Вечерва (26 септември) од 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје (Салон 19:19) ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на „Амплидајн ефект“. „Амплидајн ефект“ е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, активен од 2009. Во изминатите години има издадено бројни албуми и настапувано на реномирани регионални и меѓународни фестивали. Вечерашниот настап ќе биде соло импровизациски сет со пијано, клавијатури, ...

Националните радиодифузери ќе одржат гласање во почетокот на ноември, на кое ќе се одлучи за учеството на Израел на следната Евровизија во Виена, изјави портпаролот на популарното музичко натпреварување. Неколку држави, вклучувајќи ги Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се заканија дека ќе ја бојкотираат Евровизија ако му се дозволи на Израел да учествува, посочувајќи ја ужасната хуманитарна ситуација во Газа. Евровизија ја организира ...

Тринаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 26 септември до 1 октомври во Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери, во 20 часот во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Влезниците за отворањето на фестивалот се бесплатни. Во наредните шест дена на ...

Пијанистката, професорка и публицистка Даница Стојанова на 5 октомври ќе одржи концерт во „Клавирхаус центарот“ во Њујорк. „По солистичкиот концерт во Офицерскиот дом во Битола со дела од Перт, Зографски, Андреевска и Гранадос, на 19 септември настапив во мојата родна Струмица како дел од циклусот ‘Про музика‘ на Сојузот на музички уметници на Македонија“, вели Стојанова. Таа го започна настапот со „Импровизација во Цис“ од македонскиот ...

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата „Живеј со стил – поддржи различности“. Поставени се 32 фотографии, портрети на лица со попреченост, кои учествуваа на модната ревија во Музејот на современа уметност во Скопје во 2024. „Ова се портрети кои инспирираат сила, достоинство и човечност. Благодарност за присутните, кои ни даваат сила да ја одржиме нашата креативна моќ, да станеме подобри луѓе, да се разбираме меѓусебно преку јазикот на ...

Фестивалот Денови на македонска музика по 48. пат ќе се одржува од 29 септември до 16 октомври во Филхармонијата, Националната опера и балет и во Музејот на македонската борба, објави Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Куратор на годинашното издание е композиторот Филип Иванов. „На десет концерти ќе бидат претставени дела од повеќе од 30 македонски автори. Ќе настапат седум ансамбли и камерни состави и повеќе од 30 солисти, а ...

Симболичен датум за заедничкиот концерт избраа Тони Зен и Слаткаристика, 11 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 21 часот. „Револуционерен концерт на Денот на востанието во Македонија“, рече Слаткар на денешната прес-конференција во Скопје. Менаџерот Кристијан Стефановски од „Прагма“ рече дека почнал да соработува со хип-хоп музичарите уште од основањето на продукцијата во 2007. „Ја паметам нашата прва прес конференција, но тогаш ...

Денеска (24 септември) од 18 часот, во кафе барот „Котур“ во Скопје ќе се одржи слушачка промоција на вториот албум на скопскиот бенд „Карла Левински“, насловен „Нова зграда“, издание на „Шарла рекордс“. „Карла Левински“ е проект на гитаристот Сеад Хаџиќ-Сецко („Ласт експедишн“, „Мугер фугер“), а првиот албум го објави лани. Од „Шарла“ велат дека бескомпромисен став, сиров панк звук и анархистички текстови остануваат главната движечка сила и на ...

Со изложба на дела од архитектот Петар Намичев, велешкиот Народен музеј ги одбележува Европските денови на кулутурно наследство. Темата годинава е архитектурата, па токму затоа е поставена изложбата „Велешките куќи“, со дваесетина цртежи работени во туш на хартија. Преку нив се доловуваат културното наследство и богатство на градот, иако повеќето од куќите денес се во лоша состојба или се разрушени. „Намичев е по професија архитект, предава на ...

Поп-пејачката Елена Петреска вели дека е среќна што пеела на прославата на Денот на независноста во Брисел, што ја организирала македонската делегација на НАТО. „Прославата се одржа на 22 септември во Брисел, во Градското собрание на плоштадот Гран Плац, во прекрасен амбиент на палатата. Настапив со три македонски песни, на покана на македонскиот амбасадор во НАТО и амбасадорот во ЕУ. Ги испеав ‘Јовано, Јованке’, ‘Македонско девојче’ и ‘Ако ...

