Бриџит Џонс, лик создаден од писателката Хелен Филдинг што во четири филма го играше Рене Зелвегер, ќе добие бронзена статуа во централен Лондон. Таа ќе биде откриена на 17 ноември, придружувајќи се на други легендарни филмски ликови на плоштадот Лестер, каде што се наоѓаат четири киносали. „Мислам дека ова е одлично зашто Бриџит е соодветна лондонска хероина и идејата таа да биде засекогаш присутна во централен Лондон е навистина ...

Ана Петановска испеа брза песна во стилот на Витни Хјустон на Макфест во Штип, на втората вечер на 24 октомври. Григор Копров ја напиша музиката за песната „Со тебе до ѕвездите“, таа е автор на текстот, а аранжманот е на нејзиниот брат Стефан Петановски. „По баладите кои ги испеав на фестивалите изминативе месеци, оваа песна ми дојде како освежување. Многумина коментираа дека е како Витни Хјустон на почетоците од кариерата, што ми е многу ...

На 29 октомври од 20 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи настанот „Поетроника за млади“, дел од уметничкиот проект „Поетроника“, кој е спој на поезија и електронска музика. Автори на „Поетроника“ се актерот Оливер Митковски и диџејот и продуцент Андреја Салпе, а во „Поетроника за млади“ им гостува српската поетеса Радмила Петровиќ. „Проектот произлезе од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, ...

На 27 октомври во 12 часот, во Кинотеката ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на филмот „Мис Стон“ на режисерот Живорад Жика Митровиќ од 1958, во чест на одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. До крајот на октомври во вечерните термини ќе се прикажуваат наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Од 27 до 31 октомври ќе се прикажат „Денови на искушение“ на Бранко Гапо, ...

Фестивалот за детски и забавни песни „Јаболчиња“ од Тетово оваа година прославува јубилеј, 30 години од постоењето, со што го става во редот на детски фестивали со најдолга традиција во Македонија. Во сите овие изминати години, па дури и во времето на конфликтот од 2001 и ковид-пандемијата тетовските „Јаболчиња“ наоѓаа начини и сили да не ја прекинат традицијата на фестивалот. Основач на фестивалот е тетовецот Никола Димовски-Т’мница, а од ...

За најслушана песна од минатиот до годинашниов фестивал Макфест во Штип, е прогласена композицијата „Жена“ на младата пејачка Антониа Гиговска. Пејачката од Општина Штип доби ваучер од 120.000 денари (околу 1.900 евра). Тоа е единствената парична награда која се доделува во изминатите неколку години, откако престана практиката за избор и награди за прво, второ и трето место и организаторите одлучија да се бира само најслушана песна. Синоќа ...

Поп-пејачот Сашо Спасовски познат по хитот „Пијан и млад“ беше гостин на фестивалот Макфест вчера (24 октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Спасовски речиси дваесет години не пее, но уште се занимава со музика, работи како професор по пијано. Многумина го препознаа и се сликаа со некогашниот миленик на тинејџерките кој на Макфест не настапил од 2002, со песната „Дај ми прилика“. Овојпат, тој дојде на фестивалот како гостин во ...

„Ми требаше многу сила и концентрација да испеам песна за Дуле“, ни рече Никола Јанков- Коки кој беше дел од втората фестивалска вечер на Макфест вчера (24 октомври) во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Јанков ја испеа песната „Виолина и…“ која ја напишаа Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а во неа, тој пее за колегата и другар, Душан Љубисављевиќ кој почина од рак во 2013. „Ниту песна рана затвара, кога и да запеам на тебе сѐ ме потсеќа. ...

Петтиот албум на Пиколомини насловен „Може и така, драги“ ќе биде промовиран денеска (25 октомври) од 12 часот во музичката продавница „Ре:старт“ во Градски трговски центар. Промоцијата на албумот во издание на „Шарла рекордс“ ќе биде слушачка. Комплетен автор на материјалот е Давид Ангелевски, а пост-продукцијата е работена во студиото „Кларион“ од страна на Дејан Ангелевски. „По пауза од шест години, Пиколомини се враќа со музички материјал ...

