но ...

Вечерва (9 септември) од 20 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се игра претставата „Народен пратеник“ (фото) на Македонскиот народен театар (МНТ), што е во рамките на 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Од 22 часот е уште една претстава на МНТ, „Бели ноќи“. Фестивалот се отвори на 8 септември и ќе се играат претстави од Македонија, Србија, Бугарија и Италија. Првата претстава на МНТ, „Народен ...

Во организација на националната установа „Ацо Шопов“ во Штип, од 10 до 15 септември ќе трае 13. издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“. „Фестивалот ќе биде отворен со едночасовен концерт на бендот ‘Петко 5+‘, a во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи и да учествува на специјална театарска работилница за деца и младинци“, вели директорот на ...

Фестивалот Егзит објави дека нема да се пресели во Скопје или Египет, но и дека во овој момент нема можности за негово одржување во Србија зашто му е ускратено државното финансирање. „Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија следната година, зашто поради нашата поддршка на студентските протести ускратено ни е целокупното државно кофинансирање на локално, покраинско и републичко ниво. Од истите причини, Егзит остана и без ...

Издавачката куќа „Мртов коњ“ најави серија настани во Скопје оваа недела, при што од денеска до 12 септември ќе се одржат неколку концерти и една работилница. Ќе има и гости од Хрватска, САД, Италија и Виетнам. Стражар (Мартин Џорлев) денеска ќе одржи концерт во Канал 103 од 20 часот, а утре во „Паб Ѕе“ од 21 часот настапуваат хрватското гараж-панк трио „Дед џоук“ и „Кајзер Созе“. На 10 септември, во „Буква“ ќе има работилница за теремин и ...

Српската рок група „Канда, коџа и Небојша“ се враќа во Скопје по повеќе од десет години пауза. Таа ќе одржи концерт во „Јавна соба“ на 27 септември со почеток во 21 часот. Предводен од пејачот Оливер Нектаријевиќ, бендот беше формиран во 1990 во Белград, а првиот албум го објави шест години подоцна. Досега има издадено девет студиски албуми. Музиката на „Канда, коџа и Небојша“ претставува мешавина од алтернативен рок, даб и реге, но вистински ...

Македонија, како и големи делови од Европа, Азија, Африка и Австралија, ноќеска можеа да уживаат во феноменот на „крвава месечина“ за време на затемнувањето на Месечината. Кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнуваат, сенката што ја фрла планетата врз нејзиниот сателит ја прави да изгледа морничаво црвена. Луѓето во Азија, особено во Кина и Индија, имаа најдобар поглед на целосното затемнување, додека над Европа беше делумно. Последното ...

На 8 септември во Македонскиот културен центар во Загреб почнува Фестивалот на македонски филм, со кој Амбасадата на Македонија во Хрватска и КИЦ во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска ќе го одбележат Денот на независноста. Фестивалот трае до 30 септември. Отворањето е посветено на почетоците на македонската кинематографија со ...

На 14 март 2026, во салата „Борис Трајковски“ заеднички концерт ќе одржат хрватските пејачи Петар Грашо и Дорис Драговиќ. Грашо е чест гостин во Македонија, а Драговиќ одамна немала концерт во Скопје. Во екот на најголемата популарност, Драговиќ во 1987 одржа седум последователни концерти во Универзална сала во Скопје. Тие следеа по нејзиниот настап на Евровизија во Берген во 1986, кога ја претставуваше Југославија со песната „Желбо моја“ (Жељо ...

Сценаристот и режисер Џејмс Ган, кој сега претседава со „Ди-Си студиос“ заедно со продуцентот Питер Сафран, сподели на Инстаграм дека новиот филм за Супермен наречен „Man of Tomorrow“ ќе пристигне во кината на 9 јули 2027. „Супермен“ излезе во јули и имаше уникатен пристап кон популарниот суперхерој, при што е приказна за имигранти. Неговиот Човек од Челик, портретиран од Дејвид Коренсвет, ги избегнуваше клишеата. Коренсвет и британскиот актер ...