Музичарот Матија Дедиќ постхумно ќе добие награда „Порин“ за животно дело, објави сајтот на Хрватските музички награди. „Наградата ‘Порин’ за животно дело се доделува на уметници кои преку своите работа, неуморна креативност и исклучителен придонес оставиле неизбришлив белег во хрватската музичка историја. Оваа година, за жал, постхумно, управниот одбор на ‘Порин’ му ја доделува оваа најголема музичка чест на Матија Дедиќ. Наградата за животно ...

На 24 септември во 19:30 часот, во скопското кафуле „Излет“ ќе се отвори изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, која ја организираат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и женската медиумска мрежа „Еднаква“. Изложбата е посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја. Ќе бидат изложени 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на ...

На 25 септември од 17 часот, кустосот Бојана Јанева ќе води тура низ трите новоотворени изложби во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“, „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А. Кураторки на изложбата за Поповски се Анета ...

На 23 ноември во Националната опера и балет ќе гостува претставата „Детски повреди“ на Народно позориште од Белград со Слобода Миќаловиќ и Вук Костиќ во главните улоги, објави продукцијата „Прагма“. Претставата е работена според сценариото на американскиот писател Џозеф Раџив, кое го напишал во 2011. Режисер е Иван Вуковиќ. „‘Детски повреди’ не е класична љубовна приказна. Уште од првата сцена во училишната амбуланта ги следиме Кејлин со силни ...

Три филмови на Милчо Манчевски деновиве играат на разни меридијани. На 9 септември „Кајмак“ играше во Калкута, Индија, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 октомври. Сите три филмови се македонски копродукции ...

Тапанарот Михаил Парушев го издаде новиот албум „Атер“ со неговата група „Парусион“. Дел од гостите на албумот е и познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов, кој почина во 2023. „Легендарниот Ферус со нас ги свиреше ‘Во наше село’, ‘Дебар добар дабар’ и ‘Лулка’. Ова е ретроспективен албум на мои, досега неиздадени композиции и драго ми е што и снимките со Ферус, како и со трубачот Александар Николовски се дел од него“, вели Парушев. ...

Концерт посветен на Влада Дивљан ќе се одржи во Филхармонијата на 17 ноември, објави „Пасворд продукција“. Насловен „Имам само една љубов“, на концертот ќе настапат пријателите на Дивљан од неговата „Невладина организација“, при што ќе ги изведат хитовите од сите фази на неговата кариера. Оваа година се одбележуваат десет години од смртта на Дивљан, еден од најхаризматичните рок музичари во поранешна Југославија, што беше повод за ваква ...

Писателот Блаже Миневски ја доби наградата „Букстар“ за најзначајна книга меѓу двете изданија на истоимениот фестивал. Миневски е награден за збирката раскази „Опаш во устата“, во издание на „Антолог“. „Во книгата како во магионичарски перформанс се преплетуваат традицијата и современоста, хуморот и горчината, реалното и фантастичното, историското и личното. Кај Миневски се особено уочливи виртуозното поигрување со нарацијата, оригиналноста во ...

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „ЛОУ – Берлинските години на Дејвид Боуви“ од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст, кој е дел од едицијата „Апсолутни почетници“. Ова дело се надоврзува на „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, што „Бункер“ го објави во 2023 и со него Клајст ја заокружува дводелната биографија на Дејвид Боуви. Во 1976 Дејвид Боуви повлече драстичен потег и се пресели во Берлин, каде што повторно ги ...

„Некст тајм“ и „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Слаткаристика и Тони Зен, кој ќе се одржи на 11 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. Концертот е насловен „Спушти се доле“, според дуетот што Слаткар и Тони Зен го објавија во 2009. Синглот „Еуфорија“, кој излезе во февруари, го снимија како најава за концертот, а претходно излезе уште еден нивни дует, „Жими сè“. Концертот ќе биде прослава на ...

„Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата за најдобар долгометражен анимиран филм на шестото издание на филмскиот фестивал Galactic Imaginarium во Романија, кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова е трето фестивалско признание за филмот на Гоце Цветановски, кој претходно беше прогласен за најдобар анимиран филм на фестивалите во Портовјехо во Еквадор и Аријано во Италија. „Наградата ја ...