Утре (25 октомври) од 12 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе има тура со водичот Бојана Јанева низ трите самостојни изложби во музејот: „Самостојна изложба на Ибрахим Махама“ (фото), „Билни прилагодувања“ на Оливер Мусовиќ и „Музеј отворен до понатамошно известување“ на Џем А. Влезницата чини 150 денари. По завршувањето на „МСУ водич“ следи музички блок со Дарко Јорданов. Кураторка на изложбата на Ибрахим Махама од Гана ...

Штипскиот пејач Зоран Илиев ќе настапи на Макфест со последната песна што ја напишал музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март како клавијатурист на групата „ДНК“. Стевановси беше тромбонист, композитор и директор на Центарот на култура во Штип. „По трагедијата во Кочани, во која загина и нашиот пријател и колега Филип Стевановски, ми се јави неговата сопруга и ми кажа дека Филип речиси ја ...

„Љубов“ е новиот сингл на поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара, за кој вели дека е неговата најинтимна, најзрела и најкомплетна песна досега. Тарабунов додава дека ја напишал песната во еден здив, во дождливо попладне. Видеоспотот е снимен на негова идеја, а го режираше Никола Марковски. „Сите кои ја слушнаа песната пред да се објави беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно: дека ова е песна што ...

Утре (25 октомври) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Втори. Втората изведба е на 28 октомври од 20 часот. Ќе диригира Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Дизајнер на светло е Милчо ...

Вечерва (24 октомври) од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ во Скопје ќе се одржи музичкиот фестивал Октомвриски музички поход 2025. Ќе настапат „Калико“ и Димиш, а диџеј сетови ќе имаат Раста Грл (фото), Чарли и Анчи Саунд Ст. Организатор на фестивалот е „Култи ватор“, во соработка со КЦ „Јадро“, а влезот е слободен. „Калико“ е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе има десетина синглови и десетици концерти во Скопје и низ ...

Денеска (24 октомври) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во придружба на пијанистот Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен. Леонардо Димоски е роден во 2004 во Битола. Музичкото образование го започнал на шест години во Прилеп, средното музичко го завршил во Битола, а студирал во Виена. Добитник е на бројни ...

Групата „Дрим тим“ од Скопје ги преработи најголемите хитови на неколкумина македонски пејачи и ги сними како проектот „Дрим тим и пријателите – Музика за душа“, кој беше промовиран вчера (22 октомври) во Скопје. Групата сними неколку видеа со песни од Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Александар и Дац, Полина Тасева. Наум Петрески, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Миле Кузмановски и други. „Оваа промоција требаше да се одржи многу порано, но ...

„Вечерашнава прва фестивалска од вкупно трите на Макфест ќе биде посветена на млади пејачи, за да и да им се даде шанса музички да се дефинираат“, рекоа од уметничкиот одбор на фестивалот кој почнува вечерва (23 октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Макфест традционално започна со фестивалското знаме кое го кренаа пејачите Лара Иванова, Валдера и Зоран Илиев. (фото) На прес-конференцијата, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов ...

Култниот швајцарски индустријал рок бенд „Јанг гадс“ се враќа во Македонија по долга пауза и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 14 март следната година, објави „Пасворд продукција“. „Јанг гадс“ е еден од првите позвучни странски бендови кој настапил во Македонија. Триото предводено од фронтменот Франц Трајхлер оваа година објави нов албум, прв по шест години пауза и истовремено прослави четири децении постоење. ...

Слаткаристика најави нов концерт во Скопје, што го нарече „Интимно со Слаткаристика“, а ќе се одржи на 29 ноември во клубот „Станица 26“. „По големиот концерт во арената ‘Борис Трајковски’, Слаткаристика подготвува концерт ‘лице во лице’ со публиката, сосема поинакво искуство. Публиката ќе биде на чекор од него, со можност за директен контакт и незаборавна енергија. Вие можете да си резервирате место буквално до него“, велат организаторите. ...

Драмскиот театар од Скопје ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС во Анкара со монодрамата „Кармен“. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври под мотото „Градот и театарот“. Учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓански и невладини организации од над 20 земји. Во монодрамата „Кармен“ игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, режијата е на Дејан Пројковски. ...

Влатко Стефановски ќе одржи турнеја низ Босна и Херцеговина, која почнува на 23 октомври во Бијељина. Легендарниот гитарист следниот ден ќе свири во Тузла, на 25 октомври во Сараево, на 26 октомври во Мостар, а на 27 октомври во Зеница. Сите концерти ќе се одржат во културни центри, а Стефановски ќе го придружуваат Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани и Дамир Имери на клавијатури. Организатор на турнејата е продукцијата „Мјузик тајм“. ...