Крис Нот се врати на глумата по четиригодишна неформална пауза по неколку обвинувања за сексуален напад. „Блок“, хорор филм за блокадата на еден писател, е неговата прва филмска улога од „Божиќна свадба во Њујорк“ од 2020 и негова прва улога воопшто откако последен пат го повтори својот препознатлив лик на Господин Биг во продолжението на „Сексот и градот“, „И едноставно така“. На својот фејсбук профил, Нот напиша: „Холивуд се обиде да ми го ...

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, ќе ја игра Лара Крофт во новата ТВ-серија „Томб рајдер“. Серијата е создадена и напишана од креаторката и ѕвезда на „Флибег“, Фиби Волер-Бриџ. „Томб рајдер“ е базирана на компјутерската игра за фиктивната авантуристка и археолог Лара Крофт, која претходно ја глумеа Анџелина Џоли и Алисија Викандер. „Неизмерно сум возбудена што ја прифатив улогата. Лара е легендарен лик, кој им значи толку многу на ...

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес обезбеди и испорача детска литература од македонски автори за децата од училиште во Мелбурн. Собрани се стотина наслови. „Се спроведе активност за обезбедување детска литература од велешки и македонски автори за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ...

Кога Дејвид Боуви почина во 2016, неговиот подарок за збогум беше албумот „Blackstar“, инспириран од неговата дијагноза за рак и прифаќањето на смртноста. Но, во последните месеци од животот, тој започнал и друг проект, опишан во неговите белешки како „мјузикл од 18. век“. Наречен „The Spectator“, постоењето на делото не им било познато дури и на неговите најблиски соработници, сè додека белешките не биле откриени заклучени во неговиот кабинет ...

Диригираше маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот, заедно со виолинистката Ирина Мурезану од Романија, ги свиреше „Годишните времиња“ на Вивалди, „Романската рапсодија“ од Енеску и свитата „Свети Пол“ од Холст. „ Навистина е голема чест и огромно задоволство што сме први кои го донесоа ова концертно искуство во Босна и Херцеговина. За нас оваа турнеја е инспирација, но и потврда дека музиката навистина нема граници“, рече Дашиќ. Турнејата ...

Вчера (4 септември) во преполната киносала во Валандово, ансамблот „Распеани валандовчани“ го промовираше новото винил издание, второ во својата 50-годишна историја. „Настанот во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот беше повеќе од промоција. Беше ретроспектива, концерт, почит кон корените и спомен на луѓето кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Настанот беше осмислен како наративно и визуелно патување ...

„Редиохед“ најави европска турнеја од 20 датуми во ноември и декември, што ќе бидат првите настапи во живо на рок-групата по седум години пауза. „Минатата година се собравме на проба, чисто од зезање. По седумгодишна пауза се чувствувавме навистина добро што повторно ги свириме песните и што можевме повторно да се поврземе со музичкиот идентитет што се вгнездил длабоко во сите нас петмина“, напиша тапанарот Филип Селвеј на Инстаграм. На ...

На Лондонскиот филмски фестивал во октомври ќе играат и „Мајка“, првиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска на англиски јазик, и „Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги Унковски. Ќе играат во фестивалската програма Тематски насоки, во која филмовите се организирани според теми за да се поттикне откривањето нови автори и да се отвори Фестивалот за нова публика. „Мајка“ е во темата Дебати и ќе има две проекции, на 14 и 16 октомври, а ...

Петгодишната реставрација на кулата Биг Бен во Лондон вредна 80 милиони фунти е номинирана за водечката награда за архитектура во Велика Британија. Реновираниот Биг Бен, официјално познат како кулата Елизабета, е меѓу шесте номинирани за наградата „Стирлинг“ на Кралскиот институт на британски архитекти. На листата се наоѓаат и кампусот на Лондонскиот колеџ за мода во поранешниот Олимписки парк и медицинскиот истражувачки центар на „АстраЗенека“ ...

Модна ревија со креации на дизајнерката Фросина Кулакова од Неготино која беше прегазена на пешачки премин во Скопје во јануари, ќе се одржи во Белград, на 26 октомври во хотелот „Москва“. Несреќата се случи 29 јануари, кога на „Партизанска“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Кулакова од страна на 20-годишниот Васил Јованов. Ревијата е во рамките на финалето на изборот за убавина „Топ модел Европа Балкан“, на кој ќе се натпреваруваат 20 ...