Младата македонска пејачка Елена Васова е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, повторувајќи го успехот на Дина Јашари од 2022. Васова ја доби наградата за песната „Љубов“, а ѝ беше доделена во Макарска вчера (21 септември), на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Наградата, што ја доделува фондацијата „Милан Младеновиќ“, се состои од плакета и 3.000 евра. Добитникот исто така има ...

Што имаат заедничко унгарската филмска легенда Иштван Сабо и славните канадски режисери Дејвид Кроненберг и Атом Егојан? „Ништо, токму затоа и решив да го продуцирам нивните филмови“, рече во Будимпешта прочуениот унгарско-канадски продуцент Роберт Лантош, чија „Алајанс комјуникејшнс корпорејшн“ 25 години беше најголемата продукциско-дистрибуциска куќа за филм и телевизија во Канада, а во 1998 ја создаде „Серендипити поинт филмс“. Четири од ...

„Една битка по друга“, филмот во кој глумат Леонардо ДиКаприо, Бенисио дел Торо и Шон Пен, се снимал 20 години, според режисерот Пол Томас Андерсон. ДиКаприо го игра Боб, параноичен поранешен револуционер кој живее изолирано, но повторно се здружува со своите бивши соработници откако неговата ќерка исчезнува. Андерсон вели дека го осмислил филмот, во кој глумат и Тејана Тејлор и Реџина Хол, пред повеќе од две децении, делумно инспириран од ...

На 23 септември од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата концерт ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „Арко“, со кој диригира Ерхан Шукри. Концертот е насловен „Музички пејзаж“. Ќе гостуват три музичарки: Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и Жана Актурк од Турција на мандолина. На репертоарот се Вивалди, Хачатуријан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други и неколку дела што за првпат ќе се свират пред македонската ...

Скопскиот емо/скримо бенд „Ју“ (YÖU) го најави својот прв соло концерт во Скопје, со кој ќе одбележи десет години постоење. Концертот ќе се одржи во Младински културен центар на 24 октомври. „Ју“ почна како трио и во тоа издание го сними првиот албум „We Sing the Blues…“ во 2017. Минатата година го објави своето второ студиско издание, миниалбумот „River of Sadness“, сега веќе како четворка. Оваа година, „Ју“ настапи на фестивалот Егзит во Нови ...

„Масив атак“ ја повлече својата музика од „Спотифај“ во знак на протест против одлуката на шефот на платформата Даниел Ек да инвестира 600 милиони евра во воената компанија „Хелсинг“. Софтверот на „Хелсинг“, чиј претседател е Ек, користи вештачка интелигенција за анализа на податоци од бојно поле за да информира за воени одлуки во реално време. Фирмата произведува и воен дрон. Британскиот бенд го објави ова во исто време кога се приклучи на ...

Масивна пирамида, тобоган и храм што личи на џиновски фрагментиран камен беа меѓу уметничките инсталации на годинашниот фестивал Брнинг мен во Невада, САД. Десетици илјади посетители кампуваа во пустината во Невада, создавајќи го привремениот град Блек Рок Сити. Волонтери, уметници и дизајнери се собраа за да создадат големи дела, во кои се уживаше заедно со музиката, културните активности и другите понуди на фестивалот, кој е познат по ...

На 24 септември во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе се отвори самостојната изложба на академската сликарка Јана Јакимовска насловена „Везилка“. „Проектот ‘Везилка‘ е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу ‘женската рака‘ и ‘машката историја‘. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на ...

Мадона најави нов албум за следната година откако ја обнови соработката со „Ворнер рекордс“, издавачката куќа која ѝ помогна да стане суперѕвезда. Како што објави „Ролинг стоун“, поп-кралицата му се враќа на денс звукот, па новиот албум е замислен како продолжение на „Confessions on a Dancefloor“ од 2005. Кон крајот на минатата година, Мадона откри дека се вратила во студио за да работи на нов албум. Ова ќе биде прв албум на Мадона од „Madame X“ ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1022
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
71%
1024
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.31
95%
1025
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Сребро

2159.01

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Калај

43.93

Цинк

3.04