Стеван Феди од Црна Гора ја доби Гран при наградата на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој годинава се одржа во Културниот центар во Битола. Феди го пееше хитот на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“ (The Hardest Thing) и победи во конкуренција на пејачи од Словенија, Хрватска, Украина, Црна Гора, Македонија, Казахстан и други земји, кои ги пееја песните на оригиналнот јазик на кој се снимени. Минатата година, овој фестивал се ...

Три претстави ќе се играат во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани во организација на „Европска куќа“, како дел од есенската културна и едукативна програма во градот. На 25 октомври (20 часот) игра „Синиот портокал“ на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. На 27 октомври од 13 часот на програмата е детската претстава „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, а на 29 октомври од 20 часот ќе се изведе „Сите ...

Легендарниот германски диџеј и продуцент Свен Фет ќе настапи на годинашниот Таксират, кој првпат воведува втора вечер посветена на електронската музика. Таа ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, ден по традиционалниот Таксират. Шеесетгодишниот Фет е една од најважните и највлијателни личности во светот на современата електронска музика. Како еден од пионерите на сцената, Фет придонесол таа да се развие и во Германија и на ...

Швајцарскиот бенд „Тут блу“ (Tout Blue) ќе одржи концерт во Скопје на 22 октомври, во кино Фросина во Младински културен центар, со почеток во 21 часот. „Тут блу“ започнал како проект на мултиинструменталистката Симон Обер, а денес е квартет во кој уште членуваат Лучано Турела (виола), Беатриз Раимундо (виолончело и ефекти) и ПОЛ (електроника и семплирање). „‘Тут блу‘ ја слават слободата на звукот и просторот без ограничувања и компромиси. Се ...

Најстариот македонски детски фестивал Златно славејче слави 55 години и како и минатата година, ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 15 и 22 ноември. Планирани се шест претстави двата дена, од 10, 14 и од 17 часот и неколку изненадувања по повод јубилејот на фестивалот со кој израснаа многу генерации. „Водителка ќе биде Марија Јанчевска, која е поранешно ‘славејче‘. И годинава ќе се испеат 15 нови детски песни и ќе имаме гости од ...

„Остани“ е новата песна на поп-пејачот Горан Наумовски, која ја сними по пауза од седум години. Автор на музиката и на текстот е Митко Чешларов, а аранжманот е на Кристијан Габроски. „Песната е дел од поголем проект наречен ‘Лицата на љубовта’, во кој учествувавме повеќе пејачи. Проектот ги разработува темите за љубовта, страста и осаменоста од различна перспектива и кој како индивидуално ги доживува. Проектот треба да се промовира во ...

На годинашниов јубилеен 40. Макфест, кој ќе се одржи на 23, 24 и 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, со свои интерпретации ќе продефилираат над 40 познати и помалку познати пејачи, од кои дел ќе бидат дебитанти, а ќе настапат и поранешни победници. Еден од повозрасните е и штипјанецот Никола Јанков-Коки (фото), кој во 1996 година заедно со Душан Љубисављевиќ-Дуле ја испеаја победничката песна „Виолина и гитара“. „Вечно ќе ...

13 декември во салата „Борис Трајковски“. Арги, чие вистинско име е Аргирис Теофилис, е познат по своите енергични сетови и уникатен стил, а соработувал со музичари како Соломун и Мартинез брадрс. Музичката кариера ја започнал на почетокот на 2000-тите во клубови на Ибица и Миконос. „Во арената ‘Борис Трајковски’ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди, со с Арги гостува во Скопје по настапите во Атина, Париз, Берлин и ...

Двајца врвни американски музичари вечерва го затвораат 44. Скопски џез фестивал. Двата концерта се во Националната опера и балет. Директорот на СЏФ, Оливер Белопета, го најави Вадада Лио Смит како најдобриот жив американски џезер. На концертот кој почнува во 20 часот, 83-годишниот трубач ќе настапи во тандем со швајцарската пијанистка Силви Курвоазје (фото). Тие се на европска турнеја на која го промовираат нивниот прв заеднички албум „Angel ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
8.23
81%
1011
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.0
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.43
95%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
88%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1012
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -3ᴼ
2.68
80%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.37

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Платина

83354.78

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Паладиум

56617.46