Кинотеката на Македонија на 13 септември ја започнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од 11 до 14 години кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. Филмската училница ќе се одржува секоја сабота до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм, од идеја и сценарио, преку снимање и ...

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Прилеп на 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ од 21:30 часот. „Фолтин“ ја одбележува 30-годишнината од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици, „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат. Нивниот музички стил наречен ...

На 4 септември од 20 часот, во обновената кино-сала во Валандово ќе се одржи промоција на винил изданието на ансамблот„Распеани валандовчани“. Промоцијата е во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот. Ансамблот притоа во живо ќе изведе дел од својот репертоар. Ќе се прикажат и аудио-визуелени документарни материјали за историјата на ансамблот од основањето до денес. Иницијативата за ова издание произлезе од музичарот Мирко ...

Стриминг гигантот „Нетфликс“ промовира колекции во кои корисниците ќе можат да истражуваат стотици наслови на филмови и серии низ призмата на хороскопот, што значи дека за секој хороскопски знак ќе има наслови што ги одразуваат нивните уникатни особини. Манси Пател, една од директорите на „Нетфликс“, рече дека секогаш бараат нови начини за курирање филмови и серии на платформата. „Мислам дека овој специфичен начин е навистина забавен за да ...

Ворвик Дејвис ќе ја повтори својата улога на професорот Филиус Флитвик во претстојната телевизиска серија за Хари Потер, потврди „Ејч-Би-О“. Добитникот на БАФТА го играше популарниот професор во серијалот филмови за Хари Потер базиран на книгите на Џеј Кеј Роулинг. Тој е првиот актер од филмската франшиза кој ќе ја повтори својата улога во новата серија. Дополнителни членови на екипата на ТВ-серијата беа објавени како дел од прославата „Враќање ...

Ворвик Дејвис ќе ја повтори својата улога како професор Филиус Флитвик во претстојната телевизиска серија за Хари Потер, потврди „Ејч-Би-О“. Актерот, добитник на БАФТА, ја играше улогата на популарниот професор во серијалот филмови за Хари Потер за познатиот волшебник, базиран на книгите на Џ.К. Роулинг. Тој е првиот актер од филмската франшиза за Хари Потер што ја повтори својата улога во претстојната ТВ серија. Тој се појави и на големото ...

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, во скопската населба Аеродром ќе се одржи првиот „Аеро уличен фестивал на храна“. Организаторите најавуваат урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. Настапуваат бендовите „Рингтонс“ (фото), „Саутпарк“ и „Брејкдаун бенд“ и диџеите Гоце Саф, Александар Јорданов, Марко, Мицов, Шиме, Моно, Фудимен, Гардијан и Фичо. Гастрономската понуда ќе биде од 4 кујни, ...

Српскиот евровизиски претставник Принц вели дека Евровизија е најголемата реклама за еден музичар. Стефан Здравковиќ познат како Принц беше ревијален гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури. „Ова ми е трета година по ред да доаѓам на фестивалот. Претходно се натпреварував, сега дојдов како ревијален гостин. Охрид ми сѐ гледа се поубав секоја година. Првпат бев овде со пријатели на одмор во 2010 и оттогаш често доаѓам. За мене, ова е ...

Со концертот „Кондензиран воздив по тебе” во Амфитеатарот во Велес, вчера (31 август) заврши „Велешко лето 2025″. На настанот се пееја и свиреа десетина современи преработки на традиционални велешки песни и ора, изведени од локални музичари и солисти. Меѓу учесниците беа Мики Секуловски со „Налеј, налеј“, Охридеја Дукова (фото) со „Се посврши сербез Донка“, Тони Андреев со „Елено ќерко“ и други. На програмата беа и велешките ора „Калајџиско” и ...

На 3 септември од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Оливера Ќорвезироска како дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во четвртиот циклус се предвидени осум автори и дела. Книгата за ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1022
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
71%
1024
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.31
95%
1025
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Родиум

258813.51

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Платина

64479.52

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Бакар

11.07